Како да се добие туристичка виза за USA?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Се мислам дали да аплицирам пак одма...и да ги приложам сите документи. Некој ако има такво искуство нека пише.
Не сум сигурен, но мислам дека во наредните 6 месеци не можеш да аплицираш.
 
Член од
28 февруари 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Zdravo na site.

So mazot mi sakame da aplicirame za turisticka viza no ne sme sigurni dali ke dobieme posto veke sme bile odbieni dva pati. Dvajcata so mazot mi sme penzioneri, imame imot, pari na banka, garantno pisto i drugi raboti da pokazeme vo ambasada,. Imame edna kerka koja e vo amerika i sakame da odime na nejzinata diplomska. Kerkata nema green card ali ima legalen satus. Dali imame nekoja sansa da ni dadat viza ovoj pat? Barame samo eden mesec prestoj posto imame postar covek za koj se grizime. Vi se molam za sovet.
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Нека иде ќерка ви до International Office/Registrar's Office на универзитетот да ѝ издадат официјален документ дека дипломирала/ќе дипломира.
После, нека напише и потпише една официјална покана адресирана до конзулите во Американската Амбасада и да приложи билети/копии од билети од самата Commencement ceremony. Исто, нека ви испрати копии од DS сертификатите кои го дефинираат студентскиот статус на ќерка ви, и копија од I-94 формата (електронска или хартиена) од нејизниот последен влез на Американска територија.

Откако ќе го добиете сето тоа, вадите документи од Македонија (приходи, договори за работа, имотни листови, и кога сте биле одбивани за виза) и ја пополнувате онлајн апликацијата ама без лажење. Ако имате Бугарски Пасоши или престој, или што и да е сврзано со друга држава, го пишувате таму. Ако имате пресуди, долгови, или штоидае, го внесувате таму. Значи без лажење и криење. Затоа што тие уште кога поднесуваш знаат кој си и што си и дали лажеш за напишаните податоци.

И овојпат одлични се шансите да ви дадат виза. :)
 
Blagodaram za vasiot odgovor. Kerkata veke gi zede site dokumenti od fakultetot deka ke diplomira i pokana od fakultetot za nas da prisustvuvame na nejzinata dipomska. Kerkata ne e na studentska viza taa ima investorska viza koja i ovozmozuva da raboti i da uci. Prven bese ojdena na B1 a potoa napravi promena na vizata tamu. Koga aplicirase vo ambasda gi informirase za nejzinata namera i konzularot i rece ako saka da investira mozi tamu da ja promeni ili da se vrati tuka i aplicira preku ambasada. Dali nejzinata promena na viza bi pretstavuvalo nekoj problem za nas?

Nemame Bugraski pasosi niti sme povrzani so nekoja druga drzava. Cel zivot sme ziveele i rabotele vo Makedonija. Sme patuvale mnogu ko bevme pomladi sega mnogu poretko samo na odmor do grcija i taka.
 
Без разлика врз база на каква виза ѝ е дефиниран легалниот статус, таа мора да ги има копиите од официјалните документи од DHS (Department of Homeland Security) и Immigration Office/Services. И копии од овие документи мора да доставите вие во Амбасадата.
Ако не се лажам Б1 е non-immigrant tourist/business visa, со која и нема некој легален статус освен на турист и има право на престој 186 дена. Е сега, откако била да си го смени статусот во F-1 или J-1 (или H1 или Н2В) треба да има издадено документи за тоа. На вас ви треба точно тој документ, пропратен со сите други што ги напишав погоре.

Промената на самиот статус кај ќерка ви не е проблем, туку како што гледам може да е плус. Затоа што ако порано сте барале виза, а таа имала Б1 статус, едноставно немало шанси да ви дадат виза врз база на тоа.

Е сега патувањата во странство ви се само плус, и сето тоа мора да го напишете во онлајн апликацијата (има специјална графа за тие работи) и да објасните кој ги финансирал сите тие патувања. Колку подетално, толку подобро.

И не се стегајте на интевјуто, луѓе се и тие од другата страна на стаклото. :)
 
Член од
23 октомври 2014
Мислења
30
Поени од реакции
6
Zdravo sakam da prasam za mislenje iskustvo? Jas bev ednas USA kako j1 student vo 2013 potoa aplicirav paj za j1 I bev odbijana sakam da prasam nekoj dali bil vo ista slicna situacija dali imam shansa da zemam bilo kakva druga viza posle odbivanjeto? Da napomenam nevrabotena sum I seuste student uste nekolku ispiti do diplomiranje

Blagodaram
Pozdrav
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.607
Поени од реакции
14.447
Zdravo sakam da prasam za mislenje iskustvo? Jas bev ednas USA kako j1 student vo 2013 potoa aplicirav paj za j1 I bev odbijana sakam da prasam nekoj dali bil vo ista slicna situacija dali imam shansa da zemam bilo kakva druga viza posle odbivanjeto? Da napomenam nevrabotena sum I seuste student uste nekolku ispiti do diplomiranje

Blagodaram
Pozdrav
Ако ги исполнуваш условите нема да биде никаков проблем тоа што си одбиена. Јас пред 20 дена земав бродска виза (C1/D), бев еднаш во Америка преку Ј1, еднаш одбиен за Ј1, имам аплицирано и за грин кард (нели како демек и ова го гледале) плус сестра ми е во Америка али не ми правеа никаков проблем за виза.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Zdravo sakam da prasam za mislenje iskustvo? Jas bev ednas USA kako j1 student vo 2013 potoa aplicirav paj za j1 I bev odbijana sakam da prasam nekoj dali bil vo ista slicna situacija dali imam shansa da zemam bilo kakva druga viza posle odbivanjeto? Da napomenam nevrabotena sum I seuste student uste nekolku ispiti do diplomiranje

Blagodaram
Pozdrav
Јас мислам дека нема врска тоа што си била или тоа што второто барање за виза ти е одбиено. Јас бев УСА во 2012 г. со иста виза Ј1, а во 2015 г. поднесов за туристичка виза, но бев одбиен.
Недостаток би ти било по мене ако календарски ти е завршен факултетот, а ти се уште немаш дипломирано ова за Ј1 виза, а ако бараш туристичка виза тоа што не си вработена (прогледуваат низ прсти ако имаш државна работа).
Сепак ако си решила да аплицираш аплицирај немој да губиш надеж :D. Знам неколку души што биле одбиени, па повторно аплицирале и добиле виза.
 
Член од
23 октомври 2014
Мислења
30
Поени од реакции
6
Zdravo sakam da prasam dali nekoj ima aplicirano za h2b rabotna viza godinava?

Pozdrav :)
 
Член од
5 август 2015
Мислења
7
Поени од реакции
3
Пред два и пол месеца (проклет датум, 29 фев.) бев на интервју за туристичка и ме одбија. Причината за визата ми беше посета на сестра ми, којашто е мажена таму веќе три години со грин кард, статус перманент резидент. Мојата ситуација овде е сосема коректна, со плата над македонскиот просек, со стабилна работа и професија која и онака ми носи патувања и со сериозно болен родител заради кој морам да останам. Единствената слаба карика ми беше тоа што сум 29 год и неоженет, како и да е - МЕ ОДБИЈА со објаснување дека немам доволно силни врски со Македонија.

Јас се откажав, ама сестра ми не застана тука. Се пожали до канцеларијата на сенаторот од нивната сојузна држава и се разбира, како во секој нормален систем (исто како на филмовите) експресно ѝ одговорија, дури ѝ се јавија за да се информираат детално за нашата ситуација. Откако пративме мејл со кратко објаснување зошто ме одбиле, што ми е намерата, што работам, каков ми е семејниот статус, женава која се заангажира (некоја секретарка на сенаторов) прати мејл до нашата амбасада, со потпис од сенаторот, како препорака да му се даде виза на тоа и тоа лице. Истиот мејл го испринтав и јас и за неполни два и пол месеца, на 12 мај повторно отидов на интервју.

Очекував прашања „зошто те одбија“ „што се смени во твојата состојба во овие два месеца“, ама - не. Ме интервјуираше друг конзул и прашањата беа како да сум првпат на интервју. Резултат - добив виза. Простете што должев, ама се надевам некому ќе помогнам со искуството, затоа што сѐ ми се чини критериумите при донесување одлука или ги нема или се бајаги разводнети. Вторпат, третпат, сингл, работа, плата, сѐ ми изгледа релативно.
 
Член од
1 јуни 2016
Мислења
2
Поени од реакции
1
marti mek flaj,a sto mislis dali moze nekoj od senatorite da mi pomogne dokolku se pozalam do niv,mene me odbija za bez pricina,sakav da idam kako work and travel student,na master sum prva godina iam uste edna site ispiti polozeni angliskiot go znam.Vo ambasada mi rekoa stara si za ovaa programa,kako stara koga programata e do 28 godini.Vo srbija imalo slucaevi nekoi so imaat 28 god da zemat viza a mene 23 mi vikaat taka.Ednostavno si igraat so nas kako sakaat,kolku se samo rasipani.Kolku lugje odbija ovaa godina toa e cudo nevideno.
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Zdravo, jas imam B1/B2 viza na 10 godini ( od 2011god. ) i bi sakal da znam, ako nekoj moze da me upati kako najlesno moze zena mi da izvadi viza t.e koi dokumenti da gi prilozi ?
Planirame da odime vo SAD na 20na dena. Imame dete, nema da odi so nas, medjutoa, zena mi e nevrabotena i ima samo kola na nejzino ime.
 
Jas mislam neka odi vo nekoja agencija neka pobara pomos,tamu najsigurno ke vi kazat sto kako da pravite,no cim ti kako nejzin maz imas viza bi trebalo da ne i pravat problemi i na nea,bez razlika sto e nevrabotena.
 
Член од
23 октомври 2014
Мислења
30
Поени од реакции
6
Zdravo sakam da prasam za intership programata dali nekoj znae bil ima iskustvo so ovaa programa prasuvam za intership USA ne da e ili bil student na turizam... jas sum na ekonomski ?
Blagodaram
Pozdrav
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Прочитав десетици поста и ме интересира дали има шанса да се добие туристичка виза а без никаква гаранција од некој од таму. Едноставно сакаш да одиш да прошеташ туристички.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom