И јас се вратив задоволен од Саем денес. Мојот улов:
1. Даблинци - Џејмс Џојс - 50 ден. (од „Старо купуем“

штандот пред влезот)
2. На пат - Џек Керуак - 200 ден. (од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“, но со тврд повез, од штандот со стари книги пред влезот. Истата во Три беше 350, со мек повез. Но овој типов надвор одлучува со која цена ќе ги продаде книгите според некои чудни критериуми кои мене ми одговараа

)
3. Вештица - Венко Андоновски - 200 ден. (од некоја нова издавачка куќа - Опиум кои ги имале правата за последното издание на романот и го продаваа со 50% попуст, а во Табернакул си стои уште по 350 ден.)
4. Атлас на облаците - Дејвид Мичел - 350 ден. (Или Или, со попуст од 590 ден. - КО-НЕЧ-НО!)
5. Заблудите на питомецот Терлес / Соединувања - Роберт Музил - 150 ден. (Магор, од „Ѕвезди на светската книжевност“. Имам копија и прочитана ми е, но на српски, па да си обезбедам примерок и на македонски за домашната библиотека. Ја има и во Темплум во Queer едицијата, но 200 ден.)
6. Лолита - Набоков - 200 ден (Магор, од „Ѕвезди на светската книжевност“, зошто залудно го чекам со години реизданието од Темплум)
7. Скарлетното слово - Натаниел Хоторн - 200 ден. (Магор, од „Ѕвезди на светската книжевност“. Лани бев на Саем специјално за неа, а тие не ја донеле, па си се вратив со празни раце. Годинава не можеше да ми избега).
8. Ерагон - Кристофер Паолини - 150 ден. (Магор. Еден другар ми кажа дека била ужасно лоша, иако ја споредуваат со „Господар на прстените“ на Толкин, но по неколку години одбегнување, годинава ме премисли цената: имаше 50% попуст, па и да е ужасно лоша, не ми е криво)
9. Првородениот - Кристофер Паолини - 150 ден. (Магор. Продолжението на Ерагон)
10. Малиот принц - Егзипери - 120 ден. (Три. Подарок за мојот мал принц. За кога ќе подпорасне.)
11. Алиса во земјата на чудата - Луис Керол - 100 ден. (Алби. Уште еден подарок за мојот мал принц за по неколку години.)
12. 4 боенки - 220 ден. (Ars Libris/Libi.) и сет боички (Просветно дело, за џуџето, за сега.

)
13. Пирати - 120 ден. (Просветно дело. Водоотпорна сликовница, за џуџево да може слободно да ја гризе кога ќе му се здосади да „чита“.)
Утре ќе ми ја земат и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Керол (Магор. 100 ден.) со што ќе ја комплетирам годинава. Останаа многу желби:
- Судир на кралевите книга 1 и 2 (Топер) - Игра на тронови книга 1 и 2 од книжарница од кај нив ги купив за 800 ден. а сега педериве немаат никаков попуст на Саем. За 500 ден. една - ќе се прашаме! Ќе чека некои подобри времиња.
- Да се убие птицата подбивница - Харпер Ли (Магор)
- Читачот - Бернхард Шлинк (Или Или)
- Ќерката на математичарот - Венко Андоновски (Табернакул. 500 ден. се премногу!)
- Парфем - Патрик Зискинд (Темплум)
- Амбасадори и Европејци - двете од Хенри Џејмс (Конгресен Сервисен Центар. Пред 2 години од Академска книга купив се што најдов од Џејмс, меѓу другото и овие две, но на англиски и се уште не ми се ни отворени. Ме мрзи да читам на англиски).
- Еден куп класични романи од Академска книга, како Ана Каренина, Војна и мир, Дракула..., од тие од по 129 ден, но од истата причина погоре како тие на Хенри Џејмс, знам дека ќе ми стојат само за украс)
- Клетници - Виктор Иго (4 тома од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ зошто сите останати (Феникс, Просветно дело, Ѓурѓа) продаваат некомплетни преводи).
- Гордост и предрасуди, Разум и чувствителност и Ема - сите 3 од Џејн Остин (Магор. Секоја беше по 150 ден, но наместо љубовни романи од викторијанска Англија се одлучив за митската фантастика на Паолини овојпат)
- Уште еден куп други од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“, и од Магор, и од Конгресен сервисен Центар, и од Три, и од Арс Ламина.
- Четирите тома од серијалот Discworld на Тери Прачет (Арс Ламина. Комплет се 1000 денари).
- Шест ликови бараат автор - Луиџи Пирандело (Магор. Овојпат не бев расположен за драми).
- Снег - Орхан Памук (Магор)
- Мостот на Дрина - Иво Андриќ (Магор)
- Петар Пан - Џејмс М. Бари (Алби)
- и уште многу други на кои во момнетов не ми текнува...
Генерално впечатокот на саемов ми е ист како и години наназад: за најдобра издавачка куќа ја прогласувам Магор од каде искрено - 80% од изданијата би ги купил. Браво за цените на Или Или, Бегемот, Темплум, Антолог и уште некои други, а срам да им е на Табернакул, Просветно дело и особено на Топер кои не ни имаа попуст!
Лужиновата одбрана од Набоков, Уморни раскази од Антун Густав Матош и Skeleton Crew од Кинг. Се мислев дали да ја земам Жената на францускиот поручник од Џон Фаулс, да не ја има некој прочитано? И малце офф топик, ама да не знае некој каде имаат Темплум продавница?
Не сум сигурен каков е преводот, зошто јас го читав романот на српски, но со оглед на тоа што станува збор за Или Или - не се сомневам дека е добар. Конкретно, за романот - маестрален е! Впрочем како и Фаулс. Следниот пат не се двоуми дали да го купиш!