- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 2.441
- Поени од реакции
- 1.012
Да, затоа што Паркер се нема докажано за Франција :Тогаш Паркер е пичка од играч така?

Да беа паметни Србија, селектор ќе им беше Кокошков, ама големи ега и заткулисни игри се во прашање.Најпрво да кажам дека Србија - Литванија беше лош натпревар за гледање. Еден куп почетнички грешки, загубени топки и што уште не. Да беше полуфинале ама тоа не е оправдување за лошата игра на двете селекции.
Литванија заслужено во финале. Одиграа фантастична одбрана. Калниетис не му даде на дише на Теодосиќ, Валанчиунас го затвори рекетот. Ги пуштаа Србите да шутираат тројки а овие ништо не можеа да погодат. Во напад и Литванците не беа нешто посебно меѓутоа со играта во одбрана го компензираа тоа.
Србија според мене го загуби мечот поради оној кој им донесе сребро на Светското пред една година и ја врати атмосферата во репрезентација а тоа е Сале Ѓорѓевиќ.
Богдановиќ беше очаен цело првенство и имаше лиминирана минутажа (околу 20 минути) а тука го играше речиси цел меч. И пак не покажа ништо а на крајот и ги уништи поради неискуството. Избрзани шутеви за 3, непотребно гушење на топката и влезот на крај.
Ги пратав Фенер минатата сезона и таму беше просечен со неколку добри партии и покрај очигледното форсирањето од Обрадовиќ.
Калиниќ (не знам зошто) остана закован на клупата а и покрај лошиот старт можеше многу да придонесе и во одбрана а и во напад.
Сале почна со ниска петорка и кога сфати дека рекетот е празен и се безопасни смени висока петорка со Бјелица, Ерцег и Радуљица. Меѓутоа Ерцег целосно потфрли.
Бјелица и Тео просечни а тие беа моротор на екипата. Бјелица повлече еден период меѓутоа тоа беше малку.
Репрезентација како Србија да упати 30 шутеви за 3 во ситуација кога имаат едвај 20% реализација е недозволиво и тоа е вина на селекторот. Не е Македонија па нема кој да шутне од рекет. Високите играчи бегаа надвор наместо да влезат внатре. Кога Валанчиунас доби 4-та лична на 5 мин до крајот и Литванците беа влезени во бонус Ѓорѓевиќ го извади Радуљица наместо да го остави да ги полни од рекетот. На крајот целосно се изгуби па го стави во игра Милосављевиќ во одлучувачки моменти и овој нормално загуби топка.
Одбраната исто така мизерна. Литванците ги уништија со пик енд рол играта. Литванските бекови постојано му бегаа на Теодосиќ и а Радуљица направи потполно неразбирлив фаул при истек на нападот на Литванците на крајот.
Во превод со толку скандалозна игра жално ќе беше да победеа а тука најмногу вината ја гледам во Ѓорѓевиќ.
Сепак имаат страшно перспективна генерација и мислам дека во следните 5 години постојано ќе се во топ 5. Како и да е, прокоцкаа фантастична шанса бидејќи тука им се совпаднаа многу работи.
И да, газеа во групата на смртта меѓутоа беа исто толку лоши во елиминациската фаза. Со Финска и Чешка некако во последната четвртина успеваа да избегаат и да го замачкаат тоа но со Литванија не им успеа. Оваа Литванија со игра како во групата ќе ја демолираа ама тоа е што било кога би било.
Во финалето иако не ги сакам типувам на Шпанија како апсолутен фаворит. Играат лошо ама го имаат Гасол и страшна самодоверба по победите над Грција и Франција. Сепак јас ќе си навивам за Литванија која со 3-ца одлични кошаркари успеа да стигне до финалето.