The Perks of Being a Wallflower
Јас, како еден Рики, сум личност која сака комплицираните работи да ги поедноставува. Затоа не ме интересираат deep meaning, приказни и дела во кои нивниот креатор пробува да пренесе некаква порака, да те наметнува чувства, да ти каже како да го живееш животот, да преку некој вид благородна кауза во вид на уметност проба да ти го приклони твоето размислување кон неговото. Од овие причини, вкусот за (се што општеството го дефинирало како) уметност кој јас го поседувам, од останатите личности во моето опкружување е сметан за бош и ништожен, навидум површен. А од овие причини пак сметам дека се што јас би го рекол, предложил, истакнал, истовремено би било shutdown-ато инстантно. Затоа го преземам ризикот да го предложам овој филм, кој коинцидентно го поседува тоа што погоре реков дека јас не го барам во филмови, но е толку добар, што едноставно не останав рамнодушен и конечно успеав да сфатам некаква посуштинска работа од она што обично ме привлекува. Можеби причината за која што толку јако ме удри е што едноставно не очекував, не се спремав да гледам некој филм у кој ќе се внесам, туку сакав да се олабавам малце по долго спремање на испит, без притоа да имам претсознанија за филмов. Добро ај, да си кажам, немаше ни да го пуштам да не беше Ема Вотсон у главна улога. Но, тоа е таа иронија на животот, ваквиве работи те маваат кога најмалце очекуваш. Али, да не го тупам, ваљда више ви здосадив, па што останува за филмов...
The Perks of Being a Wallflower, филмче кое трае саат и 40 минути, а во тоа кратко време успева да прикаже многу работи. Секако, нема да го раскажувам, но ќе ја кажам основата. Во центарот на приказната е дете кое доаѓа во средно, без притоа да има пријатели со кои ќе се дружи. Но, пред да продолжам, тука да напоменам. Не, ова не е од оние типични филмови кај што nerd-от си бара друштво, и има проблем со малоумни bullies на кои се палат курви, па некако успева цело средно да го засака и најубавата типка иде со него на prom. Не, филмов е нешто сосема друго. Момчето доаѓа со проблематично минато, минато кое постепено се открива низ текот на целото дејствие, но сепак се навестува од самиот старт. Интересното е што акцентот не е ставен на тоа да изгледа како оние типичните „not all is what it seems“ филмови, туку напротив, тие работи се сосема позадински ставени, додека главното дејство те фокусира на актуелниот живот и случките во нивната сегашност. Покрај ова, во тие саат и 40 минути филмот совршено не запознава и со позадината на останатите ликови, односно оној „багаж“ кој секоја личност со себе го носи, и како различни работи и различни искуства те влечат во различна насока и ти го определуваат животниот пат. Пошто реално, колку и некој да ни вика дека нашата судбина не е определена, туку е нешто што виси во воздух и иде по насоката која ќе те односи ветерот, не е така, бидејќи одлуките кои ги носиме секогаш зависат од претходни искуства, па истите, сакале ние или не, сами по себе не усмеруваат во која насока ќе се движиме и какви последици ќе сносиме. Филмов го покажува токму тоа, а начинот на кој го претставува, барем мене, а се надевам и вас, дека емоционално ќе ве поврзе со ликовите. Додека го гледаш целиот филм, приказната изгледа толку едноставно скроена, што дури кога ќе го изгледаш ќе сфатиш уствари колку работи се случиле во филмов и колку работи ти прикажал. Не се пронајдов во личност, не го сменив животниот став, не сменив никакво мислење, но сепак уживав во филмов бидејќи прикажа еден интересен аспект на некои работи, а притоа за време на гледањето ми ги предизвика сите основни чувства кои ние луѓето ги чувствуваме во текот на нашиот живот, добри и лоши, позитивни и негативни. Ме насмеа, ме растажи, сочувствував, љубоморев, се возбудив, ме фаќаше туѓ срам и така натака. А како личност која никогаш не сака да ги возвишува премногу работите и максимално да ги оценува (што по малце и треба да ги заплашува луѓето ако евенутално станам професор како што се надевам дека ќе станам), сепак на филмов му давам чиста 10/10. Не можам да кажам точно зошто, односно не можам да кажам „е, ради ОВА!“, може да се препише на многу работи, можеби дури ни филмот не е до толку добар па ме фатил во конкретно расположение, којзнае што е, не ме интересира, но тоа е моето видување. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне колку што на мене ми се допадна