Фан Клуб: Вардар

Член од
10 ноември 2024
Мислења
14
Поени од реакции
93
Додека чекаме фудбалери со квалитет каков што Македонија нема видено - едно мало музичко интермецо.

Малку е подзаборавено, море скроз е заборавено, дека песна за Вардар има напишано и Влатко Стефановски. Премиерно ја изведе на ревијалниот меч на ветераните на Вардар 86/87 против ЈУ селекцијата (27.04.2002). На таа утакмица Комити славеа 15-годишнина, а се одбележуваше и 15-годишнина од освоената титула во првенството на СФРЈ. Ич не нè болеше кур за тоа што титулата подоцна му е одземена на Вардар на крајно безвезен начин.

Песнава долго време не можеше да се најде никаде. Пред некој ден пак го гледав мечов (го има на јутјуб во делови), па се потсетив на песнава и ја побарав пак. Пред година дена некој ја поставил на Јутјуб. Кога ќе ја чуеш, јасно е зошто никогаш не заживеала. Невозможен крш е, не ми е јасно како Влатко успеал да сними ваква неслушлива работа. Дури и „Здраво Вардар“ на Ванчо Тарабунов делува посериозно од чудово на Влатко. Просто, нумерава е Азер Омерагиќ на навивачката музика. Ама нека стои тука, чисто за архива.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
449
Поени од реакции
2.240

На Цеки песната дефинитивно највеќе заживеа, и најдолго издржа. Со право...

Кога влезе Кометал во клубот пробаа исто како сега и сегашнава гарнитура со сељачко менување на се што дотогаш било актуелно од дресови до песни на разглас, со тоа и овие певливи стихови ги снема, сепак остануваат како сведоштво на едно убаво време...

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom