[DOUBLEPOST=1442624101][/DOUBLEPOST]
Чиба бре. Кое место одговара, со еден супер талентиран. плејмејкер кој на негова страна пропушта се во одбрана, со уште неколку вечни недокажани таленти кои имаат добра партија секоја 10та утакмица и уше некоја боранија од српската лига - четврто е сосем добар успех.
Кои се тие недокажани таленти со добра партија секоја 10та утакмица? Бјелица е МВП на Евролигата и направи трансфер во Минесота, Богдановиќ е носител на играта на Фенербахче, Теодосиќ знаеме веќе, Ерцег е одличен играч и имаше одлична сезона во Галатасарај, Радуља игра во Кина али доста добар играч иако вчера одигра слабо, Марковиќ е главен дефанзивец и за тимот и за репрезентацијата, Калиниќ имаше одлична сезона во Ѕвезда и направи трансфер во Фенер, Недовиќ исто е одличен играч кој играше и во НБА до лани итн итн.
Јас не знам што ти е тоа муда па муда, како само еден или двајца да играат во кошарката. Што сакаш да постигнеш со тоа? Демек Богдан немал муда пошо ја заеба? Го имаш ли гледано некогаш во Фенер и Партизан? Богдан кога ги мочаше сам моќните ЦСКА, Барселона и компанија ти којзнае што си гледал.
Србија ја краси тимската игра, а Теодосиќ им е лидер. Играат школска кошарка, без многу дрвење и тупење. Тоа што изгубија вчера, јебеш га, 1/2 финале е, во ваквите мечеви секогаш одлучуваат нијанси. Според мене причина за поразот е тоа што малце ги потценија Литванците, изгледаа како веќе да беа влезени во финале уште пред натпреварот, плус лошиот шут за три поени. Тео беше добро чуван, Богдан слабо шутираше, а свесно го оставаа Марковиќ кој важи за лош шутер. Не знам зошто Сале не проба со Ерцег на 5ка и да играат пик енд поп, така малце од малце ќе го извлекуваше Валанчиунас надвор од рекетот и другите ќе имаа повеќе простор, плус Ерцег е одличен шутер и може ќе погодеше некоја.
Што е тука е, немаат потреба од разочарување, генерално млад тим се и би требало и на следното натпреварување да излезат во истиот состав плус Марјановиќ.