Последен гледан филм со кратка рецензија

Дискусија во форумот 'Филм и ТВ' започната од Дивајн, 24 декември 2008.

  1. MyloXyloto

    MyloXyloto

    Член од:
    23 јуни 2008
    Мислења:
    3.969
    Допаѓања:
    4.183
    [​IMG]

    Филмов одамна се канам да го гледам но ете сега го земав и имав шанса да ја гледам оваа неверојатно добра комедија. Впрочем за неа насекаде слушав само пофални зборови па морав и такво нешто да очекувам, сепак и неколку номинации и награди за Оскар ми беа уште поголема привилегија а комедија која добила некаква награда на Оскар мора да биде феноменално. И моите очекувања се исплатија, филмов е нешто прејако, една одлична реална комедија, патување исполнето со баксузни ситуации и предобра глума. Одличен саундтрак и оригинални дијалози. Абигаил Бреслин, девојчето кое се повеќе ме воодушевува, а и заслужено си ја доби номинацијата за Оскар таа година, и останатите улоги беа предобри, посебно оној братот на Олив, молчел девет месеци поради тоа што сакал да стане авијатичар и на крај дознава дека е далтонист и се оди у п.м

    Оцена: 8,8/10

    [​IMG]

    Се мислев дали да го земам овој филм, и поради солидната снимка решив да го гледам, сепак има одлични оцени на ИМДБ а и филмските критичари го најавија како ептен квалитетен филм и добар. Така да и наградите за Оскар и Златен Глобус оваа година сигурно ќе бидат неизбежни, бидејќи легендарната улога на Шон Пен мора да добие некакво признание. Тој повторно ме воодушеви со неговата улога, исто како и во I AM SAM каде што одлично одигра ретардиран, овде хомосексуалец ептен јако го направи. Харви Милк, според вистинска приказна, политичар хомосексуалец кој се бори за правдата на геј луѓето. Ми беше чудно да гледам бакнежи помеѓу Шон Пен и друг маж, но со текот на филмот се навикнав, и видов дека одличната глума засенува се, неверојатно филмско дело. Браво.

    Оцена: 8.5/10
     
    На Ausencia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    SNATCH

    Филмов е... едноставно значи феноменален како и во приказна, глума, избор на актерска екипа и се останато... едноставно не може да се искаже филмов со кратки зборови, го препорачувам за сите љубители на англискиот хумор и измешаните приказни... непредвидливоста е одлика број еден на филмов, оценка 10/10

    [​IMG]
     
  3. GothLady

    GothLady Heinous

    Член од:
    16 јуни 2008
    Мислења:
    283
    Допаѓања:
    32

    :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:аууу филмов беше многууу убав :pipi:
    у принцип не сакам филмоој со животни, ама овој беше посебен...мн мн мн убав...ќе заплачев на крајот (за малце) :jaj:
     
  4. Helo

    Helo

    Член од:
    4 јуни 2007
    Мислења:
    2.885
    Допаѓања:
    189
    Hey DJ

    Одличен филм што ќе им се допадне на сите што ја сакаат електронската музика, клаберите, диџеи, продуценти... Ова е патот на еден диџеј до успехот следен со љубовните триаголници, четириаголници..:pos2:

    Во него има и доста светски познати диџеи..


    http://www.imdb.com/title/tt0322621/

    From Miami to Ibiza, HEY DJ chronicles the meteoric rise to Fame of DJ HOUND DOG and the terrible mess he makes of his love life. Featuring an all star cast of the Worlds Greatest DJ's.

    Tiësto
    Judge Jules
    Eddie Halliwell
    Bob Sinclar
    Anne Savage
    Marc Aurel
    Kai Tracid
    Spankox
    Lisa Lashes
    Chris Cox
    Robbie Rivera
    Kevens
    Annabella Lwin
    Ferry Corsten
    Junior Jack
    Marco V
    Carl Cox
    Pete Tong

    Pics of the movie: http://www.hotflick.net/movies/2005_Hey_DJ.html
     
  5. Тамарче

    Тамарче Ако одам во Битола..

    Член од:
    11 јули 2007
    Мислења:
    3.239
    Допаѓања:
    220
    The Family Man

    [​IMG]

    Ако сте романтичари, фамилијарни луѓе, кои сакаат бебешки какуфчиња, пеленчиња, и мала топла семејна куќа, тогаш мора да го гледате филмот.
    Прекрасен филм, прекрасни глумци, прекрасно сценарио, и многу поучна порака. Не е се` во парите, туку семејството е она што те прави целосен.

    Оцена: 10/10
     
  6. _The Great_

    _The Great_ Il Genio

    Член од:
    18 јуни 2008
    Мислења:
    5.672
    Допаѓања:
    2.279
    Transporter 3

    [​IMG]

    Конечно најдов време да го гледам последното продолжение на Транспортер.Супер продолжение на неговите успешни претходници, едноставно Џејсон знае да одглуми ѕверски.Карактеристична акциона приказна исполнета со фантастичното горење гуми на Ауди А осмица :).Единствено мерак не ми направи Наталија, би требало некоја попозната актерка да земат.Се на се филмов ептен ми се допадна.На ИМДБ му дале прилично ниска оценка, јас му давам 8.5
     
  7. Mac))

    Mac))

    Член од:
    2 април 2006
    Мислења:
    14.363
    Допаѓања:
    3.065
    Инспириран од коментарот горе,донесов одлука да не го дочекам Transporter 3 на DVD издание,и да го погледнам сега,ако има задоволувачка снимка низ нет.

    Резултатот беше,задоволен и разочаран.

    Да почнеме од второто.
    Разочаран од апсолутно секој аспект на овој филм.
    Приказната е слаба,исполнета со нелогичности и карактерни мани,глупи и досадни дијалози,како и кршење на АПСОЛУТНО сите правила на Frank Martin.
    Да не редам спојлери,само ќе кажам еден апсурден факт во неа,како Министерот на Украина,кој од принципи не сака да потпише договор за загадување на земјата.
    Но истиот тој министер,во следната сцена како да нема принципи,и не му е проблем да убие невин полицаец со цел да земе ГПС од Ауди А 8мица.
    Дијалозите на главниот женски лик ве провоцираат да земете цијанид и да си ги скратите маките,или да и ги скратите на неа.

    Но,она на што би требало да се базира филмов е акцијата.
    Проблемот настанува кога продуцентите ќе решат да штедат на долари,па така акционите сцени се прилично осакатени.
    Имаат најверојатно договор со Ауди и Мерцедес,па споменатите коли во филмот не се оштетуваат,дури ни кога на нив се пука со м4ки.
    Брканиците со коли се толку проклето очигледно примитивно направени,односно за да се долови брзината,правени се со 4x fastforward speed,па се лета пред вашиот екран,но во лош манир.

    Strip for me Jason.
    Типично машки филм,а гледаме стриптиз на Џејсон Статхам.


    Но,погоре споменав и дека сум задоволен,right?

    Дап,задоволен зашто потрошив само 700 мега за филмов,а не 4/8 гига за специјалните едиции.

    Оценка : 3/10 - ради глумата на Џејсон и Robert Knepper
    Препорака : Не го гледајте.
     
    На Дивајн му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eagle

    eagle

    Член од:
    22 април 2008
    Мислења:
    142
    Допаѓања:
    17
    The Monster

    Не, не, не се плашете, ова не е хорор, ова е Роберто Бењини.
    И ако на Ла вита е бела се утепав од плачки, на овој се .... од смеење.
    Последна серија, Ало ало:)

    Стар филм и серија, но добри се за секое време...особено кога ти е потребен луциден и шармантен хумор, кога врне снег, кога фрижидерот е полн со триста џаконии, и кога седиш до топлото парно и до големата елка:)
     
    На IOsonoINTERISTA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. `EsCaPe`

    `EsCaPe` Гостин

    The Mignight Meat Train

    [​IMG]

    Многу, многу крв и многу, многу бизарни сцени.
    Неочекуван крај. Немаше којзнае каков расплет.

    Како и да е, му давам оценка 8/10, дека сум љубител на крвави хорори.
    Кој не е, нека не го гледа.. Пријателски совет :)
     
  10. џимеј

    џимеј Модератор

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    9.454
    Допаѓања:
    19.506
    Christmas Do-Over (2006)
    Филмов бев приморан да го гледам поради правење друштво. Тематикава е јасна од насловот, но добро - не е вообичаен божиќен филм. Станува збор за човек кој сака да тресе глупости и доаѓа кај фамилијата за Божиќ. Додека не научи од своите грешки денот му се повторува.

    Малце фантастика, а малце повеќе комични елементи има во филмов. Не е ништо посебно, но Џеј Мор е многу добар глумец. Му носи мала плуска на филмов.
    На филмов би му дал многу ниска оцена, но поради тоа што на некој начин носи добра порака, му давам 4/10.

    После овој пуштив друг. Стив Керл има некоја полоша комедија, но ми се свиѓаше во 40 годишна девица.
    Evan Almighty (2007). Гледав многу трејлери и рецензии и после немање идеја што да пуштам навечер го пуштив овој. Добро, прво што помислив кога прочитав дека излегол овој филм беше - зошто морале да прават втор дел од Семоќниот Брус?

    Семоќниот Брус беше солидна комедија. Од повеќе аспекти наликува на некоја пропаганда, ама Џим Кери е класа глумец. Од друга страна, најпатетична улога на Морган Фриман, која предизвика многу реакции.

    Семоќниот Еван уште на почетокот личи на начичкани глупости. Некаде на средината има некои интересни фори, потоа пак доаѓа досаден период. Од филмов и да пропуштите 15-20 минути нема да има големо значење затоа што ништо нема да пропуштите. Уште еден од типот "family movies".
    Иако има некои интересни зафрканции, сепак глупавите финти преовладуваат.
    4/10
     
  11. Io Sono Interista

    Io Sono Interista The original, one and only IoSono.

    Член од:
    21 декември 2007
    Мислења:
    23.004
    Допаѓања:
    29.687
    Ѕверски добра комедија, го препорачав пред некое време. На La Vitta e Bella пола филм се смеевме а пола филм плачевме, а овој е 100% смеа. Едноставно, врвен комичар кој знае да ве насмее во секоја сцена во која се појавува. Можеби малку досаден почетокот, но понатаму е лудница.
     
  12. џимеј

    џимеј Модератор

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    9.454
    Допаѓања:
    19.506
    90 проценти ја решивме мистеријата. Благодарност до bobi2008 што ми помогна:), а потоа и бавно превртување на сцените и пребарување гугл:)

    Он топик - последен гледан ми е Transporter 3 (2008)
    Точно! Како што беше лош и вториот дел, мислам дека момците требале да останат на само еден дел и тој Транспортер трејдмарк да не се засрами вака. Глупав филм, првиот беше некако солиден, вториот помалце добар, третиов најмалце. Трет подпросечен филм што го гледам деновиве.
    Парите изгледа ги потрошија на вториот дел. Таму имаше препуцавање ала Матрикс на некои сцени.
     
  13. Crazy in Love

    Crazy in Love Here's looking at you kid.

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.814
    Допаѓања:
    25.371
    Ми нисмо анџели 3.

    Втор пат го гледам и морам да кажам дека може вода да им носи на првиот и вториот дел. Едноставно смената на душите е веќе видено клише од Холивуд, башка според мене заштитен знак на филмот (покрај ангелот и ѓаволот :)) беше Никола Којо. Вака него го нема и филмот е попразен.
    Просечен филм.

    Оцена : 5.5 / 10
     
    На Дрндалче му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    The Shining

    Филм базиран на роман на Стивен Кинг и снимен под палката на Кјубрик, класика која секој љубител на хоророт мора да ја гледа или веќе ја гледал, кога ќе се изземе празниот и преполн со грешки почеток на филмов што многу ме разочара следува една интересна приказна за човекот, неговата судбина и достигнувања иако можеле да сторат многу повеќе со сценариото и целата приказна, онака да не доближат до детето и до Џек и како тоа тој се менува... оценка 8

    [​IMG]
     
  15. bobi2008

    bobi2008 _

    Член од:
    3 декември 2007
    Мислења:
    2.681
    Допаѓања:
    181
    An Evening with Kevin Smith (2002)

    Зачудувачки е колку може навидум обични приказни од секојдневниот живот да бидат смешни. Човеков има неверојатен талент да насмее до солзи, раскажувајќи ја најглупавата приказна.
    Нешто во стилот на stand-up, Kevin Smith одговара на разни прашања поставени од студенти, поврзани со него и неговите филмови.

    9/10

    Religulous

    Документарец кој не' забавува на сметка на религијата и оние кои се сметаат за верници. Не e некоја урнебесна комедија, но вреди за потрошеното време.
    Има една интересна критика на IMDB, Definitely worth seeing or demonstrating against.

    7.5/10
     

Сподели преку: