Предлог за филм со кратка рецензија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
FEMME FATALE


одамна го гледав овој филм на Де Палма ама ми остави неверојатен впечаток.
Главни улоги Ребека Ромејн Стамос и Антонио Бандерас..
Накратко,една жена професионален крадец краде скапоцн дијамант и ги зезнува луѓето со кои соработува.ВО бегство од нив ќе го преземе идентитетот а жена која многу личи на неа и која ќе се самоубие поради лична семејна трагедија.Таа потоа со тој идентитет се мажи за амбасадор но еден фотограф е на чекор да ја разоткрие
Вака кога ќе препрочитам сценариото изгледа како нешто веќе видено,но филмот воопшто не е типичен и ви го препорачувам.
Крајот е лудило,има да ве замисли:wink:
На имдб поред мене го потцениле јас му давам9/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
MR.BROOKS
Трилер со Кевин Костнер во главната улога..филм за крволочен убиец кој има сосем нормален и успешен живот,и кој гледајќи го отстрана никогаш не би претпоставиле дека се работи за убиец.Еден човек го разоткрива и бара од него да го направи убиец како него.Додека Костнер гледа да му угоди на човекот за да не го пријави во полиција,се појавува уште една дилема,дали е можно генетски да се пренесе својството на убиец на своето поколение.
Ова е еден од подобрите трилери што ги имам гледано.
оценка 9/10
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
FEMME FATALE

......................,но филмот воопшто не е типичен и ви го препорачувам.
Крајот е лудило,има да ве замисли:wink:
На имдб поред мене го потцениле јас му давам9/10
ОК вака ако може да кажам нешто сега.

Немојте да пишувате рецензии од типот КРАЈОТ НА ФИЛМОТ Е ЛУДИЛО
поради тоа што му го расипуваш 50% од филмот на луѓето. Остави си го нека си го видат крајот самите и нека уживаат и тие во НЕОЧЕКУВАНИОТ КРАЈ.

Пошто кога гледам филм и кога некој ми кажал дека "КРАЈОТ Е ЛУДИЛО" фактички знам дека нема да заврши како што очекувам и очекувам да се деси нешто друго и фактички се излева БЕЗВЕЗА и УБАВИОТ ЕЛЕМЕНТ НА ИЗНЕНАДУВАЊЕ што ни го подготвил режисерот некој веке ни го упропастил со тоа што ни рекол дека

КРАЈОТ НА ФИЛМОТ Е ЛУДНИЦА.

Научете се да пишувате рецензии за филмови веке АМАН. Овој филм што го препорача ти можеби и ке го изгледам и фала ти на препораката. Ама да не ми кажеше дека крајот е лудница ке ми беше 90% по интересен. Вака шознам...

Инаку што се случило со темава еден куп детишта доаѓаат му даваат 10/10 на филмови како Incredible Hulk, или Star Wars или незнам Крвави Спорт. Кај се старите добри препораки кога имаше човек да ти го препорача Fracture или Beoynd A Reasonable Doubt или Reservoir Dogs (јас) или U Turn (јас) или The Road .... итн. Како и да е... Се наполни темава со деца и ете ти беља.

Нема да се изненадам ако утре прочитам пост од типот:

ГЛЕДАЈТЕ ГО ФИЛМОВ МНОГУ Е ЈАК, НА КРАЈОТ КЕ ИСПАДНЕ ДЕКА БРАТ МУ Е УБИЕЦ !!!!!!!!

Ако нека има деца ајде. Ама деца, да знаете од сега натаму: СПОЈЛЕРИ ДА НЕ ОСТАВАТЕ. Пошто има еден лош чичко се вика IoSonoINTERISTA и треба да земе да ве подбере сите до еден со едно стапче.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Кај се старите добри препораки кога имаше човек да ти го препорача Fracture или Beoynd A Reasonable Doubt или Reservoir Dogs (јас) или U Turn (јас) или The Road .... итн. Како и да е... Се наполни темава со деца и ете ти беља.

Нема да се изненадам ако утре прочитам пост од типот:

ГЛЕДАЈТЕ ГО ФИЛМОВ МНОГУ Е ЈАК, НА КРАЈОТ КЕ ИСПАДНЕ ДЕКА БРАТ МУ Е УБИЕЦ !!!!!!!!

Ако нека има деца ајде. Ама деца, да знаете од сега натаму: СПОЈЛЕРИ ДА НЕ ОСТАВАТЕ. Пошто има еден лош чичко се вика IoSonoINTERISTA и треба да земе да ве подбере сите до еден со едно стапче.
Не помага ништо :)

Иако „Крајот е лудило“ не е голем спојлер (верувај, не знаеш како ќе заврши филмот, ако зборуваме за Femme Fatale. Многу добар филм, иако предвидлив во поголемиот дел, но интересно направен). Мене ме нервираат спојлери од типот: „си живееја среќно до крајот на животот“, или „оваа романтична комедија не завршува како другите“, при што членот мисли дека напишал нешто мистериозно, а сите знаеме како завршуваат романтичните комедии :tapp: и дека нема да има хепиенд во наведената.

Како и да е, пробајте со рецензијата да ги навлечете луѓето да го гледаат филмот, или да ги спасите да не го гледаат, ако е тоа целта. Не откривајте детали кои не би сакале вам да ви ги откријат пред да го гледате филмот. Почнав да звучам како Исус.

А што се однесува до препораките за филмови, не е толку до луѓето, колку што е до филмовите. Изгледавме се што е добро и сега остана да се тешиме кога ќе излезе нешто пристојно. Се радуваме кога филмот не е тотално фијаско па има што да препорачаме, колку толку, да се гледа нешто... 2009-та на пример, очајна филмска година. Страшно.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
Phone Booth (2002)

Филмов одамна го имам гледано но ете штом ми останал во сеќавање морало да го биде :tv:.Сторијата- Stuart Shepard(Colin Farrell) ќе се најде во стапица(на мета на снајпер) кога ке одговори на повикот во една телефонска говорница во њу јорк(хостиџ сичуејшн).Тука започнува заплетот.Иако дејството се случува на едно место ,ниту еднаш за време на филмот не осетив досада туку напротив бев концентриран до самиот крај.Покрај Фарел глуми и Витакер,Кифер Садерленд,Кејти Холмс ...Едноставно Маст си за секој љубител на трилерчиња
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.668
Reign Over Me (2007)



Не сум многу по жанрот драма дека има многу промашувања но ретко некој како овој погоре толку да ми се допадне. Феноменална драма преполна со емоции. На почетокот ми се створи една одбивност кон американците, дека го поврзуваат филмот со еден глобален настан кој шири масовно сожалување и мислев дека сакаат на таа карта да го изиграат филмот. Згрешив.

Charlie Fineman e многу изолиран човек со post traumatic stress disorder, после губењето на фамилијата во нападот врз Њу Јорк на 11 Септември. Тој е во толкав денајл што цело време вели дека нема фамилија. Филмот започнува кога неговиот цимер од колеџ ќе наиде на него и кога ќе станат пак добри пријатели. Но Alan Johnson е загрижен за неговиот проблем и решава на му помогне..

Толку за приказната од мене, погледнете, филм преполн со емоции.
Улогите ги толкуваат, феноменален во филмот, Adam Sandler и Don Cheadle.
Eве трејлерче, а саунтракот ми е хит на денот.


 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
El secreto de sus ojos (2009)



Господ здравје да му дае на дечкото на ХРТ кој ги коментираше Оскарите, што го препорача филмов, со зборовите дека е за класа подобар од сите номинирани Холивудски филмови. Во право е, од кој за класа, од кој за две-три. Рака на срце, не е прв пат да гледам одличен Аргентински филм. Еднаш гледав еден филм на ТВ, го преведуваа како „Пепелта на рајот“, ама не можам да најдам оригинален наслов и да го ископам од некаде. Оф-топик, ако некој знае за што зборувам, нека помогне.

Значи, „Тајната во нивните очи“ е аргентински филм, добитник на наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Филмот има освоено уште 32 други награди. Се работи за Крими/Драма во која Benjamin Esposito, поранешен судски службеник, пишува книга за случај од пред 25 години. Веројатно бидејќи случајот ќе остави големи траги врз неговиот приватен живот, тој е нераскинливо поврзан со истиот и после 25 години, не му дава мир. По враќањето во својот град, се среќава со љубовта на неговиот живот, Irene, пред 25 години негова шефица во судот, со која се навраќаат на настаните од минатото.


Филмот наизменично не води во приказната од пред 25 години и во денешната, нешто слично на вториот дел на Кум. Полн е со емоции, дијалозите се одлични, глумата е на врвно ниво. Не сум никаков експерт од камера ама ми се допадна како се изведени некои сцени од филмот, многу некарактеристично за филмовите кои обично ги гледаме. Музиката прекрасна. За приказната и да не зборуваме, филм со комплетна приказна, одлично сценарио.

Може да се забележи малку на шминката, некои од ликовите 25 години подоцна не се уверливи како стари луѓе, но тоа е без никакво значење за филмот. Исто така воведниот дел му е предолг и малку бавен, дејствието е подинамично како што истекува филмот.

Пред се го доживеав како психолошка драма, но бидејќи има доста крими/трилер елементи, би ве замолил ако пишувате рецензија, да не раскажувате, т.е. да внимавате на спојлери.

10/10 и препорака за гледање.
 
G

grande-juve

Гостин
Witness for the Prosecution (1957)


Филмов одамна сакав да ви го предложам и конечно еве го, од еден од моите омилени режисери Billy Wilder. Најпросто се работи за адвокат кој ќе прифати да брани човек обвинет за убиство, а во обвинетиот е вљубена една инзвонредна жена, толку.
Знам дека делува како обична судска драма, ама верувајте не е, само не сакам да откријам повеќе.

10 од 10 (од мене)
9,3 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.340
Поени од реакции
57.953
Witness for the Prosecution (1957)


Филмов одамна сакав да ви го предложам и конечно еве го, од еден од моите омилени режисери Billy Wilder. Најпросто се работи за адвокат кој ќе прифати да брани човек обвинет за убиство, а во обвинетиот е вљубена една инзвонредна жена, толку.
Знам дека делува како обична судска драма, ама верувајте не е, само не сакам да откријам повеќе.

10 од 10 (од мене)
9,3 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)

8.3 има на IMDB и е 150-ти филм на сите времиња. Филмот е одличен, модел за многу трилер филмови кои ќе следат подоцна. Дури на крај има предупредување за спојлери од авторите: ве молиме не раскажувајте им го филмот на оние кои не го гледале. :)
Одлично филмче за сите кои сакаат филмови со судења.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
The Hurt Locker

Дури сега гледав.Да не земеше толку оскари и да не го прогласеа за филм на годината веројатно немаше ни да го гледам.
Се зборува за војната во Ирак и за одред кој што деактивира бомби, бомбаши самоубијци и слично.Ако очекувате акција со постојано пукање се лажете.Филмот ве држи во неизвесност цело време.
Ако нешто ви значи, и да ве заинтересирам да го гледате во филмот макар на кратко се појавуваат Evangeline Lilly (Кејт од Изгубени) и Christian Camargo (Братот на Дексер од серијата) а и главниот лик Jeremy Renner беше одличен.

И да не заборавам, има одлични ефекти, посебно звучни.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.891
Поени од реакции
7.285
the dipartet

супер акција со крими и трилер елементи овај филм е малку по стар од 2006 окомври е ама дури сега го изгледав и сум презадоволен и како не би бил кога во него играат мет дајмон и ди каприо кој и двата е полицајци односно шпиони и тоа едниот полицаецот мет е шипион на криминалците а дикаприо е инфилтриран полицаец во криминалците и ако се додаде главниот негативец е џек николсон
истотака и во овај филм како и сите американски мора да има жена и тоа таа се наоѓа во љубовен триаголник со двата џандари одличен филм тој што не го погледанл се уште иако мислам дека е многу малку мора да го гледа
10/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
The Other Boleyn Girl
Извонредна приказна со Скарлет Јохансон,Ерик Бана и Натали Портман..Приказна за љубовта,страста,семејството и желбата за превласт.Кралот сака машки наследник и тука почнува се...вистинска приказна,погледнете ја.
Оценка 9/10
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
The Other Boleyn Girl

Извонредна приказна со Скарлет Јохансон,Ерик Бана и Натали Портман..Приказна за љубовта,страста,семејството и желбата за превласт.Кралот сака машки наследник и тука почнува се...вистинска приказна,погледнете ја.
Оценка 9/10
Ова е навистина прекрасен филм, со премногу силни емоции. На претпоследното издание на Манаки беше филм на отварањето. Беше ненормално уживање на кино :).

Agora



Јас би го препорачала овој филм, вчера го гледав и стварно е добар. Искрено ретко се гледаат вакви убави историски филмчиња.
Дејство кое се случува во Александрија, во 391 година после Христос. Време на распаѓање на Римската империја. Борба меѓу христијанството и паганството. Но дали овде има место за науката и за слободните мисли?
Дали има место за да се искаже љубовта?
Тука е прекрасната Хипатиа, најпаметната жена во Александрија која за жал нема ништо да може да направи на одлуката сите христијани да ја завземат библиотеката во Александрија, која е нејзиниот дом и душа.И нејзиниот слуга кој е вљубен во неа ја напушта...

Највисока оцена од мене за прекрасните сцени, неверојатната глума, шминка...
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.891
Поени од реакции
7.285
"Brooklyn's Finest"

Одлична акција за џандарите од old scholl од њујорк бруклин со одлични глумци како Richard Gere, Don Cheadle, Ethan Hawke, Wesley Snipe... и тоа првите тројца како џандари а весли како мафијаш бифши затвореник
приказната се одвива за тројцата џандари оделено но имаа едно задничко што сите тројца се сјебани во умот до бесвест
првиот риџард гир е навидум добар џандар кој има само неколку ден адо пензија но нема ништо постигнато во животот ........
вториот дон е џандар шпиун инфилтриран во мафијата но со текот на времето е завлезен во тој мафијашки живот и не може да излезе .....
третиот итан е вкрај забен џандар со големи долгови и проблеми со семејството ............
филмот иако не сум многу по акција ми остави добри импресии и ви предлагам да го погледните во секој случај со ваква глумска екипа не може да просечен филм за приканата солидна се на се од мене
9/10

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
No Country for Old Men (2007)


90% од филмоманиве го имате глеано но тие 10 % мора да го гледаат :)...заслужени 4 оскари,браќата Коен се имаат самите надмашено во филмов а да и глумата на лепиов(види слика :)) феноменална(стварно треба да си откачен да одглумиш така :)
Приказната-Виетнамски ветеран во 30тите години оди на лов и случајно ке налета на завршена престрелка во која има едвај еден (полу)преживеан,а причина на престрелката е лошата размена на парите и дрогата помеѓу мафиите...И ветеранов како и секој човек ке се полакоми по парите и....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom