- Член од
- 14 февруари 2013
- Мислења
- 1.804
- Поени од реакции
- 2.373

По неколкунеделно влечкање со пишување на темата, од оправдани причини, на помалку од две недели од почетокот на Премиер лигата, редно е да се отвори темата за најпопуларната фудбалска лига на светот, која по 28 пат се надеваме ќе ги задоволи потребите за квалитетен фудбал и на најпребирливите фудбалски сладокусци.
Сезоната 2019/2020 ќе ја отворат тимот на следнатаенашаЛиверпул, против повратникот Норвич, натпревар кој ќе се одигра на пречист петок(9 август), со почеток од 21 часот.

Бранител на титулата е Манчестер Сити, кој освен Родри, досега не доведе некои звучни засилувања, кои со оглед на сегашниот ростер, ниту имаат потреба. Од тимот на шампионот си заминаа иконата на тимот и долгогодишен капитен, Винсент Компани и Фабијан Делф.
Типувам дека Сити можеби би купувал стопер, поради Биди-Бади синдромот во срцето на одбраната(со заминувањето на Компани), која како да е хроничен проблем на двете екипи од Манчестер и крило, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Сане ќе оди во Баерн Минхен. Како и да е, Сити се фаворит број еден за освојување, а воедно и одбрана на титулата.
Ливерпул, ланскиот второпласиран тим и освојувач на ЛШ, има најголема шанса да држи чекор со Сити, можеби и да освои титула, на која чекаат од промената на називот на лигата во Премиер.
Пеколното трио во нападот со Мане и Салах по крилата и Боби шорц Фирмино, Ван Дајк како лидер во одбраната, одличниот голман и можеби не толку голема на имиња, но компактна средина и нивната уиграност, тимски дух, Клоп-факторот и изгубениот лузерски менталитет со освојувањето на ЛШ, ми дава за право да мислам дека и оваа година ќе биде 2 horce race за титулата во Премиер лигата.
Челзи поради трансфер банот и младиот и неискусен тренер, ми се непоимливи да бидат вклучувани во битката за титулата, иако ќе бидат тврд орев во битката за топ 4.
Повредите на младите и надежни играчи и единствениот трансфер досега, односно трансферот на Ковачич, кој ништо не покажа претходната сезона, за мене ги остава на петтата позиција.
Тотенхем, стандардно солидни, но некако како да го немаат тој последен дел од сложувалката за да бидат константно на врвот, да освојуваат титули и како премногу лесно да паѓаат под притисокот во битка за титулата. Кејн, Али, Ериксен, Сон и другите квалитетни играчи, го ставаат како фаворит за другите две места за патот кон Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед пак, е посебна приказна во сето ова, со немањето на пар квалитетни централни дефанзивци, десно крило и играч во средината, е далеку од титула, колку и да навивам за нив. Солскер изненади откако го презема кормилото од Мурињо, но сепак е млад и неискусен тренер и не знам колку би успеал да го стиши еготрипот на Погба, што е клучно за Јунајтед да влезе во муабетот за топ 4.
Изненадува Џејмс и секако Ван Бисака, но сеуште во тимот се присутни тандемот кловнови Смолинг и Џонс, па преку константно повредениот Баји, немаат основа на која би се базирала централната дефанзива, лошата игра на Матич на подготвителните натпревари, не даваат баш розево гледање на работите во оваа сезона.
Арсенал, кои буквално не знаеме што да очекуваме од нив. Со наплив на одлични таленти, но со балканскиот спој во екипата и како јаготка на шлагот, Озил, мислам дека е невозможно да се процени каква игра ќе имаат и какви резултати ќе остварат.
Со играч на позајмица на една сезона и еден трансфер кој ќе се оствари оваа сезона, па на сето тоа додадено и драмењето на Кошчиелни, ја прави ситуацијата во тимот каша-попара.
Возот за Чемпионшип, први го фатија Хадерсфилд, дури на шест кола пред крајот на првеството, па по нив и Фулам и на крај Кардиф.
Тимови кои се приклучуваат од оваа сезона во Премиер Лигата се Норвич, Шефилд Јунајтед и Астон Вила. Од овие клубови немам некои очекувања и мислам дека со Саутемптон се главни фаворити за враќање назад.
Целосен распоред на натпреварите
That’s all folks, let the Premier League discussion begins!!
Последно уредено: