- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.735
Добро, тоа што го кажуваш е вадење од гомна. Почнуваат со „објективно" аргументирање зошто А е подобар писател од Б (Б е застарен, Б е досаден итн.) и кога ќе презентираш подобри аргументи, се вадат дека е прашање на „вкус", односно преминуваат на перспективизам.Сето е тоа така и во ред е. Меѓутоа, јас и не мислев на такви разлики од кои би произлегла добра дискусија, квалитетна размена на мислења. Не сум против различни вкусови, а уште помалку сум елитист. Јас на пример, подолг период читам фантастика, хорор и по нешто сф, што во извесна смисла е дисквалификација кога е во прашање елитизмот (ниеден од овие жанрови, освен ретки одделни дела, не бил наметнат како книжевно поле на кое се создава врвна уметност).
Со задоволство го читам Р.Е.Ховард, но знам дека независно од неговата историска улога во развојот на книжевната епска фантастика, тој е сепак третолигаш во споредба со некои други имиња.
Станува збор за појава што е прилично застапена, кога неодбранливи позиции се оправдуваат со излишност од расправа за вкусови. Едно е да расправаш дали Толстој е подобар од Достоевски, или Крлежа од Андриќ, друго е да тврдиш дека Ден Браун е подобар од Шекспир, затоа што, ете така, вториов пишувал пред 4 и кусур века, па е застарен.
Р. Е. Ховард е супер. Сум му ја читал „Црвите од земјата" и други кратки раскази објавени во „Виард Тејлс". Ги обичам тие треш фаци. Стилистички тој ми е многу подобар од Лавкрафт, но Х. П. Лавкрафт е познат поради неговите концепти за космицизам што подоцна ги користат во мал милион научно фантастични/хорор филмови, литературни дела и игри.