Како што кажа, ти за тоа протестираш. Некои тука протестираат за распуштање на алфите, други за тигрите, трети против Јанкулоска, четврти од не знам што...
И пак вртење во круг, и пак јас немам основа, а пак и пак, самите сте контрадикторни.
Не туку се дувај на форум, ме заболе за што протестираш ти. Прашањето беше, колективно, за што протестирате вие? Ако под вие подразбирате дека секој сам за своја кауза си протестира.... Ниту ќе добиете нешто, ни бутур. Кога некој протестира/штрајкува има одредени барања кои сака да се испочитуваат за да престане да протестира/штрајкува. Ако е твоето барање реформи во полиција, на друг распуштање на алфи, на трет оставка на Јанкулоска.... ај погоди, што ќе се случи на крајот.
Не сум јас крива што не сте организирани како треба и немате заедничка кауза сите.
--- надополнето: Jun 8, 2011 6:17 PM ---
Да тешко на брат му, и на родителите, и на сите што се жртви во оваа земја. Жалењето и патењето нема да ја смени ситуацијата. Јас прашав како да ја смениме ситуацијата и добив куп лични мислења, ниту едно заедничко, што би требало да ја карактеризира групата.
Јас нема да протестирам без да знам за што протестирам и што барам.
И не очекувајте поддршка иако реално многу сакаат да ве поддржат, зборувам посебно за членовите на ВМРО. Нема да ве поддржат не затоа што мислат дека треба да се убива од страна на полицијата. Туку затоа што исто како мене, не се сигурни што се бара, и дали нивниот избраник Никола, ќе биде главна тема на протестите.
Мислете на тоа, ако очекувате поддршка.