Четири ката над Жито Лукс (или Жито Леб како и да се вика
)
Тоа е тоа со години го чекавме моментот!
Штета што не беше ништо официјално организирано туку се собравме спонтано, од рекла казала муабети
Околу 300 луѓе ги пречекавме играчите пред стадион. Тука настапи лудилото. Неколку бакљи и стробови, грмење долго време
После продолживме во подтрибинскиот простор, а таму беше калакурница. Лудило е мал збор. Особено Огбона кога улета како џокер во покер, ќе се распаднеше ходникот
Не ен нормален како ме изнасмеал хахахахаха
Само он од играчите се приклучи на шутките
Фичо беше носен на рацете на неколку навивачи, ама сепак главното ќе биде на 23-ти. Ова беше за наша душа, за најверните, за сите оние кои со години го чекавме моментот
Мора малку клубот да помогне во порлсвата, ако ништо друго барем играчите да дојдат на школка со трофејот. Ништо не превзема клубот на ова поле...
После тоа се упативме накај плоштад. Се пееше цело време, излегуваа луѓе од зградите гледаа и се чудеа
На плоштад застанавме малку и кај фонтаната и се пееше неколку минути. После тоа по улица македонија однопво лудување, за лудилото да финишира кај Рекорд.
Ја блокиравме улицата околу 100-тина души и почнаа глупостите
Од една заграда се појавија ѕвездите на вечерта, неколку Охриѓанки, од кои едната почна да се соблекува и го привлече вниманието
Сите застанаа по зградата и се тераше тежок ремет, особено со правењето на склекови на сред улица
Одамна не сум се смеел вака, типкава од горе се крши ли се крши, комедии беше.
Го размрдавме малку градов, го кренавме центарот на нозе како навестување за тоа што ќе следи на 23 Мај
На широкиот репертоар песни, поминаа сите, од песни за Вардар до поздрав за шконовите и еднаш О Сузана
Во Кратово билo уште помрднато, најзакон гостување било во последниве години, скоро сите од кајганава биле, само јас не најдов превоз
Нека пишат они како поминале
Само ќе кажам дека сите влегле во терен, некој пасел од тревата, некој ги собрал корнер знаменцата итн...
Ќе гледаме од клипови
ОВА Е, ОВА Е, ОВА Е ЦРВЕНО-ЦРНИОТ СВЕТ!
Честито титула момци, нека ни се множат, заслуживме!