Одамна не ме разочарал толку филм како Hush. Толку се изнервирав уште пред крај што последните минути едвај ги изгледав. И сега кога пишувам се нервирам. Ова е невидена утка, тешка глупост, непотребно уништување на една од најдобрите Бетмен приказни. За тие што не ги читале стриповите може ќе им е чудна оваа моја нервоза, ама тие што читале ќе ме сфатат. Со години чекав адаптација а добив приказна што едноставно не е истата.
Ни на крај памет не очекував дека толку ќе утнат. Во најлош случај мислев ќе уфрлат нешто непотребно ама што нема да штети на главната приказна (како првата половина на The Killing Joke) или ќе направат мали промени. Ни на крај памет не мислев дека поштено ќе се исќењаат на целата приказна.
Што е најлошо, во поголем дел од филмот мислев дека добро ја тераат работата. Помалите измени, како замената на Килер Крок со Бејн, не ми пречеа. За во последните 20 минути се’ да отиде во неповрат. Што ме иритира најмногу?
Прво, како бре е можно да правиш адаптација на Hush а да го смениш еден од најголемите plot twist - ови во стрип историјата со друг? Која е поентата на таква адаптација? Баш тој plot twist ја прави приказната толку легендарна. Има некои тука што не ги читале стриповите па нема да пишам конкретно за што зборам. Ама ова за мене е исто како да направиш адаптација на Fight Club, каде на крајот испаѓа дека нараторот и Тајлер Дурден се најдобри другари и еве ги пијат кафе секој ден заедно. Што е па најболно, имаше хинтови низ цел филм за оригиналниот plot twist, за на крај се’ тоа да го фрлат во канта.
Второ, беше промашена целата поента на некои ликови и со приказнава се скроз деградирани. Hush важи за еден од најдобрите моменти на Ридлер во целата историја на ликот. Тука направија се’ за ликот да го деградираат во обична шега. Тука се и другите негативци. Во стрипот е многу добро објаснет мотивот на Џокер да учествува во целата работа. Тука тоа не ни може да се направи пошто целата приказна е изменета па и целосно се исфрлени сцени поврзани директно со неговиот мотив.
Има тука и други работи - отсуството на Харви Дент кој има важна улога во стрипот, ептен малата улога на Лигата и Рас Ал Гул, додавањето lame хумор како сцената со Демијан...
DC ми беа поим за анимација. Во последните години единствен терен каде го газеа Марвел. Сега буквално сами си пукаа во нога со The Killing Joke и оваа глупост.