Фан Клуб: Вардар

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.656
Поени од реакции
4.298
Ајде нека ни е честито титулата, пред се на сите оние што го следевме и бодревме Вардар и изминативе 3-4 сезони кога неможеа шанса да направат и беа нонстоп на дното, а потоа и на оние кои сега во јули ќе го полнат Градски на европски утакмици. Конечно по подолго време се осеќа надежта дека тргаат работите на подобро, се надевам дека влагаме во серија титули многу поголема од онаа од 93-95 и дека новите генерации на Вардар ќе му го донесат и толку очекуваното и заслужено учество во некој од Европските купови.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Моментално се на патарина. Глупост невидена е да се акаш 20 km до патарина, кога и вака и така играчите мора да дојдат до стадион.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Моментално се на патарина. Глупост невидена е да се акаш 20 km до патарина, кога и вака и така играчите мора да дојдат до стадион.
А што им е фората со патарината стварно не знам.Фино лепо ги собереш сите во парк пред стадионот и крај.
Ако не сум можел до Кратово да идам,не можам ни до патарина -.-
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Сега се враќам после патешествијата до Кратово.Најјако навивање до сега оваа сезона според мене.Околу 150 до 170 Kомити присутни во Кратово кој со кола,со комбе,некои дури од вчера биле таму.После победата тргнавме во колона позади автобусот со играчите.Застанавме на скопската патарина и фешти се дешаваа.Коли почнаа да застануваат се чудат луѓево :pos: ..Најинтересно беше кога Огбона ја откорна шипката од патарина онаа што се спушта и играше со неа :pos::pos::pos: ..После тоа пак прослава со играчите пред стадионот во тоа пролазот грмеше "Шампионе Шампионе"..Ајде вечер има да биде славење до утринските часови.. Поздрав се одјавувам :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Сега се вратив од прославата на стадионот/плоштад/рекорд......... :D
Малку бевме,едно 250 души,но беше доста лудо.Мене ме мрзи,нека пише некој друг што се дешаваше :)

п.с Дај некако да ги најдеме кои се тие женските на рекорд што беа :ROFLMAO:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Четири ката над Жито Лукс (или Жито Леб како и да се вика:D):D


Тоа е тоа со години го чекавме моментот! :icon_mrgr:
Штета што не беше ништо официјално организирано туку се собравме спонтано, од рекла казала муабети :D

Околу 300 луѓе ги пречекавме играчите пред стадион. Тука настапи лудилото. Неколку бакљи и стробови, грмење долго време :D
После продолживме во подтрибинскиот простор, а таму беше калакурница. Лудило е мал збор. Особено Огбона кога улета како џокер во покер, ќе се распаднеше ходникот :icon_mrgr: Не ен нормален како ме изнасмеал хахахахаха
Само он од играчите се приклучи на шутките :D
Фичо беше носен на рацете на неколку навивачи, ама сепак главното ќе биде на 23-ти. Ова беше за наша душа, за најверните, за сите оние кои со години го чекавме моментот :icon_mrgr:
Мора малку клубот да помогне во порлсвата, ако ништо друго барем играчите да дојдат на школка со трофејот. Ништо не превзема клубот на ова поле...

После тоа се упативме накај плоштад. Се пееше цело време, излегуваа луѓе од зградите гледаа и се чудеа :D
На плоштад застанавме малку и кај фонтаната и се пееше неколку минути. После тоа по улица македонија однопво лудување, за лудилото да финишира кај Рекорд.
Ја блокиравме улицата околу 100-тина души и почнаа глупостите :pos:
Од една заграда се појавија ѕвездите на вечерта, неколку Охриѓанки, од кои едната почна да се соблекува и го привлече вниманието :D
Сите застанаа по зградата и се тераше тежок ремет, особено со правењето на склекови на сред улица :pos::pos::pos:
Одамна не сум се смеел вака, типкава од горе се крши ли се крши, комедии беше.
Го размрдавме малку градов, го кренавме центарот на нозе како навестување за тоа што ќе следи на 23 Мај :)
На широкиот репертоар песни, поминаа сите, од песни за Вардар до поздрав за шконовите и еднаш О Сузана :icon_mrgr:

Во Кратово билo уште помрднато, најзакон гостување било во последниве години, скоро сите од кајганава биле, само јас не најдов превоз :вонзем:
Нека пишат они како поминале :D
Само ќе кажам дека сите влегле во терен, некој пасел од тревата, некој ги собрал корнер знаменцата итн...:D
Ќе гледаме од клипови :D

ОВА Е, ОВА Е, ОВА Е ЦРВЕНО-ЦРНИОТ СВЕТ!

Честито титула момци, нека ни се множат, заслуживме!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Овој па овој па се знае и коа иде и коа не иде дава реферати ко извештај :D Бетер од Атанас Костовски си бе :D
Не давам реферати од кај што не идам :D
Затоа за Кратово оставив да си кажат тие што биле :D
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Ќе си го ископирам постот што мислев тука дека го пишував. Малце ја утнав темата :D


!!!!!!
Редно време беше, по толку години гледање како селски клубови не победуваат, третолигашки играчи го носат светиот дрес. Конечно и ние да се израдуваме. Капнат сум, од работа од тафталиџе трчав до Градски само да ја осетам атмосферата,радоста. Оние 150-200 души што идевме лани кога бевме претпоследни, истите ги видов и сега во тоа спонтано собирање. Неописиво чувство.
Прославата тек сега започнува !!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom