David Cook - Permanent
Ахахаха, да си се изнасмеам сакам да фразава. Или не? Мојот нов лист, се сеќавам во забавиште кога ми дадоа награда споменар.
Ама за тоа друг пат.
Дента на 15ти јануари, пред да се родам врнело дожд. После мајка ми ми кажа дека од кога ме родила, после тешки маки, угреално сонце надвор.
Има некои работи кои сакаш другите да ги направат наместо тебе. И секогаш си велиш, абе фак фак кај ме снајде мене ова?
Денес кон 9 часот утринава јадев француски сендвич од кај Чичо Темеле, најубавите сендвичи во цел град ги прави. Поточно, тој на скара си превртува плескавици, а тетка Цена е таа која ги прави, ама Чичо Темеле е познат по својот невообичаен хумор. Еднаш седевме сите другари и јадевме кога тој ме праша:
- Абе, го знам јас татко ти, со подлабок така изразит глас.
И јас му реков:
- Не бе, немат груб глас колку што знам.
- А слабичок е така нешто.
- Не бе Чичо Темеле, не е.
И тогаш тој онака херојски, како да имаше пет медали закачени кај градите рече:
- Абе сеа ти ќе ми кажвиш мене за татко ти.
Кома! Денес, околу 9 часот утрината кога јадев француски сендвич, опнати јас и Марто на маса, сонце печеше, врвеа деца, старци, продавачи на косилици.
Си велам, абе добро, блазеси им на овие, немаат денес социологија писмена.
И така си се бедирам. Аман море! Ѕверски, неспремен заокружив дека бизнис-фирмите се култови. Иако околу мене ме убедуваа дека не е точно, јас сигурен бев. И професоркана да ми речеше дека е грешно немаше да ме предомисли!
А поголема кома е што се' помина во најдобар ред. На сред час ме фати едно смеење кога Кољче од позади мене и рече на тетка Рената дека последното прашање било многу двосмислено, а тоа имаше само да заокружиш два одговори - точно или неточно.
Денес околу 2 часот седнав и размислував дали да пијам кафе. Си реков - да вртам нов лист? Да не го пијам ова ебаново?
Ама не, си седнав пред компјутер, пуштив музиче, обично прва за релаксирање деновиве ми е од Adam Sandler - I wanna grow old with you.
И сега ми се зеде мислата затоа што отидов до долу да земам чаша јогурт.
Значи, денес околу 2 часот јас релаксирано пиев кафе. И воопшто не ми беше гајле дали кафето на некој начин е штетно. Добро, сепак преливот можеше да биде и подобар, ама кафето беше неверојатно.
Можеби утре и ќе свртам нов лист затоа што кафето сепак е штетно ако се пие без друштво.
А во 2 часот денски јас секогаш сум во дружба со мојот компјутер и со патент на устава затоа што прстиве пишуваат многу брзо.
Утре е ден за евентуално нови промени, ама дали за нов лист? Не, не верувам, ама којзнае, како велеше Џамбазов - утре е дури утре така? Можеби утре нема да сакам повеќе да јадам француски сендвич, ама некогаш можеби ќе посакам, така?
Така.
Затоа никогаш не сум рекол дека треба да свртам нов лист. Мене и овој сега ми е убав. Сам си пишам, а ракописов ми е според тоа како сум расположен.
Значи, некогаш пишувам везано, прекрасно, некогаш многу грдо, избрзано, нејасно.
Тоа е според моменталното расположение. А секој ден ми е нов лист. На лисјата дури и цртам, ама со моите уметнички способности јас си цртам кроки човечиња.
И цело време ми се врти она - ако денес беше вчера, дали утре ќе беше како денес?
На крај Џамбазов рече дека утре не е дури утре, туку дека утре доаѓа за брзо, дури сега е...