Последен гледан филм со кратка рецензија

Дискусија во форумот 'Филм и ТВ' започната од Дивајн, 24 декември 2008.

  1. јовица11

    јовица11 Гостин

    [​IMG]
    Harry Potter and the Prisoner of Azkaban
    Најдобриот дел од серијалот за магионичарот Хари.Се е на вистинско ниво доведено,технологијата со кој е работен филмот,дијалозите,сценографијата,костумите...Најмрачен и најмистериозен истовремено.[​IMG]
     
  2. Il Chino

    Il Chino

    Член од:
    20 март 2007
    Мислења:
    8.493
    Допаѓања:
    304
    Болт.

    Одлична анимација, која има типична холивудска приказна и пар добри цитати. Ако ви се допаднале Мадагаскар, Ice Age, Happy Feet ќе ви се допадне и овој филм.
     
  3. SV-Strange

    SV-Strange Sorcerer Supreme

    Член од:
    27 август 2007
    Мислења:
    3.604
    Допаѓања:
    367
    Accepted (2006)

    [​IMG]

    Сценариото е премногу познато, и очигледно нали. Интересен е колку да отепаш саатипол, фина порака носи филмов, плус Johan Hill е меѓу главните ликови, башка тука ја запознав Maria Thayer :wub:
     
    На mice14 и Дрндалче им се допаѓа ова.
  4. Schwarzkopf

    Schwarzkopf

    Член од:
    5 мај 2008
    Мислења:
    1.356
    Допаѓања:
    127
    [​IMG]
    Jensen Ames е принуден да учествува на смртоносната трка: тоа е трка со коли во која освен што се тркаш треба да ги убиваш своите противници за да завршиш прв. Сето тоа е по наредба на управникот на затворот кој го бие лош глас.

    Филмот многу ми се допаѓа а посебно Наталиа Мартинез:back:
    Оценак според мене 10/10:helou:
     
    На mice14 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bobi2008

    bobi2008 _

    Член од:
    3 декември 2007
    Мислења:
    2.681
    Допаѓања:
    181
    [Rec]

    Па веројатно е еден од подобрите хорор/трилер филмови во последно време, а башка e шпански филм, не е излезен од Холивуд каде хорор филмовите во последниве години have bullshit written all over them (со чест на премалку исклучоци).

    Има некои моменти што ми го расипаа општиот впечаток, но да не навлагам во spoilers.

    Сигурно тие што не го гледале The Blair Witch Project ќе уживаат повеќе од мене, но сепак еден ваков нискобуџетен филм заслужува една солидна седмица.
     
  6. BiG_kIsS

    BiG_kIsS You talk too much... Let me shut you up

    Член од:
    4 септември 2007
    Мислења:
    3.400
    Допаѓања:
    2.917
    National Treasure
    [​IMG]
    По втор пат го гледам филмов, ама го фатив вчера на телевизија а ми се гледаше филм и си викам ај (а ретко кога гледам еден филм 2 пати).... Приказната за барање на богатство е веќе позната ама сепак е добро осмислено и има добри пресврти :)... Треба да го симнам и двојката да го гледам дефинитивно... 8/10 (само една замерка на А1... Масони ги преведоа со ѕидари :tapp:....)

    Butterfly Effect
    [​IMG]
    Филмов е ФЕНОМЕНАЛЕН! Сакам да го гледам мноооогу одамна, ми го имаат зборено многу, ама до денес не бев расположена за некој ваков филм.... Обожавам вакви тешки филмови (иако ретко ги гледам :)).... Не кажувам ништо повеќе, али дефинитивно кој не го гледал, нека го гледа, нема да зажали :) Иначе е нешто сличен на Premnotion... 10/10

    Because I said so
    [​IMG]
    Романтична комедија ама сепак прекрасен филм... Многу вистинит :) Интересен за гледање како и да е... 7/10
     
    На Дрндалче му/ѝ се допаѓа ова.
  7. [zEUs]

    [zEUs] Go England!! GO!!

    Член од:
    1 јули 2008
    Мислења:
    4.401
    Допаѓања:
    534
    [​IMG]

    Убедливо најдобар од сите серијала на Хари Потер, интересен малце психолошки на моменти ама се на се супер филмче како и сите останати делови на Хари Потер...

    А и го гледав денеска и ...

    [​IMG]

    Можда најдобар дел од сите на Шрек, супер сторија, ми се свиѓа тоа што ги има сите ликови од бајките и тоа са подлени на добри и лоши, секој кој сака добро да се насмее и е љубител на анимирани филмови обавезно да го гледам...:pipi:
     
  8. Lincoln Burrows

    Lincoln Burrows

    Член од:
    16 август 2008
    Мислења:
    3.293
    Допаѓања:
    637
    Се сложувам. И јас овој го гледав последен, но пред некој ден на Сител го даваа Роки 4 некаде кај 2 саат по полноќ и го гледав :pos2:
    Дефинитивно интересен дел, кој заработил најмногу од сите филмови за боксерот Роки Балбоа.
    Тука се работи за боксерот од Русија Иван Драго, кој дошол да го победи боксерот во пензија Аполо (кој е и пријател на Роки), но Драго го убива Аполо, и Роки сака да се одмазди, а потоа нормално, го победува Драго. :vozbud:

    Повеќе за филмот на:
    http://en.wikipedia.org/wiki/Rocky_4
     
  9. Вокерка

    Вокерка Модератор

    Член од:
    29 јануари 2006
    Мислења:
    6.207
    Допаѓања:
    4.456
    Home alone 3

    [​IMG]

    Home alone 4

    [​IMG]

    Ги изгледав сите делови конечно, ми се вклопија со расположението. Би го кажала истото што го кажав и во претходниот пост за првите два дела. Само што некако првите беа многу поинтересни можеби поради детето што го глумеше Кевин. Оценката за овие два би била 7/10.
     
  10. Lorddd

    Lorddd Титула - Лорд

    Член од:
    18 март 2007
    Мислења:
    1.067
    Допаѓања:
    53
    The Bucket List(2007)
    [​IMG]

    Прекрасен филм! А каков и би бил со двајца извонредни глумци како Морган Фримен и Џек Николсон, особено ги обожавам филмовите со Морган Фримен. Филмот дава една интересна порака, да се замисли човек малку за животот, што има направено во него, и како и што се спомнува во филмот, колку луѓе си усреќил во твојот живот.
    Оценка 9,5/10
     
    На ™THe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. faraon

    faraon БОГ

    Член од:
    31 јануари 2007
    Мислења:
    17.194
    Допаѓања:
    20.153





    Истиот:smir:
     
  12. SV-Strange

    SV-Strange Sorcerer Supreme

    Член од:
    27 август 2007
    Мислења:
    3.604
    Допаѓања:
    367
    По препорака на tiffany го симнав филмот "Igor" со главна улога/синхронизација на John Cusack, интересен за гледање, исто предвидливо веќе стопати видено сценарио, ретко нешто да ме изненади :S
    Cепак препорачлив за гледање.

    [​IMG]
     
  13. Elena F.Sinatra

    Elena F.Sinatra Temper Tantrum

    Член од:
    5 август 2008
    Мислења:
    227
    Допаѓања:
    14
    Национално богатство, би бил добар филм, доколку не паднеа на искушението да рекламираат Apple lap-top-ови, I-pod...
    Итн...
    Битно се наполнија со пари, кој ги прашува гледачите.
    Токму поради ова филмов ме нервира.
     
    На FlameOfSpirit му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Apokalipto

    Apokalipto (М)

    Член од:
    4 март 2007
    Мислења:
    15.579
    Допаѓања:
    2.569
    Lock, Stock and Two Smoking Barrels

    Филм во режија и сценарио на Гај Ричи, и што уште да се каже, одлична актерска екипа, збрки од кои боли глава и пред се одличен англиски хумор, кој не го гледал а сака акција, црн хумор и сплетки нека навали оценка 8 од 10

    [​IMG]
     
  15. `EsCaPe`

    `EsCaPe` Гостин

    [​IMG]

    Дежа ву.
    Крв крв, врисоци, крв.. Тинејџери. Тинејџери во крв. И слично :)
    Добар е за тепање време.
    Нема потреба да го препорачувам, веројатно го имаат гледано 99% од хорор љубители. Ете ја го немав глеано, до денеска.
     

Сподели преку: