Предлог за филм со кратка рецензија

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Another Me (2013) - Прекрасен трилер. Ако не сте го глеале веќе, да го глеате. Многу
е добар. Се раскажува во него за една девојка која одеднаш почнува да има посериозен
проблем со двојничката нејзина,која почнува да и го краде идентитетот,а и целиот живот
нејзин.

A Walk Among The Tombstones (2014) - Драма, акција. Се раскажува за бивш полицаец, бивш
поради тоа што испукал во неколку криминалци од кој еден залутан куршум погодил невино
девојче мало кое починало на самото место. А и тој ден полицаецот не бил на должност, по
што го отпуштиле од работа. Потоа ангажиран е да работи на „црно“ како приватен детектив
од страна на нарко бос, да открие кој му ја киднапирал и убил жена му. Гонејќи го
убиецот, сфаќа уствари дека тоа не им е прво убиство...

Housebound (2014) - Комедија, хорор, трилер. Кајл Бакнел е присилена да се врати во
куќата која пораснала од страна на судот кој и определил мерка притвор. Нејзината казна
е уште полоша со оглед на тоа што таа нејќе да живее со нејзината мајка
Миријам-која мисли дека во куќата има духови...
Гледајте го, интересен е!
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Identity Thief (2013) - Нема утка дефинитивно кога се работи за Melissa McCarthy.
Има одлични комедии,после Џим Кери неа си ја поштуем ептен. Значи само погледајте
го филмов е лудница.



Tammy (2014) - Тами, филмче исто комедија, со Melissa McCarthy. Во филмов се збори како
Тами останува без работа, без мажот, потоа тргнуваат со баба и на пат и тогаш почнува
уствари интересното...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Брилијантноста на Нолан во, според мене, нејзино најдобро издание. Interstellar е филм кој ќе ве вози и вози и вози... на едно од најневеројатните филмски патувања кои некогаш сте ги искусиле. Ова ремек дело изобилува со неверојатни ефекти, дијалози, саундтрак и што уште не. Ма све комплет за 500 (ОК, 230). 30-тина солзи пуштив на филмов. Страшно, страшнооооооооо... при крај коа ќе сфатите што се дешава уствари... Боље е да не го сфатите прерано филмот, не се замарајте многу.
Одете во Cineplexx и заблагодарете ми се подоцна.

10/10

Нолан, ах ти генију!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Добро бе да му ебам мајката пак ме претркаа за филм... :mad:

Некој филм со Ането и некој тип што рекламира коли, режиран од тип што прави филмов со магии и бетмени ау нешо (2014)




Ај демек кратко (ова секој пат го пишувам и завршувам со 200 пасуси..)

Филмов трае 3 саати..што е многу, реално. Можел слободно 2 ипол саата да биде и да има добар ефект...па и 2 саата можел да трае и горе доле истата приказна да била кажана.
Сепак иако трае филмов 3 саата не изгледа како да трае 3. Изгледа како 2 можеби ама не како за 3 :D

Ајде со ред:
Приказната: Супер идеја за приказна, ок начин на раскажување. Ништо ground breaking али интригантно.

Режијата: Ок си е. Во некои моменти може и да се видат некои кадри што потсеќаат на 2001:Спејс одикопај и да се види инспирацијата на Нолан од тој филм.

Саундтракот: ТОП ! Немам гуглано али штом е добар вака саундтракот претпоставувам е Ханс (дека си бе) Зимер. Ако сум грешка онда сигурно е некој друг квалитетен "саундтракаџија" :D Се надевам дека ќе освои звучни Оскари (а и ќе освои изгледа :D :D )

Глумењето: Метју ко Метју си развали. Онака дијалектот/акцентот/уатевр некогаш го има некогаш го нема што е..чудно, ама ептен ми е чуден и приспивен неговиот нормален глас така да..добро е. Очекувам номинација за Оскар да добие. Ането си ја заврши улогата што ја имаше. Тоа што му беше Џона Хил на Лео во Волкот е исто што Ане му беше на Метју во споредба на главен вс спореден лик. Не ми се верува да добие номинација ама би било кул.
Другите ликови си беа ок, си ја завшрија работата што требаше да ја завршат. Девојчето во филмот што ме потсеќаше на Ен Хатавеј со долга коса исто беше добра во филмов. Џесиката на Ајсбој си беше ...таму, немаше огромна улога as far as реплики go :D Другите ликови си завршија улога. Имаше пар актери што не знаев дека биле во филмот, така да добро се заштитил филмов од "спојлери" во трејлерот (y)

Хумор: На ниво. Најс (y) Имаше еден Ц3П0 лик во филмов, ваљда и од Стар Ворс црпел инспирација Нолан.


Се на се: Првиот саат добар. После следат пола саат кои што се..онака..потапа. Па последните саат и 20 мин се под полн гас. До пред последниот саат филмов ми беше за 7.5.Крајот го крена до 8..:е сега крајот..крајот е ептен.....сај фај да го речам..кога гледате филм 2 ипол саати со наука and stuff може лесно да заборавите дека филмов е сај фај...гледам некои луѓе се разочарани од крајот. Јас воопшто не сум, можеби бидејќи како што го гледав филмов очекував по булшит крај.

Нолан ко Нолан си ги користи тие text book финтици од книгата "Како да натерате публиката да ви го сака филмот", тоа е тоа..ништо комплицирано навидум ама ретко кој го прави. Не е нешто ground breaking начинов на раскажување на приказнава, и прави се што го имате видено во други филмов и ви се допаднало..и сето тоа се вклопува баш тамам..истото го прави во скоро секој негов филм, и очигледно успева бидејќи публиката го сака сево ова. А и за сакање е, едноставно а убаво.

Ама....ова е барем за рачинот на раскажување на приказната..приказната itself можеби ќе збуни некои гледачи...барем овие во САД се збунети :D

Ок филмче, задоволен сум се на се. Бел бумбар за филмов.


8/10 за Интерстелар. (y)

За мене лично Gone Girl > Interstellar бидејќи само последните 15 минути беа..мех...во филмов имаше 30ина+ мин кои што можеа да бидат отсечени. Сепак два добри филмови. Оскаровскава сезона почна фантастично.

А сега нешто неповрзано со приказнава што ми текна во последните минути на филмот...МЕГА СПОЈЛЕРИ НЕ КЛИКАЈТЕ АКО ГО НЕМАТЕ ГЛЕДАНО ФИЛМОТ..ГЛУПОСТ Е И ТАКА ОВА ШТО ЌЕ ГО ПИШАМ НЕ СИ ГО СПОЈЛНУВАТЕ ФИЛМОТ ЗА ЏАБЕ.

Што ќе беше јако на крај Ането сама кога остана на планетата од негде да се појавеше Џорџ Клуни на планетата и да кажеше "А бе..и тебе те остави Сандра Булок ?" :D

Иииили...Метју во последната сцена кога идеше да ја бара Ането да дојдеше до..аеродром или што и да е со спејс летала...да земеше да бира помеѓу пет вида на спејс летала..и на крај на пистата да имаше Линколн кола..и да влезеше во неа...и да испадне дека филмов е најдолга реклама на Метју за Линколн досега..:D :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Interstellar (2014)



А
ко сте фан на Нолан горе-долу знаете што да очекувате од неговите филмови, но ако на динамиката, комплексната содржина и гласниот саундтрак на Ханс Зимер додадете карактер билд-ап, безвременска приказна и многу многу емоции, ќе го добиете Interstellar. Иако многу фанови на Dark Knight и Inception ќе речат дека ова не е најдобриот филм на Нолан, јас не само што нема да се согласам туку и ќе посакам сите негови следни филмови да се налик на последниот.

Целата фама околу филмот е оправдана. Јас додуша отидов со ниски очекувања затоа што трејлерот ми изгледаше визуелно прекрасен, но приказната во него ми изгледаше многу праволиниска: човештвото е пред умирање, пратена е мисија да пронајде друга планета и најверојатно се се завршува како во Армагедон. За среќа трејлерот, за разлика од повеќето денешни трејлери успешно ја сокри вистинската приказна и ни даде онолку колку што треба да се навлечеме. А потоа следи она вистинското.

Интерстелар е грандиозен филм. Приказната е поголема од животот а вселенската мисија отиде онаму каде што никој не отишол порано (вклучувајќи ги и Капетан Кирк и Жан Лук Пикард). Се започнува долу на земјата која изумира. Почвата станува непогодна за земјоделие и единственото растение што преживува е пченка. Тука не е потребна „стани земјоделец“ кампања на владата, сите одгледуваат пченка за да преживеат, дури и искусни инжинери и пилоти како Купер (М.М.) Во меѓувреме воздухот станува се потежок и потежок за дишење, останува уште една генерација која може да преживее во тие услови. Последната шанса за спас е црна дупка која “тие” (се верува вонземјани) ја поставиле како кратенка до друга галаксија во која постојат светови слични на нашиот. Низ неа, Купер, тројца други астронаути меѓу кои и Амелиа (Ането <3) и еден робот по функција сличен на C-3PO од Star Wars треба да поминат и да најдат спас за човешвото. А спасот се состои во План А и План Б, и еве подетално за тоа ( сметам дека не е спојлер но за секој случај ќе го покријам па кој сака малку повеќе детали нека чита):

- Планот А се состои во следново: кога астронаутите ќе пронајдат планета погодна за живот треба да испратат сигнал. Од земјата тогаш треба да полета станица со одреден број луѓе,меѓу кои и семејствата на астронаутите. Овие луѓе треба да почнат ја населат новата планета и да се размножуваат. За ова да се случи потребно е научниците на земјата да направат прогрес на полето на физиката кој ќе им овозможи лансирање на огромна станица која би стигнала до целта.

- Планот Б се состои во пратка со човечки ембриони кои би послужиле во случај астронаутите да останат сами.

Дефинитивно постои шанса за останете збунети во делот на физиката, затоа што ова не е ни одблиску лесно патување. Далеку од тоа дека треба човек да е физичар за да го разбере, но тука предност имаме сите ние што обожаваме документарци од типот на Cosmos или Into the Universe. Со други зборови, за да не се изгубите во филмот потребно е да имате површни знаења околу гравитација, црни дупки и протокот на времето околу истите, мултиверзум теории и слично. За таа цел ви ги препорачувам погоре споменатите документарци или пак брзо гуглање и јутјуб.

Премногу споредби се изначитав со Одисеја 2001. Навистина нема потреба од тоа, зошто само генерира дискусии како класиката е подобра. Тоа обично е така, но мислам дека и Нолан направи грандиозен филм кој еден ден ќе биде „класика“. Секако не е перфектен но слободно можам да речам дека е еден од најдобрите Sci-Fi филмови кои сум ги изгледал и филм за публика која сака да размислува. Тешко дека може да се окарактеризира како блокбастер освен по буџетот, повеќе е драма за опстанокот на човештвото која се одигрува во вселената. Ми се допадна што Нолан остави многу простор и време за емотивни сцени. Ако го скратеше филмот тука ќе требаше да крати, а тоа ќе го осакатеше филмот, ќе му ја одземеше суштината. Филмот е скоро 3 часа но мене ме држеше на стол цело време и на крајот сакав уште. Има филмови кои траат 90 минути и се предолги. Времето е релативно, како што ни покажа и филмот. На пример, јас и dragonsky го изгледавме Interstellar а wot и Psyside за истото време се уште го немаат изгледано Dawn of the planet of the Apes. Не знам колку Нолан би прифатил ваков пример да влезе во филмот. Ми се допадна и како ги сними сцените внатре во леталото, го долови она чувство „како да си таму“. Во добар дел некои сцени наликуваа и на Gravity, и тоа потврдува дека Gravity беше револуционерен филм од режисерски аспект.

Една работа што мислев дека е премногу во филмовите на Нолан е саундтракот на Зимер. Без разлика што е предобар некако го има премногу, како музичка разгледница. За прв пат го доживеав саундтракот како неопходен и потребен.

Д
ека Ането нема да има којзнае каква улога знаевме од најавите. Во филмот се се вртеше околу М.М. (wot, купи си палома и рамка за слика да го закачиш Метју на ѕид после филмот) и неговата ќерка Murph (Mackenzie Foy како млада и Jessica Chastain како возрасна). И двете беа одлични. Кејси Афлек и Мет Дајмон немаа позначајни улоги и го покажаа стандардното од нив. Помеѓу сите овие ликови беа покренати многу прашања и теми за размислување. Да не го заборавам и големиот Мајкл Кејн во една од веројатно неговите последни улоги.

Е, не ми е јасно дали роботот физички може да се движи онака како што се движеше и тоа е една од ситниците што сакам да ги знам, иако морам да кажам доста креативно. Ми се допадна и неговата смисла за хумор кога М.М. го подесуваше:

М.М.: Смисла за хумор, 90%...
Роботот: Започнувам со секвенца за самоуништување: 10, 9, 8, 7...
М.М.: Ок,многу ти е. Смисла за хумор 75%...
Роботот: Чук-Чук шега...
М.М.: Сакаш да намалам на 60%? :D

Ретко кој филм денес цели да биде голем. Високобуџетните филмови имаат за цел само заработка. Нолан направи нешто што ќе остане. Мене ми е многу јасно дека многумина нема да видат ништо во филмов. Ќе има безброј луѓе кои ќе му дадат единици поради причини од типот: „Досадно ми беше“, „зошто е толку долг?“ и „а каде е чудовиштето?“. Многумина од фановите на Нолан ќе речат дека овој филм има премалку акција, и воопшто нема пукање, па не може да се спореди со Инсепшн или Витезот. И се разбира најголемо мнозинство од критичарите ќе биде групата збунети гледачи, изгубени во времето и просторот. Исто и групата фанови кои ќе цепидлачат за дупки во сценариото, како да може да се направи тајм-травел филм без парадокси. Но, разбрале или не разбрале, важно е возењето. И запаметете: на голем филм му е потребен голем екран.(@wot, ова за тебе важи.)

9/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Viktoria (2014) - Р. Бугарија

-Ајде да измислиме име за бебето?
-Кое бебе?


Почна Синедејс! И го стартував со еден од најдобрите балкански филмови, ако не и најдобар во последните 2-3 години што сум го гледал. Уште пошокиран кога дознав дека е филм првенец на младата режисерка Маја Виткова, и самото тоа што влегол во официјална селекција во Sundance филмскиот фестивал зборува за тоа за какво дело се работи. Се работи за многу комплексен филм, со тешка тематика а сепак направен и малку да не насмее, да не исфрле од тој тежок напнат свет кој се случува околу бебето Викторија, потоа девојче, и тинејџерка. Приказна која ја гледаме низ очите на три жени од една иста генерација. Започнува во 1979 во комунистичка Бугарија, па се до неговиот пад и почетокот на 90-те години. Освен предобро прикажаните сцени и атмосфера од периодот, филмот е попратен со одличен саундтрак и прекрасна режија, за кинематографијата немам зборови, особено арт сегментите, со патеката со лисја која ја среќаваме цело време во разни временски периоди, до истурањето на млекото во калта и завршната сцена. За приказната не сакам многу да откривам освен во кратки црти дека станува збор за млад брачен пар кој е решен да замине во САД за подобар живот, но нејзината бременост ќе ги стопира соништата и ќе тргне во сосема поинаков правец кога нивното бебе ќе биде прогласено бебе на деценијата, односно “симбол“ на комунистичка Бугарија (не-кажувам-зошто-major spoiler)! Можете да го ѕирните трејлерот, кој нема да ви открие ништо освен некои одлично снимани сцени. Кога ќе биде ставен на торенти, обавезно ќе го објавам, според мене има огромни шанси да ја добие главната награда во Официјалната селекција, сега за сега, стискам палци за неа! 9/10

 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Human Capital / Il Capitale Umano 2013



Се работи за прекрасна драма/трилер изработена по некој роман. Приказната се врти околу животот неколку фамилии во некој преубав предел на Италија и настанот прикажан во првите минути од филмот односно сообраќајната несреќа што ќе му се сличи на еден велосипедист.

Филмот е изработен многу добро и во него 3/4 од времето истите настани се прикажани од перспектива на 3ца од главните ликови додека последниот дел е разрешницата на филмот.

Многу пријатно сум изненаден и го препорачувам, од мене 9/10

п.с гледајте ептен до крај за да видите која е причината за насловот
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
За Интерстелар има пишано веќе 3 мислења погоре. Така да, да не коментирам многу. ГЛЕДАЈТЕ ГО ако не сте го гледале. :D

Еве едно малку постаро филмче што ме изненади.
Pan's Labyrinth ( Guillermo del Toro)

Шпански филм. Дејството се случува за време на Граѓанската војна во Шпанија.
Девојчето кое е главен лик во филмов, иде со мајка и да живеат во куќата на еден генерал, каде што мајка и треба да го роди синот на генералов. Во меѓувреме девојчево се наоѓа со еден Фаун (Pan) кој и кажува дека во неа е душата на принцезата, ќерка на некој си крал што многу одамна умрела. И ако сака да стане и она принцеза треба да се докаже преку 3 теста.
Интересно е како се испреплетуваат фантастичните елементи со страшните елементи на војната и последиците од неа.
Да не откривам многу многу, вреди да се гледа. :D(y)(y)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
300: Rise of an Empire




Приказ на една од најпрвите забележани битки во историјата, битка која го менува текот на човештвото. Оние кои веќе го гледале 300 кецот, а и оние кои не го гледале, веќе од општа култура би требало да знаат за битката кај Термопилите, каде 300 Спартанци се соочуваат со моќта на Персиската армија, дотогаш непобедена. Овој дел е prequel и sequel на првиот дел, бидејќи дејството се случува пред, за време на, и после она што се случува во првиот дел.

За да се разбере убавината на филмот, мора да се сфати историскиот контекст. Критичари го опишуваат како нереален, претставен со надмоќни сили, па затоа не им се допаѓа. Но, зошто се такви претставени ликовите? Целта на филмот не е да се прикаже историската вистина. Целта е да се прикаже како луѓето во тоа време гледале на настаните, односно како настаните биле раскажувани по славната битка. Замислете го простиот Хелен, кој не видел ништо надвор од своите земјопоседи кои ги обработува за прехранување на своите 5 деца, како ги замислува овие настани. Раскажувањето на тогашните рапсоди (што се всушност поети, само наместо да творат свои креации, раскажуваат приказни во препев) кои ги менуваат работите, ги прават непријателите позлобни, побрутални и погрди, а ги прават Хелените добри, храбри и убави. Затоа и Хелените се почовечни, се борат без оклоп, понекогаш и без шлем, а Персијците се со оклопи кои до ден-денес не постојат, Ксеркс е изнареден со ланци, телохранителите му се кучиња-чудовишта и слично. И Хелените тоа го прифаќале. Од каде да знае простиот земјоделец и сточар, што лежи надвор од неговата земја? Во неговата свест, тоа се демони кои доаѓаат да го поробат. Прикажана е по малце и Персиската страна од работите, меѓутоа и таа страна е раскажана како што ја замислувале Хелените.

Но, да се навратам на филмот. Историската вистина е дека во првиот дел, точно е дека Спартанците пратиле 300 војници, меѓутоа со нив биле и многу други Хелени, па современите историчари сметаат дека имало околу 20.000 Хелени, наспроти околу 150.000 Персијци. Како и да е, се случува што се случува во првиот дел, а сега во вториот е прикажан настанот кој се одвива паралелно. Вистината е дека Персијците првин не дошле со нивната целосна моќ, ниту пак кралот Дариј лично присуствувал на битката кај Маратон, како што е и самиот вовед на овој филм. Со огромна сила доаѓаат во наредната битка, онаа која е опфатена во целиот филм понатака. Хеленскиот јунак Темистокле е Атински стратег, и набрзо ќе видите дека тој не е оној типичен, до лудост храбар Холивудски предводник. Темистокле е едноставен човек, многу паметен, или најдобриот израз кој кај нас не може баш да се преведе, тој е cunning. Неговиот предлог, финансиите предвидени за војска да се потрошат на флота наместо на земјишни трупи ќе биде она клучното во војната. Во филмот се прикажани битката кај Артемисион и битката кај Саламина, двете поморски битки. Бројките повторно се претерано мали за Хелените, а претерано големи за Персијците, но сепак факт е дека Персијците имале дупло побројна и помоќна морнарица. Сепак како што реков, ова не е за да се прикаже Холивудски начин на триумф во стилот како двајца Рамбовци убиваат 3000 Спецнац војници, туку Хелените навистина вака ги прикажувале настаните, со цел големата победа да си ја прикажат како уште поголема.

Единствениот начин да се ужива во овој филм е да се имаат овие работи на ум. Оној кој го гледа за да види што се случувало тогаш ќе се разочара. Меѓутоа фасциниран ќе биде оној кој ќе гледа за да види како тогашните луѓе ги замислувале настаните, бидејќи во тој поглед, нема грешка во филмот.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Reservoir Dogs (1992)

Somebody’s gonna start cryin’

Првиот голем успех на Тарантино на големото платно, “Reservoir Dogs” е приказна за криминалот, полицијата која се бори против него и тајните агенти кои се впуштаат во голема опасност со цел да ја разоткријат мафијата. Приказната започнува кога еден од најголемите мафијаши Џо Кебот (Lawrence Tierney) ќе собере група од шест криминалци и ќе го организира еден од најголемите грабежи на дијамант кои биле изведени дотогаш.



Џо Кебот внимателно избира криминалци на кои им верува и организира разно-разни грабежи, од кои до сега немал ниту еден неуспех. Но, овој пат нешто ќе тргне наопаку… Тој собира шест добро познати криминалци кои ги смета за свои луѓе, разработуваат план како да украдат еден вреден дијамант. Тие добиваат скриени имиња, така што меѓу себе не го знаат вистинскиот идентитет на соучесникот, па дури и ако нешто тргне по зло, ништо не може да им се случи на останатите.



Имињата ги добиваат по разни бои: Господата Бел (Harvey Keitel), Портокалов (Tim Roth), Плав (Michael Madsen), Розев (Steve Buscemi), Син (Edward Bunker) и Кафеав (Quentin Tarantino, да, тој Тарантино) одат заедно во добро испланираниот грабеж, но кога се изгледа добро и кога мислат дека грабежот ќе помине без проблем, се појавува полицијата. Во престрелката ќе биде убиен еден од криминалците, како и неколку полицајци и цивили. Преживеаните криминалци ќе се соберат на место, претходно договорено, каде што требало да ги добијат парите за успешно завршената работа. Кога полека ќе се соберат криминалците, тензијата расте, а почнуваат и да се сомневаат дека еден од нив е полицаец и дека ги издал. Но, кому всушност можат да му се верува?



Одличен филм, цело време владее напната атмосфера, а расплетката е една од најпознатите завршетоци на филмовите. Најверојатно ќе сакате да дознаете повеќе што се случува на крајот, но интернетот нуди безброј можности, секако. Одлична крими-драма, моја препорака за филмот. 5/5

Преземено од: filmskirecenzii.com
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Nightcrawler (2014)

download.jpg

Мрачна и сурова драма/трилер во која главната и може да се каже единствената улога ја има Џејк Гилангхо. Тој глуми млад човек и паметен човек кој живее во ЛА и се бори да преживее финансиски. Случајно еден ден наидува на сообракајна несреќа и тогаш се среќава со камерман кој што работи како фриленсер за тв станици и ги продава снимките од крими настаните за пари. Ова го потикнува Лу и тој на свој специфичен начин да набави почетна опрема и да се занимава со оваа професија.

Ликот на Лу е малку тежок за гледање бидејќи е сосема пресметан и речиси без емоции, има многу специфичен начин на говор и однесување што веројатно одлично ги опишува луѓето што се "самотњаци". Како и што се очекува на ваков човек неможе ништо да му застане на патот на зацртаната цел односно да се стекне со пари за да отвори сопствена тв продукциска куќа.

Филмот трае речиси 2 саати од кои првиот е многу спор, сепак крајот мене многу ми се допадна и вреди да се гледа од мене 8/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.197
Заборавив како се пишуваат рецензии. :( Одамна беше, простете.

Вечерва се решив ќе препорачувам еден култен филм кој го гледав само по втор пат.
Станува збор за првенецот на Стивен Содерберг, Sex, Lies, and Videotape. Содерберг понатака прави уште добри филмови, (погледнете го Traffic) но овој ќе ми остане некако посебно драг.
За што се работи во филмот? Вестерн филмовите, по обичај, се прават според две формули - или странец доаѓа во градот, или градот оди кај странецот. Ова второво ми нема логика, и за да не се правам паметен уште сега ќе кажам дека негде го имам прочитано. Јас од вестерни знам една формула - ако не е Клинт Иствуд, не е вестерн. :lut:

Секс, лаги и снимки почнува така што далечен познаник доаѓа на краток престој во куќата на брачен пар. Странецот има еден чуден сексуален фетиш, како кај нас Анчо со дињите, само овој подруго. Оттогаш, се се менува во животот на сопружниците.
Најосновно, тоа.
Филмот, како прво, е поим за режија. При гледање, заприметете какво е движењето на камерата, колку добро Содерберг ја користи тишината и каков добар раскажувач е. Уште на почетната сцена - жена седи кај психијатар, не ја знаеме која е, ни што е, а таман почнува со зборување Содерберг не носи на други места и други ликови, и веќе се тие, веќе се тука вклопени во приказната. Дури и видео снимките се во улога на раскажувач и сечија приказна е важна.
Друго, дијалозите се силни, имаат премногу тежина, како што имам спомнато дека премногу почитувам - реални се, не се исфорсирани, ги слушаш и си велиш дека ова е тоа, вака треба да се зборува, вака се однесува човек при разговор.


Се што се случува понатаму, до самиот крај, остава товар колку цена планина. Сериозен гледач не може да остане рамнодушен после гледање, не може да го извади од ум неколку дена, ќе размислува, ќе проба да даде одговор на многу прашања (филмот поставува премногу), ќе сака да зборува за него ама нема да знае како да се изрази. (како ни јас со рецензијава :boksix:)
Обичниот гледач само ќе се прашува каде беше Сексот во филм што се вика Секс. Ама океј на форум сите сме сериозни гледачи :backa:

Од мене има 10/10, бел бумбар, и место во листа на најдобри филмови.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.721
Поени од реакции
22.705
The legend begins
Претпоставувам дека секој ја слушнал легендата за Херкул, најсилниот полу-бог во грчката митологија. Овој филм, снимен во ко-продукција на Paramount Pictures и Metro-Goldwyn-Mayer Pictures, како своја основа го има митот за Херкул и неговите 12 подвизи. А, најсилниот помеѓу полу-боговите го глуми еден од најсилните помеѓу луѓето – Dwayne Johnson. Филмот е снимен по стрипот на Steve Moore - “Hercules”, а е во режија на Brett Ratner.



400 години пред нашата ера, една измачена душа доаѓа на светот. Тој не е ниту бог, ниту човек. Тој е полубог, со име Херкул. Тој е доказ за неверството на семоќниот Зевс, за кое Хера била многу лута, па Херкул целиот свој живот претрпува само мачење. Принуден е да изврши 12 предизвици за да им се докаже на боговите, но и после тоа тие не го сакаат. Откако и неговото семејство, жената и неговите деца, ќе бидат убиени, тој им свртува грб на боговите и бара начин како да продолжи да живее, колку што тоа е можно, нормален живот.



Станува “платен војник”, се бори за било кого и против било кого, се додека е добро платен. На тој пат се среќава со уште шест слични души, кои цел живот се измачуваат, а задоволство им причинуваат само борбата и парите. Така тие се борат за пари, не запрашувајќи се што тоа ќе предизвика, се додека Кралот на Тракија и неговата ќерка не ја повикаат оваа дружина да се бори на нивната страна и да ја обучи нивната “војска” составена од обични селани кои никогаш се немаат борено. Исто така мораат и да ги лоцираат нивните противнци. Дури подоцна ќе сфатат за и против кого се бореле…



Како што би можеле да заклучите и самите од краткиот опис на приказната даден погоре, не можете да очекувате некое спектакуларно дело, само просечен филм кој добил доста медиумско внимание (според мене дури и непотребно). Актерската екипа (Dwayne Johnson, John Hurt, Ian McShane…) е на ниво, но ова е само уште еден во низата филмови за Херкул кој и не се баш издвојува.

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Конечно успеав да го изгледам и Gone Girl, еден од филмовите од 2014 кои "морав" да ги изгледам. Дејвид Финчер... Останатото е се кажано. Ја немам прочитано книгата, но филмот е (y)

You don’t know what you’ve got ’til it’s…gone!
Од мајсторот за трилери, режисер на неповторливите Fight Club, Zodiac, Se7en, The Game – David Fincher, ни доаѓа нов мистериозен трилер. Уште еден врвен филм, одлично достигнување на еден одличен режисер. Овој пат се работи за “Gone Girl”, снимен по истоимениот бестселер на Gillian Flynn. Со Ben Affleck и Rosamund Pike во главните улоги, Финчер на својот преопзнатлив начин не води низ заплетканиот живот во една модерна брачна заедница.



5ти јуни, 2012 година. Пета годишнина од бракот помеѓу Ник (Ben Affleck) и (Неверојатната) Ејми Дан (Rosamund Pike). Кога Ник ќе се врати дома, ќе ја најде вратата од нивната куќа отворена, дневната соба искршена. Има знаци на провала, но нема знаци од Ејми. Ник ќе се загрижи и ја повикува полицијата. Откако ќе извршат увид на местото, претпоставуваат дека Ејми е киднапирана. Но, со наредните сознанија стравуваат дека таа е всушност убиена.



Во полицијата Ник се однесува чудно, дава чудни одговори на поставените прашања. Вечерта ја поминува кај неговата сестра – близначка, Марго (Carrie Coon). По разговорот се забележува дека Ник и не е баш најзагрижен за исчезнувањето на Ејми. Пристигнуваат и родителите на Ејми, познати личности, особено по книгата издадена од нивна страна, базирана на животот на нивната ќерка, исчезнатата Ејми. Тие ќе организираат разни настани да се здобијат со вниманието на јавноста.



Наскоро, исчезнувањето на сопругата на Ник се претвата во јавен, медиумски циркус, а кога вниманието на јавноста се насочува кон овој случај, Ник не реагира соодветно. Со разни постапки го пробудува сомнежот на јавноста дека Ник всушност ја убил Ејми, а со своите постапки тој само ги охрабрува овие размислувања. Сето ова води до едно прашање, кое ќе се покаже пресудно во понатамошниот тек на филмот: “Дали Ник Дан ја уби својата сопруга?”.



Одличен трилер низ кој Финчер не води со одлични навраќања, одлично раскажување и предобро снимени сцени, кои веќе сме навикнати да ги гледаме во неговите филмови. Филмот трае два и пол часа, но секоја минута го заслужува вашето внимание. И сценариото напишано од страна на Gillian Flynn е навистина на врвно ниво, што во комбинација со претходно наведените квалитети на овој филм, го прават одличен. Еден од најдобрите филмови за годинава кој дефинитивно ќе биде во конкуренција за Оскар(и). 5/5

Преземено од filmskirecenzii.com
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Го гледате Чехов во секој еден од ликовите.
По малку и Пушкинова идила.
Го гледам пред почетокот на колоквиумска,
книгата настрана, се обидуваш да се фокусираш,
не ти оде едно 20 минути. Гасиш светло, пробуваш пак, се редат
дијалози, еден, два три... и со надеж дека англискиот перфектно ја доловил суштината на турската степска драма продолжуваш да гледаш.

Зимски сон.

Три часа и 16 минути. Времетраење на ова ваљда ќе биде вонвременско дело. Се обидувам нешто да напишам а да не се повторувам од претходни рецензии (идам тука само нешто ако ме воодушеве). И ме, пак. Се надевам, искрено се надевам, дека нема да гледам нешто подобро, затоа што веќе го имам најдобриот филм за 2014, па ете може (не може, туку секако) по втора година по ред за најдобар бирам од неанглиско говорно подрачје и повторно добитник на Кан (лани, францускиот Blue is the warmest...). Повторно сме сведоци на мирна, бавна атмосфера. Овој пат во Кападокија, како полека доаѓа зимата, некако како времето да се истоветува со ликовите, и тие стануваат поладни. Зборови, зборови, зборови, филмот изобилува со долги дијалози. А за главниот лик? Поранешен глумец, писател на колумни, сопственик на мал хотел во степите на Кападокија. Во екот на голема сиромаштија, е најбогатиот човек во околината. И најомразениот. Една мала непријатна случка ќе биде причина за разгорување на до скоро заборавена расправија. Неговата прекрасна многу-години-помлада жена, која можеби е еден од најкомплексните ликови, ја гледаме смирена а во душата како да има желба да прсне и да ја каже на глас. Тука е и неговата сестра со која се редат најдолгите разговори, како да се навистина брат и сестра.

И доаѓа зимата... сонот чиниш престанал.
https://www.youtube.com/watch?v=Uj1IdVoYR6Q
А тек доаѓа.
10/10

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom