Предлог за филм со кратка рецензија

Z

zmej gorjanin

Гостин
Dune 1984 vs Dune 2021

Нема да пишувам одделни рецензии. Првиот го гледав кога имав 6 - 7 години на VHS и се сеќавам дека ништо не разбрав, па викам ај пак ќе го гледам сега. Ако го оценувам како комплетен филм, ќе кажам дека е тоа многу лош филм. Мислам настаните се лепени колку да се каже дека треба да се случат, се гледа дека снемале средства, па почнале да импровизираат. Јас книгата ја немам читано, али да пробаш да ставиш 800 страни книга во 2 саати филм е осудено на пропаст. И го сфаќам Линч кога кажува дека не треба да се нафаќаш да снимаш филм кога знаеш дека нема да излезе како што очекуваш. Ај што студијата неќеле да вложуваат уште пари пошто огромна сума на пари била поторшена на препродукција на Дуна-та на Жодоровски која траела скоро 5 години и потрошиле некаде околу 5 милиони долари од вкупен буџет од 14 милиони долари за тоа време. Студијата и не сакале филмот да трае повеќе од 2 саата, што е смешно во најмала рака, додека Жодоровски да речеме имал план да филмот/серијалот филмови трае помеѓу 10 и 14 саати. Заради тоа и Линч кажува дека правењето на филмов за него било кошмар. Друг дел кој доста ми беше чуден е константното шепотење на ликовите во филмот. Зошто? Мислам разбирам, кога шепотиш мудри мисли и во позадина дуваат силни пустински ветришта додека во исто време оди и Prophecy на Brian Eno, а ти се наоѓаш во темна пустина опкружен со џиновски пустиински црви, дава некоја доза на мистичност и го прави филмот поистрипан, ама не да се потпираш на таа финта низ цел филм. Иако филмов излегол во 1984 год. имав чувство дека е сниман во 50 ти или од 60 ти години, особено во делот на глумата, премногу драматизирање и overacting, ликовите постојано изговараат некакви мудрости, па се прашуваш дали не гледаш некаква античка трагедија? И она што најмногу ми сметаше е што, иако ја немаш читано книгата, осеќаш дека настаните некакао се fast forwarded. Тоа особено се забележува во вториот дел од филмот.

Во однос на денешниот Dune би рекол дека сум задоволен, ко што кажав неколку пати, ја немам читано книгата и не можам да кажам дека со сигурност ова е совршената адаптација на делото на Френк Херберт. Денешниов филм би рекол дека е римејк или подобрување и надградување на тој од 1984. Денис/Дени Вилнев полека постанува еден од најдобрите режисери за мене, ако не и најдобар сај фај режисер во моментов со култни дела ко Блејд Ранер и Arrival позади себе, плус сега и Dune. Да земе да умеша прсти во Alien универзумот, аууу сине, во секој случај многу повеќе од преварата Крис Нолан и неговите мучкалици. Во однос на филмот не очекувајте некој додатен lore пошто ќе се разочарате, приказната е таа, во превод не очекувајте дека ќе ја гледате Дуна на Жодоровски. Доста фанови почнуваат веднаш со напади и критики, пошто очекуваат дека филмот треба да им ја прераскаже книгата, со настаните онака ко што тие си ги замислиле, ништо не може да биде подобро од книгата. Моето резонирање е дека ако филмот е успех, а по се изгледа веќе е, ќе има уште многу сиквели и приквели, што е одлична вест. Да речеме Dune: The Sisterhood е веќе во најава . Имам чувство дека оваа верзија на филмот и повеќе се држела до изворните материјали односно книгата во споредба со претходникот, има доста борби со мечеви/сечила што не е случај со филмот од 1984 да речеме. Некои ликови од книгата да речеме добиваат многу повеќе screen time споредено со филмот од 1984 год., како што е случајот со Данкан Ајдахо (Џејсон Момоа) кој во филмот од 1984 год. дали се појавува во две сцени, Турфур да речеме не е толку експониран тука. Инаку во однос на тоа како филмот изгледа визуелно, Dune 2021 ја поставува летвичката прилично високо. Во филмот од 1984 да речеме практично и не гледаме како Каладан изгледа, планетата на куќа Атрејдис. Додека тука имаме прекрасни снимки од истата, мислам дека е снимано некаде во Норвешка и e целосна спротивност на планетата Аракис. Домот на куќа Харконен, мракови и темници, сивила, мислиш дека се наоѓаш во напуштен вонземјански храм или вселенска станица. Баронот Владимир Харконен, збори помалку и се издерава помалку, али е доста поубедлив како лик. Кога ќе размислам Денис Вилнев практикува да покажува повеќе отколку работите на гледачот да му ги пренесува преку дијалог, а верувајте филмов е гозба за очите, иако го гледав дома на тв, можам да го замислам чувството да го гледате во кино со музиката на Ханс Зимер, "моќно" ќе биде преслаб збор да ви го опише чувството. Иако кога сме кај музиката, саундтракот на филмот од 1984 год е врвно уметничко достигнување и не може да се спореди со ништо. Темата Prophecy е такво дело што колку и да мислам, нема да најдам соодветни зборови кои ќе опишат колку е величенствена темата, трансцедира во нешто возвишено, надчовечко...


ме потсетува на тоа како би сакал да изгледа мојот последен изгрев на сонце тука на земјата. Како што веќе кажав, прекрасни глетки и кадри, визиите на Пол се исто така ремек дело, Лејди Џесика е преубава, Чани\Зендаја и не баш, би можел да поминам и без неа. За мене без сомнеж ова ќе биде филмот на 2021 год. 9 од 10
Да се доискажам на постов од пред 3 години за вториот дел. World building от е просто ремек дело на филмскиов серијал, јас буквално го доживеав и видов Аракис, повисоко ниво од ова би било augmented reality cinema каде гледачот би бил дел од самиот филм, али пак е доживување упм и вака. Првиот дел го сереа многу луѓе кои немаа прочитано/гледано ништо околу бексторито и лорот на Дина универзумот, а ова е само одлично надоврзување на првиот дел, ништо повеќе, ништо помалку. Според реакцииве од некои рецензии очекував чуда и не ги добив, што не значи дека е лош филмов, напротив одличен е и го добив тоа што го очекував од Дени Вилнев. Нека иде нека му објасни на Камерон како за неколку години се снима ремек дело. Се слагам дека Вилнев ја добил приказната на готово, во споредба со Камерон кој морал да ја измисли, па дури и да измисли нови јазици али неспоредливи се разликите во квалитет ако се земе временскиот пеиод за кој се снимени двата филма (зборам за последниот Аватар). А да, двојкава го прави првиот филм од 1984 год да личи на Дизни филм, а се сеќавам со Иосоно на една друга тема се контрав и ликот ме убедуваше дека тој од 1984 бил боље пошто повеќе дијалог имало, тука само празни кадри од пустини имало. А баш у кецот е најмистичната сцена каде Пол Атреидис или сега Муаддиб Усул ака Лисан Ал Гаиб ака Махди ака Кизах Хадерах има прв допир со спајс меланж и апла истрипа и почна да слуша гласови и да гледа визии односно стварите наведени во пророштвото. Али не све мора да биде изџвакано нели? Е да Феуд Раута ми беше чуден, не викам лош, али ко од Елиен Прометеус да беше излезен односно на спејс џокеј личеше :), дека ја очекував пак Стинг да искочи на дуел. :) Аууу колку сакам да има приквели пошто Херберт нема напишано книги за тој период односно борбата на човештвото против АИ и настнокот на империјата и куќите. За идните дејствија веќе постои снимено нешто кое што се нарекува Децата на дината и е тв серијал од 2000 ти.


ако ве инересира повеќе околу бексторито на целиот универзум каналов вреди да се следи


плејлистава е вредна да се погледне


и нормално постов морам да го завршам со Брајан Ино

 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.374
Поени од реакции
23.180
Го гледав Дина 2, 10/10. Пристрасен сум кон франшизата бидејќи е една од првите филмови и книги кои ме внесе во научната фантастика а и секој филм кој ќе ме воодушеви и ќе ме тера да мислам и да се навраќам на него откако ќе го изгледам има оцена плус.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Watcher

Ми фалеше да гледам филм од кој не очекувам ништо, а на крај ме лупна од земја. Многу тензичен и многу атмосферичен, можеби по дејството не потсеќа воопшто, но подеднакво крипи ко некој од Подстанарот или Розмариевото бебе, можеби и малку нереален ако земеш да рационализираш, али филмски веројатно полн погодок. И ко и кај секој добар филм, крајот го краси делото. :)

8.5 од 10 од мене
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.505
Поени од реакции
18.283

Pocnav akcii da gledam posledno vreme, i sinoka go izgledav filmov koj iako e od 2011. godina, visoko gi postavuva standardite kako treba da izgleda edna akcija. Samo mi e krivo sto se zaebav i go pustiv so anglisko audio, inaku e indonejziski, ocajno bese. Nareden pat koga ke go gledam pak ke go pustam vo originalna audio forma.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513

Pocnav akcii da gledam posledno vreme, i sinoka go izgledav filmov koj iako e od 2011. godina, visoko gi postavuva standardite kako treba da izgleda edna akcija. Samo mi e krivo sto se zaebav i go pustiv so anglisko audio, inaku e indonejziski, ocajno bese. Nareden pat koga ke go gledam pak ke go pustam vo originalna audio forma.
Имаш и 2ка од 2014та, има јако кршење кичми :)
 
Член од
28 октомври 2012
Мислења
52
Поени од реакции
21

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.841
Поени од реакции
21.642
The Substance
zqc1pitqfxzdbemhlqgo5mxc4od.jpg
Да не откривам многу спојлери, филмот е чиста 10-ка. Елизабет Спаркл (Деми Мур) е дотраена телевизиска ѕвезда, која го бара назад патот до славата кога била млада и убава (парадоксално но вистинито). И се понудува магичен лек кој и ги прави желбите реалност, но секоја акција има и реакција во случајов проследена со доза на себичност и лудило. Приказната наликува на нешто што можеби веќе и сте го гледале (Death Becomes Her), но сепак овој филм има своја уникатна убавина и душа ... реалност и вистина општо за шоу бизнисот и Холивуд а Деми Мур ви е класичен пример за тоа.
Камера 10-ка, Глума 10-ка, Приказна 10-ка, ова е мало ремек дело !!!

p.s. Иако дотраена и веќе стара Деми Мур се појавува во целосно голо издание, штета што има правено корекција на фаца (ботокси и филери а најверојатно и пластика) хмм ми делува како и да се глуми самата во The Substance !!!
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.155
Поени од реакции
46.236
Aj да препорачам 3 филма со тематика која е интересна за дел од форумов, а тоа е UFO themed based movies, во конкрентиов случај 3 кои не се многу експонирани и мал број луѓе и знаат дека воопшто постојат, а ја случајно сите ги имам изгледано на албанскиве тринг канали и така всушност и дознав за нив.

Редоследот, од условно речено најлошиот, до најдобриот, иако мене лично сите ми се допаднаа. Ако барате оскаровска глума, дијалози и слично баталете, станува збор за нискобуџетни проекти, инкогнито глумци и режисери и како такви сите погодија во центарот, конкретно за мој вкус.

1. Космос, 2019, оцена на имдб 6.
Целиот филм е централизиран практично во возило, каде се наоѓаат тројцата главни протагонисти.
Станува збор за 3ца аматерски астрономи, кои работат на проект за детектирање на сигнали од вселената, користат возило и опрема и практично целиот филм е сниман во нивното возило. Буџетот на филмот е само 7000 долари така да ова е уште една работа која треба да се земе во предвид ако некој се фрли во подлабоки анализи и цепидлачи.

Како што реков, дејствието на филмот се одвива практично во нивното возило, филмот почнува споро, со рандом дијалози типични за луѓе кои ја работат оваа професија, сместување на опрема, компјутери, активирање на истата и создавање услови за она што треба да го работат таа вечер. И тој тек на настани добива првично мал преокрет, кога детектираат сигнал за кој не се сигурни што е, и на кој одговараат соодветно на она што го налагаат процедурите.

Очекувањата нормално им се дека не станува збор за нешто сериозно, а дури и да е тоа случај нивниот одговор треба да патува стотици години додека биде детектиран, и Се се менува кога за краток временски интервал, детектираат нов сигнал за кој веруваат дека е реакција на нивната порака што практично не е возможно.

2. UFO, 2018, оцена на IMDB 6.2

Поголем кастинг, поголем буџет сигурно, но ништо посебно од тој контекст, за кастингот има неколку познати фаци тука што секому би биле познати а тоа се Гилијан Андерсон со споредна улога што и не е изненадување зашто се појавува во ваков филм поради X files, Дејвид Стретхерн (ваљда вака се изговара) и овој има во 200 филмови глумено негде поекспониран некаде како споредна улога, попознат по улогите у Born Identity серијалот на филмови, The Expanse серијата и ред други сеа да не набројувам, и Ела Пурнел која моментално е најекспонирана по Фолаут серијата. Сите тројца иначе се споредни ликови тука.

Приказната во филмот се врти околу Алекс, кој студира во колеџ и има одлични познавања од областа на математиката, лик кој како дете тврди дека видел непознат летечки објект за кој е убеден дека нема потекло од земјата. Во сегашноста, се случуваат неколку необјасниви појавувања на UFO, и последното кое се случува на аеродромот во Синсинати го привлекува неговото внимание и убеден e дека станува збор за летало надвор од овој свет, и не верува на известувањата од надлежните дека е дрон што дополнително го мотивира да го докаже спротивното.

Со оглед дека е математички гениј што е битно во конкретниов случај, и со помош на неговата професорка (Гилијан Андерсон) го испитува целиот случај, од официјални снимки (видео и аудио) до лица кои биле сведоци на настанот на аеродромот и полека успева да ги расплеткува работите, додека истовремено и го привлекува вниманието на надлежните со оглед дека почнува да допира до доста сензитивни информации за кои јавноста не треба да знае.

3. Тhe Vast of Night, oцена на IMDB, 6.7

Тотално инкогнито глумци слично како и Cosmos, деби на режисерот кој сеуште и нема извадено нов проект, буџет од околу 700 000 долари, ништо посебно.

Посебно уживав во овој филм искрено и кога и да го начекам на ТВ го гледам и го оставам да си тера во позадина, а всушност денес го имаше ( а Космос пред 2 дена ) па ова и ме мотивираше за постов кој подолго време сакав да го напишам.

Ми се допаѓа целиот амбиент во кој е практично пренесена цела онаа атмосфера која владеела во 50ти у Америка, а и увек има нешто посебно за ваков тип на филмови со ваква тематика а се однесуваат на тој период.

Дејството се случува во 1950та, Кајуга, мал град во Ново Мексико, и Се во глобала се врти околу 2 главни ликови во филмов, Еверет и Феј (колега и колешка), млади ликови кои работат во локалното радио, и за време на една од емисиите, слушаат мистериозен сигнал кој доаѓа од друга фрекфенција и не се сигурни за што станува збор.

И за да откријат, се вклучуваат во живо на емисија и го емитуваат истиот тој сигнал со надеж дека некој од слушателите ќе го препознае и ќе се јави да даде соодветно објаснување. Во меѓувреме низ градот кружат доста информации за видени објекти во небото за кои луѓето немаат објаснување од каде потекнуваат. Да не откривам повеќе, претпоставувате веќе во која насока ќе се движи и овој филм.



Worth to mention филмови со слична тематика, али повеќе што одат накај киднапирање од вонземјани:

1. Fire in the Sky, од 1993, повеќето сме го гледале филмов на тв како мали, една од сцените со тоа што го правеа вонземјаните до ден денес ми е врежана во глава.
2. Dark Skies, 2013
3. No one will Save you, 2023, e oвој го немам гледано што е глупо да го препорачувам во ваква ситуација, ама знам дека добро помина на критика бајаги, добар кастинг има, и ми е на листа за гледање доста долго време само никако да се нафатам да седнам и да го гледам. Така да конкретно ова тука е и препорака за самиот себе, доста одовлекувам со филмов. :D
4. Roswell, 1994, исто филм што како мал многу пати сум го изгледал на тв, кога немавме нит торенти нит стриминг платформи, и отскокнува од листава погоре од 3 филма која е повеќе насочена на тематика со киднапирање од вонземјани. Се однесува на вистински настан од 1947 година и пад на летало за кое многумина тврдат дека е од вонземско потекло, а владата вели дека е метеоролошки балон, лесно да се погоди каде со оглед дека е така наречен филмот, и работите што се случуваат во позадина, дел вистинити, дел фикција, или можеби не. :ROFLMAO:



Лично, ако сакате филмови стриктно со ваква тематика, сите овие би ви препорачал да ги изгледате, верувам дека барем 80% од истиве ќе ви се допаднат.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
748
Поени од реакции
1.619
The last american virgin (1982)- imbd 6.3

Филм од жанрот комедија/драма, според мене документарен филм за секој млад кој мора да го изгледа. Филм за 3 пријатели, нивните патешествија во нивната рана младост и секако љубовта. Филм со длабока порака, интересни дијалози и секако одлична комедија.

Оцена 10/10, што е за комедија абсурд но овој филм е многу повеќе од комедија...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom