- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.777
- Поени од реакции
- 12.241
Почивај во мир момче, лесна ти земја
Тешко на брат му и неговите родители. Млади животи, нашата иднина...
Знаеш дека со еден удар може да осакатиш човек, да го парализираш...посебно младо и кревко момче? Можеш и да го убиеш, иако си женско и послаба од некого. Со вакви удари сосема се сигурни внатрешни повреди, перфорација на витален орган, крварење кои уште посигурно водат во еден правец. А човек кој е обучуван за вакви дејства и санација и последици од тие дејства е повеќе од сигурно дека знаел за последиците од вакви удари. И јас сум се почесто нервозен, но не тепам и убивам. А тоа е барем лесно, ако си таков тип човек. Еден удар и...Не, намерно го бркал и намерно го удирал. Немал намера да го убие. Но го убил и ќе одговара за тоа.
затоа што овој случај не е осамен и единствен. Или полицијата го пречекорува своето овластување или безбедноста е ужасно слаба. Многу деца последно се избодени, отепани, истепани...Полицијата е присутна да превенира и да ги заштити граѓаните и имотот, а не да ги штити само функционерите, не е приватна армија. To serve and protect...не да тепа и убива. Тестовите кои ги содржи можен прием во МВР покрај физички способности и издржливост, содржеа и психолошки тестови, анализа на личноста. И да, одговорноста за непреземањето мерки, за се послабата безбедност и ваквите насилни испади од одредени единици не паѓа само врз поединецот сторител. Изолираноста на ваквите појави е само славно минато. Како да живееме во Богота. Многу лесно се крева рака и удира, за ситница...погледни ги само заканите кои прштат и на форумите, за ништо, за неважни теми.Направете некаква програма. Зошто да излезам на протест? Објаснете. Потенцирајте.
Тешко на брат му и неговите родители. Млади животи, нашата иднина...