Тука коментираме книги

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Магла - Мигел де Унанумо

Книгата се врти околу главниот лик Аугусто, богат млад човек со специфичен налудничав карактер кој се чувствува неисполнет во својот живот. Аугусто се заљубува во Еухенија, девојка која ќе ја сретне на улица кога ќе помине покрај него. Станува луд по неа (или по целиот женски род), и се обидува да ја придобие и ожени. Во меѓувреме му станува интересна една друга девојка Росарио, со што почнува да се прашува дали навистина е заљубен или е полуден од страст.Посебно ми се допадна делот кога Аугусто оди да го посети писателот во неговиот роден град и имаат дијалог дали ликот треба да преживее или не.

Интересна книга. На моменти заморна ама ок е.

Некој бил тука - Николина Андонова Шопова

Ме бендиса романот на годината, и нејзиниот стил како и кратката приказна. Мрачен роман со копање во минатото и лошите спомени, писхолошкото значење на самотијата во станот, исполнето со силни емоции. Иако се чита брзо за еден - два дена, мислам дека приказната поседува одлична длабочина што е стварно успех да се изведе тоа со толку краток роман.

Лужиновата одбрана - Владимир Набоков

Е ова веќе е права ствар. Напишан во неговиот препознатлив стил, приказна за малиот срамежлив, интровертен и чуден Александар Иванович Лужин кој го открива шахот и доживува огромна страст кон спортот, неговото израснување во светски велемајстор и на крај неговото полудување.

Набоков перфектно ја гради приказната за Лужин и неговото созревање но задржувајќи ги своите карактерни особини како и одличните споредни ликови секој со свој битен дел во приказна како што е појавувањето на неговата идна сопруга чија љубов е отворена за интерпретација дали навистина го сака или сака само да го спаси со мајчински инстинкт кон него да го заштити од шахот, па понатаму татко му, Валентинов кои имаат клучна улога во мозаикот на оваа приказна па и неговиот најголем противник Турати.

За крај, фантастичен е последниот дел од книгата кога кревкиот Лужин почнува да верува дека самиот он се наоѓа во една шаховска партија.

Ремек дело е романот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Наивен. Супер - Ерленд Лу

Приказната е прераскажана од 25 годишен дечко кој го мачат прашања за смислата и целта на животот и слични прашања и како он се носи со нив. Напишана е на интересен и едноставен стил но писателот успева да ја погоди целта и да ги чепне тие прашања. Мислам дека е добар писател човеков. Искрено ми се допадна книгата. Не беше нешто ептен впечатливо ама вреди да се прочита.

Глувци и луѓе - Џон Стајнбек

Класика новела од Џон Стајнбек опишувајќи го животот на day to day workers во САД. двајцата ликови Џорџ и Лени две различни спротивности кои навикнале на себе и заедно патуваат од фарма до фарма каде што бараат да работат што било. Класика новела со право. Одлична проза и ликови, мајсторски напишана. Ептен ме бендиса.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Југослав - Ана Вучковиќ

Не ми е довршен, но јасна ми е линијата по која ќе се движи. Поетски роман за интимната загуба, за времето кое никогаш нема да се врати - елегија за умрениот татко, умрената земја и времето. Роман-ретроспекција, можеби баш тоа што ми требаше.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Смрт во Венеција - Томас Ман

Смрт во Венеција е новела од германскиот писател Томас Ман. Приказната е за познатиот германски писател Густав Ашенбах кој доживува писателска блокада и се решава да патува во Венеција. Таму тој доживува моменти на ослободување од своите маки и доживува психичка а богами и физичка опсесија кон едно младо момче сместено во истиот хотел.

Мало книгиче ама воопшто не ми беше лесно за читање. Си бара концентрација при читањето за целосно да се доживее феноменалната проза на Томас Ман. Одлична новела, почнувајќи од прозата, стилот на пишување па се до значењето на настаните и приказната како и крајот на истата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Tри направија мобилна апликација на кој имате неколку нивни изданија на книги бесплатно за читање онлајн. Имаше од Коста Петров, Игор Џамбазов и други.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Tри направија мобилна апликација на кој имате неколку нивни изданија на книги бесплатно за читање онлајн. Имаше од Коста Петров, Игор Џамбазов и други.
Isto i na knigoteka. Davaat kupon za edna besplatna kniga i kupon od 250 za druga. Ima mnogu makedonski avtori.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Isto i na knigoteka. Davaat kupon za edna besplatna kniga i kupon od 250 za druga. Ima mnogu makedonski avtori.
Не знам зошто не се направи една апликација кај што ќе се книгиве од сите издавачи. Книготека е супер ама ги нема Литература.мк.. Барем се надевам ќе ги има во некое време.

На Три апликацијава Книга приметувам дека ги зачувува на меморијата на мобилниот ама не може никако да се отворат некој фајл Epub се и тоа е добро што е така сепак некој ќе најде начин за да ги извади со тоа што ќе го ископира цел текст :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Колекционер - Џон Фаулс

Едвај некако од ваму од таму успеав да се докопам до оваа книга, барем на позајмица. Ја имам дома “Жената на францускиот поручник” ама прво сакав да се запознаеме преку неговата прва книга, како што е редот.

Да се категоризира оваа книга само како психолошки трилер е навреда за истата. Се што очекував од Фаулс и од оваа книга ми се исполни, дури и многу повеќе. Целата приказна, како еден човек се менува кога ќе ми биде скратена слободата, темите и концептите кои ги наметнува за размислување преку двата лика кои самите се толку специфични во своите карактеристики, ептен ми направи ќеф. И тука е феноменалниот стил на пишување, таму кај што треба продлабочено, на друго место остро како нож со кратки реченици.

Фаулс е грамада, книгава е ептен добра.
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.285
Не знам зошто не се направи една апликација кај што ќе се книгиве од сите издавачи. Книготека е супер ама ги нема Литература.мк.. Барем се надевам ќе ги има во некое време.

На Три апликацијава Книга приметувам дека ги зачувува на меморијата на мобилниот ама не може никако да се отворат некој фајл Epub се и тоа е добро што е така сепак некој ќе најде начин за да ги извади со тоа што ќе го ископира цел текст :)
https://www.zamzar.com/convert/epub-to-pdf/ - ako ti zatreba tuka samo convert i resen problemot. jas mnogu knigi taka si gi praam i nema gajle.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Книги што ги прочитав за време на коронишче изолација. Ќе ги ставам во спојлер мислењата за делата кои се фикција. Нема да спомнувам ништо од приказната, но сепак, за да не влијаам со моето мислење.

„Мачешка лулка“/„Cat's Cradle“ - Курт Вонегат 9/10
Екстремно добра научно фантастична комедија, на Курт Вонегат, авторот на „Касапницата-Пет“. Култна класика. Напишана во 60-те, книгава е сатира на религијата, политиката и науката во општеството, за време на ладната војна. Лесна за читање, забавна и со една цела нова фиктивна религија.

„The Big Sleep“/„Големиот сон“ - Рејмонд Чандлер 8/10
Ова е детективска ноар новела што ја имам испуштено. Дел од поголем серијал на Рејмонд Чандлер во кој главен карактер е Филип Марлов, огорчен детектив којшто е циник, пијандура, но праведен. Влегуе у бељи и дрско им се спротиставува на сите што му го кршат моралниот код. Инспирација на многу ноар детективи понатаму, суштински различен од архетиповите на Шерлок и Поаро. Лесно за читање и забавно. Книгава спаѓа у класици.

„Of Mice and Men“/„Глувци и луѓе“ - Џон Стајнбек 9/10
Многу ми е криво што оваа класика ја немам прочитано порано. Ја, стока од 190 см, плачев на некои делови. Стилистички лесна, содржински тешка ко сизифовиот камен. Навлага во психологијата на човекот од добата на Големата Депресија во Америка и на едноставен начин, кажува многу тешки работи низ приказната на двајцата протагонисти Џорџ и Лени. Топло препорачувам, ова е култна класика.

„Gitanjali“/Гитанџали - Рабиндранат Тагоре 10/10
Збирка поезија во својата најголема чистота и искреност. Рабиндранат Тагоре (иначе ликот што ги има направено химните на Индија и Пакистан) е еден од најважните индиски писатели во историјата. Многу од поезиите му се посветени на Вишну, но ова е опишување на поезија, а тоа не е арно. Ако нешто може да ја постигне својата естетска совршеност од аспект на пишана форма, тоа е поезијата напишана од добар поет. Исто така, најлошото нешто во литературната уметност е поезијата напишана од лош поет. Ова е првото.

„Washington by Nights“ и „The Fall of Atlanta“ - White Wolf Publishing 7/10
Ова се практично книги за фанови на франшизата „World of Darkness“ и „Vampire the Masquerade“. Добри се. „Fall of Atlanta“ е првата од четири книги што ги собираат сите клан саги по хронолошки редослед и мислам дека никој овде не знае за што зборуем ниту го интересира.

Од стручна литература:

The Mythology Book 9/10
Ако не знаете ништо за митологија и ви треба краток осврт во 250-300 стр., ова е книгата за вас. Книгава е дел од еден поголем серијал книги на DK Publishing, Big Ideas Simply Explained во кој има вакви книги за филозофија, психологија, филмови, литература, наука, политика, економија, историја и многу други теми. Книгите се со илустрации, лесни за читање и забавни. Секој аналфабет за некоја тема може да добие општи енциклопедиски знаења за истата. Патем, го препорачувам цел серијал, не само книгава.

Светото и световното“ - Мирча Елијаде 9/10
Анализа на дихотомијата помеѓу светото и профаното и можеби најдобрата психолошка книга за умот на homo religious и подлабокиот концепт за митосот, религиозната космогонија и хиерофанијата. Бара некое познавање од областа на религијата и филозофијата, но може да биде разбрана и од читател кој не е премногу запознаен со овие проблематики. Напишана е кохерентно, во многу добар стил.

Dark Enlightenment - Kennet Granholm 9/10
Книга во која авторот го анализира историскиот и социолошкиот контекст на современата езотерија, од западниот магиски препород, па навака, сево ова низ филозофски дискурс. Книгата е ориентирана кон Драгон Руж, но низ студијата на Драгон Руж, дава општ увид на различни езотериски правци.

„Who am I? The 16 Basic Desires That motivate our Actions and Define Our Personalities“ - Steven Reiss 8/10
Ова звучи ко тралалајка, ама не е. Базирана е на истражувања на проф. д-р Рајс и поврзана е со основните човекови пориви. Има номотетички пристап. Напишана е во лесен стил и упростено, не се сложувам со сѐ, но книгата е добра за сите што ги интересира психологија на личност.

Cognitive Psychology - Robert Sternberg 10/10
Ова е малце покомплицирана и постручна книга, потребни се некои основни знаења за психологија и филозофија, иако авторот го запознава читателот со поголемиот дел од концептите нужни за да се разбере напишаното.

Тhe Cambridge Handbook of Personality Psychology 10/10
Ова е ептен стручно и детално научно навлегување во психологија на личност. Книгата е збирка есеи од еминентни научници, како и многу други прирачници од ваков тип. Препорачано само за читатели со добри познавања за психологија, генетика, филозофија и општо наука.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Ги читнав Другата страна од Ѓорѓи Крстевски и Секој со своето езеро од Ненад Јолдески, и кратките раскази од првиот ми се допаднаа повеќе. Баш се кратки ама многу интересни приказни одлично напишани. Знам дека Секој со своето езеро прилично ја фалат па можда is not my cup of tea.

Шега - Милан Кундера

Првата новела на Кундера со добра доза на сатира е вистинско уживање да се чита. Книгата се состои од раскажување на четворица ликови сите испреплетени меѓу себе со различни карактери и размислувања. Мислам дека книгата е многу повеќе од сатирична новела и низ неа се провлекуваат сериозни теми кои Кундера мајсторски ги поставува како што се комунизмот и политизираноста на општеството, промените на човековите судбини при еден таков нов режим, ретроспектива на минатото, огорченоста а и секако љубовта која е битен дел од овој роман. Одлична книга.

Чума - Албер Ками

Егзистенцијализмот и апсурдот на Ками пуштени на најјако. Во книгата станува збор за француско алжирскиот град Оран кој е погоден од епидемија на чума. Ками ги обработува човековата состојба и психа при таквите околности. Сизифовската борба со чумата која се провлекува како незапирлива сила, воведениот карантин и отсеченоста од светот ги тера жителите на градот Оран и ликовите на овој роман кон различни постапки и состојби. Не знам, малку тешко ми е да опишам едно вакво ремек дело. Треба да се прочита. Секој што си поштува добра книга треба да ги прочита Шега од Кундера и Чума од Ками.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Другата страна е во потесен круг за Европската награда за литература што ја доделува ЕУ, заедно со Страв од варвари (одличен роман), Последните денови на Ханс и Утеха за голите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom