Како да се добие туристичка виза за USA?

Член од
16 април 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dali znae nekoj,dokolku si odbien za Amerikanska turisticka viza,posle kolku vreme moze povtorno da se aplicira?
Blagodaram odnapred
Pozdrav
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.261
Поени од реакции
15.366
Мој другар...многу испешен бизнисмен(проектанско биро, склад за градежни материјали, 7 камиони и шлепери, неколку станови низ Македонија- и ги дава како гаранција), аплицираше за америчка виза за прошета со неговата сопруга. Има пари човекот и сака да ја види Америка.

Го одбија без објаснување.

Аплицираше повторно...и пак го одбија сега со образложение немал покритие дека ќе се врати!!!!!!!!!!

Единствено нему што му паѓа на памет зошто го одбиле е дека во последно време има посетувано некои руски сајтови како раша тудеј и слични

:tapp:

демократија бе....
 
Член од
17 јуни 2018
Мислења
25
Поени од реакции
7
здраво
сакам да прашам ако се добие туристичка виза
што понатаму ако останиш во америка
дали се затегна таа работа и дали депортираат ??
 
Член од
20 април 2019
Мислења
62
Поени од реакции
29
Здраво.
Претходната недела имав интервју за туристичка виза и бев одбиена.
Моите услови се:
1. Имам 27 години и сум на втор факултет (имам уште 3 семестри до крај).
2. Сопственичка сум на мал ресторан во рурална средина (со 5 вработени и двајца хонорарно).
3. Моите земаат плата (на државно мајка ми) 20.000 - 30.000 а и јас извадив потврда за 31.500 денари плата.
4. Имотни листови и имот 1 куп од родителите
5. Гарантно писмо од пријателка во Америка дека сакам да ги посетам и дека јас ќе престојувам кај нив
6. Пари на сметка ( 11.560$)
7. Закажана карта за лет на 1 Јули со потврдно враќање на 15 Јули
8. Потврда од доктор специјалист дека не смеам да бидам надвор од Македонија подолго од месец дена поради тоа што морам секој втор месец -месец ипол да примам терапии.

Е сега, немам имот на мое име и не сум мажена. Но, пред мене имаше и помлади дечки со образложение дека се занимаваат со земјоделство имаат по 50-60 овци без имот неженети и добија виза. Т.е сите пред мене добија виза (имаше 10 пред мене).
Кога јас дојдов на ред, конзулот ме праша :
- Која е таа (со гарантното писмо)?
Пријателка
- Како ја знаеш ?
На Work and travel се запознавме.(Бев 2015 на work and travel)
- Што работи таа и колку често се слушате?
Работи тоа и тоа и 2 пати неделно се слушаме (тука направи фаца).
- Што работи мајка ти ?
Администрација у општината (пак крена образ се подзачуди)
-Татко ти што работи?
Менаџер е и готвач во мојот ресторан
- Татко ти работи кај тебе у ресторанот? (Зачуден)
Да, кај мене.
- Кај планираш да шеташ в Америка?
Првин в ЊуЈорк на концерт на Ариана Гранде, после Лас Вегас, Минеаполис, Флорида .... и така како си набројувам тој куцка куцка таму нешто и ми крена рака као СТОП се сврте и ми рече : I understand your desure to go there but I cannot guarantee you visa. Bye

Јас останав затечена и без збор збунета, ми врати пасошот со лист дека сум одбиена зашо не сум покажала доволно врски со матичната земја.
И јас му тропнав на стаклото, и му реков: Ама јас имам докази за врски со Македонија, еве полна папка решенија, уверенија и потврди носам, ама вие не ми ги побаравте.
На што, тој ми одговори : It's irrelevant bye.
Достоинствено си се повлеков.

Јас навистина немам никакви аспирации да останам таму, туку само да ги посетам луѓето што ги имам запознаено и одржувам контакт.

Е сега, ме интересира, дали има некој што бил одбиен, после некое време аплицирал пак и добил ? На ливчето пише дека ова одбивање на влече последици за други апликации и не се зема во предвид во следни аплицирања демек.
Јас пак би пробала во Август, само не знам, што да сменам ?
За да не сум кај тој конзул (што работи само на англиски) ќе барам да сум кај конзул со преведувач на македонски.

На излегување, имам пријателка таму што работи долу на капија, и кажав и ми рече, сигурно 10 луѓе пред тебе веќе пуштил... и јас и реков точно 10 пред мене беа, јас бев 11. И ми рече, епа затоа, имаат тие квота 10 луѓе секој од нив на ден да пуштаат, овој испуштал демек и сега ќе ги бутка ...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.288
Не се пишува така Џон Сноу, туку вака Jon Snow.
 
How's that relevant ? o_O

Ако имаш нешто да кажеш во врска со темата кажи, не е темава за дискутирање никови.
Јасна ми е трката по лајкови.
Убав ден
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.372
Поени од реакции
24.513

i jas ne bi ti dal. razmisli za se sto e boldirano. nekogas premnogu vistina ne e dobro pogotvo ako poteknuvas od vukojebina kade se toa izgleda i te kako ne realno za nekoj na tvoj godini i opkruzuvanje.

drug pat bidi mnogu po pribrana i fokusiraj se na toa sto im niv bitno a ne na realna situcija koja kaj tebe izgleda nerealno...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Многу сте нападни луѓе, кога се расплинувате до детали мислат дека имате смислено цела приказна само за да останете таму. Па и што си набројала толку држави, си можела да кажеш само Њу Јорк одам пример и крај на муабетот.
 
Како мислиш нереално?
Еве објасни ми ако сакаш што е проблемот со болдираните делови, мене ми беше кажано да сум скроз реална и искрена и тоа и бев. Се што ме праша реално одговорив. Носев потврда од букинг хостел за во Њу Јорк исто така.
Каде згрешив ? Како да постапам следен пат?
А тоа што не сум мажена не можам да го сменам за жал. Имот, можеби 1 нива или парцела да побарам. Помогни ми ако имаш мислење што како :)
А, според многу искуства што исчитав, треба да докажеш врски со матичната земја дека ќе се вратиш. Но, тој не ми ги побара папирите..[DOUBLEPOST=1555768383][/DOUBLEPOST]
Многу сте нападни луѓе, кога се расплинувате до детали мислат дека имате смислено цела приказна само за да останете таму. Па и што си набројала толку држави, си можела да кажеш само Њу Јорк одам пример и крај на муабетот.
Во апликацијата ми беа наведени истите тие држави, бидејќи ќе ги посетев секако :)
Што мислиш како што треба да сменам за следен пат ? Благодарам
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.372
Поени од реакции
24.513
Како мислиш нереално?
Еве објасни ми ако сакаш што е проблемот со болдираните делови, мене ми беше кажано да сум скроз реална и искрена и тоа и бев. Се што ме праша реално одговорив. Носев потврда од букинг хостел за во Њу Јорк исто така.
Каде згрешив ? Како да постапам следен пат?
А тоа што не сум мажена не можам да го сменам за жал. Имот, можеби 1 нива или парцела да побарам. Помогни ми ако имаш мислење што како :)[DOUBLEPOST=1555768383][/DOUBLEPOST]
Во апликацијата ми беа наведени истите тие држави, бидејќи ќе ги посетев секако :)
Што мислиш како што треба да сменам за следен пат ? Благодарам

Znaci studentska si, vtor faks a si sopstvenicka na restorant vo koj tatko ti raboti... Toa za niv e totalno nerealno, zboram i za nekoj od USA a ne pak za nekoj od MKD. Ne ti ja znam situacijata, ama podobro e da si rekla deka to a e familjaren biznis deka ti go menadziras posto toa si ucela itn a tatko ti e kuvar ili sto i da e. Mora se toa da zvuci realno za niv.

Imas medicinski problemi, ok... toa ne te pravi bas dobar kandidat za viza, ako veke go kazuvas bidi jasna deka mora da si nazad, deka redovno patuvas vo stranstvo i deka sekogas si vratila, deka ne strasno, deka si bila i predhodno vo usa itn. znam deka ti si mislis deka ete bas toa e pricna da se vratis demek ama on go gleda nedaj boze da ti se vlosi situacija ke mora da ostanes i ke dobies azil vrz baza na toa.

Ubavo ti vikaat pogore EDEN grad i okolinata... Ti cela USA sakas da ja prosetas u 2 nedeli... OK toa, ama izgleda bas ko da sakas da ja duvnes nekade.

Imas 11K a si bukirala hosteli... Imas garantno pismo a hosteli... Toa e tolku nevoobicaeno za tie sto idat kaj prijateli pogotovo od balkanot da e smesno, obicno site pravat couchsurfing lol...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.288
How's that relevant ? o_O

Ако имаш нешто да кажеш во врска со темата кажи, не е темава за дискутирање никови.
Јасна ми е трката по лајкови.
Убав ден
E шо трка по лајкови, само еден ми лајкнал.:(
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Во апликацијата ми беа наведени истите тие држави, бидејќи ќе ги посетев секако :)
Што мислиш како што треба да сменам за следен пат ? Благодарам
Истото што ти го рече и Кано. Не биди многу нападна затоа што се истакнуваш од натурал хабитатот од севердонија. И да ги имаш тие финансии и се да е точно, биди поскромна. Вака испаѓа дека им носиш се можно што си нашла за да докажеш дека ќе се вратиш а всушност големи се шансите и да не се вратиш зошто си потрошила труд да си уверлива.

Второ, кардинална грешка ти е моментот дека ќе престојуваш кај другарка ти а носиш резервации од хостели.

Кажи одам кај другаркава во (кај и да живее) и таму ќе седам, не им е важно каде ќе шетате, федерална држава е тоа, не ги интересира :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
И јас му тропнав на стаклото, и му реков: Ама јас имам докази за врски со Македонија, еве полна папка решенија, уверенија и потврди носам, ама вие не ми ги побаравте.
На што, тој ми одговори : It's irrelevant bye.
На претходната страна имам пишано дека на интервјуто веднаш се познава кој е сомнителен и планира да остане таму. Нема потреба да носите еден куп документи за да докажете дека имате корени и дека ќе се вратите назад и со тоа изгледате како очајно да барате виза.
 
Член од
20 април 2019
Мислења
62
Поени од реакции
29
Истото што ти го рече и Кано. Не биди многу нападна затоа што се истакнуваш од натурал хабитатот од севердонија. И да ги имаш тие финансии и се да е точно, биди поскромна. Вака испаѓа дека им носиш се можно што си нашла за да докажеш дека ќе се вратиш а всушност големи се шансите и да не се вратиш зошто си потрошила труд да си уверлива.

Второ, кардинална грешка ти е моментот дека ќе престојуваш кај другарка ти а носиш резервации од хостели.

Кажи одам кај другаркава во (кај и да живее) и таму ќе седам, не им е важно каде ќе шетате, федерална држава е тоа, не ги интересира :)
Но, не му покажав ни уверение за доктор ниту букиран хостел, ниту карта букирана ништо ништо....
Тој не сакаше документите да ги види за да ми кажувате дека заради тоа сум одбиена.
И се е реално, јас сум сопственичка на ресторанот од 2016 навака, татко ми е менаџер, што сега требаше да лажам ли ?
А тие финансии ги имам на таа сметка, а имам уште 2 сметки со финансии. Но, однесов само една. Агентката на која што и платив за да ми среди се ми рече се што може повеќе документи да соберам за да ги убедам дека ќе се вратам во случај да ми ги побараат.

Ете, летово пак ќе аплицирам.
Пак да идам на прича као со гарантното писмо од пријателкава или да одам на прича со букирани хотели во 1-2 града што сакам да ги посетам ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom