Тука пишуваме на зададена тема

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Тој е неверојатно глупав! Не научи дека Јас сум центарот... И околу мене се се врти.
Ех.
Нека сум сончева... Дамка на просторот што ти остава рефлексија и парче светлост за да преживееш.
Колку е филмски да можеш да бидеш некому извор животен.
Да не се лажеме. Хороскопски само... Јас сум ти Сонцето, а ти Месечината. Барем имаш сенки... Јас ништо не можам да скријам...
Еве, и деноноќието е страшно за преживување... Навечер јас страдам, наутро ти не можеш да ме гледаш од јаснотии. Па кога ќе се сретнеме?
На еклипса?
Тоа е далеку...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Испробај ме ти.
Денес надвор има сонце. Вечер ќе има месечина.
Денес ќе се споредувам со себеси, како и секој сончев ден. Вечер ќе бидам неспоредлив.
It's probably me.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
„Дали некогаш си видела како е кога ќе се спојат месечината и сонцето?
Во тој чудесен дел од деноноќието, кога се` е возможно..
Тогаш сакам да бидеме ние...
И јас... И ти... Заедно, засекогаш...
Но, не можам да имам се` што ќе посакам, нели?“ - рече старецот, положувајќи го цвеќето на гробот на неговата љубена.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Сонце не црви се, знам дека е убава, знае и таа. Сонце не тагувај, знам дека долг е патот твој.
Знам дека се што гледаш од неа е прашината која ја остава на капките дождовни. Чудно е Сонцето да моли за дожд... Болно е, па секоја капка е иста, нема лик ни одраз.
Таа својот мирис им го предала на жените. Чудно е да им завидуваш на поданиците свои, тие се насладуваат со нивниот вкус. Болно е секогаш да го чуствуваш мирисот нејзин, а никогаш да не ја видиш.
Пред тебе, зад тебе, кој кого гони? Не, не ти се привидува таа навистина е тука, ама како може некој да ја здогледа од светлината твоја. Болно е кога ги проколнуваш своите зраци.
Знам дека си среќен кога заоѓаш. Чудно е да ја посакуваш сопствената смрт. Знам дека тогаш ја гледаш нејзината сенка. Болно е да си привидуваш како доаѓа, а ти мораш да заминеш.
Нема да се измориш се додека не се потопи Земјата, нели Сонце? Знам дека си го замислуваш тоа огледало кое конечно ќе го открие нејзиниот одраз. Затоа сакаш да умираш секоја ноќ молејќи се да не допрат твоите зраци повторно на Земјата.
Сонце не црви се, знам дека е убава, знае и таа. Бесконечен е патот твој...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Приказна за месечината и сонцето... Заборавените

2184 година. Седам покрај својот прозорец во вселената и гледам во нејзината длабочина. Пред мене е се’. Универзумот ми е на дланка. Гледам луѓе кои со своите бродови заминуваат да ги осознаат новите планети, новите галаксии. Но јас решив да останам овде. Седнав во фотелјата. Отворив една стара, преполна со прашина, книга и се задлабочив во неа. Читав за времето кога сонцето и месечината се наоѓале над главите на луѓето. Време кога се’ уште имало услови за живот на Земјата. Замислував времиња за кои не ни сонував дека некогаш постоеле. Одеднаш слика. Небо, исполнето со ѕвезди, а меѓу нив голема и јасна месечина. На следната страна уште една слика... Разбранувано море, а таму некаде во далечината на хоризонтот, како мало топче се губи портокаловото сонце. Но никаде не сретнав слика, од овие две нешта заедно.
Ја фрлив книгата и станав. Погледнав повторно низ прозорецот. Земјата стоеше уништена, но околу неа вртеше една сила. Месечината се’ уште беше таму, полна со сјај токму како на сликата. А пак она кое ја даваше убавината на целата глетка беше прекрасното сонце кое светеше пресилно за да би можел да погледнам во него.
Оттогаш жалам што не се родив во едно поинакво време. Жалам што не се родив на Земјата за да можам да ги видам овие две совршенства како шетаат по небото.
Но за едно сум среќен. За разлика од тогаш, сега и сонцето и месечината можеме да ги видиме заедно и истворемено.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
13.464
Дали некогаш ќе ги почувствувам сите оние емоции ги криеш зад твојата мистична светлина? Дали некогаш си се почувствувала толку моќно да можеш да ослепиш смртник додека пешачи по ноќните пустински часови? Го сакам тоа чувство кога ти си месечината. Тивка, нежна, опфатена со боја на насмевката на твоето лице. Секогаш насмеана им ја преточуваш среќата која ти ја подарувам, додека талкаш по небото. Тогаш јас сум твоето сонце, а ти мојата малечка месечинка. Залезот и зората се нашите најсреќни мигови. Тогаш сме едно, додека небото не стане црно. Утрата ги поминуваме во топлата прегратка за збогум и со ветување дека повторно ќе се видиме кога јас ќе зајдам зад планините.
 
V

[vladimir]

Гостин
Откако ја снема, нејзиниот мирис во мојата соба почна полека да исчезнува. Се обидував некое време да не дишам, за да останат заробени честичките кои се одрониле од неа, но брзо сфатив оти сè е залудно.
Откако ја снема, почна да исчезнува и мојата младост.
Сфатив дека полека ми поминува она што некогаш го земав здраво за готово. Нема уште долго време да можам да живеам како вечноста да е пред мене. Знаев дека ниедни очи веќе нема да ме погледнат со таа страст, ниедна мазна рака нема да ме погали на истиот начин.

Сепак, имав среќа што ми остана пишувањето.Ја оставав душата во тие зборови.

Страшно е. Неколкупати посакав никогаш да не ја сретнев. Така немаше никогаш да знам што губам. После неа, не најдов ништо повеќе од бледи отпечатоци од оригиналот. Бледила од совршенството. А, таа и натаму доаѓаше во соништата.
Ми остана заглавена во умот сопствената реплика од последниот пат кога позборувавме лице в лице. „Секој ден ми е сè потешко да ти ја отпуштам раката“. Заедно со неа доаѓаа и нејзините зборови од последниот пат кога навлегував во неа. „Те обожавам!“ велеше таа.Трагите од нејзините заби на мојот врат почнуваа да ме потсетуваат дека сум жив, но сепак без неа.....

Бевме како лице и опачина, како сонце и месечина
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
„...знаеш најмило мое, денес е уште еден ден изминат без твоето присуство тука. Јас растам, а ова е уште една, четврта година кај што веќе не си тука покрај мене.На овој ден...
Твоето отсуство ме кочи. Често сонувам за твоето враќање, но знаеш… ако некогаш би се вратил во нашиот дом, би била сигурна дека секогаш ќе бидам покрај тебе. За било што. Би ти надоместила за сите оние работи кои ги пропуштивме заедно. Ти ветувам....“ - гледајќи во неговата слика, го изговори тоа со шепот тивок, што беше проследено со трескање на вратата и воедно започнување на едно силно невреме надвор.

Во истата секунда се пробуди со тешка болка во градите. „О не...Проклета да бидам. Повторно го сонував истиот монолог.“
На нејзиното старо огледало преку прозорецот се пробиваше месечевата светлина. Но овој пат, за чудо надвор не врнеше дожд како и останатите ноќи кои го сонуваше истиот монолог.
И да, во неа беа останати само спомените кои ги поминаја заедно тие години. Со мали надежи дека повторно ќе го виде блескавото изгрејсонце во неговите очи...

14.01.2009​
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Приказна за месечината и сонцето

Работеа во различни смени, носејќи различни светкаво-блескави мантили и наоѓајќи различни начини да не задоволат нас, луѓето жедни за нивната светлина, топлина, убавина и друштво.

Сепак, да признаеме дека беа многу далечни за нас, освен тоа, молчаливо настапуваа, молчаливо си ја вршеа својата работа, молчаливо и си одеа. Но за нас значеа живот. Можеби таков нем сопатник што секој бара во својот живот. Предмет на обожување, за некои; олицетворение на човечки особини, за други. Позитивно расејување на животна енергија од една страна наспроти осамен блескот на грижливост и тивка тага од друга.
Интересно е што сестра ми ме праша дали тие некогаш се сретнуваат, дали осамените гиганти се дружат. Малите деца немаат потреба од барањето на сопатник во вонземски возвишености. Но сепак им придаваат човечки особини. И навистина, си црпат ли енергија од друг, тие две половинки од еден ист круг наречен деноноќие?
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Сонцето низ денот грее.Месечината низ ноќта тлее.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
“ ПРИКАЗНА ЗА СОНЦЕТО И МЕСЕЧИНАТА”



Си беше еднаш една убава руса деовјка која многу му се допагаше на едно момче.Таа многу го сакаше но уште повеке ја сакаше и тој.Живееја на спортивните краеви на градот.Беа оддалечени но сепак толку блиски.Навечер на залезот на соцето секогаш се најдуваа на нивното тајно место и си кажуваа колку се сакаат.Си ветуваа дека никогаш нема да се одделат еден од друг и дека никој нема да ги раздели.Нивното тајно место беше високо на ридот од каде се гелдаше прекрасната глетка на панорамата на градот.Лежеа така секој ден, а тој и ја украсуваше косата со убавите бели цвекиња или и правеше гердан од цветови.Кога ке се погледнеа еден во друг,очи во очи се магепсуваа со лјубовта и полетуваа во светот на соништата.Некогаш таа му пееше песни,а тој ја слушаше и и кажуваше колку е убава.Кога не беа заедно секогаш ја гледаа сликата од другиот која ја носеа со себе каде и да одат.Кога тој требаше да патува,кога работата го носеше некаде далеку таа постојано му пишуваше писма и пораки кои беа исполнети со лјубов.Нивната лјубов беше исполнета со искреност верност и чувство на сигурност кога се еден покрај друг.Така ги поминаа деновите од младоста кои звршија доста трагично.Тие се венчаа и направија незаборавна свадба каква што секој посакува.На свадбата таа беше поубава од кога било.Со својот поглед можеше да украде сечие срце.Нивната лјубов ја крунисаа и се заколнаа дека ке бидат верни еден на друг и ке се сакаат се до крајот на животот.После свадбата тие заминаа на меден месец.Пресрекни што секогаш ке можат да бидат заедно двајцата со лјубовта и никој друг.Медениот месец го поминаа убаво и романтично. цел ден го поминуваа заедно.Сега залезот на сонцето го гледаа седејки на морскиот брег и играјки со морските бранови.размислувајки за нивната иднина.Нивната лјубов ја уништи несреката која им се случи кога се врајкаа дома.На автопатот опиени од лјубовта не забележаа дека имаше голема дупка која ја предизвика несреката.Тие паднаа во провалијата и следниот ден се разбудија во болницата.Лежеа на креветите еден до друг и се гледаа очи во очи.Но нивниот поглед сега не беше оној истиот.Овој поглед беше преплавен со прашања.Таа не знаеше кој е тоој ниту пак тој се секаваше која е девојката што лежеше до него.Нивната лјубов ја заборавија но не доволно затоа што во нивните срца сеуште горене едно мало жарче што ги тераше да цувствуваат нешто еден према друг иако нес е познаваа,Но тоа не беше доволно за лјубовта повторно да се разгори.Не се ни запознаа.Од болницата излегоа и не се ни поздравија.Тој се врати да живее во станот на крајот од градот а таа пак беше оддалечена од него и повторно се всели во станот на другиот крај.Се срекаваа некогаш шетајки низ градот но сега не си го поставуваа во себе прашајнето :-Дали ме сака? Туку Koj e tој /таа.И никогаш не им се пружи прилика да се запознаат повторно.Ostanaa oddaleceni zasekogas kako sonceto I mesecinata.
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Добро утро мило, како си?-со насмевка ме разбуди од слаткиот сон, сонет после романтичната и љубовна ноќ. -Добра, уживав... -процедив сонливо додека моите очи се бореа со дневната светлина која влегуваше низ отворениот прозорец.
Ме милуваше нежно по лицето, додека долгите кадрици полека му се спуштаа врз мене. Ме бакна. Ммммммммммм, баш си вкусна наутро -рече и продолжи понатаму. Усните му се лизгаа на мојата кожа.
Часовникот во ходникот чукна 9 пати. Девет удари во главата ми ѕунеа, колку ли само ме болеше. Ја опфатив со рацете. Чудесна беше вчера, тоа ти е сигурно од виното. Не насмевнав и отпив од кафето кое ми го понуди.
Имаше нешто во воздухот, некаква интересна свежина која се мешаше со светлината. А можеби мене ми се чинеше така. Можеби само бев опиена од виното, или од љубовта или од месечината која минатата вечер толку силно блескаше на небото... кој да знае...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Многу, многу одамна, сонцето и месечината играа шах на прагот на својата трошно раскошна куќарка која беше втемелена во длабочините на шумата веднаш надвор од градот. Натпреварот имаше спортски карактер, а доминацијата на било кој од нив не постоеше бидејќи својата физичка величина во нивниот свет немаше апсолутно никаква смисла. Суштината на играта беше во убавината на потезите и размислувањето за следниот, а целата прекрасна слика ја надополнуваа со ладна лимонада со мраз за сонцето кое вечно се препотуваше, додека месечината редовно пиеше чај од нане кое заедно го собираа на само сто чекори од нивната куќарка. Таа беше зимурлива и неретко знаеше да игра со шалче околу својот екватор, додека сонцето уште повеќе се потеше гледајќи ја таа несфатлива за него слика.

Овие две дијаметрално различни суштества неколку илјади години подоцна седеа скарани на два различни краеви на собата досадувајќи се, бидејќи пред само една недела мистеризно исчезна топот од нивната шаховска табла додека тие им помагаа на дабарите да ја изградат браната на блиската рекичка, што беше особено во нивна полза, тоа беше градба за поубава иднина.
Она што всушност се случи, беше гладниот поскок сосед, кој го голтна топот убеден дека му припаѓа нему.

Кој знае, можеби некој го знае одговорот и решението за топот и мирот во куќата на месечината и сонцето, но нивната дружба пропадна, а пропадна и топот, и спортот но и гладот на поскокот...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Првиот сончев зрак што влета во нејзината соба, се одби од големите наочари за сонце потсетувајќи на голем блескав дијамант на црното стакло и уште пред да успее да зарони на нејзината перница и го скрши сонот и таа го пречека во раката додека се протегнуваше во креветот.
Тој сончев зрак и го уби сонот. Се намурти и си помисли дека би можела да стане за да ги спушти ролетните..
Но само што стана од креветот се насмевна.. Тој истиот сончев зрак како да ја уби и меланхолијата од предходната вечер.. Како да ја смени смислата на празното шише црвено вино што го испи залиена во солзи, ја избриша и самата помисла на мамурлук од неа истовремено бришејќи ги и цитатите од старите рок балади од листот кој вчера беше мокар и на кој тежеше нејзината болка.
Погледна низ прозорецот, ги подигна ролетните најмногу што можеше и се упати во кујната да си направи кафе.
Ја зема големата шоља и се симна на долниот кат од куќата кај што се наоѓаше нејзиното мало царство. Тоа царство беше во облик на импровизирано атеље.. Со многу сликарски платна дел изработени и оставени во кошот, а пак останатите оставени во голема картонска кутија чекајќи ја неа да ја убие белината од нив, убивајќи го и се она што неа и тежи на душата..
Ја остави шољата на малата масичка веднаш до големиот спектар на бои и четки за сликање.. Седна на дрвената столица и некако замислено погледна во големото платно на кое што почна да остава дел од себе и својата душа минатата ноќ.. И тогаш го виде на него сето она што синоќа ја прогонуваше и гореше.. Ги виде сите темнила и болки.. Ги виде тие очи и една пластична чаша полна со црвено вино. Зошто пластична би се запрашал некој? Ни сама не го знае одговорот.. Секогаш кога пиеше без да ужива во алкохолот, само залевајќи ја болката пиеше од пластична чаша.. Се напи една голта од кафето.. Запали цигара.. Ја остави во пепељарата стана и ја зема четката со средна големина.
Го промени целосно контекстот на сликата.. Сета таа темнина, сите бои кои го гушеа сонцето кое кога го дигна погледот од своето уметничко дело веќе беше зајдено таа успеа да ги претвори во насмевка, во спокој во мир.. Во едно големо апстрактно сонце кое зрачеше во тој свет на немири..
Се врати на големата дрвена столица.
Повторно погледна во тоа што го нацрта.. И пролетаа многу мисли низ глава но сепак и се допадна.. Погледна во пепељарата и виде само догорен пикавец од воопшто и невкусена цигара.. Се напи една голтка од кафето кое веќе беше и повеќе од ладно и паи до некаде одвратно..
Погледна повторно во сликата..
Сега беше контрадикторна на себе.. Некако и се згади од тоа што го виде..

..И вечерта кога легна во креветот ја гледаше повторно месечината низ солзи. Перницата го угуши нејзиниот плач и таа набрзо потона во сон..
А сликата на долниот кат сега беше само една обична темна чкртаница.. И да.. Големата празна туба со црна боја беше фрлена на подот..
Се прашувате ли зошто ноќта ја правеше оваа девојка депресивна?
..Можеби затоа што се до пред една недела тој секоја ноќ седеше на дрвената столица во атељето гледајќи ја како остава дел од себе на големото бело платно пиејќи ладно кафе и делејќи ја големата чаша вино со неа.. Голема розова пластична чаша на која што таа му наслика сонце..
Или можеби затоа што ја напушти онаа вечер кога низ прозорот јасно назиркуваше големата полна месечина?
Незнам.. Само знам дека не е ова Приказна за Месечината и Сонцето.. Можеби само Приказна за уште една скршена уметничка душа..
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Приказна за месечината и сонцетo

Ноќта паѓаше над сводот на големиот град, додека сонцето ги испушташе последните зраци за тој негов работен ден. Тоа, се сметаше за помоќно од месечината, нормално, и тоа имаше суета како на човек, кој е помоќен од некој друг обичен смртник. Пред заоѓање тоа и се закани на месечината дека за неколку часа, повторно ќе ја порази и ќе блесне повторно над големиот град.
Месечината мирно ги следеше неговите остри зборови, и незагрижено си го зазема приматот на кралица на ноќта. И набљудуваше...ги набљудуваше луѓето кои како мравки забрзано итаа некаде. Ги набљудуваше уличните скитници, кои молеа за некоја пара, за да можат мирно да спијат прегрнувајќи некоја улична канта, или некој пес, кој заедно со нив ја дели истата судбина.
На другата страна од градот месечината забележа, мало паркче,фонтана и повеќе клупи. Веќе беше доцна за да има многу луѓе во него, но сепак сакаше да провери. Притаените светилки, кои беа поставени во паркчето, и открија две сенки на една клупа.
И подзастана. Забележа двајца млади, машко и женско, кои занесени во разговорот, и тишината во паркот, ги извлекуваа последните цигари од мекото пакување кое момчето ги беше купило минатиот ден. Не сакајќи, но сепак со малку љубопитност, ги наслушуваше округлата месечина која бдееше над нив, осветлувајќи им го патот кон љубовта. Милите зборови кои си ги упатуваа, нежноста меѓусебна, ја натера месечината да заборави на заморот, и таа несакаше да престане оваа прекрасна ноќ каде сретна две прексрасни личности. Помина малку време, двајцата се прегрнаа и љубеа без престан. Здивот на љубовта одсјајуваше дури до вселената и силно ја стопли нашата ноќна пријателка, во свежата ноќ. Двајцата заљубени не престануваа да ја шират нивната љубов до вселената, и и кажаа на месечината никогаш да не ги напушти, никогаш да не заврши таа прекрасна ноќ. Почна да се зазорува, се почуствува топлината од гордото сонце кои полека се будеше од сонот. Месечината пушти солза, гледајќи како се буди нејзиниот противник. Младите и посакаа мирен сон на нивната пријателка, со надеж дека повторно ќе се сретнат на истото место. Немо го проколнаа сонцето кое за жал им ја прекина нивната ноќна, нежна љубовна приказна. Сонцето го зазема приматот над големото небо, а дури и ги забележа двајцата вљубени, го омекна срцето и им порача дека и со него можат да уживаат во топлината на љубовта.​
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: uma

Kajgana Shop

На врв Bottom