Пост на кој сте се изнасмеале

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
дека ти многу сакаш да читаш,затоа
Еј, сеа не претерувај, немам време ова да го прочитам. Ај после ручек, на раат ќе седнам и ќе го прочитам ова што си ми го пишала.
 
Член од
11 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
74
Еј, сеа не претерувај, немам време ова да го прочитам. Ај после ручек, на раат ќе седнам и ќе го прочитам ова што си ми го пишала.
ветувам нема да претерам,зашо да пишувам цели романи кога може кратко и јасно да се каже нешто.ама гледам сите некако сте по белетристиката,а ја дете од село не се разбирам.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Што ти текна вака есеј да пишеш?
Не биди изфрустриран и ти како мене, морам да честитам на ново научениопт збор Искомплексиран ,Белетристика. :pipi:
Од сега понатака кратко и јасно ДА НЕ можеби незнам , само ако сум видел повеќе од една реченица кај некој форумџија, што кој кур троши меморија на кајгана кога може кратко и јасно да се каже се.
 
A

AnFem

Гостин
Незнам од каде прочитав но наводно грешниците по смртта биле поделени на три дела: Едните оделе во пеколот, другите биле пратени да талкаат низ земјата (духови) и третите биле испратени во вселената (вонземјани)... Сега не тврдам дека е точно али гарант постој нешо натприродно :unsure:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Moже и пред да се деси апеж од медуза да се помогне со самомоч. Познавам човек кој постојано си се подмочува и до ден денес медуза го нема чепнато. Додуша никад не ни бил на море али не е важно тоа.
 
А

Анноун

Гостин
Во темата Поплаки ( паѓање на спортска)

јас немам веќе инспирација за пцовки кон ПСЖ, за три кола сите ги поминав

само следен пат кога ќе не ебат да ни кажат барем да ставиме шминка и парфем да им изгледаме убаво
:pos: Браво Ајви , феноменален хумор . Оддамна немав паднато од стол од смеење:pos:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пред да ја прошират беше биртија, шљокица ти е моден детаљ:icon_lol:
Велешко барем изобилува со биртии. Од автобуска десно двете трафики карши Енгилизот ти се за од нога. Во превалец Ламбада, најново кај Гавро десет денари ракија. Четворица софра пукаат за 500денари на раце испаѓаат. Нема певаљки само тоа им фали. Во Градско на самиот пат од десна страна тоа беше колеж атмосфера, една рика качена на маса, флаши летаат, кој ја тегне за цицка, газдава фрла маси, твое е само да пиеш и да внимаваш да не те погоди нешто. После 2 ноќта се одеше. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Болетос строго да се посети, темно, прст пред око не се гледа. Задимено мислиш си стасал во пеколот. Едно типче со сентисајзер уу филм дека е ѕвезда и едан певајка може има 18 години, само жалопојки пее, срцепарателни. Можеш да порачаш само тоа што останало, не она што сакаш. Значи ако се испило пивото, има само вино. Десно курвите застаните на бендис, Бузалково мафија по маси, тепачки преку една ноќ. Ако се многу лути и пиштоли и бомби летаат кај браќата. Ако не се задеваш никој не те задева.
Кавадарци една биртија ми остана во мозок, имаше три маси, домаќинката за мезе ни извади домашна туршија и сирење од канта, плус и во едно чиниче ајвар. Биртијава се наоѓа на патот накај Ваташа од десна страна, минијатурна исто со ќумбенце во средина и клиентела секој сам на маса со ракија. И една исто спикана немаше веце се друго им се распаѓање, па за олеснување се идеше пред врата. Бонус после 3 у една дискотека по скали надоле, скршени прозори, мажи заспани на шанк, пеачкава рика ли рика. Едно време се степуваат, другиот момент се гушкаат, трет момент флаши летаат. Преживеавме.
Шабан, Дабиле Струмичко. Кој не бил ова му е задолжител испит за лиценца кафански човек. Огромен хангар, копачите пред врата, рамбовка дрес код, две певајки рикаат на двете страни на маса качени. Едната мрсна глуми полицајка, со пластичен пиштол на појас, другава слаба ребрата и се бројат. Слободно можеш да стоиш на стол и да се фрлаш од маса во слободен пад. Ова неможе да се опише, само да се доживее.
Друго не ми иде сега на памет :)
Вака, после искуството насобрано на конкретнава тема знам само една работа-многу е тешко некој објект да го класифицираш строго како биртија, некогаш границите се многу тенки. Но да почнеме од почетокот. Значи во основа постојат угостителски објекти за храна и пијалоци. Пред да се појават овие новокомпоновани лаунџ барови, снек барови, а од пред дваесет и нешто години и првите сендвичари и после тоа фаст фуд ресторани, на времето си постоеја два типа на место за јадење-ресторан(т) оној класичниот и кафаната. Е сега има неколку фактори кои дефинираат објектот на која група припаѓа иако не секогаш тие фактори носат строга дефиниција. Како главни ќе ги земам-дали објектот служи само пијалок или пијалок и храна, типот на музика кој се пушта внатре, социјалниот профил на авериџ хомосапиенсот што влегува во објектот, влогот во и типот на екстериерното а особено ентериерно уредување на објектот и секако цените. Класични ресторани се на пример Виторија, Мулињо, Камник, Лира. Музиката е главно странска, цените поскапи, јадеата сервирани убаво, дизајнот без разлика дали е ретро, покласичен или моредерен секако е поискеширан. Од друга страна доколку амбиентот е понароден и традиционален за ова подневје, се пушта кирилица, цените се реалтивно прифатливи, инвестицијата не многу голема тогаш во оваа сфера станува збор за кафани и биртии. Разликата помеѓу кафани и биртии знае да биде многу тенка за дефинирање некогаш, и луѓето тука често грешат. Додека Идадија на пример е класична кафана а сега веќе затворената Стар В'к класична биртија, постои огромна сива зона. Во главно кај биртијата цените се пониски, народот понеобразован, понекултурен и попрост за разлика од кафаните каде што одат и боеми луѓе кои може да се академци и доктори на науки, хигиената на далеку понезавидно ниво, ентериерот кич, музиката е тежок турбофолк за разлика од староградската музика која ја среќаваме во кафаната, се останато на најпримитивно угостителско ниво. Одиме без некој посебен ред. Ќе бидат споменати и екс биртии
Ви препорачувам да си ја следите темава со внимание. Какви описи ставија леандра и сусаро, солзи ми потекоа од смеење. Дури си ги препрочитав постовиве неколку пати за појасна слика да имам. Епик.:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom