И у светот на дрогите има субкултури.
1. Ги има оние што пушат само грас. Овие можеби не пијат нешто многу, не пушат цигари, не праат други дроги особено, ама пушат грас по сто тона дневно. И ако немаат грас еден ден, почнуваат да стрепат, да стануваат тензични и у тој момент се спремни да ја шитнат мајка си за еден фиљан.
2. „Природното е најбоље, мрзам хемии". Оваа банда е фан на психоделии, грас, теории на заговор, њу ејџ спиритуален булшит и слични ствари. Они кога пушат грас и прават психоделии го осеќаат природниот вајб, а другиве што праат хемии се ограничени од вештачкото, лоши вајбови, токсични програми и слични материјални „лажни" срања. Ќе ги сретнеш на јога собири, на транс журки, у креативни социјални центри и на Козјак, кадешто прават пагански ритуали налупани на пет грама печурки!
3. Коксајлите. „Кока, брат, е једина ствар што поштуем. Најквалитетна дрога, нема некој што ќе одбие кокс. Жени ми бараат кокс, брат, ти се веруе луѓе од 50-60 год. што се семејни луѓе сакаат кокс.". Овие личности се наоѓаат у повисоките шабански ешалони и/или уметнички/шабански ешалони што претендираат да демонстрираат социјален статус. Како ги препознаваш? Частат линија-две (кока е социјална работа, брат, уживај). После саат-два... „Дечки, ајде да собереме по 500-1000 од секој и да земеме уште еден грам. Таман иде муабетов, пијачка, дружба, ау..."
4. Сештојади
За добра свиња нема лоша помија. У клуб праи табла. На афтер пуши грас и праи амфа. На планина ејсид. Ова се либерални хедонистички фаци што сакаат да уживаат у животот.
5. Трапери
Ова е релативно нов вид кој е окарактеризиран со концептите на „хаслање", афтери и комбинација од сируп, дијазепам и амфа, амфа, амфа, брат, брат, кучката гриза, брат, брат, брат...
6. Хорсајли
Ова е ендемичен вид кој е во изумирање и е стариот добар Аце што кога те глеа ти го дрви со: „Ееј, браат, абееее.... кучкава...пеер....мојава Тања... све ѝ ебам таа мајкаи курвата ѝ ги зеде парите брат таткои не ми даваааа да се глеааам со нејзе...дека сум наркомаан...мамичето да ѝ го ебаам..." Тишина. „Аабе, брат, да не имаааш... сто.. денаари...те молам... за метадон, живти мајка..."
Постојат индикатори дека трап зумерската генерација ќе ги наследи гревовите на дизел генерацијата незнаејќи ја лекцијата што ја научија за хорсот тие од 88-ма до 96-97-ма учејќи од 70-ти и 80-ти хорсајлите што го изедоа.
Коцкари
Има ли боље дрога од оргазмот што го доживуваш кога клаверчето ќе ти спои три со три со три? Од тој епифаничен звук на победата? Кога сфаќаш дека си шибнал 1000 евра што ги дужиш на лихвари кои, ако не им ги вратиш тие 1 000 евра до утре, ќе ти дојдат дома и ќе ти ставаат петарди во газот? И ти дал апаратот 5 000 евра? Па тоа е чувството на пиење на нектарот на боговите! Оваа група наркомани се среќава во Астра, Апекс, Фламимго, Сенатор или ПРЕД истите. Препорачлива е трговија со овие ликови. Можеш да си купиш ајфон за 1000 денари, скуп саат за песто и слични најбоље понуди. Хинт: Никогаш не им позајмувај пари.