Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Блесок и Слово не учествуваат на семов?
Ова беше објавено во настан креиран од Блесок на фб. Е сега може со некој друг на тезга ќе бидат, и мене ме интересира речниците на Зозе дали ќе ги има на саем?
 
Таман сакав да го ставам и ја во темава. Гледам добра понуда има Антолог, ама @StormRage што не си ставил и цените, бе? :lut: :icon_mrgr:
Кога ќе отвориш одредена книга ги има цените :) На фронт пејџ не се ставени цените пошо така сакаше клиентот. И тие што се 0 денари се пошо немаа цени дефинирано или шо ти знам, х- причини.
 
Oвие Икона се зверови :D
Kнига од 699 има 10% попуст и чини 659 :D :D :D Aман не знаат ни да израчунат.

Бесови и Понижени и навредени ги земав од Табернакул по 200, ќе видам до вечер уште еднаш ќе поминам.
 
Има гужви? Слушнав многу се чекало за карти, не знам колку е точно. Ќе видиме утре што е, како е.:P
 
Малку народ имаше, прееска бев. Купив три книги Фантомот од операта, Дневникот на Заводникот (ПНВ Публикации) и Војна со Дождалците (Македонска реч). Ќе одам деновиве уште еднаш. Ме изненадија Албанците, доста штандови имаа оваа година (3-4 сигурно). Застанав кај еден да разгледам (антикварни книги), одлични автори имаше, теорија на културата Адорно и Маркузе, историја доста (светска) и плус класици, ама немаше ништо на македонски или било кој од југословенскиве јазици.
 
Абе можи со картица да се плаќа или да си спремам кеш?? И колку е влезницата?
 
Абе можи со картица да се плаќа или да си спремам кеш?? И колку е влезницата?
Не знам за плаќањето, а влезницата е 30.

Може некој да ми каже која од книгиве на Магор е добро преведена? Капетановата ќерка од Пушкин, Козаци од Толстој, Глувци и луѓе од Штајнбек, Утопија на Мор или Островот на др. Моро од Велс? Најмногу сакам на Штајнбек да ја земам, ама да не си дадам за џабе 100че. :D

Инаку денес EN-MK речникот на Зозе го зедов - изгор е. Лани 2 за 3000, сега 1 по 2100 беше. И класициве на Академска ги покачиле. :boksix:
 
Немој Глувци и Луѓе ако е во едицијата ѕвезди на краткиот роман, со црн омот. Не е убаво преведена.
Од Магор најубаво преведена од овие што сум ги прочитал е Надја од Андре Бретон. Преводот мислам има освоено и некаква награда.
Исто ти ја препорачувам Клубот Дима (издание на Магор) од Артуро Перез-Реверте, евтина е и многу убава книга. По неа има филм - The Ninth Gate со Џони Деп.
 
Таа едиција е. Јаз'к ме разочара сега. А сакав да ја читнам пошо Соер ја читаше у Лост. :D Ќе ги ѕирнам овие што ми ги пиша тогаш, фала. :)
 
Таа едиција е. Јаз'к ме разочара сега. А сакав да ја читнам пошо Соер ја читаше у Лост. :D Ќе ги ѕирнам овие што ми ги пиша тогаш, фала. :)
Не е до толку ако го знаеш англискиот као мајчин, суштината повеќе ќе ја соџвакаш. Phuck, ми текна мојата едиција е од Слово.

Anyways...
Реков не идам но се испишманив и појдов. Без некоја агенда собрав 7 наслови со книги од по 100-200 денари.
Албер Ками - Писма до еден германски пријател - ПНВ публикации
Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано - Магор
Алесандро Барико - Трипати взори - Антолог
Франсеск Мираљез - Барселона блуз - III
Влатко Галевски Лале (синеманија) - Исповедни финеси - Или-или
Румена Бужаровска - Мојот маж - Или-или
Ирвин Велш - Ѓубре -Или-или
Не идам втор пат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom