Пред два и пол месеца (проклет датум, 29 фев.) бев на интервју за туристичка и ме одбија. Причината за визата ми беше посета на сестра ми, којашто е мажена таму веќе три години со грин кард, статус перманент резидент. Мојата ситуација овде е сосема коректна, со плата над македонскиот просек, со стабилна работа и професија која и онака ми носи патувања и со сериозно болен родител заради кој морам да останам. Единствената слаба карика ми беше тоа што сум 29 год и неоженет, како и да е - МЕ ОДБИЈА со објаснување дека немам доволно силни врски со Македонија.
Јас се откажав, ама сестра ми не застана тука. Се пожали до канцеларијата на сенаторот од нивната сојузна држава и се разбира, како во секој нормален систем (исто како на филмовите) експресно ѝ одговорија, дури ѝ се јавија за да се информираат детално за нашата ситуација. Откако пративме мејл со кратко објаснување зошто ме одбиле, што ми е намерата, што работам, каков ми е семејниот статус, женава која се заангажира (некоја секретарка на сенаторов) прати мејл до нашата амбасада, со потпис од сенаторот, како препорака да му се даде виза на тоа и тоа лице. Истиот мејл го испринтав и јас и за неполни два и пол месеца, на 12 мај повторно отидов на интервју.
Очекував прашања „зошто те одбија“ „што се смени во твојата состојба во овие два месеца“, ама - не. Ме интервјуираше друг конзул и прашањата беа како да сум првпат на интервју. Резултат - добив виза. Простете што должев, ама се надевам некому ќе помогнам со искуството, затоа што сѐ ми се чини критериумите при донесување одлука или ги нема или се бајаги разводнети. Вторпат, третпат, сингл, работа, плата, сѐ ми изгледа релативно.