Според мене Ливерпул и сезонава е фаворит за освојување на титулата во Премиер Лига. Имаат одлична екипа, со одличен тренер, хемијата е на ненормално високо ниво и најважно нешто е што конечно созреаа како екипа. Моментумот од освојувањето на ЛШ очекувам да го продолжат и во новава сезона. Башка мислам дека ќе удрат се на една карта и ќе отидат all in на освојување на титулата во Англија. Единствена работа која што би можело да им биде минус е тоа што не купија ниту едно засилување (анонимнион одбранбен од Холандија не го рачунам). Фразата "екипата што победува не се менува" можеби важела пред 30 години, но не и во денешниот модерен фудбал.
Сити од друга страна очекувам па титулата во Англија да ја стави во втор план на сметка на ЛШ. Гвардиола, а и цел плав дел на Манчестер очајно ја сакаат ЛШ. Не очекувам Гвардиола да се задржи уште долго во Сити, што значи дека они па, за разлика од Ливерпул мислам дека ќе отидат all in на освојување на ЛШ. Минус кај нив ќе биде заминувањето на Компани, колку и да беше повреден сепак имаше некакво влијание врз екипата како капитен и внесуваше одредена доза на сигурност во одбраната. Многу повеќе ќе ги удри заминувањето на Компани, отколку заминувањето на Сане (нормално, ако отиде во Баерн).
Како и да е, не очекувам ни Ливерпул ни Сити да ја ги повторат ланските сезони и да завршат двете екипи повторно со над 90+ бодови.
Тотенхем сигурно ќе биде во топ 4 и ќе обезбеди ЛШ за следната сезона. Ако сакаат нешто повеќе, ќе мора да ги остварат шпекулациите што се вртат за Ло Селсо и Дибала. Ло Селсо мислам дека ќе го донесат, додека за Дибала малце потешко. Како и да е, костурот на екипата веќе неколку сезони се воигрува, играчите се знаат меѓу себе и одлично функционираат. Како екипа ќе МОРА да освојат титула сезонава, било каква, за да си докажат на самите себе си дека имаат созреано како екипа и ако сакаат да ги задржат клучните играчи. Минус кај нив би можело да биде што внатре во тимот им се случуваат некои не согласувања. Трипие пред некој ден даде изјава дека поради внатрешните проблеми во екипата сакал да си отиде од Тотенхем. Излегоа медиумите дека Алдервирелд и Ериксен намерно не форсираат за трансфер за да можат следната сезона да си отидат како слободни играчи и да земат големи signing on fee бонуси.
Арсенал очекувам да завршат годинава во топ 4 и конечно после 3 години да обезбедат ЛШ. Нив ги ставам пред Манчестер највеќе поради тренерот. Со квалитет би рекол дека се тука некаде и двете екипи со тоа што Емери има повеќе искуство како тренер и мислам дека има повеќе изградена филозофија и начин на игра. Покрај големите проблеми со буџетот, сепак успеаа да направат одлични трансфери, поготово ако ги земат Пепе и тој од Селтик левиот бек. Кај нив минус ми е одбраната, и тоа онака огромен болдиран минус. Се ќе биде џабе ако не успеат да си ги средат проблемите во одбрана, на сите проблеми со одбранава не помага и ситуацијата со Косчиелни како капитен.
Иако кажав дека СПОРЕД МЕНЕ Арсенал би завршиле во топ 4, ништо чудно нема да биде ако на крај Јунајтед завршат на некоја од позициите кои води во ЛШ. За разлика од Арсенал, они имаат многу повеќе проблеми на повеќе места од теренот. Имаат неискусен тренер кој ќе има задача да докаже дека тоа што му го продолжија договорот не е поради неколку добри утакмици и победи во низа. Уште 2 недели има до затварање на трансфер рокот во Англија, а они имаат многу нерасчистени работи во клубот. Мора да купат одбранбен и везњак и да ги расчистат работите со Лукаку и Погба.
Челзи ми се енигма. Јас мислам дека ќе имаат лоша сезона, али под Лампард можно е и да распукаат и да бидат изненадување сезонава. Го заменија тренерот, надјобриот играч во последните 5 години си отиде и плус имаат трансфер бан летово. Едно е сигурно, дека ќе играат сезона без никаков притисок и без никакви очекувања што на крај може да испадне како доста позитивна работа за нив. Лампард ќе има шанса сезонава да види врз кој ќе може да гради екипа за во иднина. Доста голем простор за Одои, Пулишич и останатите играчи да се докажат сезонава. Се мислам дека ќе зависи од менталниот склоп на играчите и тренерот. Ако успеат да ги пребродат сите проблеми што ги имаа, ништо чудно како што кажав да бидат изненадување сезонава.