Тука пишуваме на зададена тема

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Бадниковата вечера уште како дете ми го веселеше срцето. За мене главниот и свечен чин беше кршењето лепче со паричка, паричката која носи среќа цела година и која толку силно ја посакував за себе. Како дете од сиромашна фамилија верував дека со парите што ќе ги добијам подоцна би можел да купам здравје и спокој за мојата болна сестричка.

Настанот за којшто сакам да ви раскажам го паметам до најситни подробности. Сликите ми се враќаат наназад како да премотувам филмска лента. Го оживувам преку овие зборови, овие слуги на сеќавањето после кое веќе ништо не е исто:

Во одајчето владее пријатен молк, јас стуткан во ќош со книга во рака не забележувам ништо друго освен мирисот на портокали, мирисот на пржена риба и мирисот на „мискојна“ што би рекла баба ми, Бог да ѝ душа прости. Домот само денес мириса вака, само на Бадник и никогаш повеќе. Покрај мене е и комшиското куче што понекогаш бргу бргу го прибирав во топлиот дом скришум, оти ми беше жал да смрзнува надвор, оти неговите весели очиња го разгоруваа детското срце како мајчина прегратка. Го криев и вечерва, покрај мојот кревет, замоткан во ќебиња, дремеше спокојно. Понекогаш ги отвораше очите полека и мрзоволно, само кога ќе слушнеше далечен звук, а веќе во следниот миг кога потполно ќе се увереше дека тоа се безопасни чекори што доаѓаат од кујната повторно потонуваше во својот длабок, кучешки сон. Ми беше пријатно и топло, уште посреќен бев заради неговата безбедност. Колку и да ме прекоруваа, колку и да го бркаа, сето тоа беше залудно.

Така задлабочен во книгата едвај забележав дека всушност мајка ми веќе подолго време ми стои над глава и по којзнае кој пат ме вика - Ајде да вечераме!

Како што е редот домаќинот на куќата стана, се прекрсти, Бог нека ни е на помош, догодина пак да се собереме на ваква трпеза и така натаму и така натаму. Веќе чувствував како срцето забрзано ми чука - годинава среќната паричка сигурно ќе биде кај мене! Татко ми, стариот почна да го крши лебот на четири еднакви парчиња. За него, за мајка ми, за сестра ми и... Оп! Одеднаш тропање, чекори, викање, бркање!

- Дојди ваму. Врати се! Врати се џукело низаедна!

Мојот штитеник, црниот комшиски пес веќе грабна скоро половина од бадниковата погача и избега надвор како од најцрниот ѓавол. Јуреа по него низ цело маало но никој не успеа ни да го стигне, ни да го дофати. Лебот тој одамна го скрил во својот гладен стомак. Татко ми мајка ми и сестра ми се вратија дома вџашени и со изрази на лицата од кои се читаше незадоволство и прекор. Стоев на прагот виновно и засрамено.

Продолживме со вечерата, но како што веќе сигурно претпоставувате паричката никаде ја немаше. Безнадежно буричкавме по лебот, горд сопственик на нашето париче беше комшискиот пес.

Мајка ми воздивна и тивко изусти:

- Ех, и оваа година ли ќе ни биде кучешка?

Истата година сестра ми го испушти последниот здив. Оттогаш празнува Божик со ангелите.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Пред да завладее неподносливиот молк само испушти заканувачки извик: „Ќе се видиме На суд“...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Минатата недела ноќите траеа подолго од вообичаено, не затоа што сонцето го мрзеше да станува рано наутро, туку беше зима, и тоа не било каква, туку од оние најстудените, со температури длабоко под нулата.
Во една од ноќите добро се сеќавам дека ја запалив колата, го пуштив парното на најсилно и заедно со неа се возевме низ улиците од градот, гребејќи со мазните, летни гуми по замрзнатиот пат на кој многу души ги беа оставиле коските.
Се сеќавам дека возев побрзо од дозволеното и дека во еден момент со предницата од колата ја бакнавме оградата од една куќа.
Следно што се сеќавам беше утрото во кое моето неподвижно тело тежнееше како никогаш претходно надолу кон гравитацијата заковано како со клинци за еден од болничките кревети. Почувствував јад во пределот на темето, но не можев да се почешам затоа што мојата десна рака беше целосно ампутирана. „Докторите спречија затровање на крвта, или така некако" беше она што успеав да го слушнам од ликот кој лежеше до мене, додека на радио свиреше добропознатата песна од Галија „Дигни руку, дигни оба две......".
По некој ден, ја побарав на телефон и неа. Слушнав дека од ударот го изгубила видот на двете очи. Најпрвин одбиваше да разговара со мене. Само молчеше и го слушаше сето мое каење. Накрај кратко ми рече „Се гледаме на суд".
Пуста навика во говорот...-помислив во себе. Таа никогаш нема да прогледа. Некои навики мора да се истребат согласно новонастанатите моменти. Еден од тие беше и оној дека мора да заборавам како се мастурбира со десна рака. Ајде барем можам да гледам порнич дури не сум заглавил в затвор, некој не може ни тоа...
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Знаев дека тој лик ми беше познат, оној на човекот којшто го забележав како ме одмерува во чекалната на адвокатот. Бев сигурна дека го бев видела претходно, ми се чинеше како трошка меморија која во брзо време ќе избледи. Не знам како се чувствував околу тоа, истовремено ми се допаѓаше вниманието, а пак од друга страна ми создаваше немир од којшто не можев мислите да ги пренаточам во друга насока.

Бев подранила на средбата со мојот адвокат, средба што не требаше да трае долго, со оглед на тоа што се работеше за случај што беше лесно решлив, земајќи ги предвид сите оние докази против обвинениот.
Имено, се работеше за кривично дело - физички напад, којшто го доживеав при обид за кражба за време на кратка прошетка во паркот, пред неколку години. Целиот случај ќе останеше целосна мистерија, доколку еден локален ресторан, чиишто камери, притоа, ја снимиле целата случка, не се обиде да ме контактира за да ми помогне околку истрагата. Во истиот момент решив со тој никаквец да се соочам на суд.
Средбата во адвокатската канцеларија траеше кратко, зборувавме за можните настани за време на судењето и со каков вид на казна би можел злосторникот да се здобие. Сите карти беа во мои раце.

Сѐ до судењето, јас не сфатив дека, всушност, оној човек којшто седеше на обвинителската клупа беше погрешно осуден, и, всушност, оној лик којшто кога го забележав во ходникот ми беше познат, претставуваше оној вистинскиот злосторник којшто се истакнуваше по неговата лузна на вилицата, и во меѓувреме седеше во клупите во судницата, подсмевнувајќи ми се со насмевка којашто не верувам дека некогаш би можела да ја заборавам, насмевка којашто ќе ме прогонува доживотно.
Истиот оној човек којшто го бев видела неколку дена претходно, пред мојата куќа.

....
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Потта веќе го имаше окупирано моето лице. Тешките капки мрзеливо се спуштаа удолу правејќи базен над натопените веѓи. Срцето, од минута во минута, го забрзуваше своето темпо на биење. Постепено ја губев острината на видот. Бев во луда железница на делуриум, тонев во извесна меланхолија.

Морам да останам при здрава свест, морам последниот атом од силата да го смогнам и употребам за конфронтализам кон внатрешното цедење на душата, настаните од претходната ги растесоа темелите на моралниот компас и го пробија оклопот на емоционалниот штит. Сега сѐ што имав беа тие крути слики изрезбани во мојот мозок од која живописност бесцелно се обидував да се ослободам.

Го скршнав погледот, се обидов да се фокусирам. На себе сеуште ја имав истата облека, запотена и нечиста. На белата кошула сеуште имам распрскани црвени капки, капки кои беа доказ дека настаните од таа ноќ не беа плод на мојата имагинација.

Ги затворив очите. Ми се прикажа дрвото на животот. Сите цветови беа исушени, успуштаа горчлива ароматизираност, дел веќе започнале да се ронат, плодовите испуштаа гнил мирис, а листовите веќе направиле тенок тепих по кој требаше да чекорам за да продолжам понатаму. Стапнав. Под мене почнав да го слушам шумот на кршење. Лисјата како срча се зарија во моите стапала. Видов дека оставам црвени стапалки на подот. Не, мора да продолжам да се борам, да ја најдам последната капка од еликсирот за спас кој ќе ја регенерира волјата за живот во мене. Ги отворив очите.

Залудно. Психолошкото себедеграгирање само што започна. Сонував со отворени очи. Низ магловитоста се изби сцена на судница. Циклусот рочишта беше скратен, процесот беше сведен на примопредавање на пресудата. Главниот поротник ја подаде на судијата и молк. Стихија. Големиот бран емоции ги поплави и последните надежи. Внатрешниот глас замре. Исходот се знаеше однапред, дури судијата не ја прочита на глас. Сцената се растури и следниот потег беше јасен.

Рефлексно ја лапнав целата супстанца во мојата рака. Ја броев секоја голтка сува вода. Не оставив последна волја, последно збогување.

Можеби тоа беа моите последни мигови на овој свет. Пред да ме победи дејството на лековите се сетив на неа. Костенливата коса и се виореше на ветрот, зелените очи и беа ококорени и фиксирани на моите додека крупните солзи се тркала по нејзиното лице. Нејзиниот плач не ме премисли. Мирисаше на страв, очај и беспомошност. И потоа црнило. Мрак. Ништо.

Ме разбуди мирисот на цветната градина. Полека ги отворив очите, ми требаше време да се привикнам на слабата светлина која срамежливо продираше низ завесите. Одма ме нападна острото зуење во главата. Пробав да ги заштитам очите со раката. Го подигнав погледот и видов дека десната рака ми е врзана за креветот. Ме нападна нова сила, ја лоцирав во левата рака. Тоа беше тапа болка. Беше резултат на убод од игла, погледнав нагоре и видов полупразно шише! Инфузија! Пробав да викам, но безуспешно! Испуштив само тивки рапави звуци. Устата ми беше сува, јазикот отечен. Бев отсечен од светот.

Во десната рака напипав некој уред, имаше испакнатина. Ја притиснав. Се слушна нов летаргичен звук. По неколку минути зад завесата се појави фигура на човечки ентитет. Се појави младолико човечко суштество, со светла коса и очи и имаше прикована насмевка на лицето. Носеше бел мантил. Не сте во рајот, ако се прашувате тоа, но имате ангел чувар. Во последен миг бевте спасен и целокупната материја беше успумпана од вашиот желудник. Може да чувствувате извесна мачнина и гадење. Но вашата состојба сега е стабилна, а лисиците се превентива за сите пациенти кои пробале да си го одземат сопствениот живот. Шансите тоа да го повторат во наредните 24 часа се големи, па така ќе бидете ставен на мониторинг. Но до тогаш мора да успеете да склопите уште некој час сон.

Потоа извади игла со безбоен раствор и го вгризна во инфузијата. Еликсирот за спас! Замина. Требаа неколку минути растворот да почне да делува на мојот нервен систем. Почувствував зашеметување и умор. Немав сили за нова борба. Уморот почна да ме совлада, очите последни се предадоа. Тогаш ги затворив.

Постепено, кадар по кадар, запознаа да ми се враќаат сцените од претходната ноќ. За момент го почувствував нејзиното присуство во просторијата, само овој пат, она, како восочна фигура стоеше над мене, нејзиниот поглед беше ладен, продираше низ мене. Не ме остави да умрам! Сфатив дека нема да можам да избегам од последиците и ќе мора да научам да живеам со самиот себе. Потонав во нов сон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom