Да, затоа има еден што се шета со транспарент ,,оставка,,.
Oставката е само едно од барањата, оставката тука се подразбира поради начинот на кое министерството за внатрешни работи се однесуваше, затоа жити све не тролај со вакви малоумни постови се со цел да најдеш оправдување за моменталната гарнитура која е на власт, жити све не ми начнувај вакви тематики се со цел да испровоцираш дискусија во која сакал некој или не ќе преовладува политика.
Тебе треба да ти увезат неврони во глава за да воочиш некои работи, за да воочиш зашто се бара Оставка за министерката и за нејзиниот потпарол бидејќи све црно на бело ти е изнесено а ти упорно мижиш но на повеќето тука јасно ни е зашто е тоа така ...
Еве, пак ќе ти нацртам, не со муабетите мои од вчера, туку од она што излезе денес во јавноста со кое уште еднаш се потврди очајното функционирање на МВР
Директорот Алексеј Дума потврди дека додека траела обдукцијата, во понеделникот, од 10.30 до 12.30 часот, присутни биле и претставници од МВР.
Во 13 часот тие усмено биле известени дека момчето починало од крварење во мозокот, поради удари во главата. Портпаролот на МВР, во понеделникот, неколку часа по известувањето од Судска медицина, еве што изјави:
„Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот“, изјави Иво Котевски. (06.06.2011)
Иво во 15 часот истиот ден, или 16, не ме фаќај за збор излезе со изјавата дека немал никакви сознанија за да подоцна истото тоа министерство потврди дека починало дете во Неделата вечер но и потврдија дека на телото немало никакви знаци за насилство.
И сега тебе ти е чудно зашто се бара оставка ? Тебе ти е чудно зашто бараме оставка за личност која
дури денес излезе во јавноста и кажа, самоуверено, дека нема никаква потреба некој тука да понесе одговорност иако фактите велат дека.
1. МВР ги криеше околностите за ова убиство цел ден, дури и тврдеа дека немале информација за таков случај ШТО НЕ Е ТОЧНО.
2. МВР со својот начин на работа дозволи јавноста сама да се занимава со овој случај и да шпекулира со што проструи погрешна информација дека станува збор за дете со име Даниел од Ѓорче.
3. МВР шпекулираше за нешто што веќе го знаеле со што дополнително фрлија сомнеж врз самите себе бидејќи тврдеа дека нема траги на насилство иако истите и те како биле евидентни.
4. МВР се мава во гради дека случајот е скоро решен иако тоа се случува дури по 2 дена по САМОВОЛНО предавање во полиција, па дали си ти свесна дека човек за 2 дена денес од Македонија може да отиде до Аљаска ?!
Кажи ми бе ти, ооо партиски војнику, па зар тука никој не треба да сноси одговорност ?