Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    185
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.255
Поени од реакции
1.089

По неколкунеделно влечкање со пишување на темата, од оправдани причини, на помалку од две недели од почетокот на Премиер лигата, редно е да се отвори темата за најпопуларната фудбалска лига на светот, која по 28 пат се надеваме ќе ги задоволи потребите за квалитетен фудбал и на најпребирливите фудбалски сладокусци.
Сезоната 2019/2020 ќе ја отворат тимот на следнатаенашаЛиверпул, против повратникот Норвич, натпревар кој ќе се одигра на пречист петок(9 август), со почеток од 21 часот.

Бранител на титулата е Манчестер Сити, кој освен Родри, досега не доведе некои звучни засилувања, кои со оглед на сегашниот ростер, ниту имаат потреба. Од тимот на шампионот си заминаа иконата на тимот и долгогодишен капитен, Винсент Компани и Фабијан Делф.
Типувам дека Сити можеби би купувал стопер, поради Биди-Бади синдромот во срцето на одбраната(со заминувањето на Компани), која како да е хроничен проблем на двете екипи од Манчестер и крило, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Сане ќе оди во Баерн Минхен. Како и да е, Сити се фаворит број еден за освојување, а воедно и одбрана на титулата.

Ливерпул, ланскиот второпласиран тим и освојувач на ЛШ, има најголема шанса да држи чекор со Сити, можеби и да освои титула, на која чекаат од промената на називот на лигата во Премиер.
Пеколното трио во нападот со Мане и Салах по крилата и Боби шорц Фирмино, Ван Дајк како лидер во одбраната, одличниот голман и можеби не толку голема на имиња, но компактна средина и нивната уиграност, тимски дух, Клоп-факторот и изгубениот лузерски менталитет со освојувањето на ЛШ, ми дава за право да мислам дека и оваа година ќе биде 2 horce race за титулата во Премиер лигата.

Челзи поради трансфер банот и младиот и неискусен тренер, ми се непоимливи да бидат вклучувани во битката за титулата, иако ќе бидат тврд орев во битката за топ 4.
Повредите на младите и надежни играчи и единствениот трансфер досега, односно трансферот на Ковачич, кој ништо не покажа претходната сезона, за мене ги остава на петтата позиција.

Тотенхем, стандардно солидни, но некако како да го немаат тој последен дел од сложувалката за да бидат константно на врвот, да освојуваат титули и како премногу лесно да паѓаат под притисокот во битка за титулата. Кејн, Али, Ериксен, Сон и другите квалитетни играчи, го ставаат како фаворит за другите две места за патот кон Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед пак, е посебна приказна во сето ова, со немањето на пар квалитетни централни дефанзивци, десно крило и играч во средината, е далеку од титула, колку и да навивам за нив. Солскер изненади откако го презема кормилото од Мурињо, но сепак е млад и неискусен тренер и не знам колку би успеал да го стиши еготрипот на Погба, што е клучно за Јунајтед да влезе во муабетот за топ 4.
Изненадува Џејмс и секако Ван Бисака, но сеуште во тимот се присутни тандемот кловнови Смолинг и Џонс, па преку константно повредениот Баји, немаат основа на која би се базирала централната дефанзива, лошата игра на Матич на подготвителните натпревари, не даваат баш розево гледање на работите во оваа сезона.

Арсенал, кои буквално не знаеме што да очекуваме од нив. Со наплив на одлични таленти, но со балканскиот спој во екипата и како јаготка на шлагот, Озил, мислам дека е невозможно да се процени каква игра ќе имаат и какви резултати ќе остварат.
Со играч на позајмица на една сезона и еден трансфер кој ќе се оствари оваа сезона, па на сето тоа додадено и драмењето на Кошчиелни, ја прави ситуацијата во тимот каша-попара.

Возот за Чемпионшип, први го фатија Хадерсфилд, дури на шест кола пред крајот на првеството, па по нив и Фулам и на крај Кардиф.

Тимови кои се приклучуваат од оваа сезона во Премиер Лигата се Норвич, Шефилд Јунајтед и Астон Вила. Од овие клубови немам некои очекувања и мислам дека со Саутемптон се главни фаворити за враќање назад.

Целосен распоред на натпреварите

That’s all folks, let the Premier League discussion begins!!
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.737
Поени од реакции
2.635
Бре плачковци, и што ако ја ресетиравте темата? Челзи е пак со компир гласови :D
 
Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
29.555
Поени од реакции
41.086
Се нема многу сменето од минатата сезона. Сити и Ливерпул повторно ќе се борат за титулата, а другите ќе се влечкаат зад нив.
Според мене мораше Ливерпул да направи еден сериозен трансфер. Секако не дека не можат да најдат апгрејд на ниедна позиција. А не е доволно само да ги задржиш сите играчи. На веќе спремен тим, доволно е само еден квалитетен играч да додадеш и може да те искачи ниво погоре. Како што направи Сити со Родри. Вака освен ако не направи нешто Ливерпул следниве две недели, повторно очекувам Сити да е чекор пред нив.
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
20
Поени од реакции
8
Јунајтед би имал потенцијал за титула доколку реши да ги шкартира Јанг и Џонс.. Не можеш да процениш кој е полош од нив двајца :) Останатите играчи се доста солидни.
Читам некои гласини за Бруно Фернандез во моментов... Бил постигнат договор и со играчот и со Спортинг за трансфер од 70 милиони евра и бил на пат за лекарските прегледи. Ако се оствари трансферот мислам дека солидно ќе се зајакне средината. Исто така на големо се пишува за трансфер на Сергеј Милинкович Савич од редовите на Лацио за.. ни помалце ни повеќе 100 милиони евра како и за трампата меѓу Јунајтед и Јувентус. Глава за глава, Лукаку за Дибала или Коста. Исто така и дека штакарот кој патем е и одличен играч само што не ја исполни целосно довербата ќе се сели на Сантиаго Бернабеу.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.904
Поени од реакции
13.344
Јунајтед би имал потенцијал за титула доколку реши да ги шкартира Јанг и Џонс..
Значи Јунајтед треба да продаде играчи, за да има тим за титула? :D
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
20
Поени од реакции
8
Значи Јунајтед треба да продаде играчи, за да има тим за титула? :D
Реално.. Да, со тие двајца лудаци позади ( Јанг братот ни сам не знае шо позиција игра више ) не верувам дека уште 10 години ќе земат титула. Нормално, кога ќе се шитнат они на нивно место нови да се донесат :) Кога ќе ги видам нив двајца у состав ич не ни уклучувам телевизор да ја гледам утакмицата :P
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.675
Поени од реакции
163.011

Не дека Погба, Рашфорд, Лингард се ладат... од Јанг доаѓа најголемиот проблем на Јунајтед, како и Џонс кој се повредува кога ќе кивне посилно, нема што.

Не заебавај, Јунајтед барем лани немаше никаква стратегија ниту па план како ќе ги игра натпреварите. Оле донесе некоја свежина, на пријателските колку што видов имаше и плански акции и контри, сега колку од тоа ќе успее да се пренесе во лигата и дали бордот ќе го поддржи, ќе видиме.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.737
Поени од реакции
2.635
Милинковиќ Савиќ од никаде испадна шпекулацијата! Изгледа никој не ги прашува па ај да пуштиме шпекулација, истото е со тој Фернандеш. Башка што овој португалецот е големо прашање колку би се снашол во ПЛ.
За Милинковиќ мислам дека ќе се снајде, ама во првата одлична сезона му напумпаа цена, као Роналдо да е, сега кога издиша троа не знаат што да прават, па го држат по жута штампа колку да не изгуби на актуелност!
На Јунајтед сега му фали етичка и работна атмосфера, кого сака нека купат нема да ги вброи во претенденти за титула!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.904
Поени од реакции
13.344
Реално.. Да, со тие двајца лудаци позади ( Јанг братот ни сам не знае шо позиција игра више ) не верувам дека уште 10 години ќе земат титула. Нормално, кога ќе се шитнат они на нивно место нови да се донесат :) Кога ќе ги видам нив двајца у состав ич не ни уклучувам телевизор да ја гледам утакмицата :P
Значи да сумираме. На Јунајтед му треба централен бек, универзален бек за во ротација лево и десно, десетка и десно крило. Плус осмица ако си замине Погба, и некој од Марсиал или Санчез конечно да почне да игра фудбал на деветка. Ситница, стварно има потенцијал тимот. :D
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
20
Поени од реакции
8
Милинковиќ Савиќ од никаде испадна шпекулацијата! Изгледа никој не ги прашува па ај да пуштиме шпекулација, истото е со тој Фернандеш. Башка што овој португалецот е големо прашање колку би се снашол во ПЛ.
За Милинковиќ мислам дека ќе се снајде, ама во првата одлична сезона му напумпаа цена, као Роналдо да е, сега кога издиша троа не знаат што да прават, па го држат по жута штампа колку да не изгуби на актуелност!
На Јунајтед сега му фали етичка и работна атмосфера, кого сака нека купат нема да ги вброи во претенденти за титула!
Ниеден тим не се отпишува на почеток на сезона :) А тоа со цените.. Све отиде у ***** , деца од 18 години ѓи плаќаат по 50 милиони.
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
20
Поени од реакции
8
Значи да сумираме. На Јунајтед му треба централен бек, универзален бек за во ротација лево и десно, десетка и десно крило. Плус осмица ако си замине Погба, и некој од Марсиал или Санчез конечно да почне да игра фудбал на деветка. Ситница, стварно има потенцијал тимот. :D
Ако се шитнат Јанг и Џонс ќе фалат лев и централен бек, не знам од кај ги извади сите овие позиции. Патем, не ни мора ништо да купуваат бидејќи имаат доста млади деца од нивната школа. На местото на Погба ќе игра МекТоминај, на местото на Јанг може да игра Лук Шо или Камерун Бортвик, а пак на местото на Џонс кој и да го стават ќе заврши поише работа него самиот он.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
10.904
Поени од реакции
13.344
Ако се шитнат Јанг и Џонс ќе фалат лев и централен бек, не знам од кај ги извади сите овие позиции. Патем, не ни мора ништо да купуваат бидејќи имаат доста млади деца од нивната школа. На местото на Погба ќе игра МекТоминај, на местото на Јанг може да игра Лук Шо или Камерун Бортвик, а пак на местото на Џонс кој и да го стават ќе заврши поише работа него самиот он.
Па ако може да игра Лук Шо на местото на Јанг, Јунајтед веќе има тим за титула, зошто Лук Шо е веќе во Јунајтед.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.675
Поени од реакции
163.011
Ако се шитнат Јанг и Џонс ќе фалат лев и централен бек, не знам од кај ги извади сите овие позиции. Патем, не ни мора ништо да купуваат бидејќи имаат доста млади деца од нивната школа. На местото на Погба ќе игра МекТоминај, на местото на Јанг може да игра Лук Шо или Камерун Бортвик, а пак на местото на Џонс кој и да го стават ќе заврши поише работа него самиот он.
Ало друже, Камерон туку што го одбија на трајал во Херенвен, ти на него се надеваш за Јунајтед.

Проблем е што поголем дел од фан базата има нереални очекувања и после се треснува на газ.
 
На врв Bottom