Тука пишуваме на зададена тема

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.444
Поени од реакции
25.397
Сношти со Боби Коса се враќавме дома. Беше негде 20 до 1. После убаво кафенце мафенце без циметче миметче задоволни идаме дома. Тој живее неколку минути подалеку од мене, ама не многу.
Пред да стигнам пред мојата куќа кај Коле се запали сијалица. Боби рече:
- Ево, сијалица светна кај Коле.
Кога отидов дома, седнав пред компјутер и напишав состав на тема "Сијалица". Не мора ни да парафразирам затоа што го знам текстот напамет. Се работеше за тоа дека ако сијалицата ја оставиш запалена многу долго време, може да прегори. А пак, ако не ја запалиш долго време и пробаш да ја запалиш сега, може да пукне, или одма да прегори. Затоа јас и мојот другар дојдовме до констатација дека најдобро е сијалица да свети навечер, а да се гаси на дење. И тоа дека сонцето ги уништува сите бактерии.
Еднаш се сеќавам дека еден пријател од татко ми ми рече дека не е битно проветрувањето во собата, не е битно колку воздух ќе влезе, битно е колку сонце ќе влезе во собата.
Сонцето ги уништува сите бактерии.

Кога бев втора година средно, во гимназиското списание "Јужен бран", кое се печатеше еднаш годишно, едно момиче имаше напишано песна на англиски, иста како Nothing else matters. И тогаш си велам - дај, кој кур жити се? Дали момичето или тој што ги селектирал песниве?
Она што сакам да го кажам е дека денес такви квази мази поезии никој не сака. Уствари, не сакам јас, а тоа јас сум никој.
Доста беше од драпајнци, на пример - "сонцето е за нас, ѕвездите се наши, ти си принцеза на универзумот, а јас сум жаба која треба да биде смувана. Ти си кајче, јас езеро..." и слично.
Колку глупо и изживеано, излишно, немам коментар. Изгледа не читале поезија од Анте Попоски... Маестро, незаборавен. Најмногу го ценам тој човек, се сеќавам уште од мал како идаше дома, пријател на татко ми, ми читаше поезија навечер.

Си мислев и мислев дали темата треба да се вика "Мора да ме сакаш" или "Мораш да ме сакаш". Ако кажам дека е сеедно, сеедно е, ама дел од мојот возвишен карактер не е мирен се' додека не научи. На пример, еднаш не можев да се сетам која година е умрен Фреди. Морав цел ден на плажа да се мислам, и ко си одев дома ми текна. Е затоа сум мазохист.
Тоа немаше врска со муабетов. Како и ова што ќе го кажам сега, дека човековото тело може да функционира и во случај да изгуби половина крв, односно 2 и пол литри.

Она што сакам да го кажам е дека неодамна еден мој другар се обидуваше да ја запали сијалицата за која зборував, ама прекидачот беше расипан. Значи, најбитен е прекидачот, дали ќе биде исправен. Џабе е сијалицата добра ако прекидачот не чини. Се смена и тоа.
Некогаш почетокот е најбитен, ама некогаш и не е. На пример, за почетокот никогаш и не се трудам, затоа што тоа што стварно вреди труд се познава потака... Така мислеше и мојот другар.
Еднаш имаше една јака реплика, незнам од кој филм која се вртеше во меѓумозокот, дека таа што ја сакаш мора да те сака за да бидеш среќен.
Знаеш што? Благословени се тие кои те сакаат, но уште поблагословени се тие кои ти ги сакаш. Затоа што можат да сонуваат само за таков човек, неограничен во својот мозок, за човек кој на пиедестал ќе ја стави својата сакана. За човек како тебе. А ти најмила моја, можам да ти кажам дека не ја вкуси најубавата урдичка на цел свет. Ни јас не сум ја вкусил, не сум педер за да вкусам таква урдичка, но таа аура што ја шири таа урда се распознава. Затоа што во него гледам совршен човек кој има рецепт за совршена урда, а дали ти ја заслужи таа урда? Сега веќе не... Сега друга ќе дојде на пазарче за да побара урда.

Еднаш се замислив што е тоа љубов. Љубов е кога сите работи што ги правиш се вртат околу тебе на радосен начин. Да кажам искрено и да ја кренам деснава рака, јас не знам што е разликата меѓу среќа и радост. Да кажам дека сите работи што ги правиш и се вртат околу неа на среќен начин, за мене е потполно исто.

Знаеш... Некогаш во животот треба да изедеш многу урдички за да ја најдеш таа вистинската урда. Не да ја најдеш, не се изразив убаво - да го откриеш вкусот кој тебе најмногу ти одговара.
Знаеш што е најдобро? Некогаш не е битно каква е урдичката, битно е со кого ја мезиш. Некогаш битно е и дали внатре е со пиперчиња.
Кога ќе размислам - се' е битно. Ако има совршена урда, има совршен партнер. Ваше е дали ќе си правите лап лап... И битно е дали ќе пиете една чашка ракија.
Кога ќе размислам - се' е битно. Ако има совршена урда и личност со која ќе ја мезиш таа урда, се' е совршено.
Тогаш е совршено се'. Тогаш ќе го сакате и дождот што врне, ќе ги сакате неасфалтираните улици и мојот непевлив глас.

Мора да ме сакаш? Не мора да... Не ради мене, не ради тебе, не ради нас.
Затоа што кога јас те сакам, а и ти мене, тогаш и жабите во езерото среќно крекаат. Тогаш и физиката има смисла... И сите броеви на n-ти степен. Ако нашата љубов е вечна и ФК Охрид ќе влезе во прва лига.
Тоа е љубовта драги мои. Ништо на светов не мора да се направи, освен да се живее. Гете рекол - живеј додека си жив.
А јас не умирам драги мои, ништо не е вечно, ама јас не сум ништо.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Пола саат се мислам што да пишам, а сакам да пишам навистина. И си мислам , мора ли мандаринската патка да ја сака другата или навистина умира од љубов? Мора ли сончогледот да го сака сонцето, или тоа одбрало да живее само за него? Чудни се Јапонцине и Кинезине, скоро како нереални. Но не е убаво да се пишува за она што не се знае нели. Јас сум дете на западот, да биде уште потрагично дете на Балканот, кај можам јас да пишувам за црешовиот цвет?
Мора да ме сакаш- море кај нас се се мора па и ова. Се некој приморува нешто па и ти мене, па и јас тебе, да не се лажеме. Па уште измисливме правила за да ме сакаш. Па уште испадна сите ги почитувале тие правила.
И знаеш што ми текна, иако можеш да ми кажеш што морам, не знаеш да ми кажеш дали мандаринската патка мора да умре за својот партнер. Не си ти крив, и ти си дете на западот, прерационален за фенг шуи или за размислување околу две патки.
И тогаш сфатив, не мора ама ете умира од љубов, од жал, од губење смислата на животот. Епа, ни јас сигурно не морам да ги почитувам твоите правила за да ме сакаш. Треба само јас да сум јас, и ти да си ти.Зошто само една сум јас и еден си ти. Јас сакам само да те вкусувам тебе и твојот мирис. И те сакам, зарем тоа не е доволно?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мора да ме сакаш!

Мало, кадраво девојче играјќи со своите барбики, љубовта ја гледаше како нешто задолжително, нешто што доаѓа само по себе. Кога играше со барбиките, постојано Барби на Кен му велеше: Мора да ме сакаш! Мора!
И кога Кен, ќе побараше објаснување, Барби само велеше: Така, едноставно мора да ме сакаш!
Тие монолози долго ги правеше, се додека еден ден не престана да игра со барбиките. Престана да му збори на Кен.
И беше преполна со љубов. Нејзиното срце беше, е и ќе биде отворено за сите кои посакуваат место во него.
Мало е, но чука и низ него тече врела крв...Тоа срце знае да сака! Колку пати го изгребале, го скршиле, лепеле...но тоа срце е полно со живот и со љубов кон се!
Монолозите се' уште се застапени...Но овој пат без кукли, овој пат, содржината е поинаква, овој пат вели: Не мора да ме сакаш! Не! Но, кој и да си, каде и да си, би можел да се потрудиш. Тежок е можеби патот до моето срце, но во него има многу љубов.
Љубовта не се изнудува. Тоа би било силувана љубов. А не сакам силувана љубов! Сакам чиста љубов!
Затоа, не мора никој да ме сака! Ни ти, ни ти, ни ти, ни кој и да било друг на светов! Јас имам доволно љубов во себе и ќе ја споделувам несебично со секое живо суштество...затоа што љубов е она што му е потребно и она што му недостига на светот!
Љубов! Општа љубов!
Ништо во животот не се мора, освен да се умре. А во меѓувреме, љубовта е она што ќе ме движи низ животот!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Ме прашаа дали сеуште те гледам во моите соништа...
Сеуште те гледам.
Сеуште те.
Сеуште...
Веќе не те гледам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Го слушав мобилниот како ѕвони. Веќе предолго. Најиритирачкиот звук на светот.
Немав сили да го треснам од ѕид. Иако сакав. Всушност, сега не знам што сакав. Мислам, ако сакав да го треснам толку многу, ќе го треснев, нели?
-Сине, ти ѕвони телефонот. -ја чув мајка ми. Самошто дојде дома.
-А, да. Сега го чув. -ја излажав и набрзина го исклучив за да не го слуша.
Погледнав во огледалото спроти мене. Никој не е убав кога плаче. Солзите ми правеа бразди по лицето. Го чувствував нивниот вкус.
Сигурна сум дека и тој плаче сега. Ама не сум јас виновна. Тој е. Ама веќе не е ни важно кој е виновен. Готово е. Имав сили само тоа да му го пишам во најкратката порака на светов.
Ама не се помирува.
Хаос.
Смогнав сили да го вклучам мобилниот. 24 непрочитани пораки. Се мислев дали да ги прочитам. И речиси без да знам, ја прочитав последната.
"Не е готово. Не е. Знаеш дека те сакам. И ти мене ме сакаш. Мора да ме сакаш".
Веќе не.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Мора да ме сакаш!

Ти си секогаш тука за мене. Тука си кога плачам, тука си кога сум среќна, тука си кога ќе посакам. Можам да седам и цел ден да ти кажувам направи ова, направи она, вака или така и ти секогаш ама баш секогаш правиш онака како што ќе ти кажам јас. Толку сум себична што дури и кога имаш договорено со некого кафе јас те прекинувам ако си ми потребен и ти доаѓаш. Внимателно ги слушаш моите приказни и проблеми, во кои и за кои самата сум најчето единствениот виновник, знаеш да ги исполниш сите мои каприци, дури и оние најневозможните. Достапен си ми и кога те барам во 4 наутро за да ти раскажам што ми се случило, па ако е потребно и ќе дојдеш да ме земеш и да ме вратиш дома. Ако ти кажам дека сакам нешто го добивам најдоцна наредниот ден...
Спроред се изнесено ти си човекот кого јас мора да го сакам.
Да, мора да те сакам затоа што правиш се за мене. Но, јас не те сакам на тој начин. Никогаш немало ни бакнеж. Си ми простувал кога сум те гаѓала со штикли и пепелници, си се смеел кога сум ти истурила вино.. Боже што се немаш претрпено.
Извини :)

Ти си совршениот принц, баш онаков како од бајките. Но, јас не можам да сакам. Јас морам да ја изгубам главата по некој бунтовник без причина нели. По некој од оние кои ги нарекуваат bad boy, нетолерантен, бесен..одметник.. Некој од чиј изглед вришти `Ти мора да ме сакаш или не..сеедно!`
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Аман веќе..."мораш да ме сакаш"...Од сега многу грубо ќе звучи таа фраза за тебе.
На моменти ја заслужуваш а на моменти ми доаѓа да го истурам сиот бес врз тебе...но повторно се враќам при себе. Сепак се откажувам од намерата да те мразам. Времето ќе ти покаже дека само јас можам да те сакам еднакво во секое доба од овој на моменти мизерен живот. Со сила убавина не бидува, не попусто рекле предците наши. Па така е и овој пат, го оставам на забот на времето мојот товар да те чека тебе, па кога ќе го поткренеш ќе сфатиш колкава тежина сум носел во срцево, овие 14 месеци. Во животот на никоја не сум и признал до сега дека ја сакам, и никогаш не сум ја изговорил таа фраза искрено. Тоа беа епизоди кои завршија и не останаа запаметени како што тоа беше Касандра. Се стремев едно време кон тоа, да можам барем со тебе мирно да го живеам моментот на љубовта и конечно да ти признаам дека ми значиш повеќе од сите до сега, и дека ти си личноста која ја сакам со сето мое битие. Но веднаш со сета сила ја притискам кочницата...Не. Се уште не можам да ги помрднам усните, кои се залепиле небаре засекогаш. Срцето ми е отворено и широко колку Босфорот, и жедно за тебе. Но ти ми ја запираш и последната капка на изворска љубов, која толку време ја чекам од кога те немам. Нема да те молам да се вратиш,ти и така си со мене. Но сепак не е исто како пред извесно време. С беше голем кога крај него беше ти, со сето свое срце. С се стопи како последната лажица замрзнат сладолед заборавен од минатото лето. Вистинскиот С кој еднаш беше исполнет со чуства веќе го нема. Кој знае, можеби треба повторно да му го отвориш вентилот за да потече изворската љубов, и да може да биде оној стариот,исполнет со сила и голема љубов. Времето е мојот сојузник, мојот партнер во маката. Како што сум подалеку од тебе, сум поблиску до бога. Лажната насмевка ми е секојдневен другар, кој морам да го покажувам на сите, незнајни и знајни.
Не верувам повеќе на судбината, верувам во себе. А верував и во тебе, да знаеш...:pop: :tv: :smir:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мора да ме сакаш

Белиот камен на кој јас ја бев распослал мојата телесна маса, мудро молчеше распоредувајќи ја својата големина, удобно да ме прими за да ме задржи што подолго врз себе. Тој ден не беше ладен, како во претходниве денови кога воопшто не ми дозволуваше да седнам сега се претвораше дека е некаков удобен топол стол. Некако чудно, но ме привлекуваше и ме држеше прибран за него. Бевме сами и двајцата. Околу нас ширина до недофатност, а блискоста нежно не галеше и двајцата. Природата како да сакаше и на двајцата да ни угоди со милозвучниот шепот кој нежно го ткаеше околу нас. Занемени од звукот на природиниот разбој кој ткаеше милозвучен шепот, едвај се додржувавме од комата која полека не совладуваше. Трансот најпосле не совлада, халуцинациите беа како никогаш досега, звукот кој природата ритмично ни го праќаше тивко велеше: Мораш да ме сакаш! Мораш да ме сакаш! ....... Тогаш разбрав зошто каменот тој ден направи се за да ме задржи врз себе. Играта која тој ден ја изигра заедно со природата ме натера да размислам колку природата може да љуби, не криејќи ги своите чувства.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Не си ме погалил, никогаш. Не си ми дал никогаш смирувачка прегратка, дури ни тогаш кога сакав да ја земам. Не сум Емо, тоа само утрово, не грижи се. Нема да почнам да се убивам, веројатно...Дури ни поради звукот на телевизорот. Престанав да ги хранам лажните надежи за твоето враќање. Никогаш не си бил присутен. Ме научи да губам уште од детството. Односно, јас бев оштетена од старт. А знаеше и сам, дека не можам да те одберам. Ти можеше да ме одбереш мене. Сега е доцна. Барем за мене. Жива сум. Постојам. Ме боли-значи постојам. Мислењето одамна не ми донесе ништо добро. Ти си човек кој со самоубиства и убиства се полни. Ако си ме создал, не сум твоја сопственост. Ако си крадец, не сум ништо украдено. Ако си неук и пропаднат, јас не сум. Затоа, не вели ми:
,,Мораш да ме нарекуваш тато"...
Никогаш! За да го добиеш тоа, мораш да ме сакаш.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Пред неколку дена, додека во стандардната поза на исповед со твојата глава во скутот страсно го голтав пелинот на одмазда што ми се собираше како грутка во грлото, се сетив на еден неврзан разговор на пат кон работа со другар ми Томи за типичните машки избори кога јунакот во приказната е на раскрсница пред неколку отворени и привлечни патишта. Неговата приказна беше за две девојчиња со кои во паралелен временски период минувал извесни мигови на задоволство и среќа во невселениот стан на неговите родители во една од Скопските населби. Чудна му беше привидно-идентичната склоност кон двете девојчиња, а сепак нееднаквиот третман кој им го пружел. Се смешкав со истиот оној потценливо - мудар израз на баба ми (кој свовремено ме натера да ја замразам), додека раскажуваше колку не го загрижува состојбата на инаку прашливиот стан кога во него доаѓа со едното девојче, а колкав труд вложува во создавањето пријатна атмосфера пред да го доведе другото девојче.

"Просто и едноставно - му одговорив - свесен си за слабоста која првото девојче ја чувствува кон тебе. Чувствата кои веројатно ги развила кон тебе, не и оставаат простор да мисли на прашливата витрина за телевизор или на несредениот кауч додека те има тебе во прегратките, во очите, во мислите. Си ја освоил и тука веќе се изгубил предизвикот. Ќе те сака дури и да ја легнеш на зелена ливада. Другата е потврд орев. Си и ја освоил наклоноста, ама сеуште не си и завладеал со ниту едно сетило. Имаш плодна почва, си ја посеал, ама сеуште не си сигурен што ќе никне на неа. Затоа мора да ја полеваш"

Да не бев преплавена од моќта на сопствената самосвест, веројатно ќе се попарев од сопствените зборови како од врела вода. Би ти ги пренела и тебе, ама тоа ќе значеше дека сосема свесно се фаќам на стапицата како глувче измамено од тровче сиренце, зошто тоа и само добив... трошки. Јас те гледам со презир ама ни во миговите на најголем гнев не можам да порекнам дека од тебе извира некаква мудрост зошто ти сепак ме научи на најголемата лекција во животот - јас заслужувам многу повеќе.

Веројатно, години и години искуство после оваа нема да ми донесат памет да разберам во кој момент мојата психа ти се предаде до толку неразумна мера што јас упорно и незаситно ја голтав и прашината од твојата душа и тело, не само правот од местата во која живуркаше нашето... Дали сите кои ти го шепнуваат името пред спиење, на кои ги обзема безумие загледувајќи ти ги движењата, сите кои ти поминуваат низ постелата го чувствуваат истиот мирис? Сеедно им е или можеби со нив се е поинаку баш зашто не ти недостига предизвикот по кој толку болно се подаваш? Знаеш, не секогаш сум ти го поднесувала здивот. Не си ми бил нешто особено привлечен, не секогаш ми е мило што прстите ми поминуваат низ твојата мрсна коса. Смешно е пред колку работи стануваш слеп, глув и сенилен во име на заљубеноста. Смешно е се она што некогаш се нарекуваше - сеедно. Зошто токму таа заљубеност, ама само во идејата да те претворам во мој посед (подоцна и докажано - желба од чиста себичност а не од љубов) наспроти сите оние кои те криеле во сонот, те имале еднаш, двапати, петпати, кои чекале на штрек да го побараш нивниот број, не ми дозволувала да погледнам подалеку од сопствената фанатичност. Смешно е после толку време патење едноставно да заклучам дека не било заљубеност тоа што деновите ми ги правело нетрпеливи, а ноќите проклето бескрајни, туку константно повторливото ехо на болно амбициозното "Мораш да ме сакаш"...

Веројатно е чувство кое доаѓа сосема природно, зошто, спротивно на сите закони по кои функционира разумниот дел од мојот мозок, овојпат вистинските зборови како камења си паѓаат на вистинското место. Не би да ти ги изобличам твоите толкувања на животот и светот па ќе ти дозволам да го наречеш како сакаш. Јас го викам "желба за одмазда" и за чудо, никогаш нејзиното остварување не било толку слатко, независно од силата со која си ги напнувам сетилата за да те повредам. Можеби и токму затоа среде речиси секоја пијана вечер јас се будам на твојот полувековен кауч со твојата глава во скутот. Ретко се прашувам како сум стигнала до таму, не толку зошто ми годи дека си до мене, колку што се насладувам на фактот што не си со друга што радосно би ти го пружила секое земјино задоволство на кое јас толку ревносно се противам, а ти упорно се бориш да ме разубедиш. Мора да ме сакаш, нема ниедна цел на светов која сакам побрзо да ја остварам. Не ми претекува секогаш енергија да се противам на твоите испади па се спуштам со усните над твојата глава колку да го запечатам мигот со невин бакнеж во челото, за да ти по навика насилно ги подадеш усните и на твое разочарување јас дрско да се отргнам гадејќи се од мирисот на алкохолот во кој си тонел претходно. Хахахахаха...те повредив ли? Не сум ни почнала мило мое. Да, ќе потврдам со сета сигурност на светов - сосема природно е чувството на гадење кон твоите усни, твоите раце, твојата кожа, посебно кон малиот милион нечисти мисли кои си наумил да ги оствариш додека безнадежно се бориш да ја докажиш силината на својата машкост. Не ја негирам твојата потполна некомотност во чувството дека во ретки мигови од твојот живот ти си одбиен во желбата да бидеш задоволен, и тоа... о, толку многу ме радува. Гневно се оттргнуваш смислувајќи приказни за моите его-трипови заради свесноста дека светот околу мене толку многу ме размазил, што дури и во ретките мигови со тебе јас не можам да сокријам дека радо би била на некое друго место. Да најмило, јас радо би била на друго место, ама види, мене ништо друго на светов не ме возбудува повеќе од оваа игра зашто јас знам дека ти нема никогаш да се откажеш, а ти знаеш дека јас нема никогаш да се предадам...

Кога убаво ќе размислам, јас имам потреба да те имам во животот. Независно од формата на манифестација на чувствата што би не поврзувале. И секогаш кога среде рандом пијана ноќ јас ќе се разбудам на твојот стар кауч со твојата глава во скутот, независно од степенот на свесност, јас секогаш ќе ја имам онаа иста желба за одмазда ама со сладок вкус на задоволство на усните кој ти никогаш нема да го пробаш. И во врвниот миг на твојата опиеност од ефтиното вино, ти ќе ја затвориш вратата позади мене со чувството на победник што повторно невино си ме довлечкал во своето дувло, ама јас сум таа што ќе замине со детски неопислива радост дека утре е нов ден во кој ќе се разбудиш мамурен ама свесен за уште една длабока рана на сопствената машкост. И да мило мое, жената никогаш нема да го заборави мажот што можела да го има, ама мажот никогаш нема да ја заборави жената што не можел да ја има. Затоа знам дека ме сакаш...
 
С

Сатори

Гостин
Лебдењето во полу-празен и скршено-полн простор е како користењето метафора на погрешно место, како сонови искорнати од потсвеста во луцидноста.Болно.
Кога не знам да користам стилски фигури што треба да му дадат форма на ликвидот.Во разговорен стил се убиваат сите уметнички призвуци и сите замираме ... мртви.

Посакувам, мало дете желно за благо, посакувам да имав храброст и сила и помалку суета, да го живеев својот живот, не само да пишував за него.Веројатно никогаш задоволството нема да биде добар супститут за среќа.
Бар е нешто, што не е силно и незаменливо.
Ха!Лажам!

Опаѓање на нивото на свесност и сите крути парчиња од сложувалката почнуваат да гребат за целосно да не се пропадне.Штета!
Тогаш замислувам како седам на полјанка во Глостонбери и пијам чај со зајакот и лудиот Шеширџија, а мојата коцка полна мириси се одмара покрај мене како да оживеала.Бурни се реакциите во мојата глава тогаш зошто плачам за да пишувам со безбојно магично мастило.
Со кое му напишав писмо во внатрешноста на главата на молкот, да се смилува на мојата душа, не, не можам да разговарам со него, сакам, но тој нема зборови.
Зашиена му е устата и дадено му е името што ја следи трагедијата.
Глостонбери, срцето надвор од телото.
Ех, да имав храброст, да имав сила.

Но ти и ваква љубов, мораш да ме сакаш!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Тело полно машкост. Во секој мускул од твоите раце удира мојот поглед, здив и емоција. Кога се доближи, не ми се веруваше дека моите усни пропаднаа во твоите. Каква мекост! Сладок вкус на амброзија и полетност. Околните пролетни ливчиња играат во ритамот на ветерот. Фали само да ја поткренам десната нога за да се добие сликата од бакнувањето на филмовите. Не мора да ме сакаш вистински, но мора да ме сакаш ваква. Неверојатна, дива, разбушавена, со клетки полни ликер од вишни.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Мораш да ме сакаш?
Не, не мораш.
Но без мене, остануваш сам, како и на почетокот.
И во твојата силуета ќе остане само бар код. И едно тиииит, кога ќе поминеш покрај некоја жена. Да те намириса дека си расипана стока. Неупотребливо парче. Маж кој не знаел што добива, а уште помалку што губи.
Не мора да ме сакаш.
Не знаеш всушност.
Јас морам да сакам... Но тебе не.
Мразам кога ме инспирира твојата никаквост!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Живеев речиси 5 години во центарот на Љубљана. Првите четири активно, но потоа морав да изигрувам номад бидејќи работата не ми дозволуваше да се закотвам во малото четириесет квадратно станче. Од таму пишував за ангелите и виножитата, за убавината на кората на дрвјата и само јас и моето моливче го разбиравме тоа, пишував за љубовта, за рајот на земјата за сите оние работи кои на просечен европеец му делуваат смешно и сулудо. Потоа престанав. Патувајќи до Вилах само со мислите можев да бидам дома, или во Виена. Понекогаш се залетував дури до Прага но иако ништо од тоа не префрлав на хартија делуваше сосема слатко и смирувачки, како сознанието дека по апокалипсата се` ќе биде во ред.

Некаде на крајот на петтата година, одненадеж ми соопштија дека моето работно место повеќе не постои, и јас нема да бидам платен за тоа што го правам. Најпрвин седев затворен во четири ѕида и блеев некаде во ќошето помеѓу фикусот и кактусите, но потоа излегов надвор и прошетав до салата каде настапуваат љубљанските зелени. Додека кротките словенци делуваа како ирци со сите тие нивни зелени обележја и истовремено пијани како северни келти, јас се трудев да останам незабележан со мојата обична бела маичка. Вистината која тие ја гледаа, немаше апсолутно никаква допирна точка со мојата меланхолија низ која се пробивав како низ пајажина, токму онаква каква што имаше во шупата на дедо Видое, која колку и да се трудиш да ја тргнеш од себе постојано ти се лепи врз лицето. По извесно мачење и борба со неа, веќе не ти се лепи на лицето.

Откако помина Љубљана, решив да не одам на југ, бидејќи сонцето прави од мене роб на задоволството па тргнав на север и заглавив во Карлсруе. Македонски пријатели ми најдоа работа во Ирски паб па дури тогаш ја увидов големата разлика и навредата која им ја нанесов на словенците што воопшто во мислите ги споредив едни со други. Додека филмски го пребришував шанкот со една крпа преку рамото и една во раката, еден од сите тие пијани германци, ирци, американци се произнесе себе си како англичанец. Се изнасмеав на негова сметка, реков дали можеби пријателот му е шкот и со тоа најверојатно го навредив. Сфатив подоцна и се извинив, но бев крајно некултурен. Тој пиејќи тродупли Блек лабел, имаше желба да го задоволи мојот љубопитен поглед и што тој бара во Ирски паб.
“Пред пет години, пет години работев во Њу Јорк. Во феноменален ресторан кој ја имаше најубавата храна во источниот дел на градот, јас бев шеф на кујната и на радоста и немаше крај. Гостите беа угледни луѓе, музичари, глумци и спортисти влегуваа секојдневно зад вратите сакајќи да се запознаат со мене. Тие беа обожувани на улицата, доаѓаа во мојата кујна да бараат автограм од мене. Одеднаш ме отпуштија, патев и цвилев како мало дете, талкав на полноќ во Харлем надевајќи се дека некој ќе ме убие и на сиот глас знаев да урлам “Мора да ме сакате назаааад“. Но вистината е дека без разлика на одлуката на газдите, и што тие мислеа, дали била таа исправна или не, јас таму не се враќав. Бев во агонија и депресија долго време, преживувајќи од пријатели. Кога конечно најдов сила да застанам на нозе, земав кредит и отворив свој ресторан, во ирскиот кварт и го нареков "My British island". Како во лице да им кажав дека ги мразам на соседите, но тие иако револтирани дознаа од неколку индијци дека храната е неверојатна а некој дури и излажал дека немам ништо против ирците. Тие почнаа да доаѓаат а со неколку од нив кои особено ги измалтретирав ставајќи им виски со “чуден процент на алкохол“ ако ме сфаќаш што сакам да кажам, станав вистински пријател. Еден од тие, односно она момче кое го нарече шкот, се вика Џејмс О`Браен, типичен пивопијачки ирец за кој дојдов до крајот на светот за да ја види својата девојка, турчинка од Германија, која патем кажано ја фативме во кревет, верувал или не со едно момче кое се испостави дека е велшанец. Види иронија а? Сега, пиеме тука кај тебе, веројатно се` додека можеме и гледаме, а потоа што ни даде Бог. Но додека не сум се онесвестил, ќе ти кажам едно пријателе... Никогаш... никој... и ништо... не мора да те сака и бара. Сакај ти, бидејќи добрите мисли и дела можеби и не секогаш се враќаат назад, но проклето е добро чувството да дадеш она што можеш. Патем, кога завршуваш со сменава, ако сме сеуште на нозе одиме по курви, не смее ноќта да заврши без секс, за тоа и сме дојдени.“

Сакав да речам морам се одморам, поттикнат од стардниот умор и блага депресија но... професионалка, секс, а на патот за дома пеевме “денсин куин“. Совршено добра промена, без предзнакот мора.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Спремете се за уште еден глам-блам текст во кој ќе покажете дека сте спремни да го дочекате исправени следното утро. Верувам сте спремни, и ни треба нова тема за таа цел:
Мојот нов лист...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom