Предлог за филм со кратка рецензија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
@Daniel. premnogu raskazuvas vo recenziite. Pripazi na spojleri, hint: spojler ne e samo krajot. Recenzijata (barem ovde) treba da te natera da go gledas filmot bez skoro da ja dopres prikaznata, licno mislenje, ocena, zaso ti se dopadnal zaso ne... statiite cuvajte si gi za portalot. Okej mi e reklamiranjeto i nikad ne sum zameril, ama porano ne raskazuvavte ko da preraskazuvas cetivo. Pripazi. :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
На репертоар ви следат 2 филма од Guy Ritchie. И двата филма се крими-трилери со доста голема доза на хумор. За љубителите на филмови со испревртени приказни нека повелат да ги гледаат ако до сега ги немате гледано. :D


1. Lock,Stock and Two Smoking Barrels



- 4-ца младичи запаѓаат у гомна и бараат чаре да се извадат, испревртени приказни поврзани со две пушки,пари и weed и премногу коенциденции во филмов. Сите се во потрага по нешто кој по пари кој по weed кој по ќотек. :D




2. Snatch




- Исто така премногу испревртени приказни и исто ко и Lock, Stock and Two Smoking Barrels во филмов сите се во потрага по нешто, сите си тераат свој бизнис кој пробува да се извади од гомна некој пробува да заработи од тие гомна. Главни фаци Jason Statham со неговиот сериозен и ироничен хумор и Brad Pitt кој глуми gipsy боксер во филмов :D


 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.703
The Theory of Everything e филм за немилосрдната судбина на Стивен Хокинг

His mind changed our world. Her love changed his



Прикажан животот на еден од најголемите умови на денешницата од неговата младост па се до денес. Во текот на неговите студии на Кембриџ ја запознава љубовта на неговиот живот Џејн Вилде. Кај него е дигностицирана Амиотрофична латерална склероза(АЛС). Овој филм не носи низ клучните настани на нивниот заеднички живот. Филмот е исполнет со емоции и неверојатна глума.

Во режија на James Marsh, а сценарио Jane Hawking и Anthony McCarten

Брилијантен филм, Eddie Redmayne е номиниран за најдобра главна машка улога и местото му е сто проценти заслужено.

5/5





 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Never Let Me Go (2010)

Филмов го имав ставено у watchlist бог знае од кога и цело време одложував со гледање, мислев дека е само некоја просечна драма ама се излажав. Филмов е ежење, многу ќе се сочувствувате со ликовите и ќе се запрашете што би правеле вие на нивно место. Го имав гледано трејлерот одамна и интересно е што всушност не откриваат многу од приказната и од тоа што е суштината на филмот. Многу сакам вакви филмови кои ќе ме изненадат.
Приказната се однесува околу животот на Кети(Carey Mulligan), Томи (Andrew Garfield) и Рут(Keira Knightly) сите израснати во еден вид на сиропиталиште со многу малку знаење за надворешниот свет, кои ќе се најдат во еден интересен љубовен триаголник. Филмов имаше многу добра поента за времето, и како не треба да го земаме здраво за готово. Исто така има одлична глума, ме изненади Carey Mulligan (y)
Нејќам многу да издавам од приказната, нека ве изненади како што мене ме изненади. :)
И многу се заљубив у песнава:ljubove:
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Miami Vice

Неколку ( повеќе ) пати додека сум пребарувал филмови што да гледам по IMDB сум налетал на филмов како предлог, али увек сум го скокал.. што знам 6 рејтинг акција ово оно, вчера се решив да го изгледам трејлерот.


И тоа е тоа што ме доби, 1 минута, ништо не објаснето не ни знаеш што да очекуваш, али морам да признаам дека очекував многу по друг филм. Филмот почнува доста конфузно и пребрзо се дешаваат работите дури нема ни да знаете што точно се случува па така и мислев дека е скроз без врска ама без гајле, првите 20 минути ке пројдат. Па како што не открива трејлерот ништо така нема ни јас, само ке спомнам одлична глума, посебно Колин Фарел и Ли Гонг ми се врвот, ОДЛИЧНА музика низ целиот филм.
Ова е коментар што го начекав на едно видео на јутуб за филмов, и е баш онака како што јас се осеќам во врска со филмов.

I didnt like this movie at first, but something brought me back to watch it, and I now own it on blu-ray and love it, the music is great, the story is good, and the shootout at the end is awesome

од мене има 8.5 од 10.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Edge of Tomorrow (2014)
Live. Die. Repeat.
Доказ дека Tom Cruise сеуште е и тоа како способен да направи одличен акционен трилер, баш како во “старите времиња”. Заедно со Emily Blunt, тие се главни улоги во научно-фантастичниот трилер “Edge of Tomorrow”, во режија на Doug Liman. Овој филм се одвива во блиска иднина, во која вонземјаните го имаат преземено нашиот свет, а ниедна наша армија не е доволно силна да им се спротистави.


Одличен sci-fi трилер кој ќе ви понуди интересна приказна која сигурно ќе ве импресионира. Одличната глума на Том и Емили, одличното сценарио и режија го прават овој еден од подобрите научно-фантастични трилери снимени во последните неколку години. Уште еден пост-апокалиптичен филм, прикажан на поинаков начин од останатите. Елементите на трилер се одлично вклопени во оваа научно-фантастична приказна, која сигурно ќе ви се допадне, дури и ако не сте голем фан на научната фантастика.
5/5

Повеќе на: filmskirecenzii.com
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
"Ивановото детство" (1962) на Андреј Тарковски


Како за промена малку да смениме од сите булшит ствари и филмови што ви ги прикажуваат насекаде и преполни се кината со такви холивудски комерцијални работи (со исклучок на Кинотека), малку да го однесеме мозокот на место каде што мајсторот Тарковски ќе ве натера да размислувате, ќе ви отвори многу прашања
Првиот целовечерен филм на мајсторот и еден од моите омилени и највлијателни режисери Андреј Тарковски. Тој ни претставува една тажна приказна за едно изгубено детство во годините на војната, која во амбиентот на натчовечки страдања и жртви, како да одбира мигови во кои ги спојува стварноста и сонот. Тарковски прави чудесен спој на документарните слики од реалноста и лирските сцени на миговите кога малиот Иван го минувал детството безгрижно. Андреј користи виртуозна камера и монтажни премини потсетуваат на поетиката на монтажата на Ејзенштајн. Зачудувачки модерен во структурирањето на кадарот и во режисерската постапка која дисциплинирано ја реконструира атмосверата на војната, не повеќе отколку развојот на дејствието или динамизмот на иконографијата, него повеќе ќе го интересира утопистичката духовност на малиот Иван.
Еден веоен филм како што е Ивановото детство, може да ги актуелизира хуманистичките димензии на личностите со таква уверливост, непосредност и сила.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.876
Поени од реакции
6.932
Chappie (2015)



Го гледав вчера на кино, одличен филм, мојата оценка е тука некаде како на ИМДБ, 7 до 7.5/10. Како што многумина го споредуваат, комбинација од District 9 и I, Robot. Филм кој до некаде ја предвидува иднината, она што сега моментално се истражува во лабораторија, дека сосема реално може да биде вистина во блиска иднина. Единствено ми сметаше малку начинот на кој тоа го прикажаа (преку банда криминалци), али донекаде се и во право, бидејќи за жал така светот денес функционира, со криминал, лаги, измами, убиства...се со една цел, да се преживее, да се стекне богатство и моќ..a се поставува прашањето....ЗОШТО? Зошто ние луѓето сме склони кон такви работи?
Не знам зошто Сигурни Вивер сеуште се обидуваат да ја "oживеат", таа си се прослави со Aliens, нема што да бара повеќе, не ми се допаѓа воопшто да ја гледаам со таа нејзината крива уста :D nevermind...
љубителите на роботи и вештачка интелигенција несомнено ќе го сакаат филмот, како и мене. Исто треба да се спомене и саундраткот на Hans Zimmer, претежно со electronic feel, I like it :roker:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125
Good Will Hunting (1997) гледан по дамнешна препорака од @Saladin .



Шта речи за филмов, освен ремек дело. Не знам зошто го избегнував последните 2, 3 години, можно е да е поради тоа што прочитав математика, па бегав ко од тест у средно. Сите го знаат Робин Вилијамс како комедијант, ама мене најмногу впечаток ми остава во вакви филмови, драми. И претходно во Dead Poets Society и сега во ГВХ ми беше одличен. Внесен во улогата, ти пренесува емоции и сочувствуваш со него. Иако во филмов главен лик е Мет Дејмон, Робин e оној што развали во филмов. Сега гледам и Оскар добил, браво маестро. :aplauz: Какви говори му одржа на Вил, и мене ме замисли. Не знам што да кажам уште, доколку некој го нема гледано, нека навали.
Од мене доби заслужена 10ка.

И за крај еден од многуте фрази на Робин што ми се допадна
Sean: You're not perfect, sport, and let me save you the suspense: this girl you've met, she's not perfect either. But the question is whether or not you're perfect for each other.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.635
Fantastic Planet (La Planète sauvage, 1973)

fantas.jpg

Надреалистичен анимиран филм, режиран од Рене Лалу изработен според новелата Oms en série (Oms Linked Together) на Стефан Вул.

Кратка рецензија

The Discreet Charm of the Bourgeoisie (Le Charme discret de la bourgeoisie, 1972)

rsz_large_u0dbdnopssycsoi9auk1x8kjpbd.jpg

Исто така надреализам, режија: Луис Буњел.

Кратка рецензија
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125


Би сакал да ви го препорачам Feher isten или Белиот бог, филм што вчера имаше проекција на СФФ. Унгарски филм кој што ја прикажува гнилоста во општеството. Најдобар епитет според мене би бил сурово-реален филм. Филм во кој многу вешто беше прикажана реалноста - родителите си тераат бизниси додека децата се осамени и страдаат, па најблизок пријател им е некое милениче (во случајов куче), суровоста на луѓето кон кучињата-скитници, нивното малтретирање и впуштање во борби со други кучиња. Многу „остри“ сцени што мислам на секој човек би му го растрепериле срцето и би се подзапрашал во каков свет живееме. Глумата мислам дека беше на ниво, а главното куче Хаген дури беше толку добро издресирано што во филмот делува ко да глуми подобро од Кејџ и остала багра на невешти холивудски глумци. Иако е драма филмот успеваше со одлично темпо да ми го задржи вниманието, сè до 20-тина минути пред крајот кога тоа темпо опаѓа и филмот од одличен станува добар. Веројатно тоа е и најголемиот проблем што филмов добива една силна 7ка од мене, а можеше да биде подобар. На љубителите на европски филмови мислам дека ќе им се допадне филмот. @MyloXyloto - тука мислам на тебе, ако не си го погледнал вчера. :P
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.125


И пак јас со моите препораки. Она на што сум посебно горд е што овојпат тоа е наш, македонски филм. Медена ноќ (2015) на Иво Трајков што со својата премиера го отвори 18-тиот СФФ, а по него продолжи да се прикажува во Милениум. Уште сум возбуден и ме држат емоциите од филмов и не знам од каде да почнам. Сместен во 90-тите години во филмов станува збор за Никола (заменик министер) и неговата сопруга Ана, за случките и конфликтите што ги доживуваат во текот на една ноќ, ноќ која е сè само не медена. Без повеќе детали околу содржината би преминал на она што мене ме воодушеви во филмов. Иако филмов е проект со само двајца главни лика и уште неколку споредни, сите актери си ја завршија работата одлично. Мислам дека е сувишно да се зборува за Никола Ристановски (веројатно еден од најголемите глумчишта (да, величини од глумци)) на денешницава кај нас, кој и овој пат е одличен, толку уверлив во улогата на заменикот, толку внесен да го пренесе баш она што се бара од него. Секоја чест, маестро. Верица Недеска - достојно се носи со него и можам да кажам дека малку ме изненади со својата глума. Кога треба да е пијана, таа е вистинска пијаница, кога треба да сочувствува, тоа и го прави. Веројатно најдобриот избор за женски главен лик- без разлика што му е жена на Трајков. И споредните глумци со мала минутажа се покажаа одлично. Александар Микиќ беше одличен. Иако тематиката беше сериозна, со оглед дека се работи за политички драма-трилер со нишки од нашата политичка сегашност, во филмов имаше добар хумор кој пред се доаѓаше од Недеска. Соодветно адаптиран за наши услови, со одлична режија на Трајков и македонска музика, можам да кажам дека ова е најдобриот наш филм после Пред дождот на Манчевски. Она што ме нервира е незаинтересираноста за маркетинг и привлекување на гледачи, зашто ваков филм вреди да се гледа. Од мене има 10-ка и со зборовите на Никола би рекол: Евидентно, треба да го погледнете овој филм. :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Who Am I (2014)

MV5BNDg4NjU3MTYzNl5BMl5BanBnXkFtZTgwNzE2MDU2MjE@._V1_SX640_SY720_.jpg

Се работи за германски трилер во кој главната улога ја толкува Том Шилинг познат по одличната германска серија Generation War

Темата на филмот е сајбер криминал и како една група на млади и осамени луѓе се впуштаат во незаконски активности се со цел да се докажат во подземниот свет на хакерите. Нема да продолжам да пишувам за содржината бидејќи колку помалку знаете толку подобро.

Приказната е многу динамична и 1 час и 40 мин. колку што трае филмот поминуваат многу брзо. Филмот е очигледно инспириран од еден американски филм и за оние што ќе гледаат внимателно има еден многу голем знак кој е тој :)

Од мене 9/10
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314
Еве неколку прилично стари, но евергрин филмови кои ќе го разбудат детето во вас. (УКРАДЕНО ОД ЦРНО БЕЛО со мали измени од мене :D)

1. „The Parent Trap (1961)“

Хејли Милс ја игра улогата на две близначки. По разводот секој од родителите зема едно девојче со себе и близначките до својата тринаесетта година, воопшто не знаат една за друга. На летниот камп откриваат за себе и нивното минато и решаваат да си ги разменат местата и повторно да ги соединат своите родители. Линзи Лохан беше во сличен римејк.

2. „Summer magic

Вдовица со своите три деца, принудена е да ја напушти својата градска куќа и да замине на село. Тука ќе се научат на мирен живот далеку од градскиот метеж и проблеми.

3. „Old yeller

Младиот Тревис задолжен е да се грижи за своето семејство, додека неговиот татко е задолжен селскиот добиток да го пренесе во друг град. На негово место се доселува стариот ретривер кој ќе му ја даде неопходната љубов, заштита и поддршка.

4. „The Swiss family Robinson (1960)“

За време на нивното патување до нова Гвинеја, семејството Робинзонови доживува бродолом и се принудени да започнат нов живот на напуштен остров. Тука го создаваат својот нов дом кој мора да го заштитат од не добредојдените пирати и останати непознати опасности.

5. „Mary Poppins (1964)“

Супер моќната и магична беби-ситерка Мери Попинс долетува со својот чадор на лондонската црешова уличка за секогаш да го промени животот на двете дечиња и нивниот ладнокрвен татко.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Generation War (2013)
"Unsere Mütter, unsere Väter" (original title)

Германска играна серија од три епизоди по 90 минути. Претставува животот на 5 пријатели во време на Втора светска војна, донекаде го дава и германското гледање на војната. Одлични глумци, одлични ефекти, сценографија и како идат другите работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom