Тука пишуваме на зададена тема

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Љубовта е ствар на волја не на рацио
еднаш памтам си викав е сега кога ќе и докажам
мора да ме сака ама ништо џабе
значи тоа или бива или не бива никакви логички аргументи не помагаат.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Мојот нов лист....

Три месеци вртам нов лист, и ете од утре конечно почнувам со диета, како да не. Бре, врти сучи женско си е женско, џабе феминистички пароли, џабе убедување на себе си дека му се допаѓаш и ваква, што дека? Знаеш дека си се сменила за две години, а и телото ти се сменило. А неговите зборови останале исти, и нешто сомнително ти е, не чини. Како така ти нов човек, а тој ист?

Од септември вртам нов лист со цигариве. Ете четири години ко демек и се смеам на смртта во фаца, и си викам, а да си прекинам јас. И ти трга добро, одвратни ти се, затоа си и престанала. И поминува време, и ти нешто пак ти врти погледот, пак мерачки вовлекуваш, и пак ко демек и се смееш на смртта во фаца. И што дека осум месеци, кога и сега би си запалила цигара со мерак.

Цел живот вртам нов лист. Ајде не ми е гајле, кој како сака нека гледа, јас си знам што ми е, боже ко да не виделе човек ко мене. И што дека, кога пак купив штикли за матура? И зошто ги купив, кога знам дека не можам да ги носам. Си се помирив јас одамна дека цел живот на рамни ќе си го поминам, како да не .И зошто ги купив? Од пусти мрак ќе ослепи човек и мисли во продавница, еј можам да го одам метрово ко што треба, може може да ги носам. И не ти е криво за штилите, не дека сонуваш фуфица да станеш, него за парите што си ги дал. Јеби га од егејот си, тука нема мењање лист.

Ама што ми требаше да ко демек да мењам лист со него. Брее, се гледа дека одамна не сум шарала со очи. Заборавив јас дека немам вкус, дека џабе ме колнат заради мојата одвратна рационалности и песимизам. О да, јас цел живот мењам лист, и се стремам ко реализам. Заборавив јас дека тој мене ме најде не јас него. Дека долго време ми требаше да го прифатам. А сега си мислам ќе најдам јас пак човек ко него, ама видиш не биле многу такви, а и да ги има јас сигурно нема да ги најдам.

Ете од денес мењам нов лист, не ми се потребни украсни метафори, компарации, архаични зборови, литературен јазик итн итн. Убаво е вака, ко во петто оделение, ништо не знаеш си пишуваш баш ко што мисли. Во есен листовите пожолтуваат...па стварно е така, не можеш да му кажеш на детето дека не го бидуе во пишување. И да си раскажувач е убаво, барем луѓето те разбираат.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мојот нов лист?!

You spin my head right round, right round
When you go down, when you go down down
You spin my head right round, right round
When you go down, when you go down down

Стихови кои таа му ги посветуваше на него секој ден во период кога сите ја газеа, а тој не ни знаеше дека таа постои. Никој, ама буквално никој не беше свесен за нејзините желби и потреби, а пак уште помалку се обидуваше некој да направи нешто во врска со тоа. Таа беше тивкото девојче кое секогаш им помагаше на другите, а никогаш не гледаше за себе. Тоа ја претвори во овој чудак, овој воркохолик, кој остануваше до доцните часови во канцеларијата само за да ја заврши работата која другите така вешто и ја оставаа на неа. Сепак, сликата на бирото наспроти нејзиното од еден млад дечко видно ја возбудуваше. Тоа беше дечкото на нејзината најлоша непријателка. Една од оние на високи штикли, кои шармираат повеќе со својот скап парфем, отколку со својата вештачка убавина.
Таа беше решена дека следното утро ќе биде поинакво. Но секогаш ја дочекуваа наредувањата и понижувањата кој никој не пропушташе да и ги упати.
Еден ден таа навистина го сврте нејзиниот нов лист. Овој пат беше во затвор осудена за масовно убиство на 5 колеги од работа и еден млад дечко чија слика беше пронајдена на едно од многуте бироа во канцеларијата. Напорот од малечка, понижувањата од колегите и знаењето дека дечкото од сликата никогаш нема да биде нејзин, ја претворија во убиец.
Во мрачната келија во затворот таа тивко плачеше, а откако пролеа илјадници солзи, се запраша:
“Ова ли е мојот нов лист?!“ - го турна столчето и остана да виси обесена на чаршавот од мизерниот кревет од таа студена келија.
*******************************************************
За некои луѓе новиот лист претставува и последен. Не би сакал таков да биде и мојот следен лист. Мислам дека имам уште доста да пишувам на оној кој го пополнувам сега.

 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Мојот нов лист

Од секогаш сум се прашувала зошто по ѓаволите служат оние дополнителни рачки кои се клатат сексапилно, во автобусите на ЈСП... Освен за да те плашат како страшила за чавки. И за да си ја удираш главата во нив. Но, овој пат, држејќи се за една таква рачка, успеав да стигнам до мојот сон. Цел живот сум ги сакала автобусите, особено во зима, кога преферирам да стојам во средина, за да си ги топлам рацете од големата цевка. Зарем јас, која толку ги сакам и дрвените столчиња и метежот, сега треба да се симнам? На местото кое ми е омилено, местото кое мислев дека стариот и извалкан автобус на ЈСП никогаш нема да го достигне од премореност на неговите тркала. Сепак таму сум. Стојам на дождот и плачам со него. Плачам од среќа. Гледам листови хартија, големи купишта наоколу, сето тоа е мојот труд. Мислите ме носат наназад кога бев дете. Кога седев и правев свое сопствено сценарио за измислена претстава, за куклен театар во исти такви тетратки. Овој пат, за разлика од тогаш-моето сценарио има од кого да биде видено. Има за кого да биде направено... Некој ќе го цени. Тоа сценарио, е на мојот нов лист. Останатите-нека стојат расфрлани наоколу, на станицата на која што се симнав. Нека ја прават мојата патека во ритамот на ветерот. Можеби ќе стигнам на некоја друга, подалечна, поубава станица со нивна помош. Можеби утре, ќе блесне мојата желба уште посилно. А до тогаш-ќе градам.
 
V

[vladimir]

Гостин
Нов лист пред себе. Како во оние стари добри денови кога бев мал, а светот беше пред мене и желно чекаше да биде освоен, да биде испишан. Повторно нов лист пред себе, но овој пат, белината е мачна. Денес времето минува многу побргу. Како да е снег кој беше тргнал во својата сопствена лавина одамна и колку подолу се симнува по падината, толку побргу се движи и ми бега од пред очи! Проклето да е! До пред малку со сите сили го одрекував неговото постоење, а тоа за возврат ме прегази....
Листот веќе не е празен. Многуте претходни неуспешни обиди за живеење завршуваа истоветно. Секој почнуваше со празен лист, имаше шанса да стори нешто значајно, но сите, бегајќи од неизбежното, завршуваа со подеднакво конфузен и безначеан крај. Листот веќе не е празен....
Се викав ........ ......... Знам, знам дека е доцна за запознавање, но што да чинам, никогаш не успеав да го научам редот на нештата! Да го научев, веројатно ќе се потрудев да го напишам своето проштално писмо некаде пред смртта. Да, јас сум мртов. Кога ли умрев? Не сум сигурен. Можеби кога се роди оној другиот, здодевниот, неподносливиот!!
Животот ми мина во неколку светлосно брзи секвенци кои ги проследив како блесок кој за малку ме одмина. Да, ме одмина. Јас не учествував во својот живот. Бев начул дека е во духот на постмодернизмот да се дискутира за нештата наместо тие да се чинат и не знаејќи за ништо освен за дискутирање, се бев решил да го правам тоа до недоглед, измислувајќи притоа едно чудо изговори зошто не живеам. Доволно беше. Умрев. Чинам беше тоа вчера. Можеби и завчера. Или денот пред тоа. Но, кој мртов човек може да е сигурен за хронологијата на нештата?!
Оној другиот се појави од немајкаде. Небаре беше вирус стар милиони години кој тлеел некаде не покажувајќи се по никоја цена, се активираше токму во најнезгодниот миг – денот кога јас умрев. Тој не знае да дискутира. Тој е нем. Тој не умее ништо, кога подобро ќе подразмислам. Тој е како дете кое е родено пред неколку дена. Нему, сиот свет му е нов. Тој сака сè!!
Му го отстапив местото на оној другиот, зашто бев свесен дека колку и да е неспособен, едноставно нештата беа дојдени до точка од каде што повеќе не можеше удолу (чинам, ја нарекуваа дно). Тој нема да знае што да стори, но барем ќе го заврши своето постоење без никому да проговори за неа. Ќе замине молчејќи....
Листот. Ах, листот никогаш не бил бел.... Долго ми требаше пред да сфатам дека можам да го скинам проклетиот лист и да свртам нов.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Мојот нов лист...

Нов лист?
Каков нов лист?
Нов лист, на кој ќе ја направам истата грешка? Нов лист, на кој по милионити пат ќе напишам ги простувам сите глупости? Сите туѓи глупости поради кои отсекогаш патев?
Не, нема да се залажувам веќе. Нема ни да пробам да свртам нов лист.
Новиот лист, е ист како претходните. Со милион дупки, грешки, лажни среќни моменти, лажни лица, лажни датуми, лажни средби, лажни сеќавања.
Мојот нов лист, е една стара, изживеана приказна.
 
С

Сатори

Гостин
Нов лист.
Немам потреба од нов лист.
Тоа е само за губитниците.
Јас ја обожавам мојата приказна, слатка е.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Вртев безброј листови секогаш мислејки дека секој следен е нов, дури конечно сватив дека новиот е толку тешко и мачно да се заврти небаре тежи милиони тони и за него е потребна толку прекумерна сила која јас во мометнот не ја поседувам.
И решив додека не бидам комплетно спремна да ја завртам да останам на старата колку и да е мачна нејзината начкрапана приказна, колку и да е листот жолт и излитен без разлика колку дамки од солзи има на неа... Зошто знаев, и јас сеуште проклето знам дека на новиот лист треба да биде напишано нешто сосема спротивно од она претходното ...
Поминав време барајки одговор, јас барав по страниците на нечии туги приказни различни и повремено малку слични на мојата и сите беа убедени дека љубат но не љубеа...сите беа убедени дека веруваат но не веруваа и накрај сите беа убедени дека страдаат кога немаа претстава за вистинското страдање и суштината на сето тоа ... можеби и јас сум убедена?! Но за тоа јас знам од кого ке го добијам вистинскиот одговор... Во главата ми се вртеа безброј мисли кои ми ја откриваа свесноста за постоењето на страданија и болка, епилептични напади , болести... за смрт во тешка агонија, војна ...колкава ли е мојата емпатија? Понекогаш сакав силно и селјачки да залелекам за мојата глупава бесмислена судбина, сто пати како избезумен лудак во најосаменто катче на мојата соба повторував... за каде ли ми се потребни овие мисли? Зошто ли ми е потребна оваа свесност ? зошто да не бидам глупава селанка која знае само да ја обработува својата бавча и да се грижи само за глупавите секојдневни проблеми не мислејки на ништо освен на тоа кога ке порасни зеленчукот? Зошто ли не бев типична трендсетерка шемаџијка или најпосле отепана бубалица со големи очила или пак.. без, со педантно врзано репче во опавче задоволно блескајки од пофалбите на пријателите за нејзините постигнати одлични резултати. Fuck понекогаш ми доага да срушам некој зид , да го издигнам гласот до височините над проклетото општество проклетите конформистички роботи, опортунистички гмиздавци, новопечени капиталисти на старите бирократи, современи интелекТупајци кои ке го изгазат најсветото за својата лична корист ..хаха зајадливо си велев на себе си никој не те слуша ти викај троши ги твоите нерви ,твоите мисли и твојот живот. Поминував, заминував се забавував за моментот но само за него и ништо повеке, ајде кажи ми ти проклето животно водено само своите нагони дека сум патетична банална будала но сега ми е сеедно што мислиш ти или било кој! Хмм...Вртам нов лист нема да го искинам ...дали сум храбра да го искинам? Не знам и не се прашувам повеке тоа не е храброст .... ке го испишам бледо и нечитливо тивко и меланхолично бавно и неприметно ке се изгубам во маргините на страницата, во маргините на општеството, во аглите на твоите очи, ке потонам во одблесокот на новиот свет.......... Welcome
and join me
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мојот нов лист...

Мојот нов лист е само копирање на претходната страна, со мали измени. Мојот нов лист е бел, празен, табула раса, на него нема ништо. И секој пат кога се обидувам да ја променам приказната или барем текот на настаните и дејствијата, секогаш завршува исто. Па и јас, наивна, сум се зафатила со пишување љубовни романи. Мх, на моменти сакам да престанам да пишувам со перото и едноставно да го баталам романот и да ги запалам претходните страни, листови и поглавја, но едноставно немам снага, а потсвесно и веројатно немам волја.
А животот, па животот ги пишува најубавите романи, дефинитивно. И мојот, исто така. Иако на повеќето, романот што го пишува мојот живот, ќе им изгледа монотон и досаден и иако јас сакам набрзина да свртам нов лист и самата да почнам со пишување нови сцени и моменти од мојот љубовен роман, сепак животот ми мава заушка, потсетувајќи дека јас сум само главен лик од романот, а не и негов креатор. Ме потсеќа дека тој е оној кој ќе ги креира настаните, а не јас.
Затоа мојот нов лист му го препуштам на животот. И трпеливо ќе ги чекам сите нови поглавја, листови, сцени и изненадувања. И овој пат нема да брзам. Нема да има потреба животот да ме спушта на земја. Овој пат ќе му верувам на животот и ќе се препуштам на неговата имагинација и креативност.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мојот нов лист...

Од денеска отварам нов лист. По кој знае кој пат го вртам мојот нов лист. По кој знае кој пат самиот себе си, се лажам дека ова навистина ќе биде мојот нов лист. И така како бројаница низ прсти секој ден вртам нов лист, а со секој нов лист јас останувам пак оној стариот. Останувам со ветување дека ако денес не, сигурно утре со вртењето на утрешниот мојот нов лист јас нема да бидам она што сум денес, туку ќе бидам она што сакам да бидам. Да, ќе бидам, но да се стрпам до утре и да го отворам мојот нов лист...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Го скинав, и да, уживав.

Парче по парче го кинев, со секое и срцето ми се кинеше, но морав, морав плевелот да го исчистам, да си ја дадам слободата која си ја должев, да се ослободам и да дишам со полни гради а празен ум ослобеден од спомени...

Тишина / АШ !

Тишината непрекинато ја прекинував со секое кинење на парчињата од листот онолку колку што беше истото возможно да се направи иако желбата беше да го уништам до атом, спомен да не остане од она кое ме стегало и тиштело она кое ги чувало сите мои успеси, тајни и предизвици, падови и ретки подеми со црвеното животно мастило убаво запишани и навидум засекогаш врежани во "листот" кој... беше тука.

Слобода -1-

Го снема, и навистина го снема, останаа куп парчиња кои и при најмалиот ветер ќе бидат однесени онаму каде што и јас некогаш ќе бидам однесен, но не сега кога старото го нема а новото празно и бело кое чека да биде испишано се појави пред мене...

Слобода -?-

Новиот лист е тука... но дали истиот е навистина нов или само навидум е онака празен.. додека не го допреш и ги почуствуваш лузните од претходниот... додека не се сетиш што се си прочитал на претходниот... што се си запишал ил инекои ти запишале и притоа уште подлабоко од ти самиот тоа го врежиле... и зошто е новиот лист кога спомените остануваат или... па можеби и не, тука се да, но новоит и чист бел лист не дава да се фокусираме на нив, поглавјето кое го почнуваме нема да даде да се навратиме на лузните... да се задлабочиме во нив и во тоа што врз нив било испишано... бело - чисто, пред нас е, не чека да го исполниме со нешто поинакво од претхдното, но способни ли сме? Останува да видиме... листот ќе каже безразлика дали ќе го кинеме или само ќе го завртиме.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Веќе ми дојде преку глава да размислувам што сака, за што размислува, што чувствува...
Да го анализирам секој збор, секоја постапка..
Да не можам да заспијам зашто сум си направила филм во главата што нема допирна точка со реалноста..
Решив да свртам нов лист..
Патетично е да вртиш нов лист само затоа што си смртно исплашена дека некому си дозволила да допре до тебе..
Апсурдно е да се плашиш воопшто...
Страв..
Умм,се прашувам како се вика да имаш страв од страв..
Небитно..
Го гледав новиот лист,помислив дека почувствував олеснување..
Не можев...Морав за последен пат да го погледнам стариот лист, да се потсетам на се што сум пишувала толку долго...
Видов насмевки...Многу насмевки..
Траги од солзи...
Караници и викотници..
Лупање на врати..Безброј врати..
Прегратки и бакнежи, зборови кои никогаш нема да ги заборавам...
Видов топлина но видов и студ, видов среќа но видов и тага, видов несигурност,...
Сфатив..
Сфатив дека стариот лист е она што ме исполнува, дека стравот нема да ме доведе никаде...
Мојот нов лист веќе не ми беше потребен,..
Го сакав стариот со сите несовршености во него..
Го сакам со цело срце и конечно...Конечно имав чувство на топлина и сигурност..
Зарем се ова да го заменам со нов лист?!
Не вреди,ама баш воопшто не вреди...
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Не сум сигурна која буква ме потсети дека го чекам чајот. Ми светна пред очи, додека ги прескокнував многуте информации кои се бескорисни а чести на место какво што е тоа.. Ех Елено, Елено, ти пак буљај таму.. Неколку брзи чекори низ облаци од чад од цигари и се појавив со разбушавена коса пред чајникот кој беше спремен да експлодира. И зошто сето ова? Демек нешто ќе ја поправи веќе нанесената штета. Знаеш, има едно маченце кое го гледам речиси 24 часа на ден, и се труди, навистина се труди, да ме убеди да останам. Секогаш ми велеше, дека единствено треба за себе да се грижам. Но, за кај да тргнеш кога има толку прекрасни луѓе?? Кај сум била јас, кај сум се буљала додека чајот вриел, додека тие „мали сигнали“ ме боделе како жештината под чајникот, кај сум била јас?? Што било проблемот што сум давала шанси на луѓе кои најмалку го заслужуваат тоа? Прекрасни грешки биле тоа, сепак ги љубам. Знам дека во мислите сакаат да свртат нов лист кога ме здогледуваат со мојот изнемоштен од, чиниш сум престарела и искусила милион удари од возови, знам дека посакуваат да го искинат тој лист кога упорно се трудат да ме избегнат низ дворовите послани со лажно знаење. Но, која ли будала би помислила дека воопшто постои лист? Тука пак ми се наметнува мачето кое искрено би сакала да не го среќавам, тоа, и сличните малецки како него, и таквите ефтини филозофии. Поради таквата маска со која го поврзуваат поимот маче, силно би сакала да бев чај. Знам дека едно мало човече ќе ме испие и ќе ужива во мене, и никогаш не би имало потреба да се наврати а камо ли да помисли на тие ефтини филозофии. Кој знае, можеби и сум, но тоа сеуште не го знам за сигурно. Постои филтер кој ги рационализира моите а и туѓите грешки. Чајот исто така е ефтин, но, за среќа далеку повеќе носи во себе за разлика од приказната за листот...​
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Точка, длабока воздишка од редовите погоре исполнети со многу омраза.
Крај и лист исполнет со многу презир и каење.
Болка за минатото и деновите исполнети со лажна и црна надеж.
Сега се е залудно, после ваквиот живот време е да заборавиме на минатото и да размислуваме за сонцето како синомим на нешто светло и убаво.
Време е црната боја да ја снема и да почнеме да размислуваме на она што не чека утре и на тоа што не носи новиот ден, на вратата која ни ја отвара новиот живот кој го почнуваме, на среќата и радоста.

Време е за нов сосема поинаков лист.
За една нова посреќна и поинересна приказна.
Нема веќе време за тага, тука завршува лошото патешствие, наоѓаме време за нов момент, за новиот лист и многу повеќе радост и среќа. За мене и само за мене. Ова е мојот нов лист, свеж и многу добар од оној што се струполи од дрвото и се изгуби помеѓу другите слични на него.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Мојот нов лист...

Мојот нов лист содржи...

Мојот нов лист содржи се како и предходниот. Надеж за подобро утре. Утре полно со среќа , без тага и солзи. Но колку листови ќе морам да свртим за да го видим тоа утре. Секое утре има утре, но кое е моето. Утрето што го чекам. Утрето со подобар ден. Можда е тука но не го гледам. Можда е тука во мојот нов свртен лист, во мојот нов лист...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom