Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Синоќа околу 00:40 часот на градскиот плоштад во Скопје, припадник на специјалната единица Алфи до смрт го претепал 23 годишниот Даниел од населбата Ѓорче Петров. Очевидец кој бил во тој момент присутен на “Баскер фест“, за Нетпрес потврди дека врз момчето бил извршен брутален напад.
“ Седев на клупа кога пред мене видов како припадник на специјалната единица Алфи со голема брзина брка младо момче. Момчето се сопна од еден кабел и не успеа да побегне од рацете на алфашот. Припадникот на специјалната единица почна брутално да го удира по сите делови од телото, на што момчето не пружеше отпор и за многу кратко време се струполи на една клупа. Специјалецот се исплаши дека можеби го усмрти па се обиде да го освестува и да бара вода, но по пет минути дојдоа негови колеги и со тегнење го одвлечкаа момчето накај МЕПСО, изјави очевидецот Ф.Г.
Од други очевидци кои што не сакаа нивниот идентитет да биде откриен, велат дека кога поминувале околу паркот во близина на МЕПСО, го виделе истото момче како лежи струполен на земја покриен со црна кеса , а околу него имало собрано неколку полицајци кои немо го гледале.
Од СВР Скопје велат дека излегле на лице место при што бил извршен увид. Како што изјавија за Нетпрес дечкото бил донесен од неколку лица каде што се одржувал “Баскер фест“ и дека на истото му била повикана брза помош. По извршениот лекарски преглед била констатирана смрт, но, како што кажуваат од МВР не биле забележани траги на насилство.
По наредба на на Истражен судија, телото било пренесено во судка медицина и дадено на обдукција.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87462&kategorija=1

Во моментов граѓани се собираат на Фонтаната во градскиот парк на протест за смртта на момчето.

http://www.plusinfo.mk/vest/4285/Gragjani-pochnuvaat-protest-vo-Gradski-park-za-zaginatoto-momche
 
Сега треба некој да му го дотера паметот да го претепа и да го прати во болница за да му дојде памет да види другпат дали ќе мава брутално. Сеа треба да скапе во затвор.
 
Страшно... Има ли некое официјално објаснување од полицијата за тоа што се случило?
Не најдов ништо на нет.
 
Дарк мислам дека си од Ѓорче,да не знаеш за кој станува збор поточно,ако знаеш пиши ми ПП.
 
Страф и трепет се овие Алфите, бегајте што понастрана и ќутете.
 
Не е првпат алфите да претепуваат некој (скоро) до смрт, ама до сега не знам да решеле некој таков случај... се надевам ќе се најде кој е и дебело ќе наплати.
 
Полициска држава и тортура! Се да им ебам клошарско! Нека му е лесна земјата и нека почива во мир! Смртна казна за алфашот!
 
Макфакс:
Четириесетина минути по полноќ на плоштадот Македонија, пред МЕПСО, од засега непознати причини починало непознато лице на возраст од 23 до 25 години, потврдија за Макфакс од СВР Скопје .

Момчето било донесено од страна на 4 до 5 лица од плоштадот, каде се одржувало Баскер фест, пред МЕПСО, бидејќи според укажувањата на сведоците, му се слошило, велат од СВР Скопје. Викната е Брза помош на лице место и констатирана е смрт.

СВР Скопје излегла на лице место и извршен е увид. По наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција. „Работиме на утврдување на идентитеот на лицето“, изјавија од СВР Скопје за Макфакс.

Во исто време на плоштадот вчера се случуваше и спонтана прослава на одредени приврзаници на политичките партии по повод изборите, но од СВР Скопје засега немаат информации дали инцидентот е поврзан со прославата.

Според СВР Скопје првични траги на насилство нема, но обдукцијата треба да пресече за конечната причина за смртта на момчето.

Денеска на пресот на МВР, новинарка од еден медиум, кажала дека наводно видела пред нејзини очи како „Алфите“ вчера вечер тепале момче, и прашала дали досега има пријавено таков случај во полиција.

„Нема пријавено досега таков случај, ќе провериме и ќе испитаме“, одговорија од МВР и ја повикаа новинарката да даде изјава во полиција за нејзините тврдења
_______

Добро, дали момчево било со некој таму? Сигурно има сведоци кои го познаваат, да кажат што точно се случило...
Ако некој близок потврди дека навистина бил претепан од Алфи, а овие се обидуваат да замачкаат - тогаш ќе има сериозни проблеми.
 
на нет многу се рашири информацијава (особено на твитер ) , а уште на ниедна тв нема инфо ..
 
Овие алфиве премногу си земаат слобода. "Алфа сум, јас сум законот и може да тепам сега !"
1312 !
 
Кога полицаец уби момче во атина цел град се крена на нозе се испозапалија...кај нас сеир тераат дека љубе го уапсиле, да се собереме помасовно на протестот, не може алфите да убиваат луѓе низ земјава кога ќе им текне...
 
Додека не се дигнат немири како во Грција кога исто така го убија тинејџерот ништо не правиме, колку и да не си крив, пред полиција си крив, поготово пред алфите.. :/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom