Горе-долу истите ги бараме. Јас ги барам сите од Орхан Памук издадени од Табернакул, ама по пристапни цени. На саем најдов една 500-че беше и се пишманив.
Куќата на Мазарена ја имам. Одлична е. Ја земав лани, ама не се сеќавам колку. 200 ден. мислам.
Од број 5 до 13 и јас ги барам. Балканвавилонци ја видов на саемот мислам, ама не прашав што цена беше, гарант соленка.
Ја барам и Разговор со Спиноза од Смилески.
И дајте предлози што вреди од Или-Или, да се искористи попустот до крај на август. За предлози, мислам на тебе и
@Saladin како најверни Или-Или трошаџии.