Тука пишуваме на зададена тема

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Погледни ги ѕвездите, посегни по нив. Ха, не можеш, знаев. Дај да ти помогнам. Се кревам на прстите и со рацете се кревам високо, високо.
Сега сум највисока на свет, велам. Ми се смееш. Баш сум будалеста и детинеста, знам. Но сакам да сум таква, а и гледам тоа те весели.
Лежиме на тревата и гледаме во соѕвездијата. Месечината не осветлува. За момент те погледнав. Знај, лицето убаво ти свети на зраците од месечината. Не знам, некако има посебен сјај.
Ми велиш сум била малата мечка. Зарем јас сум мечка? Со своите 50-тина килца, лесна како пердуф и мечка? Ха, ме насмеа.
Но меченце??? ме прашуваш. Ај, добро. Знам дека ме сакаш па попуштам.
А се зашто ми се допадна додека го гледав сјајот на месечината таа вечер под ѕвезденото небо. :smir:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Помина и третата светска војна и човештвото беше во хаос.Американскиот преемптивен напад над источните сили и масивното нуклеарно салдо кое го покри небото не остави многу од поранешниот живот на земјата.

Месечко го гледаше сево ова.Отсекогаш затворен во себе,тој ја мразеше светлината.Низ цело негово постоење мораше да го трпи Сончко и ултравиолетовото срање кое му го ејакулираше константно.Никогаш немаше мир.
А сакаше.
Сакаше малку студ,тишина и убав призвук на празнотија и благопријатна тага.
Сега,покрај Сончко,врева и светлина доаѓаше и од планетата до него.Му скурчи.Сакаше да го нема Сончко.Сакаше да ја нема планетата...

Месечко имаше голема телепатска моќ која ја разви преку медитација.
Една ноќ,тој им се појави во сон на многумина од светските лидери на новиот поредок и им кажа,во вид на привидение,дека Сончко набргу ќе се претвори во супернова.
Знаеше дека паранојата и дементијата на луѓето од 22 век беше на највисок можен степен,па реши нив да ги искористи за исполнување на двете цели.
Лидерите на новиот поредок ангажираа многу научници да проверат дали навистина нешто се случува со Сончко.Месечко,освен телепатски,имаше и моќни телекинетички способности,а и мала способност за пресретнување subspace сигнали,па ги мутираше резултатите од тестовите на научниците,со што изгледаше како навистина да му се ближи крај на Сончко.

Целиот свет беше во паника.После нуклеарниот холокауст,свеста и здравиот разум на луѓето се сведе на нула.Секој ги решаваше проблемите преку насилство и закани.Мирот остана мисловна именка.
Лидерите на новиот поредок разговараа за тоа како да го решат проблемот околу смртта на Сончко.По систем на логика,дојдоа до заклучок дека Сончко не трпи агресија од никаде,и сам по своја волја сака да стане супернова,што е,нормално,самоубиство.Затоа,тие решија да се обидат да го разубедат Сончко да не прави такво нешто.
Преку многуте сателити околу Земјата испратија неколку пораки до Сончко во кои го предупрадуваа дека неговото самоубиство не е во склад со законот и принципите кои се напишани во Бибобамалијата.
Месечко ги пресретна и пренасочи овие пораки.
По одреден период лидерите на новиот поредок станаа нервозни.Сончко очигледно ги игнорираше,а тие сеуште добиваа резултати од научниците дека судниот ден се ближи.Сфатија дека мораат да го присилат Сончко да се откаже од намерите за самоубиство.

Дванаесет нуклеарки со боеви глави полни антиматерија беа насочени кон Сончко.Беа предизјнирани да можат да пенетрираат доволно длабоко за да го повредат Сончко и да му укажат дека се сериозни во намерите.
Сончко,иако беше повеќе од јасно дека ги виде нуклеарките,сеуште изгледаше како да продолжува со неговите намери.Од Земјата се испратија неколку пораки во кои луѓето јасно му кажаа дека пресветиот Обама никогаш не би оправдал таков чин и дека тоа би било хулење.Сончко повторно не им одговори.
На крај,неколку десетици нуклеарни проектили полни антиматерија беа лансирани кон Сончко.Лесно ја погодија својата мета и создадоа преоптоварување на енергија во јадрото на Сончко.

И така Сончко стана супернова,а на Земјата цел живот згасна.

Месечко беше среќен.Пловеше низ вселената,без прангите на туѓа гравитација,и молчешкум уживаше во молчешкумноста.
Месечко се чуствуваше како гооолема кугларска топка која полека,но сигурно оди кон заборавот.
Но,еднаш и тој беше планета...ама тоа е друга,сериозна приказна,во која нема да навлегуваме.Само ретард сериозно би пишувал за месечината и сонцето..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Приказна за месечината и сонцето

Под урбаниот висконски асфалт, закоравени стојат локви со крв измешани со цементот. Таму поминувањето е оттргнување од себеси и соочување со хоророт. Дивеење по топли и ладни постели, посегање по празни и полни чаши, едноставно-цикловрнежлива мамурност. И секој ден е се`пострашно, заради новиот бран на дрога пакети, кој како најтежок мраз паѓа врз белите дробови на Вили. Понатаму тој ги зарива ноктите во грбот на неговата ,,робинка", халуцинирајќи дека тоа е ѕид. Темелен, носечки ѕид. А сепак е само кожа. Кога ќе проструи крвта и ќе се стационира во длабнатините на асфалтот, кога врисоците ќе ги пополнат сите атоми во воздухот, тогаш и тој започнува да си го слуша сопствениот глас и да го пече болката од грбните рани. ,,Робинката" тогаш исчезнува и се претвора во ,,роб" на дрогата, на белото, на несвесноста...
Утрото, кога еклиптично и суптилно се појави, сонцето гордо и несебично го разделуваше своето злато.Но овој пат, златото не вредеше ни пени. Беше само тежина, значеше само болка. Неговите зраци печеа и паѓаа во разрушеното смрдливо Вилиево епидермално ткиво. Немаше сили да се помрдне под сенка. Не остана жив додека месечината го осветли...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Приказна за месечината и сонцето

Беа толку блиско едно до друго, а сепак не се поднесуваа. Секогаш силата си ја покажуваа на двобој. И замислете секогаш упорни и сигурни во својата победа. Вечната борба ја започнуваа рано наутро, кога Земја спиеше и кога се беше мирно.
Тогаш одеднаш на хоризонтот тивко и полека започнуваше двобојот. Силните истрели на сончевите зраци ја прободуваа месечината и ја принудуваа полека да се повлече од местото на двобојот понижена. А Сонцето како победник го прекриваше хоризонтот и победнички и неконтролирано пукаше со своите зраци радувајќи се на победата. Целата Земја се будеше од таквата неконтролрана радост на Сонцето и плашејќи се од силните истрели на сончевите зраци, цел ден славеше заедно со него. Славењето прекинуваше оној момент кога на истиот тој хоризонт понижената Месечина ќе се појавеше и повторно ќе го предизвикаше Сонцето на уште еден двобој. А тогаш Земјата исплашена, полека ќе се повлечеше од местото на двобојот и ќе ги оставеше вечните ривали повторно да се пресметаат. Месечината која секогаш го фаќаше Сонцето на итрина и сега знаеше дека Сонцето пак останало без муниција радувајќи се цел ден на својата победа и пукајќи со своите зраци. Така и се случи, Сонцето прво го повлече чкрапалото но сончевиот револвер, но тој беше празен, а Месечината само ја одврза својата црната наметка и ја фрли преку него, покривајќи го и давајќи му до знаење дека неговото време помина. За час Сонцето пропадна зад хоризонтот понижено, а Месечината како победник полека го зазеде хоризонтот и ја прогласи својата победа. Но нејзиното радување беше скромно, веројатно заејќи дека силата е кај Сонцето, а итрината нејзина посилна страна, па само симболично со по некој тивок сјаен зрак ќе засветеше и ќе покажеше дека таа победи. А Земјата? Е, Земјата можеше да здивне од целодневната веселба што и ја приреди Сонцето и ќе се повлечеше на заслужен одмор................
Беа толку блиско едно до друго................................................
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Тажна е приказната за сонцето и месечината..
Двете најсветли точки што човекот може да ги види беа симболика на невозможната љубов..
Две нешта кои се толку слични и различни во ист момент..
Навидум блиски едно на друго,но само они знаеа колку ги боли нивната раздалеченост..
Кога сонцето блескаше со својата убавина,месечината се криеше позади неговиот сјај.
Ја впиваше неговата убавина за да може она да светне барем малце кога сонцето нема да биде таму..
Земаше дел од неговата светлина за да не ја чувствува болката и празнината кога сонцето е далеку..
Одеше верно по него..вечно..
Кога месечината ќе заблескаше на небото,секогаш беше придружена со своите верни другарки и сопатнички-ѕвездите..
Нив не можеше да им раскаже за сонцето,они никогаш не го виделе а и сепак беа премногу далеку за да го слушнат нејзиното тивко врискање..
Сите луѓе веќе спиеа за ним да им разкажува..или пак нејзе и раскажуваа за нивната слатка љубов..За нивната авантура..Таа беше само нем слушател..
Во сонцето никој и навистина не можеше да гледа,тоа беше лишено од слушање и својата приказна ја раскажуваше и покажуваше секаде..
Сонцето беше задоволно..
Сепак...
Имаше неколку моменти каде што на небото ќе се појават и сонцето и месечината..
Нивната љубов може да се види преку боите кои ги создаваат на хоризонтот..
Нивната појава како едно беше за восхит..
Нивната љубов можеше да се доживее..
Беше силна..Велинченствена..Невозможна..

Тажна е приказната..
Тажно е кога нештото што најмногу го посакуваш мора вечно да те следи и тагува по твојот сјај наместо да оди до тебе и заедно да светите и да ја прославувате љубовта.
 
Член од
25 април 2009
Мислења
47
Поени од реакции
6
Приказна за месечината и сонцето

Јас Мирко звани Бургија бај д веј ако не сте чуле за мене сум попознат како еден од родителите на Злате. Така тој јануарски ден спиев тоцно 24 часа и точно у 8 навечер излегов пред зградата во која живеев со мојата невенчана жена Јована. Се збираат комшиите за бадник си помислив симнувајки се по скалите . Одеднаш слушнав викотници .Погледнав сите беа собрани околу болничката кола .
Што се случило запрашав ?- јас Мирко звани Бургија бај д веј ако не спомнав да запомните добро у поверенје ... еден од родителите на Злате. Мада зашто така ме викаат не знам но искрено Злате баш и не личи на мене ама тоа е друга приказна. Е тој јас лично и персонално у прво лице еднина ...пак запрашав : Што се случило ?
Марија , Марија умре реце Баба Благица
А извини комшо а која е таа Марија ? запраша пијаниот Мики тетеравејки се околу нас .Мики премногу пиеше можеби затоа го остави неговата Есмералда а можеби И поради тоа кога го фати жив со Баба Стамена во подрумот . Но И тоа е друга приказна веке.
Е ебем ти живот викна чичко Боро ...а кај најде сеа да умре да ми квари расположение, не можеше да умре ко цел нормален свет ...утре да му ибам мајката...поцна да пцуе а од неговите мустаки падна капка од врелата ракија .
Смири се бе Боро греота е аман повика баба Трајанка неговата жена.
Ма што смири се бе ...на крај краева која е па таа Марија ...знае некој ?
Сите погледнаа во Баба Благица. Се зумираа во неа .
Незнам изусти тивко Баба Благица ...не знам што сте се зазвериле во мене... ја бараа од амбулантната рекоа бараат некоја Марија...и тоа е се
Да не ја барале старата Надежда , но таа ...не ке да е таа , таа секогаш последна умира се насмеа иронично студентот Диме.
Баба Благица наеднаш стана центар на вниманието. Се затресе и западна во транс. Имаше панделки во косите кои вибрираа заедно со нејзината глава . Чорапите и беа полуоптегнати до глуждовите. Папучата лева и беше целата со кал. Баба Благица одеднаш почна хистерично да се смее.
- Јас сум Спајдермен извика таа
Спидермен ??? запрашаа останатите како во хор
Спидермен извика Баба Благица, и можам да летам . Што не верувате извика ебем ви матер неписмено ...ебем ви па знаете ли Вие што е уметност ? урлаше бабата погледнувајки ги останатите .
Бабо мори ти си нетокму извика селјакот Трачхе.Трајче беше типче кое се досели во нашата зграда од Антипармаково и никогаш, ама никогаш не разбираше ништо. Бабо мори што збориш продолжи тој ...Ништо не те разбираме ? Што зборуваш ?
Па што ако сум баба , заш баба да не може да биде спидермен поцна да вика Бабата на сет глас.
Оваа се шекнала помислија останатите.
А јас еден од од родителите на Злате ... Мирко звани Бургија гледав зачудено, таа Марија постоеше и секогаш беше некаде околу нас а никој не знаеше за неа апсолутно ништо. Застанав и гледав во огнот и се сетив на 500 те денари кои ги дала на тој копилјот кој ми крадеше од подрумскиот ајвар и му мавав заушки кога И да го сретнев . Се запрашав дали умрела и Надежда заедно со неа...
сцена 2

Очите ми беа затворени. Ништо не можев да видам , само слушав гласови . Јас Марија Цветковска од татко Димитар Чувалековски и мајка родено име Таска Балабанова Чувалековска ...јас Марија не чувствував веке ништо. Изгледами све ми се чини искрено да Ви кажам бев мртва. Рацете не си ги осекав , а не беше баш ладно , мртва бев . Си помислив е тоа е тоа Марија, ти дојде и тебе времето да си умреш. Штета , но може и не .И така и така си бев стара мома , одвреме навреме ке ме посетеше пијаниот Живко и тоа е тоа. Болје е вака , си лежам никој не ме замара .
Јас сум спидермен се слушаа гласови однадвор .
Што е пак сега ова помислив . Тогаш осетив дека некои раце ме допираат и ме пренесуваат некои типови со бели мантили. Кај ме носат ... сакав да запрашам ама ми текна...мртва уста не говоре овај не е дозволено според прописи и си решив да си прекутам И така дур бев жива си кутев па не е вред сега како мртва да се расприкажам .
Јас сум спидермен извикувашхе познатиот глас на комшиката .
Скришно погледнав , кога пред дворот се собрало цело маало . Баба Благица се обесила како лјилјак на улицната светилка и вреска .
Не верувавте дека сум спидермен еве ви на видете - врескаше бабата.
Се запрашав ова рај е или пекол. Ама кој да прашам . Овие двајцата што ме носат се гарант хонорарци , немаат врска. Ке морам да почекам да ме однесат на рецепција . Ги затворив очите и пробав да се концентрирам нели целиот живот треба да ми помине сега низ глава. Пробувам залудно. Само едно што ми текна е дека го заборавив бојлерот а скапа струја е. Ми дојде лутина одеднаш но се појави светло и глас кој ми прозборе :
Смири се мртва си Марија јебеш бојлер .
И знаеш што имаше право овој гласот од централата па и тоа ме заболе мртва ладна преминав преку тоа.

Крај
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ајде цуро, у право време насловот што следува, ко кец на десетка... темата вели:
Мораш да ме сакаш!
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Мораш да ме сакаш!

Темница, она што се слуша е само силното врнење на дождот на улицата и по некоја кола која ќе помине и ќе го осветли прозероцот од собата во која двете души не сакаат да кажат збогум и вечно да се разделат една од друга.

Времето полека тече, солзите не престануваат да паѓаат, свесни дека наредната секунда може да ја донесе разделбата и со тоа да се зацрни целиот живот засекогаш. Срцето чука, дождот паѓа, саатот одбројува и се така како во ритам, здружено создаваат една морничава и лоша слика, иста како дождливото време надвор.

Доаѓа 11 часот и една јака болка засекогаш става точка на животот. Телото во кое имаше малку живот го дава својот максимум и ги изговара последните зборови „Мораш да ме сакаш!„. Стрелките на часовникот се поклопуваат, телото останува без живот. Засекогаш заминува еден дел од целината. Останува една половина да сака засекогаш.
 
V

[vladimir]

Гостин
......Главата ми беше потпрена на долниот дел од стомакот, онаму каде што речиси можам да ја вкусам нејзината слаткост. Не дишам. Моментот е премногу свет за да се наруши со некоја така безначајна земска активност.
Ти, пред мене, сосема гола. Тело желно за поигрување со тело толку слично, а бескрајно различно.
Време изминува меѓу нас или просторот се испречува, не знам, но те чувствувам како се обидуваш да ме зграбиш за косата и иако не ти успева заради тоа што е куса, упорно ме потскубнуваш, обидувајќи се да ме поткренеш угоре. Ги подаваш усните барајќи ги моите. Но, доволен ти е еден поглед од мене за да разбереш дека тргнувам кон оние усни долу.
Топло е. Сите стравови исчезнуваат, сами од себе. Од тој миг, јас сум само твој, а ти бескрајно своја!
Телото ти трепери.
Со јазикот започнувам да цртам осумки по најмазното задоволство што некогаш го имам вкусено. Зборовите се излишни. Исто е и меѓу нас. Молк и многу неартикулирани крици родени од задоволството.Обожувам кога го чувствувам секое твое ситно превиткување што настанува кога врвот на јазикот ќе пропадне нешто подлабоко одошто му е дозволено:kesa:.
Темнината не го намалува уживањето. Видот никогаш не можел да се носи со мирисот и вкусот. А, тие кај тебе прават човек да посака прсти да излиже.
Го пекрши заветот за молчење, ми рече да прекинам. Сакаш да ме запреш, од некоја причина само тебе позната. Но не се предавам. Влечам надолу, а твоите нокти веќе исцртуваат ритуални тетоважи насекаде по мене...

На крајот, ти дозволувам да ме оттргнеш, но предоцна е. Целата се виткаш во некоја слатка болка и се отпушташ врз мене. Те гушкам силно, а ти подмолно ја носиш устата до мојот врат и вампирски ме загризуваш. Силно стегаш додека не го почувствуваш кисело-соленкастиот вкус на црвенилото.


Станувам од валканиот под додека ти се облекуваш со некоја необична итност. Ми велиш со лутина во гласот:

- Ќе ти вратам за ова!

- А јас само се насмевнав и си помислив "Ти мораш да ме сакаш"
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Колку си само ти очаен, кога од време на време ќе употребиш некој нов збор, макар и од бангладешко потекло, со цел да го накачиш бројот на виугите во твојата сива(накај тегет) мозочна маса. Контрадикцијата и двостраноста, негативниот набој кој го предизвикува твојата его-саканост, мислам дека ги тераат одредени органи во моето тело да се заиграат чочек додека подготвуваат исфрлување на одредени телесни течности.
Ти: ,,Мора да ме сакаш".
Јас:,,Мора да се умре".
 
С

Сатори

Гостин
Ајде цуро, у право време насловот што следува, ко кец на десетка... темата вели:
Мораш да ме сакаш!
Ева го запозна Адам кога сите љубовни приказни и приказни за љубовта го доживуваа својот крај, никој веќе не знаеше да раскажува, да доживува, да чувствува и сонува.Исплашени од внатрешноста, луѓето заборавија како се живее во лулката на нуклеусот.
Полека ги затворија своите емоции во кутија и се претопија во општествена единица, совршена функционалност која што ја става љубовта на продажба, сексот е билет кон вечноста.

Каде да заминеме сега?-прашуваа соновите на Евита.Сигурноста никогаш ја немала, начинот на кој што треба да живее никогаш никој не и го покажал, а Дизни беше забранет.Мора да најде некој да ја сака.Мора да најде некој ... да ја сака.
Кога го запозна Адам беше доцна пролет и музиката веќе не беше толку примамлива, бојата на омилента клупа беше исушена.

-Зошто ја сакаш сината?
-Зошто сум премногу заљубена во небото, таму каде што некогаш живееле Боговите.
-Боговите?
-Нешто што не би знаела да го објаснам.
-Евита, зошто косата ти е розова?
-Зошто заслужувам да бидам заробена во светот на куклите.
-А зошто рацете ти се мали?
-Зошто не ми се големи.Адам, зошто ти си Адам?
-Не знам.

Наивноста е првиот чекор на патот кон пеколот, обечестување на мазната површина и растурање на грст зборови кои што болката ја лечат со луле на мирот.
Никој нема да верува дека се што се случува некаде веќе се има случено и се што постои е одамна видено, сите на сите наликуваат, а љубовта е облик што нема длабочина, вруток без река и корито, затоа луѓето одбраа слобода, поповршна од љубовта.
Никој нема да плаче кога ја завршам оваа скоро приказна за љубовта.

Евита засекогаш замина, а Адам никогаш повеќе не и ја виде косата.Сите нејзини желби се стопија во мислите, зошто тој мораше да ја сака.
Но, јас морам да те сакам!
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Беа неразделни долго време, насекаде заедно. Секогаш заедно. За нив знаеше целиот град. Најубав пар, двајцата совршени.
Но... се случи нешто таа вечер. Нешто во него како да пукна. Ја отфрли, не сакаше повеќе да ја види.
Таа се врати дома во солзи.
Што ти е? Што се случило?-ја прашуваа нејзините. Не им одговори, само си влезе во собата и тивко плачеше.
Минуваа недели, месеци, не се видоа. За другиот дознаваа од најблиските.
Набрзо стигна вест дека некој се венча. Срцата им затреперија. Не, не е можно. Ние се сакаме, помислија во исто време.
Еден убав сончев ден, таа излезе малку да прошета по ливадите. Не знаеше дека несвесно патот ќе ја одведе до блиското езерце каде често тој одеше за да размислува.
Се видоа. Изненадено гледаа еден во друг некое време и потоа силно се стрчаа. Се гушнаа се бакнуваа долго, долго.
Тој и шепна, „Преубава си“. И ласкаше, но знаеше дека тој ја сака. Тој мора да ја сака.
Си шепнаа еден на друг, во исто време. Ти мора да ме сакаш.
~ ~ ~ ~
Стигна анонимни писменце на домашна адреса. Се стресов. Што ли може да биде? Кој ли го испраќа? Го гледав втренчено писмото додека седев на каучот. Писмото беше ставено на маса, а јас погледот не го тргав од него.
Од кого ли е?-таа мисли постојано ми кружеше низ мислите.
Аман дете, отвори го.-нервозно викна баба ми. -Неее.-изустив. Не знам од кого е? Не знам кои му се намерите на испраќачот. Не.
-Па нема ни да дознаеш ако не го отвориш.
Во право беше баба. Мудра жена е таа.
Го зедов писмото, смогнав сили и.... пак го оставив на масата. -Не можам.
Дај ми го. -ми рече. -Немој. -извикав. -Е ме нервираш. Половина час се мислиш за едно обично писмо.
Но не е така лесно. Го знаеше таа тоа, но сепак ме бодреше да соберам храброст.
Добро. Се решив. Го зедов и полека го отворив.
Во пликот имаше една роза и лист со ракопис. „Здраво, јас сум. Се мислев долго дали да ти пишам. Ете, сега се чудам што да пишам. Баш сум за никаде, нели?
Нејсе. Сакам да те видам. Ми недостигаш секој ден повеќе и повеќе....“
Подголтнав. Писмо од него. Крвта ми заструи во главата и образите ми поцрвенеа.
-Ете гледаш дека не е тешко. -се насмеа баба ми.
Ми дојде топло на душата. Ах, има некој кој ме сака. Тој мора да ме сака штом ми го пишал ова...:smir::smir::smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
“Ти мора да ме сакаш„-ова беа зборовите кои несвесно и поминуваа низ глава кога и да го здогледаше, кога и да погледнеше во неговите очи.
“Мора да ме сакаш„..И правеше се за него.
Му ги задоволуваше сите егоистички потреби..
Му ги задоволуваше сите физички потреби..кога тој ќе посакаше..
“Мора да ме сакаш„..Мора да ја почувствува таа љубов без разлика на се..
Мора да знам дека ти значам..
“Мора да ме сакаш„-Се ќе направам..
Да се убијам?!
Секако..
Само ти сакај ме..

She's in love with him,
Can't find a better man...



Го гледаше од далеку,тој не ја ни забележуваше и никогаш нема да знае со каква љубов и беа исполнети очите..
Тој миг,таа се почувствува како целиот свет да почна да шепоти..
Конечно таа ја слушна вистината...
“Мора да ме сакаш„

Today I know that you don’t love me

Не..
Не мораш да ме сакаш..
Навистина ти ништо не мораш да направиш за мене.
Ми требаше токму ти за да сфатам дека љубовта е да даваш без да бараш нешто за возврат..Нешто што ти никогаш нема да го разбереш..

Thoughts arrive like butterflies


Навистина не мораш да ме сакаш..
Никогаш не си ме ни сакал..

Се доближи до него,го гушна..

„Hold me darling just a little while."
I held him close, I kissed him..our last kiss


Конечно беше слободна...

 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
„Мораш да ме сакаш!“ - извика таа додека стоеше на кровот од зградата.
„МОРАШ ДА МЕ САКАШ! Сакај ме, инаку не знам како ќе преживеам. Пробав се`. Пробав да бидам фина, пробав да бидам лоша, пробав да те сакам уште повеќе, пробав да те мразам крајно. А од кај тебе, ништо. Ни најмала искра, ни најмало посветено внимание. Постојано мавав со глава в ѕид, додека ти беше со една, друга трета... А јас, страдав. Бескрајно.“
Поглед кон жешкиот летен асфалт надолу. Луѓето изгледаа толку мали, толку безначајни. Како и секогаш. Не се секираше за другите луѓе. И беше битно ТОЈ да ја сака. Но, најважното беше неостварливо.
„Ах, можеби во некој друг живот. Ќе ме сакаш безусловно. Мораш да ме сакаш!“ - рече таа, и се пушти по жешкиот воздух накај малите луѓе.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
После макотрпното врткање во простор кој ја ограничуваше , таа излезе од кутијата. Одејќи на сите четири се соочи со ужасниот метеж во главниот град. Колите ја одминуваа , а таа едвај знаеше каде и е главата.
Околината и изгледаше толку голема, се беше толку чудно и ново.
Случајно разгледувајќи наоколу , таа виде конец како виси од панталоните на една девојка. И се заплетка околу нозете , вртејќи се брзо и весело.
„Иш , шугава мачко !“ се раздра девојчето и го клоцна кутрото мало маче.
Тоа збунето избега и си помисли „Каков чуден свет е ова?“ .
Таа всушност незнаеше многу за светот , штотуку се беше родила .
Шетајќи се по улица забележа едно мало човечко суштество како се смее. Му се доближи полека надевајќи се дека ќе се однесува пријателски кон неа.
И така и беше , детето ја галеше , си играше со неа .
Таа почувствува топлина во себе , радост , среќа.
Но во еден момент нејзините чувства беа одземени откога на своето тело почувствува болка . Беше дошла мајката на детето и беше започнала да ја шутира мачката понатаму велејќи „Бегај шугава мачко!“
Мачето избега.
Полека таа сваќаше дека светот е сурово место за живеење , дека ништо не е розево.
Чувството на глад целосно го занемари.
Всушност нејзината мајка ја беше напуштила , па таа неможеше да се исхрани. Во овој суров свет , луѓето мислат само на себе. Никој не помисли ни на момент на фактот дека на малото маче му треба исхрана.
Целото уморено и гладно , легна во тревата . Се загледа кон залезот на сонцето и во себе помисли колку е тоа прекрасна глетка. Нејзините очи полека се затворија и таа заспа.
Сонуваше свет во кој што сите постапуваа правилно , свет во кој што на неа и беше пружена било каква љубов.
Ја разбуди чувството на храна во својата уста , сеуште со затворени очи таа цицаше млеко од бебешка цуцла. Полека видот и се разбистри и пред себе виде лице на млада девојка како и дава млеко.
Го допи млекото од цуцлата, се оближа себеси и се доближи до девојката, и скокна во рацете и ја лизна . Девојката го зема мачето во рацете , а тоа збунето уживаше во топлата прегратка велејќи си во себе „Мора да ме сакаш , едноставно мора ! Немам никој друг на овој свет.Те молам , сакај ме “.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom