Андреј Тарковски

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Андреј Арсенеевич Тарковски (на руски:Андреј Арсеньевич Тарковскиј) e дефинитивно најголемиот руски фимски режисер. Воопшто нема да биде погрешно ако се стави во листата на трите најкултни имиња во светската кинематографија, рамо до рамо со Стенли Кјубрик и Ингмар Бергман кој воедно имал исклучително високо мислење за Тарковски нарекувајќи го „најголемиот режисер кој животот на филмската лента го прикажува како рефлексија, како сон.“

Тарковски е дете на поетот Арсени Александрович Тарковски. Во едно интервју поставено на YouTube, Тарковски кога збори за својот татко, го спомнува влијанието кое тој го имал врз неговите размислувања кои подоцна му послужиле како инспирација за филмовите (се мисли на „Огледало“ каде што вметнува автобиографски елементи од своето детство и поеми напишани од неговиот татко) и на крај уверено го прогласува за најголемиот руски поет на 20-от век кој за жал недоволно јавно се експонирал.
„Филмот е голема и висока уметност и кога би ме прашале како го вреднувам, јас би го поставил некаде помеѓу музиката и поезијата.“

Многу е интересно неговото уникатно мислење и сфаќање за уметноста односно филмот. Во повеќе наврати имал изјавено како никогаш нема да направи ултракомерцијален филм во холивудски стил дури и кога би се нашол во состојба на беспарица. Еве уште еден негов интересен цитат: „Уметноста со која се бавам е возможна само во смисла ако таа не ме изразува мене самиот туку ако во себе акумулира она што јас можам да го фатам општејќи со луѓето. Уметноста станува грешна веднаш штом почнам да ја употребувам во свои интереси. И најважно е да престанам да бидам сан на себе интересен. Можеби од тоа и почува мојата љубов кон самиот себе.“

Сега нешто поконкретно за неговото творештво. Како што е познато А. Тарковски е автор кој избирал минимализам и квалитет пред квантитет. Доказ за тоа се 11 филма кои ги режирал. Како прв негов, условно кажано „комерцијален филм“ се смета „Ивановото детство“ во кој акцент става на дуализмот односно на категориите добро и зло. Овој филм му го донесува Златниот лав на филмскиот фестивал во Венеција.
Следен негов проект е филмот за животот на Андреј Рубљов- монах од 14-ти век, иконописец, агиографот на најпознатата до ден денес икона на Света Троица. Филмот насловен како „Андреј Рубљов“ (на руски:Андреј Рублёв) е награден на Канскиот филмски фестивал, а во Советскиот Сојуз е прикажан 2 години после неговата светска премиера во скратена верзија. (оригиналната верзија траела над 200 минути).
По романот на полскиот писател Станислав Лем- „Соларис“ во САД прави филмска адаптација од истоимената книга со научно-фантастична содржина.
Следен негов култен филм е „Сталкер“ сниман во некоја од балтичките земји на место кај што се наоѓала поранешна премногу загадена хидроцентрала. Тоа е причина за заболувањето на Тарковски од рак на бели дробови.
Уште еден филм сниман надвор до СССР е „Носталгија“. Самиот наслов на претпоследниот филм кој е сниман во Италија додека Тарковски не можел да се врати во родната земја во која се наоѓале неговата сопруга и син, доволно кажува за што станува збор.

Прашања за дискусија:
-Дали се согласувате дека Тарковски е еден од најголемите и најавтентичните филмски режисерски имиња? И зошто?
-Кој е вашиот омилен филм? И зошто?
-Дали е мит или вистина дека неговите филмови тераат на размислување бидејќи чепкаат во најдлабоките делови од нашиот ум и ги отвараат вечните философски прашања и егзитенцијалистички загонетки?-Што е маесталното кај Тарковски, а што е клише и досадно кај него? (доколку постои?)

[Ова е дискусија пред се' за делото негово, но исто така и за неговиот лик под кој се подразбираат неговите размислувања и ретки интервјуа.]
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Одговори за дискусија:
-Дали се согласувате дека Тарковски е еден од најголемите и најавтентичните филмски режисерски имиња? И зошто?
Да, се согласувам. Затоа што е врвен филмски Уметник. Со големо У. Ингмар Бергман (инаку многу скржав во делење комплименти кон колеги) има изјавено дека се` што тој се обидувал да прикаже во сите свои филмови Тарковски постигнал во само еден филм. Бергман бил можеби најголемиот почитувач на Андреј Тарковски.

-Кој е вашиот омилен филм? И зошто?
Андреј Рубљов. Затоа што дава една панорамска слика на средновековна Русија. Со реско издиференцирани ликови, ефектни сцени и силни метафори. Толстоевата „Војна и мир“ има вакви епски димензии, длабочина и брилијантен детал. За вакви дела е потребно врвно мајсторство.

-Дали е мит или вистина дека неговите филмови тераат на размислување бидејќи чепкаат во најдлабоките делови од нашиот ум и ги отвараат вечните философски прашања и егзитенцијалистички загонетки?
Не е мит, вистина е. За мене, нормално.

-Што е маесталното кај Тарковски, а што е клише и досадно кај него? (доколку постои?)
Можам многу да пишувам за ова. Накратко: ме импресионира спокојот со кој Тарковски ја одмотува фабулата, градењето на ликовите и отсуството на теза во било кој негов филм. Само големи уметници можат да го изведат ова. Како и во филмовите на Бергман или Кјубрик (кои се неговото вистинско друштво) на Траковски никогаш не му се брза. Тој спокојно и во минуциозни детали ја вози прикаската. Тоа не е едноставно за многу гледачи. Затоа, Тарковски е здодевен е за оние кои се навикнати на холивудски терк со многу резови и динамична фабула. На ист начин Бергман и Кјубрик се здодевни (со или без наводници). Да се гледаат филмовите на Тарковски е потребно трпение и вистинско расположение. И време. Такво трпение е неопходно да се одгледаат „Одисеја 2001“ „Бари Линдон“ или „Очи ширум затворени“ на Кјубрик“, или пак „Седмиот печат“, „Есенска соната“ или “Фани и Александер“ на Бергман.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Андреј Рубљов
Ми остави впечаток крајот на филмот кога,
потикнат со успехот на ѕвоното, ги занемарува работите што ги видел и доживеал, Рубљов одлучува да проговори и да продолжи да слика. Тој чин представува хумана порака која е секогаш актуелна.
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
Stalker ептен mindfuck-ерски е! исто и Solaris, ај препорачајте уш некој од него, јас само овие 2 ги имам гледано.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Stalker ептен mindfuck-ерски е! исто и Solaris, ај препорачајте уш некој од него, јас само овие 2 ги имам гледано.
http://www.imdb.com/title/tt0091670/

Ja имаш цела филмографија некои си 12 гига. Зошто уште некој, кога уште уште некој и цела филмографија.
Ако не се снајдеш ќе ти пратам линк ако сакаш.



Џабе ако немате барем 2 изгледано. Голем режисер.
 
Член од
19 декември 2011
Мислења
101
Поени од реакции
34
http://www.imdb.com/title/tt0091670/

Ja имаш цела филмографија некои си 12 гига. Зошто уште некој, кога уште уште некој и цела филмографија.
Ако не се снајдеш ќе ти пратам линк ако сакаш.



Џабе ако немате барем 2 изгледано. Голем режисер.
не викам дека не е голем режисер ама немора да значи дека ако ми се свиѓале 2 филма од него дека треба сите да ги изгледам. Така пред некое време го спуштив History Of Violence само затоа што е од Cronenberg и не ми беше верно колку е тапа филмов и коа утка му е.(мое мислење) :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
https://www.facebook.com/events/156870477768083/

ЦИКЛУС ТАРКОВСКИ
19.04.2012 (четврток), 20:00 часот
АНДРЕЈ РУБЉОВ
(Andrei Rublev)
игран филм, Русија
1966, 165, црно-бел, 35 мм.
режија: Андреј Тарковски
сценарио: Андреј Тарковски, Андреј Кончаловски (Andrey Tarkovskiy, Andrey Konchalovskiy)
улоги: Анатоли Солоницин, Иван Липков, Николај Гринко (Anatoliy Solonitsyn, Ivan Lapikov, Nikolay Grinko)

Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови. Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност...




21.04.2012 (сабота), 18:00 часот
ОГЛЕДАЛО
(Zerkalo)
игран филм, Русија
1975, 108, црно-бел, 35 мм.
режија: Андреј Тарковски
сценарио: Андреј Тарковски, Александар Мишарин (Andrey Tarkovskiy, Aleksandr Misharin)
улоги: Маргарита Терекхова, Филип Јанковски, Игнат Данилицев (Margarita Terekhova, Filipp Yankovsky, Ignat Daniltsev)

Филмот има нехронолошка структура и е комбинација на флешбекови, архивски снимки и поезија преку кои еден човек кој е на умирање се навраќа на битните моменти од својот живот. Детството, разводот, предвоениот период, размислувањата за руската историја и општеството, за семејните односи итн. се во форма на визуелен тек на свеста, поради што филмската критика го смета ОГЛЕДАЛО за најличен и најтежок филм на Тарковски.


22.04.2012 (недела), 18:00 часот
ИВАНОВОТО ДЕТСТВО
(Ivanovo detstvo)
игран филм, Русија
1962, 95, црно-бел, 35 мм.
режија: Андреј Тарковски
сценарио: Владимир Богомолов, Михаил Папава (Vladimir Bogomolov, Mikhail Papava)
улоги: Николај Бурлајаев, Валентин Зубков, Јевгни Жариков (Nikolay Burlyaev, Valentin Zubkov, Yevgeni Zharikov)

На источниот советски фронт за време на Втората светска војна, 12-годишниoт Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Во европскиве филмчиња има добри пораки. Се пренесува нешто што обично те задумува и допира до тебе. Да не грешам душа за цела американска киноматографија, но обично таму се оди во естетики, онака убаво средени за око, без некоја длабинска содржина (секако дека има страшни исклучоци). Но овие европски режисери од ова време, вклучувајќи го Андрејчо се една страшна генерација на уметници. Омилен филм тој со Огледалцето. Иако имав тежина да го сфатам во почетните мигови/минути, сепак наидов на големо воодушевување во понатамошниот тек.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.727
Тарковски ми е исклучок.


Мразам спори режсери, али него и Клинт Иствуд ги сакам и можам да ги гледам.

Мразам неамерикански филм, али Тарковски ми е ОК.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Ве гледам во последно време за никаде, еве повеќето филмчињата на јутуб, ако се излаже некој да изгледа нешто квалитетно, пред да ми се дрзнете да ми дискутирате за вкус...

Ivan’s Childhood

Andrei Rublev


Solaris


The Mirror

Stalker


-Што е маесталното кај Тарковски, а што е клише и досадно кај него? (доколку постои?)
Можам многу да пишувам за ова. Накратко: ме импресионира спокојот со кој Тарковски ја одмотува фабулата, градењето на ликовите и отсуството на теза во било кој негов филм. Само големи уметници можат да го изведат ова. Како и во филмовите на Бергман или Кјубрик (кои се неговото вистинско друштво) на Траковски никогаш не му се брза. Тој спокојно и во минуциозни детали ја вози прикаската. Тоа не е едноставно за многу гледачи. Затоа, Тарковски е здодевен е за оние кои се навикнати на холивудски терк со многу резови и динамична фабула. На ист начин Бергман и Кјубрик се здодевни (со или без наводници). Да се гледаат филмовите на Тарковски е потребно трпение и вистинско расположение. И време. Такво трпение е неопходно да се одгледаат „Одисеја 2001“ „Бари Линдон“ или „Очи ширум затворени“ на Кјубрик“, или пак „Седмиот печат“, „Есенска соната“ или “Фани и Александер“ на Бергман.

Oд единствените наброени само за Фани и Александер треба трошка повеќе трпение. Другите ми беа апсолутно интересни за гледање од самиот почеток. Долгите сцени на (personal favorite) Bergman или Кјубрик воопшто не ми здосадиле, бавноста е увек фантастичен билд ап уз тензија и симболика, и не, не глумам хипстерај, оти еве на Бела Тар не ги можам толку. Како и да е, фала за полу-предлогот, ако се смилуват интернет боговите секако, незнам како ми избегал, Кјубрик ми беше меѓу првите режисери кои ги гледав филмографски, систематски, па во пактет торентот едино да го немало. Стварно незнам. Koинциденција, го зборев баш вчера, не бил карактеристичен за Кјубрик, како-бајка уз нарација. Ама секако бев продаден, оти, нали, Кјубрик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom