Пред да ја прошират беше биртија, шљокица ти е моден детаљ
Велешко барем изобилува со биртии. Од автобуска десно двете трафики карши Енгилизот ти се за од нога. Во превалец Ламбада, најново кај Гавро десет денари ракија. Четворица софра пукаат за 500денари на раце испаѓаат. Нема певаљки само тоа им фали. Во Градско на самиот пат од десна страна тоа беше колеж атмосфера, една рика качена на маса, флаши летаат, кој ја тегне за цицка, газдава фрла маси, твое е само да пиеш и да внимаваш да не те погоди нешто. После 2 ноќта се одеше. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Болетос строго да се посети, темно, прст пред око не се гледа. Задимено мислиш си стасал во пеколот. Едно типче со сентисајзер уу филм дека е ѕвезда и едан певајка може има 18 години, само жалопојки пее, срцепарателни. Можеш да порачаш само тоа што останало, не она што сакаш. Значи ако се испило пивото, има само вино. Десно курвите застаните на бендис, Бузалково мафија по маси, тепачки преку една ноќ. Ако се многу лути и пиштоли и бомби летаат кај браќата. Ако не се задеваш никој не те задева.
Кавадарци една биртија ми остана во мозок, имаше три маси, домаќинката за мезе ни извади домашна туршија и сирење од канта, плус и во едно чиниче ајвар. Биртијава се наоѓа на патот накај Ваташа од десна страна, минијатурна исто со ќумбенце во средина и клиентела секој сам на маса со ракија. И една исто спикана немаше веце се друго им се распаѓање, па за олеснување се идеше пред врата. Бонус после 3 у една дискотека по скали надоле, скршени прозори, мажи заспани на шанк, пеачкава рика ли рика. Едно време се степуваат, другиот момент се гушкаат, трет момент флаши летаат. Преживеавме.
Шабан, Дабиле Струмичко. Кој не бил ова му е задолжител испит за лиценца кафански човек. Огромен хангар, копачите пред врата, рамбовка дрес код, две певајки рикаат на двете страни на маса качени. Едната мрсна глуми полицајка, со пластичен пиштол на појас, другава слаба ребрата и се бројат. Слободно можеш да стоиш на стол и да се фрлаш од маса во слободен пад. Ова неможе да се опише, само да се доживее.
Друго не ми иде сега на памет