Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Добра тема, мило ми е што не е заклучена, имаше еден идиот знам пред некое време постираше тема, ни информации ни слики ни линкови ни ништо, само 2-3 збора напишал, фала богу некој интелигентен мод му ја затвори, мора во иднина да се пази на квалитетот на форумов и да не се дозволува на секого да отвори тема (y)

А и башка ептен го сјеба тој форумот, отвори нова тема, ептен многу теми се фатија, скраја да е, форум со теми кај се видело?

Вака оваа тема...ок, исто како неговата ќе го наполни форумов...ама барем подобар член ја има отворено, не е некој нискоинтелигентен ко тој шо беше од порано (y)
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
113
Поени од реакции
189
Ако се шитнат Јанг и Џонс ќе фалат лев и централен бек, не знам од кај ги извади сите овие позиции. Патем, не ни мора ништо да купуваат бидејќи имаат доста млади деца од нивната школа. На местото на Погба ќе игра МекТоминај, на местото на Јанг може да игра Лук Шо или Камерун Бортвик, а пак на местото на Џонс кој и да го стават ќе заврши поише работа него самиот он.
И наместо Де Геа може да брани некој од вториот ред од публиката, само да не е помал од 16 и постар од 50 години.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.126
Поени од реакции
35.063
5FC6A155-CAD5-4490-914B-990695AC6715.jpeg

А само втора страна од темава.

И според мене пак трката ќе биде помеѓу Сити и Ливерпул. Останативе ќе се борат за ЛШ.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
И според мене пак трката ќе биде помеѓу Сити и Ливерпул. Останативе ќе се борат за ЛШ.
Каква трка?..150 бода има Сити да му избега оваа година...Ливерпул апсолутно со ништо не се засилија и во ниту еден универзум неможат да извадат повеќе бода од ланските рекордни 97...јас разбирам дека освоија ЛШ ама барем да се засилеа некако за да му парираат на Сити кои имаат триста играчи да менваат.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.230
Според мене Ливерпул и сезонава е фаворит за освојување на титулата во Премиер Лига. Имаат одлична екипа, со одличен тренер, хемијата е на ненормално високо ниво и најважно нешто е што конечно созреаа како екипа. Моментумот од освојувањето на ЛШ очекувам да го продолжат и во новава сезона. Башка мислам дека ќе удрат се на една карта и ќе отидат all in на освојување на титулата во Англија. Единствена работа која што би можело да им биде минус е тоа што не купија ниту едно засилување (анонимнион одбранбен од Холандија не го рачунам). Фразата "екипата што победува не се менува" можеби важела пред 30 години, но не и во денешниот модерен фудбал.

Сити од друга страна очекувам па титулата во Англија да ја стави во втор план на сметка на ЛШ. Гвардиола, а и цел плав дел на Манчестер очајно ја сакаат ЛШ. Не очекувам Гвардиола да се задржи уште долго во Сити, што значи дека они па, за разлика од Ливерпул мислам дека ќе отидат all in на освојување на ЛШ. Минус кај нив ќе биде заминувањето на Компани, колку и да беше повреден сепак имаше некакво влијание врз екипата како капитен и внесуваше одредена доза на сигурност во одбраната. Многу повеќе ќе ги удри заминувањето на Компани, отколку заминувањето на Сане (нормално, ако отиде во Баерн).

Како и да е, не очекувам ни Ливерпул ни Сити да ја ги повторат ланските сезони и да завршат двете екипи повторно со над 90+ бодови.

Тотенхем сигурно ќе биде во топ 4 и ќе обезбеди ЛШ за следната сезона. Ако сакаат нешто повеќе, ќе мора да ги остварат шпекулациите што се вртат за Ло Селсо и Дибала. Ло Селсо мислам дека ќе го донесат, додека за Дибала малце потешко. Како и да е, костурот на екипата веќе неколку сезони се воигрува, играчите се знаат меѓу себе и одлично функционираат. Како екипа ќе МОРА да освојат титула сезонава, било каква, за да си докажат на самите себе си дека имаат созреано како екипа и ако сакаат да ги задржат клучните играчи. Минус кај нив би можело да биде што внатре во тимот им се случуваат некои не согласувања. Трипие пред некој ден даде изјава дека поради внатрешните проблеми во екипата сакал да си отиде од Тотенхем. Излегоа медиумите дека Алдервирелд и Ериксен намерно не форсираат за трансфер за да можат следната сезона да си отидат како слободни играчи и да земат големи signing on fee бонуси.

Арсенал очекувам да завршат годинава во топ 4 и конечно после 3 години да обезбедат ЛШ. Нив ги ставам пред Манчестер највеќе поради тренерот. Со квалитет би рекол дека се тука некаде и двете екипи со тоа што Емери има повеќе искуство како тренер и мислам дека има повеќе изградена филозофија и начин на игра. Покрај големите проблеми со буџетот, сепак успеаа да направат одлични трансфери, поготово ако ги земат Пепе и тој од Селтик левиот бек. Кај нив минус ми е одбраната, и тоа онака огромен болдиран минус. Се ќе биде џабе ако не успеат да си ги средат проблемите во одбрана, на сите проблеми со одбранава не помага и ситуацијата со Косчиелни како капитен.

Иако кажав дека СПОРЕД МЕНЕ Арсенал би завршиле во топ 4, ништо чудно нема да биде ако на крај Јунајтед завршат на некоја од позициите кои води во ЛШ. За разлика од Арсенал, они имаат многу повеќе проблеми на повеќе места од теренот. Имаат неискусен тренер кој ќе има задача да докаже дека тоа што му го продолжија договорот не е поради неколку добри утакмици и победи во низа. Уште 2 недели има до затварање на трансфер рокот во Англија, а они имаат многу нерасчистени работи во клубот. Мора да купат одбранбен и везњак и да ги расчистат работите со Лукаку и Погба.

Челзи ми се енигма. Јас мислам дека ќе имаат лоша сезона, али под Лампард можно е и да распукаат и да бидат изненадување сезонава. Го заменија тренерот, надјобриот играч во последните 5 години си отиде и плус имаат трансфер бан летово. Едно е сигурно, дека ќе играат сезона без никаков притисок и без никакви очекувања што на крај може да испадне како доста позитивна работа за нив. Лампард ќе има шанса сезонава да види врз кој ќе може да гради екипа за во иднина. Доста голем простор за Одои, Пулишич и останатите играчи да се докажат сезонава. Се мислам дека ќе зависи од менталниот склоп на играчите и тренерот. Ако успеат да ги пребродат сите проблеми што ги имаа, ништо чудно како што кажав да бидат изненадување сезонава.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Сум го е*ал Сити, нит титула ќе види нит бутур!
Штом шаманот интеровски ги прогласи за апсолутни фавотити, чудо ќе биде ако не се расформира клубот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Каква трка?..150 бода има Сити да му избега оваа година...Ливерпул апсолутно со ништо не се засилија и во ниту еден универзум неможат да извадат повеќе бода од ланските рекордни 97...јас разбирам дека освоија ЛШ ама барем да се засилеа некако за да му парираат на Сити кои имаат триста играчи да менваат.
Ајде арлија нека е, честитки за сите фанови на Ливерпул!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Here we go again: Ливерпул нема да биде ни втор сезонава. :P А над 90 поени нема да оди никој.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Ајде арлија нека е, честитки за сите фанови на Ливерпул!
И со Лестер кога пишав дека ќе ги торпедираат имаше слично мислење :D

Ако се Стерлинг,Бернандо Силва и Де Брујне здрави тогаш Сити лабаво над 95 поени
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom