Днес земав америчка виза B1/B2, па ке споделам моето изкувство.
Процедурата оди отприлика вак:
Пополнувате формулар DS-160
https://ceac.state.gov/genniv/
Во краj ке ви се генерира специфичен документ,коj мора да си го принтирате и да си го попалните со своите податоци. Со него одите во банка за да платите таксата.
Во банката ке ви издадат специален документ со специален номер.
Правите си акаунт во нивната система и ке ви побарат да си ставите номерот от банката,за да потврдите,дека сте платили таксата.
Кога потврдите со номерот си закажувате час за интерву от нивната система.
Со вас мора да носите следните документи:
- Пасошот
- Потврдата за формуларот DS-160.
- Закажуването на самото интерву,кое ке ви се генерира
- документите от банката со кои сте платили.
- 2 слики по нивен стандарт, едната ке ви ja вратат
- сите други документи, што мислите дека можат да докажат,дека имате врзки со татковината - доказ за имот, пари во банка, бележка каква плата имате, отколко време сте на работа...Ако одите при другари е убаво да покажете нивна легална виза, зелена картица, америчко државjaнство или некаков нивен документ,што докажува нивното легално престоуване во САД. Може да ви напишат писмо исто,кое да го дадете на консулот. Можете да побарате писмо от работодавачот ви,дека имате доволно денови отпуск и тоj знае за вашето патуване. Можете да дадете документ от банка,ако имате заштедени пари.
Нема точен вид документи,кои ви гарантират даване на виза.
Процедурата во амбасадата не е долга. Давате сите документи на едни шалтер, земат ви прстови отпечатаци, чекате за интерву докато не ви повикат.
Каj мене прашаниjaта беха:
- Зашто сакам да посетам САД?
- Каде ке престоувам?
- Колко време?
- Каква плата имам?
- Имам ли роднин во САД?
- Дали сум бил на други континенти?
Целото интерву беше не повеке от 5 минути.
Ако имате некакви прашаниja....прашаjте.
Само да отбележам, аплицирал сум во амбасадата на САД во Софиja.