- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.876
- Поени од реакции
- 36.921
Доктор Џекил и Мистер Хајд - Роберт Луис Стивенсон
Темплум
Книгата е отприлика околу стотина страни и се чита за ден или два, зависи колку слободно време имате и колку брзо читате. Станува збор за адвокатот Габриел Атерсон инаку близок пријател на добриот доктор Хенри Џекил кој се обидува да ја открие мистеријата околу поврзаноста на неговиот пријател со Едвард Хајд.
Мистеријата на крај се разјаснува со двете писма кои ги добива Атерсон а посебно второто писмо од Хенри Џекил кое е piece de resistance на книгата за двете радикални страни на една личност, желбата да се биде скришно лош, всаденото дивјаштво во секој човек кое може да исплива на површина и да завладее со него.
Добро книжуле.
4/5
Планини на лудилото - Х. Ф. Лавкрафт
ПНВ Публикации
Негде повеќе од половина сум на книгава и искрено приказната ми се допаѓа. Станува збор за експедиција на Антартикот која се сретнува со многу чудни работи на ново откриените неистражени планини длабоко на замрзнатиот континент.
Книгата е раскажана во прво лице од страна на геологот Вилијам Дајер кој се обидува со овие белешки да одврати идни експедиции од одење на Антартикот.
Раскажувањето на Лавкрафт ми е генерално ОК иако на моменти знае да заморува бидејќи непотребно повторува исти работи.