Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Како по обичај, во овој период од годината ги прелистувам кандидатите за Оскар, за да видам шокојкур смислила академијата секоја година
Досега ги гледав The Curious Case of Benjamin Button (не прочитав наназад, ама сигурно некој веќе ви го препорачал), Frost/Nixon, Milk и The Reader. Нареден е Slumdog Millionaire.
Накратко, би сакал да ви го препорачам Milk. Не поради контроверзните сцени на бакнување, тоа може и да се очекува, имајќи во предвид дека филмот е направен по вистинска приказна за движењето на педерите во Сан Франциско во 70те години. Интересно е да се погледне приказната за хомосексуализмот од "другата страна", т.е. with quier eyes, шо ми беше предизвик да го гледам филмот, како стрејташ кој можеби практицирал ненамерен фашизам чат пат.
Џош Бролин и Шон Пен во Milk
Отвора прашања за кои треба да се размисли. Мислам, во средини како нашата. Па да се споредат искуствата и патот кој го зафати таквиот бран на демократија до ден денес, да се удрат статистички истражувања и да се размисли, чија борба е праведна. Чија не е. Ништо не тврдам, освен дека не постои апсолутна вистина.
Шон Пен е извонреден во улогата на Харви Милк, неуморниот борец за правата на хомосексуалците кој се кандидира за регионален "позорник" / пратеник, од Castro Street на која по доаѓањето во градот отвора мал локал за фотографија кој станува вистински центар на хомосексуалците во градот.
После Бен Батон, засега Milk ми е на високото второ место, иако и Фрост/Никсон е многу интересен филм, посебно за оние кои се заинтригирани од политиката, аферите, за најголемиот скандал кој го направил еден американски претседател и случувањата после тоа.
Во секој случај,
како што вика tagline-от на филмот:
His life changed history. His courage changed lives.