Многу сум поделен за Brave New World, започна прилично мрачно и многу уживав меѓутоа многу од ликовите и нивното развивање ми беше избрзано, но се до самиот крај, и не знам колку е тоа добро или лошо, ме тераше да размислувам за одредени ситуации, концепти... до степен да заборавам да читам. Како книга, осеќам дека сум прочитал, гледал итн далеку поинтересни концепти за утопии и дистопии па не беше многу исполнувачки, но сепак книгава ми остана у глава, и уште долго ќе ми биде најверојатно.
И зошто побогу не му го користеа името Џон, цело време го викаа savage. Го замислував овој раперон
21 savage со фејс татуус, суканици, што мумла како конечно го пуштаат во цивилизиран свет и ситуации и се смеев како фока.
4/5 ипак
--
Моментално ја читам Flowers for Algernon. Се работи за научници кои успеале да ја кренат интелигенцијата за минимум 3 пати кај животни, па сега сакаат да пробат на луѓе, конкретно на Чарли, лик кој е ментално заостанат со 60 ајку. Интересното за книгата е концептот, за време на тестирањето Чарли мора да си ги запишува мислите како дневник, и тука ние го читаме, граматички грешки и муабети што 6 годишно дете ги прави, па после операцијата пишувањето, кохерентноста на мислите, меморијата, се тоа се зголемува по малку и ние тоа го примеќаме, но тој не... засега е интересно возење. Но што ќе се случи случи со главниот лик Чарли, бидејќи состојбата на глушецот на кој претходно бил тестиран истиот третман - почнува да се влошува...