Како да се добие туристичка виза за USA?

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.551
Фала на одговорот, уште ова и се надевам нема да малтрертирам повеќе.
Дали на фотографијата која треба да биде 5x5 cm е дозволено да имам накит, конкретно ушники и ланче? Мене фотографот ми рече дека накит несмее, а сестра ми се сликала во Скопје и неа ништо не и спомлнал и се сликала со се ушники. Сите слики поминуваат како валидни, иако јас гледам дека не се баш по стандардите, на пример мојата слика кога ќе го преполовам лицето, замислената оска не паѓа точно на средина од сликата. Може ли ова да влијае?
Odis premnogu vo detali, kolku sto znam nesmees da imas nisto kako kapa, naocari , kosata da ne ti go pokriva liceto, no za nakit prv pat slusam deka ne smeelo. Koga apliciras onlajn vazno e programata da ti ja prifati slikata, nikoj ne gleda se da e tocno do milimetar.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
12.962
Поени од реакции
2.244
Днес земав америчка виза B1/B2, па ке споделам моето изкувство.
Процедурата оди отприлика вак:

Пополнувате формулар DS-160
https://ceac.state.gov/genniv/
Во краj ке ви се генерира специфичен документ,коj мора да си го принтирате и да си го попалните со своите податоци. Со него одите во банка за да платите таксата.
Во банката ке ви издадат специален документ со специален номер.
Правите си акаунт во нивната система и ке ви побарат да си ставите номерот от банката,за да потврдите,дека сте платили таксата.
Кога потврдите со номерот си закажувате час за интерву от нивната система.
Со вас мора да носите следните документи:
- Пасошот
- Потврдата за формуларот DS-160.
- Закажуването на самото интерву,кое ке ви се генерира
- документите от банката со кои сте платили.
- 2 слики по нивен стандарт, едната ке ви ja вратат
- сите други документи, што мислите дека можат да докажат,дека имате врзки со татковината - доказ за имот, пари во банка, бележка каква плата имате, отколко време сте на работа...Ако одите при другари е убаво да покажете нивна легална виза, зелена картица, америчко државjaнство или некаков нивен документ,што докажува нивното легално престоуване во САД. Може да ви напишат писмо исто,кое да го дадете на консулот. Можете да побарате писмо от работодавачот ви,дека имате доволно денови отпуск и тоj знае за вашето патуване. Можете да дадете документ от банка,ако имате заштедени пари.
Нема точен вид документи,кои ви гарантират даване на виза.

Процедурата во амбасадата не е долга. Давате сите документи на едни шалтер, земат ви прстови отпечатаци, чекате за интерву докато не ви повикат.
Каj мене прашаниjaта беха:
- Зашто сакам да посетам САД?
- Каде ке престоувам?
- Колко време?
- Каква плата имам?
- Имам ли роднин во САД?
- Дали сум бил на други континенти?

Целото интерву беше не повеке от 5 минути.
Ако имате некакви прашаниja....прашаjте.
Само да отбележам, аплицирал сум во амбасадата на САД во Софиja.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
12.962
Поени од реакции
2.244
Само да дополнам, визата е за 10 години.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Да го споделам моето искуство.
Аплицирав за б1/б2 туристичка виза. Носев покана од Колеџ дека ме канат на доделување на дипломи на мој роднина, односно внук.
Имам фирма во која сум управител и директор. Единствен вработен сум. По нова година до сега на сметка со фактури ми легнале 10000 евра.
Имам преку 50 договори со останатаи правни субјекти кои се долгорочно.

Носев изводи од банка, Договорите исто така и договори склучени со државни фирми.

БЕВ ОДИБЕН!.

На првиот шалтер го подадов само пасошот и поканата од колеџот, останатите документи како изводи и договори беа во мене.
Тетката ме праша што работам, колку вработени имам дали сум сингл, и колку години имам.
Одговорив дека сум сингл, дека сум само јас вработен. Не ми ни побара изводи или нешто слично. А јас па глупав не се ни понудив да и ги приложам. Фирма со еден вработен а прави скоро 10 000 евра за месец дена... (се погоди периодот)

Мој совет, се што имате од документи дајте ги заедно со пасошот на првиот шалтер.

Се мислам дали да аплицирам пак одма...и да ги приложам сите документи. Некој ако има такво искуство нека пише.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
666
Да го споделам моето искуство.
Аплицирав за б1/б2 туристичка виза. Носев покана од Колеџ дека ме канат на доделување на дипломи на мој роднина, односно внук.
Имам фирма во која сум управител и директор. Единствен вработен сум. По нова година до сега на сметка со фактури ми легнале 10000 евра.
Имам преку 50 договори со останатаи правни субјекти кои се долгорочно.

Носев изводи од банка, Договорите исто така и договори склучени со државни фирми.

БЕВ ОДИБЕН!.

На првиот шалтер го подадов само пасошот и поканата од колеџот, останатите документи како изводи и договори беа во мене.
Тетката ме праша што работам, колку вработени имам дали сум сингл, и колку години имам.
Одговорив дека сум сингл, дека сум само јас вработен. Не ми ни побара изводи или нешто слично. А јас па глупав не се ни понудив да и ги приложам. Фирма со еден вработен а прави скоро 10 000 евра за месец дена... (се погоди периодот)

Мој совет, се што имате од документи дајте ги заедно со пасошот на првиот шалтер.

Се мислам дали да аплицирам пак одма...и да ги приложам сите документи. Некој ако има такво искуство нека пише.
Јаоо баш ме деморализира сега. Јас имам закажано интервју сега за во петок. И навистина сакаме да одиме само на 20 дена. Јас исто како тебе сум вработена во сопствена фирма, но имам уште еден вработен, сопругот е вработен во пивара, а сестрата во Некстсенс. Ќе видиме како ќе бидат расположени за нас во петок сабајле.
Што ти рекоја како образложение зошто те одбиле? Имаше ли доста гужва? Доста кандидати одбиваа или даваа виза?
Ауу баш ме разочара
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Имаше гужва но брзо оди процесот.
Мој совет е да сите документи да ги ставиш во пасошот кога го подаваш на првиот шалтер. Изводи, од работа дека ти следува одмор и слично.
Нема правила за визата ми се чини, се е среќа. Јас прилично несмасно постапив што не ги дадов сите документи на првиот шалтер.Пред мене имаше двајца помлади и ги одбија исто. Незнам како беше со другите, јас бев во првите.
Ме одбија по 214Б (не сум ги убедил дека ке се вратам).
Со среќа, па би сакал да споделиш твоето искуство петок тука. Се надевам позитивно :)
 
Последно уредено:
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
666
VISA APPROVED!!!

Фала многу на @FLiX за информациите многу ми помогнаа и на @vetarvomagla за советот сите документи да ги дадеме со паошот, доколку не го знаевме тоа можеше и ние да се зезнеме и кога го бараат пасошот само него да го дадеме иако носевме еден куп документи.

Значи моето искуство во амбасада прилично позитивно. За почеток ме зачуди што иако сите тројца (јас, маж ми и сестра ми) аплициравме заедно не поделија. Прво ја викнаја сестра ми па после нас двајца, дали дека она беше со различно презиме и на посебна гаранција, или пак дека на почеток рекла дека зборува англиски, не знам, битно прво неа ја викнаа а после нас. Сите документи што ги носевме ги ставивме во паосшот и ги дадовме на шалтер 4 мислам, каде не прашуваа зошто сакаме да одиме во Америка и што сме сите тројца помеѓу себе. После не викнаа да ни ги скенираат прстите за отпечатоци и на крај беше интервјуто.
Иако сестра ми првично рече дека зборува англиски на конзулот му рече дека преферира да зборува на македонски и тој си викна преведувач. Ја праша зошто кога убаво зборува англиски и она му одговори дека и е полесно така. Ја праша:
-Каде работи и колку зема плата?
-Каде патувала до сега и кој и плаќа за патувањата?
-Што работат мајка ми и татко ми?
-Од кога е братучед ми во Америка и кога дошол последно во македонија?
-Дали е мажена?
И толку и и дадоја виза. Потоа не викнаа нас двајца и не прашаа истово погоре плус мене ме прашуваа колку вработени имам во аптеката и колку земам плата. Зошто сум шетала повеќе од сопругот! Им кажав дека на многу места каде што смо биле немаме печат во пасош и ми рече дека прв пат слуша за таков случај. Му викам еве на пример летово бевме на Канарски острови и од таму немам никаков печат. Ми вика што ти е доказ дека си била таму, и јас се насмевнав и му викам сликите на фејсбук :D
И толку не не гњавеше многу.
Приметив дека кога му кажувавем колку ни е плата го прашуваше преведувачот дали е тоа добра плата за македонија и дали фирмите каде што работиме се солидни. Во глобала дечкото што не испитуваше поголемиот дел од апликантите ги одби, воопшто не сакав да паднам кај него, меѓутоа со нас беше љубезен и не малтретираше непотребно. Ми вика каде си била во азија? Викам во Турска, и он се насмевна и вика тоа не се важи, вика ОК сум била и во Сингапур, а епа ок добро, се изгледа во ред вашата виза ќе ја земете за 2-3 дена во ДХЛ.
Не ни кажа а и јас не прашав за колку време ни даде виза, ќе видам во пасошот кога е го подигнам!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
26
Поени од реакции
0
Честитки за визата. :) Дали носеше м1/м2 обрасци ме интересира? И колку вработен имаш? И колку плата кажа дека имаш. :)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.338
Поени од реакции
2.084
И да прашаш нема да ти одговорат. Ќе видиш кога ќе си го земеш пасошот.

Во Македонија на младите даваат макс 1 годишна виза. Мајка ми и татко ми имаат 10годишни. На моите интервјуто им траело една минута (тоа во 2014та).
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
666
Честитки за визата. :) Дали носеше м1/м2 обрасци ме интересира? И колку вработен имаш? И колку плата кажа дека имаш. :)
Фала да ти се врати :)
Да носев М1/М2, потврда за одмор, прилив и одлив на пари од сметка на фирмата и од мојата лична сметка, договорор со фондот за здравство го носев, имотен лист од станот, потврда за заштедени пари (не многу) и тековна од фирмата исто така носев. А да и гарантното писмо од бартучед ми. Ме праша и колку вработени имам во аптеката и му кажав како што е, јас и уште еден техничар.
За плата му реков официјално сум осигурана и он ме прекина вика батали официјално не официјално, кажи колку ти остануваат за трошење, и викам околу 60 000ден што е и вистина, не го излажав.
Пасошите се веќе испратени по ДХЛ па во понеделник ќе видиме на колку е визата, иако се надевам дека е на повеќе од 1 год, мада реално ништо не ми менува тоа!
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2015
Мислења
7
Поени од реакции
2
Драго ми е што слушам успешни приказни. Јас во понеделник сум на интервју, нема да ве замарам многу со детали, само ме интересираат неколку моменти.
- За доказ за работниот однос дали задолжително да носам М1/М2 или ќе ми заврши работа да речеме договорот за работа (каде што пишува дека сум на неопределено) и потврда од работодавецот со содржина во која е објаснето од кога работам, колку, како, зошто, дека ќе се вратам да работам и сл.?
- И пошто стварно сум неупатен, сиве овие документи и изводи од банка и од работа - сите треба да се преведат на судски преведувач или да останат на македонски?
 
Член од
5 август 2015
Мислења
7
Поени од реакции
2
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
666
Драго ми е што слушам успешни приказни. Јас во понеделник сум на интервју, нема да ве замарам многу со детали, само ме интересираат неколку моменти.
- За доказ за работниот однос дали задолжително да носам М1/М2 или ќе ми заврши работа да речеме договорот за работа (каде што пишува дека сум на неопределено) и потврда од работодавецот со содржина во која е објаснето од кога работам, колку, како, зошто, дека ќе се вратам да работам и сл.?
- И пошто стварно сум неупатен, сиве овие документи и изводи од банка и од работа - сите треба да се преведат на судски преведувач или да останат на македонски?
Носи М1/М2 мислам дека тоа е подобар доказ дека си вработен, потврда може да ти искуца било кој. Јас на твое место би зела и М1/М2.
Немаш потреба од никакво преведување, доволно е на македонски.
 
Член од
24 февруари 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите!

Ги прочитав сите коментари во темава од прв до песледен и горе долу знам како стојат работите, но ајде пак да си ја кажам мојата ситуација па чекам одговор од поискусните во оваа процедура за добивање на америчка виза.
Вака сеа, пред 3ипол години, лето 2012 бев во Америка со Ј1 виза(имам SSN), на време се вратив, никаков проблем таму со полиции и слични работи. Значи се како шо треба. Сега сакам да аплицирам за туристичка а ситуацијата ми е следнава... Имам фирма која гласи на мое име, јас стојам како управител, моментално вработени сме јас татко ми и брат ми(стандард нели со минимални придонеси), а имам потреба од уште луѓе така да во скоро време ке се вработат уште мин. 2ца (значи вкупно 5 бработени со мене). Имот на мое име немам но имам направено договори за закуп за дуќан и стан на име на фирмата. Имам некоја заштеда, можам да приложам извод од банка и запишан сум на постдимпломски. Причина за одење немам некоја посебна, сакам да одам да ги видам пријателите шо се таму-македонци, американци и да прошетам таму кај што не успеав да прошетам а сакав :)

Прашањето ми е дали загледуваат на тоа, зошто сакаш да одиш или важно му е да се сигурни дека нема да останеш? И што мислите колкави ми се шансите да земам виза??[DOUBLEPOST=1456366449][/DOUBLEPOST]Заборавив да напоменам дека сум 25 години.

И честитки за сите добиени визи!
 
Последно уредено:
На врв Bottom