Постариве викаат дека младите не сакаат да работаат ради тоа што се мрзливи, а не поради било што друго.
Како некој што работа од мали години и како некој што од пред некоја година се рачуна како полнолетен, на сите другари и познаници сум им велел доколку немаат потреба да работаат уопште да не се нафаќаат, поготово не кај приватник.
Џабе, овде работодавците уопште не ги ценат работниците, поготово младите со кои обожаваат да играат мајтап и да ги преместуваат од едно место на друго, да ги држат прекувремено на работа, да не им даваат слободни денови и платен одмор, да ги плаќаат минимално, а истите да им ја вршат работата перфектно. Ако се побуниш ќе бидеш сменет, поготово у град кај што незапосленоста е на највисоко ниво во државата.
Што се сум трпел и сеуште трпам за мали пари ми доаѓа да на самиот не шамар него ќутек да си дадам.
- имам работано за ништо / 8 саати дневно, ова како многу мало дете, газдата ми плаќаше според тоа колку он сметал дека имало работа дента, некад само 50 денари, некад нешто повеќе. без слободен ден.
- имам работано за 200 денари / 8 саати дневно, физичка работа, без слободен ден.
- имам работано за 400 денари / 8 саати дневно, физичка работа како и работа со клиенти, у пола година имав ослабено околу 25кг, само еден слободен ден неделно, некогаш ни тоа.
- имам работано скоро 2 месеци секој ден прва-втора, втора-прва, без слободен ден, сам на смена у период кога странците беа дојдени и имаше ПРЕМНОГУ, али ПРЕМНОГУ работа. За два месеци работење без слободен ден имав добиено само околу 50 евра повеќе, а здравјето ми беше толку сјебано што буквално на работа на мој 18 години ми паѓаше притисокот и нонстоп се осеќав како да ќе се онесвестев. Да знаев дека ќе добијам толку немаше ни да работам, ќе си дадев отказ.
Ни сега не е идеална ситуацијата, работам за нешто малку повеќе од тоа што е минималец, фул работно време со еден слободен ден, но и тоа некогаш го нема. Самата работа е многу одговорна пошто работам со пари и една малку покрупна грешка ми се неколку дневници, а да не зборувам за тоа што клиентелата со која работам e невоспитана, безобразна и агресивна, па не само што има сериозни вербални конфликти често, него морам и да глумам психолог и да дифузирам ситуации за од вербален да не стане конфликтот физички.
BTW, самото место каде што работам е место каде што новозапослени доаѓаат и си одат утредента бидејќи не можат да го поднесат тоа темпо на работа и клиентелата која е бизарна.
Денес, таков полумртов и уморен одам на работа и ме пречекува колешката која ми вели дека нема годишниот одмор да ни биде платен, т.е ако сакаме да имаме годишен одмор ќе мораме да ги жртвуваме унапред слободните денови кои ни следуваат секоја недела.
Ропство, што?