Постови на неделата

Недела до 31 октомври 2026

ТИФОМАНИЈА!

Банирајте ме па од тему ако сакате.

Ама колко сте празник за очи и уши на утакмице, и спорт без вас не би бија спорт, навивачи.

Ама заради овакфи "акцие" постирани погоре, ви сте едни од најлгупи социјално општестфени групе што постојале у овуј човекову цивилизацију.

Ке се летну у сред ноќ да стау паролу у антинавивачки град.
Ке соблачам мајце и шалови на деца и таткофци сс деца.
Ке се тепам сс други људи зшто су од друг град и навиваф за друг тим.

Па шимпанза кд се тепаф клан на клан имаф боље кодекси од вас, навивачи.

Ајт банирајте те ме па и очи вадите си македонче на македонче, само зшто навива за друг тим.
Имаш слушнато за маркетинг?
Имаш слушнато за мобилизација?

Со една ваква парола закачена веќе цела Битола знај дека ќе има гостување во Скопје.
Кај членството на Комити исто така се прај тензија, и некој шо не планирал да оди, можи ова ќе го налути и ќе оди.

Кога комити дојдоја и се сликаја во Битола, па ние возвративме се напрај страшна тензија и мобилизација на членството кај двете групи. Немаше никакви кланој ни убиства.

Во држава кај шо немаш успешен спорт, посебно фудбалот, ова е еден од начините за мобилизација.
Ова е сосем нормално и без вакви работи нема да има жар ниту па вистинско дерби.

Ја отупевте со то Македонче на Македонче, а ко ќе треба за Македонија тука многу често први биле и Чкембари и Комити, а такви како тебе нигде ги нема.

Па то глупи не знам за кој е, за нас или за некој шо не знај шо е РИВАЛСТВО ;)

ТИФОМАНИЈА!

Вакво знаме му е земема на таткото со детето, ова е знаме за клубот. Тие шо му го зеле знамето можи и тие се деца, биле во поголема група, Тука пренесовме не за да се правдате, туку за да ги научите тие шо го земале знамето за навивачки кодекс. Нема потреба поќе од коментирање.

1000028322.jpg

ТИФОМАНИЈА!

Работнички - Куманово
ЦПБ одлична бројка денес, полна цела тераса, голем плус им е и враќањето на старата екипа на ЦПБ поготово ликови од 1060 и од Лордовите ,најдесната страна од терасата комплетно екипа за респект која беше дел од најакото ЦПБ од времињата пред 10-15 години значи полека се враќаат на стари патеки во склад со денешната кореографија Паркот не е мртов ( солидно корео иако може и подобро нешто од тоа да се изведе и извади )
-Мал минус е што трибината ја водат деца од по 20 години кои не знаат да одржат темпо и ритам на навивање колку и да се трудат ,на неколку пати и денес имаше дофрлања од постарата екипа према децата дека трибината им заспа на моменти и да кренат атмосфера кога беа натпеани од Кумани , време е некој од постарите да превземе мегафонот а има таму доста јаки и искусни глави
Кумани добра бројка 200+ влез во 2 четвртина на средина, навивање солидно со супер изглед на копот со 4 бајраци и СВИ у црно, имаа на моменти и големи падови поготово што како група не смеат при два мегафона и тројца воџи на шипка да не приметат дека скоро цела текма најгорните два реда над Blue Elitte комплетно ја преспаа утакмицава со навивање
-Убава закачка им беше со шкииптарскиот кошаркар Реџа кој како идиот потпадна под навивачки скандирања и покажуваше курови без да му текне дека има и реванш во Куманово , или па тогаш магично ќе е повреден !
Се на се одлична утакмица и за двете групи , нека заживее пак Мактифо сцената !
Браво ЦПБ , Браво Кумани

ТИФОМАНИЈА!

Фан клуб - РК Вардар

Во однос на Михајло, мислам дека човекот апсолутно заслужува барем Расадник да биде именувана по него. Не е лошо, со оглед на тоа дека човекот е сигурно при крај со водењето на Вардар, таква иницијатива да се потегне кога ќе го предава клубот на следниот газда (нешто што мислам дека е многу блиску да се деси), да знае дур е сеуште жив дека ќе му се укаже таква чест.

Serie A 2026/27

Фан клуб - РК Вардар

Затоа не треба да се прават легенди играчи кои кратко време се тука. Почекај прво нека пружат верност.
Јас пак ќе кажам. Плати како во странство не може да понудиме, ама им ги воскреснавме кариерите и тоа што го земаат во Вардар исто така не е малку.
Па харикирам попрво би земал 10.000 во Скопје, секој да ме гледа како ѕвезда, бесплатно јадење имаат, најдобри услови, платени смештаи, отколку да земам 15.000 евра во држави каде што си никој и ништо (ракометот не е популарен, освен ако не одат во мало место ко Веспрем) и ко ќе ги скратиш даноците и животните трошоци ќе ти остане една илјадарка повеќе.
Тотално неразбирливо, али тоа е.
Плус статистички, после Вардар сите беа пропаст :D

Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

Најголемиот џган го има собрано Вучиќ. Уште пред повеќе од 10 години во разговор со колеги од Србија, баш кажуваа како полека ги имплементира методите на Грујо (или на Мијалков поточно).
Ги уназадија државните факултети, промовираа приватни факултети на секој чекор за да нивното членство има формална диплома, почнаа да играат на картата да се брка интелигенцијата, а остатокот да се владее со заплашување. Кај нас ги растурија навивачките групи во Скопје дека не можеа целосно да ги контролираат, а таму сите се под нивна контрола. Мафијаши воџи во улога на батинаши, добиваат бизниси со кои вртат милионски пари. Сите бизниси отидоа под контра на СНС, како што беше со Мијалков.
Државните фирми буквално ги преплавија со џган. Рекетари и курви. На секоја позиција наставаа старлети со напрчени муцки и пластикарија. Како онаа коконата што го бацуваше холандското знаме, мислејќи дека е српско. Одвратно за гледање. Младината им расте во тежок мафијашки филм, се пукаат меѓусебе цело време, се бодат ко нашиве сограѓани.
Сите медиуми ги запоседнаа, исто како кај нас. Невидена пропаганда и посељачување на цел народ преку дебилски реални шоуа, турски серии и музички шунд.
Имавме можност да соработуваме со една од нивните поважни државни фирми. Тотални дебили, просто да не ти се верува дека такви луѓе работат на такви позиции.

Е од друга страна ги направи патиштата, ги наградува оние што инаку би биле никој и ништо, само затоа што сега му се верна гарда. Го сакаат по селата, го гледаат како некој без кој ќе пропадне државата.
Болно беше она за гледање, да носиш батинаши да НАВИВААТ на митинзи. Со знамиња, со тапани, со воџи. Повраќаница.

Не знам дали ќе биде иста ситуацијата како кај нас, затоа што ние сме бинационална држава и малку поинакви се работите. Сдс не доби власт тогаш, мораа да пушат кај шиповите и да им дадар буквално се' за да добијат мандати за крадење. Смена и тука и таму беше потребна, ама мислам дека кај нив ќе оди во подобра насока.
Ќе видиме како ќе се справат со батинашиве. Дали ќе изиграат ко сдс, да си ги земат на своја страна и да ја продолжат истата политика или стварно ќе почнат со процес на дедебилизирање на државата (океј, го измислив овој збор :D). Додека не им се наложи ред од страна, ние балканците сме исти кур. Сите ќе крадат кога се на власт. Да видиме дали ќе остават и за другите и барем малку ќе гледаат да напредне државата со поинтелигентни кадри на позиции (какви што имаше Грујо во почетните години) или ќе си продолжат со трендот. Секако им се закануваат и други проблеми за кои не се свесни. Огромен број мигранти, санџаклиите од Нови Пазар се во антисрпско расположение и никој ништо не им може итн.

П.с. доволно е да се види кој кого поддржува за да знаеш кој е правиот избор. Вуле практично го протера од државата еден Новак Ѓоковиќ, најголемиот амбасадор на Србија.

Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

Српските студенти го турнаа режимот на Вучиќ.
Македонските студенти затнаа канализација со влажни марамчиња во студенткиот дом.

Недела до 24 октомври 2026

Недела до 17 октомври 2026

Недела до 10 октомври 2026

Недела до 3 октомври 2026

Back
На врв Bottom