Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Го гледав тоа, лошо си го сфатил. Хипотетичка анализа правеа некоја(не знам што кур уопште е тоа) според која, во некоја замислена ситуација доколку џандарот би бил од СДС како А1 би реагирале на таков развој на настаните.

Да, кретенески во секој случај, али далеку од тоа избегале до таа граница сериозно да имлицираат такво нешто.
И да сум сватил погрешно, која им беше целта на таа информација ? Само да го збунат народот.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Јас сум од Прилеп и освен на Тв и нет,немам друг начин како да се инсформирам за било што. Е па богами се информирав...Со ваква "демократска" атмосфера и право на изразување не знам до кај ќе стигнеме. На новинариве и на уреднициве се думам само од кај им ги дале дипломите,од партија или од факултет !?!?!?

Новинар = ЛЕШИНАР! Копиле шо има право да јаде гомна по све и свашта со амин од матичната партија!
Не се тие криви,криви се од СРД шо му дале лиценца за работа (а и СРД не треба да постои,пошто ионака е партиски ориентирана),та и на А1 та и на Сител.....Го отруја народов со срања што тие ги нарекуваат ТОП ВЕСТ на денот!

ОБЈЕКТИВНОСТ - Ку*ов мој!

Мој совет: направете нешто корисно за својата татковина - ЕМИГРИРАЈТЕ!
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Претерано е ова.
Протестите се исполитизираа. Треба да земем пример од шпанија кој имаа успешен мирен протест.
Ние меѓу нас ќе се испотепаме. Политички војничиња , навивачи , квази-анархисти и инкогнито новинарчиња.
Луѓе бре ? Оперирани ли сте од здрав разум ? Ми се допаѓа што на форумов почнав да гледам повеќе Guy Fawkes маски бидејќи V for Vendetta е одличен пример на како се прави протест. Зад маска , анонимно. Секој граѓанин е ист - без разлика на политичка , религиска , незнамсикаква определеност. Ние сме едно и сите ние сакаме едно нешто - правда.
А ако единиците спроведуваат справда зашто тогаш младо момче беше убиено ?
Зашто јас и илјадници од нас биле претресувани и малтретирани само поради тоа што биле „сомничави“ ?
Полицискиот режим бил таков уште од Југославија навака , без разлика на партијата која е на власт.
Ние сме незадоволни.
Ние сме лути.
И имаме секакво право да бидеме .
И имаме секакво право да го направиме тоа што мора да се направи - да воведеме коренити реформи во полицискиот режим .
И нетреба а верувам и нема да сопреме додека тоа не се случи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Еден од милионите постови што ги нареди тука без никаква основа, овој random го цитирав.
Незнам што е тешко да се сфати дека полицијата треба да штити, тоа и е работа. И кога уназад со години гледаме дека не е така, дека одредени припадници се понашаат ко нашиве животи да се во нивна сопственост, мора да се каже СТОП. И не девојче, не протестираме ние да се распушти цела полиција, туку да се реформираат специјалните единици, знаеш што значи тоа, да се тргнат таквите говеда од функција каде што носат пиштол! Значи да има вистински реформи, за да нема вакви трагедии, од кои луѓе како вас само накај политика им тера тоа мозочето. АМАН! Протестирам поради бруталноста на цела полиција, презентирана од некои нивни претставници, и за тоа да не бидат некои, туку никој од нив.
Претпоставувам дека ќе биде соодветно казнет осомничениот, ама не можам со тоа да се задоволам, зошто утре друг негов колега што си останал на работа, (пошто за тоа се залагаш ти), ќе го направи истото, и ти истото ќе ни го кажеш, дека ќе биде казнет, и се така додека тебе (не дај боже-само пример) не ти се деси тоа за твој близок, е тогаш касно ќе ти биде, ќе нема никој да ти помогне.

ЕТЕ ЗАТОА ГОСПОЃИЦЕ ЈАС ПРОТЕСТИРАМ! ЗА МЕНЕ И ЗА ТЕБЕ И ЗА СИТЕ ОВДЕ ВО МАКЕДОНИЈА!
Освестете се луѓе додека е време! Се гледаме во 18:00 пред споменикот на Мајка Тереза!

СТОП ЗА ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ!!!
Како што кажа, ти за тоа протестираш. Некои тука протестираат за распуштање на алфите, други за тигрите, трети против Јанкулоска, четврти од не знам што...
И пак вртење во круг, и пак јас немам основа, а пак и пак, самите сте контрадикторни.
Не туку се дувај на форум, ме заболе за што протестираш ти. Прашањето беше, колективно, за што протестирате вие? Ако под вие подразбирате дека секој сам за своја кауза си протестира.... Ниту ќе добиете нешто, ни бутур. Кога некој протестира/штрајкува има одредени барања кои сака да се испочитуваат за да престане да протестира/штрајкува. Ако е твоето барање реформи во полиција, на друг распуштање на алфи, на трет оставка на Јанкулоска.... ај погоди, што ќе се случи на крајот.
Не сум јас крива што не сте организирани како треба и немате заедничка кауза сите.
--- надополнето: Jun 8, 2011 6:17 PM ---
Почивај во мир момче, лесна ти земја
Знаеш дека со еден удар може да осакатиш човек, да го парализираш...посебно младо и кревко момче? Можеш и да го убиеш, иако си женско и послаба од некого. Со вакви удари сосема се сигурни внатрешни повреди, перфорација на витален орган, крварење кои уште посигурно водат во еден правец. А човек кој е обучуван за вакви дејства и санација и последици од тие дејства е повеќе од сигурно дека знаел за последиците од вакви удари. И јас сум се почесто нервозен, но не тепам и убивам. А тоа е барем лесно, ако си таков тип човек. Еден удар и...
затоа што овој случај не е осамен и единствен. Или полицијата го пречекорува своето овластување или безбедноста е ужасно слаба. Многу деца последно се избодени, отепани, истепани...Полицијата е присутна да превенира и да ги заштити граѓаните и имотот, а не да ги штити само функционерите, не е приватна армија. To serve and protect...не да тепа и убива. Тестовите кои ги содржи можен прием во МВР покрај физички способности и издржливост, содржеа и психолошки тестови, анализа на личноста. И да, одговорноста за непреземањето мерки, за се послабата безбедност и ваквите насилни испади од одредени единици не паѓа само врз поединецот сторител. Изолираноста на ваквите појави е само славно минато. Како да живееме во Богота. Многу лесно се крева рака и удира, за ситница...погледни ги само заканите кои прштат и на форумите, за ништо, за неважни теми.

Тешко на брат му и неговите родители. Млади животи, нашата иднина...
Да тешко на брат му, и на родителите, и на сите што се жртви во оваа земја. Жалењето и патењето нема да ја смени ситуацијата. Јас прашав како да ја смениме ситуацијата и добив куп лични мислења, ниту едно заедничко, што би требало да ја карактеризира групата.
Јас нема да протестирам без да знам за што протестирам и што барам.
И не очекувајте поддршка иако реално многу сакаат да ве поддржат, зборувам посебно за членовите на ВМРО. Нема да ве поддржат не затоа што мислат дека треба да се убива од страна на полицијата. Туку затоа што исто како мене, не се сигурни што се бара, и дали нивниот избраник Никола, ќе биде главна тема на протестите.
Мислете на тоа, ако очекувате поддршка.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Што ти е стресна професија, нема никакво оправдување ама притисокот е преголем, молчењето не е заради тоа што бил човекот цајкан туку затоа што највероватно ја обезбедувал изборната победничка прослава. Е сега како да се објави тоа, па портпарол лаже новинари тресат глупости и јадат љања.

Ајде пак театарска представа маскирни униформи и фантомки, пиштоли на колена и баретки црни, ооооооооо да борба против корупција и криминал, на кого му е потребна оваа глупост, нашите полициски специјалци ги претворија во медиумски курви и тоа се заради политички причини....

Го гледав кај што го изнесуваа од џип пред судот нормално на телевизија каде на друго место. Не знам дали забележевте тој што го фати прв под рака според јазикот на телото не само што го познаваше туку изгледа му е и најблизок во единицата, тоа го видов јасно како ден. Искрено во тој момент ми падна жал за него можев да го видам човекот во неговото лице, без фантомка која што тој и неговите колеги често ги носат кога нашите медиуми садистички дркаат врз нив, односно ги сликаат за во вести.......................................
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Овој протест нема никаква политичка позадина, нема верски основи и не буди омраза. Целта негова е пред се НЕ Е за да се покаже револт кон полицијата, туку да се стопира полициското насилство кое е сведочено од сведоците по медиумите и социалните мреќи.
Овој мирен протес треба и има задача да го потикне зголемувањето на толеранцијата кон луѓето.

Повели опис од Настанот BooBoo'sLover
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25

Како што кажа, ти за тоа протестираш. Некои тука протестираат за распуштање на алфите, други за тигрите, трети против Јанкулоска, четврти од не знам што...
И пак вртење во круг, и пак јас немам основа, а пак и пак, самите сте контрадикторни.
Не туку се дувај на форум, ме заболе за што протестираш ти. Прашањето беше, колективно, за што протестирате вие? Ако под вие подразбирате дека секој сам за своја кауза си протестира.... Ниту ќе добиете нешто, ни бутур. Кога некој протестира/штрајкува има одредени барања кои сака да се испочитуваат за да престане да протестира/штрајкува. Ако е твоето барање реформи во полиција, на друг распуштање на алфи, на трет оставка на Јанкулоска.... ај погоди, што ќе се случи на крајот.
Не сум јас крива што не сте организирани како треба и немате заедничка кауза сите.
--- надополнето: Jun 8, 2011 6:17 PM ---

Да тешко на брат му, и на родителите, и на сите што се жртви во оваа земја. Жалењето и патењето нема да ја смени ситуацијата. Јас прашав како да ја смениме ситуацијата и добив куп лични мислења, ниту едно заедничко, што би требало да ја карактеризира групата.
Јас нема да протестирам без да знам за што протестирам и што барам.
И не очекувајте поддршка иако реално многу сакаат да ве поддржат, зборувам посебно за членовите на ВМРО. Нема да ве поддржат не затоа што мислат дека треба да се убива од страна на полицијата. Туку затоа што исто како мене, не се сигурни што се бара, и дали нивниот избраник Никола, ќе биде главна тема на протестите.
Мислете на тоа, ако очекувате поддршка.
Љубави ја не знам од каде си го пастирала потписот, ама не да не ти стои, секој збор што го истрола тука е ултра диференцијал од тој твој футноут. Ја не можам да се изначудам од каде ви е енергијата да искомпромитирате и нај независен обид на група незадоволни граѓани за обична демократска, граѓанска акција. Па до кога вакви вируси како вас ќе го инфицираат секое островче на кое ќе се промовира граѓанство, демократија и борба против авторитетите кои ги гушат тие вредности. Независниот, обичниот човек, оној кој не е во партија а очајно сака да се смени нешто во државата е оној што го гледаш на тие протести. И да, не се сите интелектуалци, писатели, IQ people, ама знаат дека протестираат против нешто што не чини. Ја нив потполно ги сваќам, мене тие апологети на авторитетот како тебе не ми се јасни. И не се криј зад некои конструкции од типот: Организирајте се за да имате поддршка и од мене. Се гледа на која страна си.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Овој протест нема никаква политичка позадина, нема верски основи и не буди омраза. Целта негова е пред се НЕ Е за да се покаже револт кон полицијата, туку да се стопира полициското насилство кое е сведочено од сведоците по медиумите и социалните мреќи.
Овој мирен протес треба и има задача да го потикне зголемувањето на толеранцијата кон луѓето.

Повели опис од Настанот BooBoo'sLover
Да, и? Демек тоа менува нешто. Само се лажат самите себе дека нема политичка позадина. Пак ќе има некои шо ќе викаат уа Груевски уа Бранко. Затоа и нема да одам на протест во Струмица, затоа што ми е срам да укам. А посебно па во Струмица, каде што нема никаква симболика да се прави ова, и каде што ке излезат еден куп членови на партии.

Значи јас сум ЗА протест, но не во Струмица, како ќе протестирам против алфи и тигри кога во Струмица нема такви. Прочитајте го мислењето на wot неколку страна назад ќе ви стане јасно.

Peace.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Да, затоа има еден што се шета со транспарент ,,оставка,, и затоа се извикувало името на Никола, па уште тој убиец бил.
Нема можеби верски и национални, ама има политички основи.
Од авион се гледа .
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Отиде све у три лепе пм.Новинари и партии се замешаа во случајов.Детето си умре,мајката си остана без синот.Некој ќе збира политички поени на трагедијава.Гнасно и одвратно.
Толку.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Љубави ја не знам од каде си го пастирала потписот, ама не да не ти стои, секој збор што го истрола тука е ултра диференцијал од тој твој футноут. Ја не можам да се изначудам од каде ви е енергијата да искомпромитирате и нај независен обид на група незадоволни граѓани за обична демократска, граѓанска акција. Па до кога вакви вируси како вас ќе го инфицираат секое островче на кое ќе се промовира граѓанство, демократија и борба против авторитетите кои ги гушат тие вредности. Независниот, обичниот човек, оној кој не е во партија а очајно сака да се смени нешто во државата е оној што го гледаш на тие протести. И да, не се сите интелектуалци, писатели, IQ people, ама знаат дека протестираат против нешто што не чини. Ја нив потполно ги сваќам, мене тие апологети на авторитетот како тебе не ми се јасни. И не се криј зад некои конструкции од типот: Организирајте се за да имате поддршка и од мене. Се гледа на која страна си.
Јас сум на страна на правдата.
Правдата е казна за убиецот и сличните како него.
Правдата не е колнење на се што е на власт.

Јас реков, ако сакате не поддршка од мене како индивидуа, та која сум јас една, туку од маса на граѓани кои се плашат дека нивното присуство ќе биде изиграно и искористено за антивласт политика, потребна е јасно утврдена цел. И секако, ако сакаме резултати.

Почекајте, и продолжете вака, па ќе видиме што ќе се случи.

Ќе го осудат тигарот, ќе отпуштат 2-3, ниту алфи ќе се распуштат, ни реформи ќе има.
За да добиеш нешто, треба да најдеш и начин како да го побараш.

Вака од страна, целата работа изгледа
1. Платена од опозиција
2. Несериозно

Не се занимавај толку со мене, и што мислам јас.
Занимавај се зошто не се сите излезени на протест а треба да бидат. Мислиш дека го оправдуваат убиството? Не, туку не оправдуваат да протестираат, а да не знаат која е границата на протестот.
--- надополнето: Jun 8, 2011 6:36 PM ---
A Обидот да се "заташка" овој случај шо е?
Значи, признавате антивласт протест?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom