Последен гледан филм со кратка рецензија

Дискусија во форумот 'Филм и ТВ' започната од Дивајн, 24 декември 2008.

  1. _The Great_

    _The Great_ Il Genio

    Член од:
    18 јуни 2008
    Мислења:
    5.672
    Допаѓања:
    2.280
    Pearl Harbor

    [​IMG]

    Три часа гледање филм кој главно се состои од една ретко глупа љубовна приказна и екстремен американски патриотизам.Филм снимен според вистинска приказна (нападот над морнарицата Pearl Harbor) во кој глуми добар филмски кадар.Бен Афлек и Џош Хартнет одлично се вклопуваат во приказната за храбрите пилоти американци.Освен глупата љубовна приказна се ми се допадна во филмов, Зимер има направено добра музика, во филмов има и добра акција, летање со авиончиња и тепање јапонци, на некои моменти е и трогателен.Се на се високобуџетен филм кој најверојатно ги исполнува очекувањата.Имдб му дале ниска оценка, а јас би го оценил со 8 пред се поради добрите сцени и одличната глума на Бен Афлек и Хартнет.

     
  2. Вокерка

    Вокерка Модератор

    Член од:
    29 јануари 2006
    Мислења:
    6.207
    Допаѓања:
    4.456
    Home alone 1

    [​IMG]

    Home alone 2 Lost in New York City

    [​IMG]

    Ми требаше некое филмче што ќе ми ја долови Божиќната атмосфера, овие 2 се баш такви, стари ама релаксираат и ако ги немате гледано гледајте ги со некое детенце и ќе ве развесели со коментарите и прашањата додека трае филмот. Оценка 8/10.
     
    На Alien_sr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Дивајн

    Дивајн блаблабла

    Член од:
    3 април 2005
    Мислења:
    16.537
    Допаѓања:
    1.832
    Clean Break
    [​IMG]
    Кога се нема избор се гледа се`, без размислување. Така и јас, као да гледам нешто ново иако непроверено, се зезнав по незнам кој пат. Не дека е лоша трилер-драмава за тепање време, ама ми е некако премногу аматерски, плиток, недоработен. Не е некоја нова приказна, но со поголема ангажираност можела да испадне прекрасно филмско остварување. Но само со поголема ангажираност ...
    Не го препорачувам на тие кои пребираат што гледаат и бараат мани во се` ... не!
    А за тие кои би се опуштиле со што им се најде при рака, ете гледајте го ... барем имате убава глумица, ако ништо појќе. Средина ... 5/10.

    Е, потоа, за да заспијам на раат, демек поубав филм ќе гледав.
    100 Feet.
    [​IMG]

    Малку подобар да, ама пак, незадоволителен. Почна добро и очекував многу, па затоа ваљда се разочарав на крај. Заврши како бледа и несредена научна фантастика, а ваљда требаше да е хорор. Глумицава ја обожавам и добро си глуми, па затоа би дала една 7-ка.

    И за да си ги завршам маките со нови филмови, се освежив со потсетување на веќе гледаниот Shooter.
    [​IMG]
    Не дека нема мани и пропусти и овој филм, ама бидејќи се знам колку сум лева за ептен да ми се допадне нешто, го сместувам во групата на гледливи, интересни и добри филмови, кои имаат некаква цел и поента. Би сакала ете да беше повеќе трилер отколку акција ... мислам дека ќе беше далеку подобар како таков. Го препорачувам на тие што не го гледале и го оценувам со 8/10.
    И така ...:pipi:
     
    На џимеј му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mac))

    Mac))

    Член од:
    2 април 2006
    Мислења:
    14.363
    Допаѓања:
    3.065
    The Curious Case of Benjamin Button

    [​IMG]

    Дали од преголеми очекувања од екипата(сепак,режисерот и главниот глумец на Fight Club повторно заедно на проект),или пак од очекувања кон приказната (психолошки моменти),овој филм претставуваше едно големо разочарување за мене.

    Проблемот е,се користи со маркетинг на човек кој реверзно старее,а освен естетски,ние тоа никако не го гледаме.
    Ако ги одземеме шминките на Пит низ секоја нова сцена,ова е само една подпросечна љубовна приказна,во која нема хемија ниту меѓу главните актери.

    Зашто некој би правел филм за човек кој обратно старее (физички),ако само има намера да раскаже животна/љубовна приказна?
    Во филмот има дури 3 референци (да,да,ги броев!) на чудниот случај со Бенџамин,и од 2 саати и 43 минути колку што е долг филмот,само 7 и пол минути се посветени на чудното "стареење" на Бенџамин.

    Плус,навистина е предолго,и преспоро се движи филмот.
    Не дава никаков мотив кон акциите на карактерите во филмот,никаква длабина освен стокерското набљудување на животот на еден човек,кој всушност е роден како грдо бебе со артритис.
    Сега знам зашто инсистирале на Пит за овој филм,единственото нешто што би водело некој понатаму во овој филм е желбата за тоа како ќе изгледа Пит во следната сцена.
    Ироничното е,што иако е предолг филмот,сепак е преполн со безвезни скретања кои би дале некаква рефлекција на човечката психа,како стар човек што во секоја 10та сцена кажува дека е удрен од молња.
    Вау,како да не знаеме дека старите луѓе повторуваат едно те исто.

    Посебен шмек дава крајот,не се секирајте,не е спојлер.
    Some people are meant to make buttons,some people are made to be a mother,some people are made to dance.
    Не можеле реченица која ќе тврди поочигледно да најдат,навистина е трагично ова.
    Но,битно ќе ве насмее на степенот до кој овој филм смета дека сте ретардирани,па не го знаете горното.

    Оценка 2/10.
     
  5. Majmunce

    Majmunce ~LiFe Depends On The Way We Look It~

    Член од:
    2 мај 2008
    Мислења:
    78
    Допаѓања:
    1
    [​IMG]

    http://www.imdb.com/title/tt1099212/

    ne sum veshta so zborovi... ali slikava ke vi kaze se... ova vi e romanticna drama(ako moze da se narece taka).
    se zboruva za ljubovta pomegu vampir i covek.... ako ste ljubitel na vakvi filmovi ke vi se dopadne mnogu.
     
  6. BiG_kIsS

    BiG_kIsS You talk too much... Let me shut you up

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    3.400
    Допаѓања:
    2.917
    Во последниве 5 дена изгледав 3 филма :) Идеме од позади...

    Night at the Museum
    [​IMG]
    Интересен филм... Има моменти на неизвесност, има и моменти за смеење... Али некако нешто му фали.. Можеле малку подраматичен да го направат... Како и да е, за тепање време е добар... 6/10

    Son of the Mask
    [​IMG]
    Ги обожавав цртаните со маскава, а и не очекував нешто многу од филмот заради тоа што сите што ги прашав ми кажаа само негативни коментари, али филмот ми се свиѓаше... Не беше нешто уау, али ми се свиѓаше... Интересна приказна, ќе им се свиѓа на тие што ги гледале цртаните.... 7.5/10

    A Guy Thing
    [​IMG]
    Романтична комедина... Има интересни сцени, али предвидлив и како и секогаш хепи енд... Обично не ги сакам таквите, ама овде ми беше мило некако па не ми сметаше толку :) И ова ништо посебно, како и повеќето романтични комедии, али добар е за тепање време.... 6/10
     
  7. SV-Strange

    SV-Strange Sorcerer Supreme

    Член од:
    27 август 2007
    Мислења:
    3.604
    Допаѓања:
    367
    Madagascar I и Madagascar II

    [​IMG] [​IMG]

    Oчекував премногу од многуте муабети за филмот, а ништо не видов, освен интересните пингвини.

    3/10.
     
    На Црвено му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saladin

    Saladin

    Член од:
    5 февруари 2007
    Мислења:
    9.889
    Допаѓања:
    10.310
    Les Choristes (2004)
    Француски филм. Се случува веднаш после втората светска војна во еден француски интернат за проблематични деца. Воден од главен директор полн со строгост, расипаност, потенцијано жариште да од него комотно излезат најголемите криминалци. Се додека не дојде еден наставник кој од децата ќе го издвои нештото што подоцна самиот интернат ќе биде подобро место за живеење - ќе основа хор од нив. Прекрасен филм, полн со ликови од секаков калибар (од најголемите криминалци, до најголемите филантропи.). Препорачливо за луге кои сакаат филмови од типот на Чоколадо (Бинош,Деп). Оценка 9/10.
     
  9. Io Sono Interista

    Io Sono Interista The original, one and only IoSono.

    Член од:
    21 декември 2007
    Мислења:
    23.005
    Допаѓања:
    29.689
    Mac)) се надевам нема да замериш што те цитирам, сакам само да се надоврзам на некои работи, за да не ги објаснувам детално, бидејќи веќе си ги спомнал. Со повеќето се согласувам, со некои не.

    Ако крајот делото го краси... (а под крај мислам на последниот 1 час), тогаш можам да му дадам преодна оцена. Затоа што како се движеше дотогаш, мислев дека ќе биде тотална пропаст.

    Прво, како што кажа Mac)), филмот навистина се движи преспоро. Ужасно споро. Првите 45 минути се одигруваат во старечки дом, во кој и времето стои. Знаејќи ја линијата на филмот од предходно, дека се работи за човек кој старее обратно, и да го прескокнев тој дел ништо не ќе пропуштев, а филмот ќе ми траеше 2 сати колку што и требаше да трае.

    Понатаму има и други пропусти: преполн е со споредни работи од кои нема никаква потреба, а кои го прават само подолг и досаден. Еден од најубавите луѓе на денешницата го поминува поголемиот дел од филмот како старец, додека само на кратко е млад. Бидејќи не смислиле ништо интересно за времето кога бил стар, многу подобро ќе беше овој дел да биде краток и да се фокусираат на останатото. Тука не се сложувам со Mac)), оваа идеја воопшто не требаше да биде преточена во психолошки филм туку во љубовна приказна со неизбежно тажен крај. Единствено во младите денови на Бенџамин приказната светна малку, доби на емоции, на сјај, заличе на филм.

    И не видовме како Бенџамин се бори со својата “старост“, со неприфаќањето на другите луѓе, на сопствените родители... што е сигурно и премногу тешко. Наместо тоа, Бенџамин вели: “па нема ништо лошо да си стар“. Нема, ама боље бити пијан...

    Целата основа на филмот е погрешно поставена според мене.

    Прво, нараторскиот карактер: преку цел филм го слушаме гласот на Бред Пит кој ни ја раскажува приказната преку дневникот. Ова неодоливо потсетува на [​IMG]Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (1994), филм кој е исто така замислен, и исто така Бред Пит ни ја раскажува својата животна приказна. Но во тој филм таа животна приказна е прекрасна, а после секое читање на текст се случува нешто ново и возбудливо. Но овде ќе повторам, времето стои, приказната на Бенџамин е необична, но воопшто не е возбудлива. Некој го спореди со Forrest Gump (1994), што е многу погрешно. Тоа е филм со необична возбудлива и смешна животна приказна во која сите безусловно го засакуваат главниот јунак.

    Второ, мислам дека ќе беше подобро оваа приказна да ја сместат во денешно време, да биде подинамична, да се фокусираат повеќе на причините за стареењето/подмладувањето на Бенџамин, и да го скратат филмот на 2 часа максимум.

    И од пропустите, два се потешки: прво, малиот рибарски брод кој ја прегази подморницата (!!!), и второ, приказната за сообраќајката и сите мали случајности притоа, кои Бенџамин ги знае, а нема начин да ги знае.

    Добро, мани може да се најдат во секој филм. Малку за добрите работи:

    Има убава кореографија. Има убави сцени како оние со изгрејсонцето, или навраќањето на изградбата на часовникот. Има добра актерска екипа, иако можностите на Julia Ormond се фрлени на читање дневник. Има емоции на крајот, што е битно за секој филм кој претендира луѓето да го засакаат. Иако можеле да најдат подобри завршни реченици, за да покажат дека секој човек е посебен, верувам тоа им беше намерата. Убав е крајот, се на се, емотивен е, го вади филмот од калта во која го пикнаа на почетокот. Затоа му давам преодни 7/10.

    Инаку правен е типично оскаровски со намера да влезе во трката за најдобар филм. Вакви филмови знаат и да победат или да дојдат близу, што нема да ме изненади. Но сепак, [​IMG]The Dark Knight (2008) е сеуште објективен фаворит во трката.
     
    На Mac)) му/ѝ се допаѓа ова.
  10. new_yorker

    new_yorker

    Член од:
    27 ноември 2008
    Мислења:
    1.433
    Допаѓања:
    341
    го гледав сега.... и вкрај она вкрај ме бендиса...
    beyond my expectations :):)
    утре одам ги зеам книгите... не излевам 3 дена од дома....:vozbud:
    незнам за вас ама мене ми се бендиса....
     
  11. GothLady

    GothLady Heinous

    Член од:
    16 јуни 2008
    Мислења:
    283
    Допаѓања:
    32

    Вчера го гледав. Добар филм, ама не ме воодушеви.
    btw ќе има и втор дел New Moon :helou:
     
  12. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    The Shawshank Redemption

    Импресивен филм со доста добра и поучна приказна :) за рецензија нека говори тоа што филмов ја има највисоката оценка на имдб. Од мене добива една солидна 9ка заради некои елементи кои оставаат мали празнини, инаку негде на средина ми стана јасно дека го имам гледано филмов :)

    [​IMG]



    Vampire Hunter D

    Овој пат гледав нешто нестандардно малку анимации и доста крв, инаку доста интересна приказна за вампири, ловци на вампири, полувампири и односот спрема нив кој го имаат од луѓето, инаку може да се каже дека има и доста трогателни моменти во филмов го препорачувам на сите кои сакаат онака лежерно да истепаат саат и четириесет минути. Оценка 7,5 од 10

    [​IMG]
     
  13. `EsCaPe`

    `EsCaPe` Гостин

    The Descent
    [​IMG]

    Уф уф, одамна неам глеано некој вака добар хорор.
    Не би навлегувала во детали, само ќе кажам кој е љубител на хорори, нека го гледа, нема да згреши.
    Значи на кратко.. неколку девојки, во авантура.. Ќе заглават во јама т.е пештера и додека бараат излез, ќе почне хоророт.
    Ми се допадна крајот, реално беше прикажано...

    Според мене: Оценка 10/10 !
     
  14. CueBaLL

    CueBaLL Schizophrenic

    Член од:
    7 декември 2008
    Мислења:
    1.137
    Допаѓања:
    34
    Тransformers[2007]
    [​IMG]
    Во филмов се работи вечната борба за превласт на Автоботите и Десептиконите.
    Водачот на десептиконите МЕГАТРОН пред 2века се судил во земјата кога бил во потрага на коцката која им дава „живот„ на сите машини на земјата и од нив планира да си креира војска за да доминира со универсот.
    После скоро 200 години МЕГАТРОН сеуште е замрзнат криогенски, но во земјата се неговите следбеници кои некако го ослободуваат МЕГАТРОН и тргнуваат по коцката АЛ СПАРКС која сега е во рацете на Самуел Витвики правнук на Артур Витвики цовекот кој го нашол Мегатрон во арктикот.Самуел е со автоботите и е штитен од Бамблби(Шевролет Камарпо).
    за сите лубители на Сци-фи акциите им го препорацувам филмов.
    Оценка од мене 8.5/10
     
  15. MyloXyloto

    MyloXyloto

    Член од:
    23 јуни 2008
    Мислења:
    3.969
    Допаѓања:
    4.183
    [​IMG]

    Од денот кога го видов првиот трејлер за овој филм, одма помислив уште едно реалистично ремек дело на италијанскиот режисер Габриел Мучино... сепак иако мислам дека претходниот 'Pursuit of Happyness' е подобар од овој, и овој не може да не биде добар ако не е под негово име и во главна улога легендарниот Вил Смит.Филмот има потешка тематика од првиот, затоа мислам дека треба да се гледа со малце повеќе внимание... интересна прикразна воедно да кажам за еден човек кој прави сообраќајка во која за жал заедно со неговата жена, во другите коли загинуваат и уште 6 луѓе. Тој си има ветено во својот живот дека еден ден ќе им помогне на други 7 луѓе да им ги спаси животите. Неверојатен добар филм, и мислам дека заслужува да биде дел од Оскарите, што секако ќе биде... моја препорака за сите љубители на поучните драма филмови...

    8,8/10 :smir:
     

Сподели преку: