Овој филм го чекав долго време уште откако излезе трејлерот со Мајкл Пит. Пит е млад глумец кој се покажа одлично во Boardwalk Empire и освои големо внимание и позитивни критики. Ко така, и јас бев многу заинтересиран како ќе се развива неговата кариера, и моментот кога излезе филмов го ставив на watchlist баш поради него.
Конкретно филмов е sci-fi драма дело на Мајк Кехил, режисерот на Another Earth. Скриптата на филмот ја има пишувано лично он, и кога биле понудена на Пит, Астрид и останатиот кастинг, истана не била завршена, филмов има многу импровизирани сцени, дијалози, што за мене лично е голем плус со оглед на комплексноста на идејата за филмот и тематиката која ја одработува. Филмот е емоционален ролеркоустер, буквално. Толку е динамичен и толку лабаво и умешно поминува низ фазите на драма што навистина те вози од самиот почеток до крај во овие два часа како да си гледал кратка епизода од 20 минути. Филмот има одличен почеток, добар story build-up и феноменален крај. Како критика за филмот ќе пишам за ликовите, туку се гледа Мајк Кехил дека е сеуште неискусен режисер, односно карактерите му се многу грубо направени, немаат некоја длабочина а би требало со оглед на комплексноста на филмот. Мислам он се трудеше да им даде одредена тежина ама некако многу неумешно и лично мене не ми се свиѓа, Иан беше многу лошо конструиран карактер, оваа од лабаротарија партнерката исто така, ликот на Софи беше најдобро одработен од сите овие три, но сепак пак недоволно background info, за нејзините родители пример, додека за спиритиуалноста, и се друго беше океј.
Глумата во филмов не беше неговата најдобра карактеристика. За мене highlight го украде Астрид т.е Софи, девојката преубаво ми го пренесе ликот, многу харизматична, опуштена и неисфорсирана глума, едностанво секој момент, секоја сцена со неа ми беше jizz момент, и нема многу друго да пишувам затоа што ме мрзи да ставам спојлер тагови.
Од Мајкл Пит добив просек глума. За мене после филмов пак ќе остане како James Darmody од Boardwalk Empire. Не само што му беше лошо направен и оформенот ликот у филмов, туку и самиот Пит во некои сцени не успеа да ми го предаде ликот и филмот како што би требало. Ама генерално гледано не беше лош во текот на целиот филм, најдобар беше при крајот дефинитивно. Другиве нема што да ги коментирам оти не беа ликови кои ми створија интерес или слично.
За мене најдобриот дел на филмот е приказната и самото градење на истата, и секако пораката која ја носи филмов. Од мал уште ме многу интересирало митологија, и сум ја читал Метаморфозис од Овидиј, и бројни некои други митови од грчка митологија што татко ми ги има купувано во вид на енцикопедии и отсекогаш ми биле најинтересни митовите за afterlife, за смртта, пекол и такви работи. Филмов баш некако го одработува митот за
orouboros но на малце поразличен пристап, и тоа уште повеќе направи филмов да ми се свиѓа уште повеќе.
И секако саундтракот беше ебење.
Оценка ќе му биде 8/10, со re-watch value 999. Сигурно пак ќе го гледам во следните месеци.[DOUBLEPOST=1420915159][/DOUBLEPOST]Дечки шо не пишете дека сум утнал тема бе.
Ај некој модератор љубезен нека го префрли постов во Последен гледан филм со кратка рецензија