Последен гледан филм со кратка рецензија

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
По препоракава од Атом го гледав филмот па ќе се надоврзам на неговата рецензија:

Surveillance е мојот последен гледан филм кој ми оставил впечаток на добар трилер и ме држеше во неизвесност до крајот на филмот,секоја секунда чекав на расплетот ама не излезе по мое.Сериски убијци се појавуваат во едно мало место во Америка,доаѓаат агенти од FBI да ги откријат убијците,малку препирање со фраерите полицајци кој прв ќе ги открие убијците ама убиецот сами ке се кажат кои се а за да дознаете кои ке би било добро да го погледнете филмот,нема да се воопшто да се покаете?



Баш и не ми остави некој голем впечаток филмот со оглед на тоа дека Lynch Family се режисери и продуценти, немаше некоја голема напнатост, актерите просек и приметив две огромни грешки:
Убиецот кој го даваат со маска има подолга коса од FBI агентот, додека неговата девојка е повисока од убицата.

Секако интересен момент е кога FBI агентот и полицаецот разговараат:
- I`m a good cop!
- Oh, thats a good oxymoron.
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Последниве две недели дур немав интернет изгледав преку 50 филмови, ако почнам да пишувам за секој посебно ќе ми отиде денот : )

Како и да е, последен што го гледав е Sex Drive, копија на многу тинејџерски безвеза филмови. Немојте да го гледате, фала, пријатно.

Зашто бре, баш имаше моменти филмот фино да се насмееш, и башка ни еднаш не вртев побргу да помине оти у последно време често го правам тоа како на пример на новиот Џемаили Бонд :icon_lol: Се на се лесна комедија, сега незнам дали од филмов постои и цензурирана верзија ама јас ја гледав не цензурираната и не беше толку лоша. Типично американски. 6,7/10 :)))
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Ajде.

Hellboy II



Mногу глуп филм. Претерано фантазија, суперхерои на кило, и секако семочниот црвен.
Негативецот сака да воскресне стара златна армија, но му се потребни 3те дела од расцепена круна која ги контролира. И се тепаат многу мегувреме. Детски филм.

Тhis I liked: Righteous kill.



За филмот ко прво ме привлече актерската екипа од Al Pacino, Robert De Niro & 50cent.
Се работи за 2ца детективи, верни на службата со преголеми морални вредности.
Добро, едниот од нив де. Неможе да замисли убијците, силувачите и сл кои лично ги фатил да шетаат слободно ради дупките во законот.
Па ги зима работите во свои раце.
Целиот тек ве тери да мислите дека е едниот детектив а на крај излага дека е другиот.
Добар филм, 9/10.

:tv:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Changeling

Коментариве за филмов се најразлични. Од такви кои даваат највисока оценка, до такви кои даваат релативно ниска оценка. Јас лично задоволна сум од филмот 8/10.
Читав дека на некои им траел доста долго, јас лично не заприметив колку брзо ми отидоа 2 ипол часа. Не е некое сценарио исполнето со акции и неверојатно преплети.
Ова е една мирна историска драма, со вистинска и емотивна приказна.
Приказнава ќе го трогне секој човек. Не може некој да остане рамнодушен на киднапирања и убавања на дечиња. Приказната започнува со едно обично бегство и прераснува во огромен скандал во државата, за да се поврзе со мизерни убиства на сериски убиец.
Ова е првиот филм каде јас сум задоволна и пред се изненадена на улогата на Анџелина Џоли. Ја долови одлично улогата на грижлива мајка и вистински борец. Можеби и јас имам мала забелешка на нејзината пренагласена елегантност, некарактеристична за просечен и нормален граѓанин. Но и одговара улогава дефинитивно.
Филмов со оглед на тоа дека ги прикажува 20-тите и 30-тите години од 10тиот век е поразличен од останатите современи филмови. Одлуки на полицијата без конкретни докази, бесење на затвореници, затварање во ментални болници без налози, подметнувања на туѓи деца и всушност неможност на населението да се спротивстави на власта е една од главните теми во филмов.
На крај само се разочарав, мислев детето е живо. За жал иако надежта последна умира, сепак момчето никогаш не било пронајдено.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389


Kingdom of heaven

Одличен историски филм. Приказна за тогашниот свет, животот во средовековието, моралот, политиката на црквата и големите луѓе (витезите).
Започнува со еден витез како пристигнува дома да си го види сопствениот син. Го убедува да заминат во Светата земја, место каде грешникот станува светец, селанецот - трговец, витезот - крал
Морам да признам овој филм се издвојува од неговиот „брат“ по режисер (Гладиатор) со тоа што тука помалку се застапено еден човек-херој. Многумина се тука херои.
Во еден дел од филмот еден од хероите добро ја кажува причината за војните (било од едната или од другата страна)
. И за крај би го препорачал за оние кои ги сакаат историските филмови кои ја покажуваат реалната слика. Топ 3 најдобар историски филм кај мене.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.528
Поени од реакции
2.676
Elvis



Нема што многу да се коментира познато е кој е кралот :) Филмот зборува за неговите млади години за неговите први почетоци во светот на музиката.Иако филмот е долг скоро 3 саата сепак убаво е да се види од каде потекнувал Елвис во какво семејство е роден како од сиромашен обичен дечко станува една икона која ден денес сеуште постои еве дознав дека имал и брат а за тоа не сум знаел.Интересно беше и да се види кога Елвис иде во војска девојките паѓаат во несвест :pos: Се на се убаво филмче не сум баш добар со оценување така да може да го погледате филмчето ако имате време :).А да и плус главна улога во филмот е Jonathan Rhys Meyers познат по улогите во Match Point i August Rush :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Body Of Lies.
Во филмов глумат Леонардо Ди Каприо и Расел Кроу. Првиот е теренец, а вториот канцелариски агент на ЦИА. Интересна е врската помеѓу нив двајцата на искреност и измами. Филмов нема некоја тешка содржина лесен е за гледање, па што и да напишам за него ќе изгледа како да го раскажувам. Па затоа гледајте го и донесете си независна одлука во врска со него, мене ми се допадна.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Changeling

Коментариве за филмов се најразлични. Од такви кои даваат највисока оценка, до такви кои даваат релативно ниска оценка. Јас лично задоволна сум од филмот 8/10.
Читав дека на некои им траел доста долго, јас лично не заприметив колку брзо ми отидоа 2 ипол часа. Не е некое сценарио исполнето со акции и неверојатно преплети.
Ова е една мирна историска драма, со вистинска и емотивна приказна.
Приказнава ќе го трогне секој човек. Не може некој да остане рамнодушен на киднапирања и убавања на дечиња. Приказната започнува со едно обично бегство и прераснува во огромен скандал во државата, за да се поврзе со мизерни убиства на сериски убиец.
Ова е првиот филм каде јас сум задоволна и пред се изненадена на улогата на Анџелина Џоли. Ја долови одлично улогата на грижлива мајка и вистински борец. Можеби и јас имам мала забелешка на нејзината пренагласена елегантност, некарактеристична за просечен и нормален граѓанин. Но и одговара улогава дефинитивно.
Филмов со оглед на тоа дека ги прикажува 20-тите и 30-тите години од 10тиот век е поразличен од останатите современи филмови. Одлуки на полицијата без конкретни докази, бесење на затвореници, затварање во ментални болници без налози, подметнувања на туѓи деца и всушност неможност на населението да се спротивстави на власта е една од главните теми во филмов.
На крај само се разочарав, мислев детето е живо. За жал иако надежта последна умира, сепак момчето никогаш не било пронајдено.
Тукушто го изгледав, очекував многу повеќе од што слушав толку добри коментари, плус многу висока оценка на imdb.com. Како што спомна Росонеркава, многу емотивна драма, како и трогателна. Првите 45 минути ептен ми беа досадни, многу непотребни сцени и одолговлекување, понатаму станува поинтересен за гледање. Се на се, 6.5/10.

Притоа, огромна препорака за гледање и верувам дека ќе уживате во филмот, дури и мнозината ќе заплачат на него, фантастична улога на Вил Смит, целиот филм се одвива ептен чудно, он помага на луѓе а се тоа е една загатка се до пола саат пред крајот кога веќе сфаќаме за што се работи. 10/10 Seven Pounds

 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Pineapple express


Се работи за за еден дечко со околу 25 години кој води “нормален“ американски живот имајки тинејџерка за девојка и пушејки марихуана секојдневно....Тој работи како врачувач на покани за на суд, користејки ги неговите инветивни методи за да го изврши тоа...

Се си одеше ок, но еден ден, од локалниот дилер типот си купи марихуана која ја има само овој дилер во целиот град...марихуаната се вика Pineapple Express...на враќање накај дома, нашиот *херој* во филмот застана пред една зграда да испуши една...и беше сведок на убиство на еден кореанец, од страна на цајканка и дилер на дрога...но и тие го видоа...испаничен ја фрли цигарата, и избега кај локалниот дилер...цајканката ке дознае дека дрогата е Pineapple Epxress и знае дека само еден го има тој тип на марихуана, и ке го брка главниот лик...да биде уште поинтересно, главниот лик во своето бегање го вовлекува и локалниот дилер кој цело време ги снабдува со “трева“ :) Останатиот дел мора да го видите сами :)

п.с. цепки е филмот :) не е за деца под 18 шо гледаат филмови со родителите :)
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
A walk to remeber...

Верувам дека повеќето го гледале и нема потреба од некое раскажување...
Само ќе кажам секоја чест на девојката со толкава вера.

...You can't see it, but you can feel it...
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Pulp Fiction


Гад демит мадерфакин кул... Една од најупотребуваните реченици во филмов, баш е ова филмот, мадерфакин кул :).
Типична Crime Drama, каде што глумат фантастични актери.Општо земено, кога Самуел Л. Џексон, Џон Траволта, Брус Вилис и Ума Турман ќе се најдат во акција или пак криминалистички филм, филмот не смее да биде промашај. Квентин Тарантино ги исполни моите очекувања, можеби ова е и неговиот најдобар филм. Генијалец.
Очекувано од моја страна, оценките на Имдб се енормно високи, дури 8.9. Се на се одлично смислена криминалистичка драма, со одлично сценарио и актери кои одлично се вклопуваат во целата приказна.

Ќе издвојам некои интересни цитати

W. Wolf: Well, let's not start sucking each other's dicks quite yet.

Jules: Well, I'm a mushroom-cloud-layin' motherfucker, motherfucker! Every time my fingers touch brain, I'm Superfly T.N.T., I'm the Guns of the Navarone! IN FACT, WHAT THE FUCK AM I DOIN' IN THE BACK? YOU'RE THE MOTHERFUCKER WHO SHOULD BE ON BRAIN DETAIL! We're fuckin' switchin'! I'm washin' the windows, and you're pickin' up this nigger's skull!

The Wolf: Jimmie, lead the way. Boys, get to work.
Vincent: A please would be nice.
The Wolf: Come again?
Vincent: I said a please would be nice.
The Wolf: Get it straight buster - I'm not here to say please, I'm here to tell you what to do and if self-preservation is an instinct you possess you'd better fucking do it and do it quick. I'm here to help - if my help's not appreciated then lotsa luck, gentlemen.
Jules: No, Mr. Wolf, it ain't like that, your help is definitely appreciated.
Vincent: I don't mean any disrespect, I just don't like people barking orders at me.
The Wolf: If I'm curt with you it's because time is a factor. I think fast, I talk fast and I need you guys to act fast if you wanna get out of this. So, pretty please... with sugar on top. Clean the fucking car.


Се на се одличен филм, тие што го немаат сеуште гледано, обавезно да го сторат тоа :)
Оценка 9/10


 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Seven Pounds (2008)



Го симнав и изгледав на препорака за што Кискино ќе си добие зеленко. Дојдов пред крај со лимитот ама тотално вредеше. Дефинитивно мој тип на филм: содржина, приказна, карактери, прекрасни сцени, прекрасна музика и порака, или значење на нештата, како сакате. Го изгледав со уживање и по подолго време ова е филм кој ќе го гледам повторно.

Ова е филм за добрината која се наоѓа во човекот, за способноста да сака и да помага без разлика што некогаш ќе плати и скапа цена за тоа. Во време во кое на никој не му е гајле за никој, ова е филм кој ја враќа вербата во вредностите на човекот.

Има лоша страна што е многу заплеткан од почетокот па добивате впечаток дека се работи за некој тежок трилер, а од средината натаму повеќе или помалку е предвидлив и сваќате кон каде води приказната. Ме потсетува на Angel Eyes кој исто така има тажни ликови, приказна и музика во позадина, но сепак ова е нешто различно и многу подобро.

Згора на тоа, го има Вил Смит во филмов, а сите го сакаат Вил Смит, барем сите што јас ги знам...

Толку ќе кажам за филмот, ги молам сите што ќе пишуваат рецензија да внимаваат на спојлери за да не им ја расипат приказната на другите. Ваквите филмови штом го знаеш крајот, губат од убавината, а не е крив филмот туку љубопитноста.

На IMDB има 7.6 што според мене е големо потценување, но популарноста му е во раст па може да се искачи над 8. Од мене, заслужена 10/10 за одличниот впечаток што ми го остави.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.528
Поени од реакции
2.676
YES MAN



Ми се гледаше некоја комедија ај викам ке го гледам овој.Што да кажам за филмот.Дали дека имам преголеми очекувања од Џим Кери ама искрено очекував повеќе.Филмот е забавувачки али сепак просечен според мене.Во филмот се зборува за тип кој не е задоволен од својот живот депресивен е ја мрзи својата работа,жена му го откачила за друг и негов другар го тера да одат на некој си таму семинар и дава збор дека на секоја работа која ке се бара од него ке кажува ДА.И така тука после доаѓаат интересните случки кој се случуваат и кој доведуваат до позитивна промена во неговиот живот.Ај ке му дадам на филмот една 7 од мене сепак носи позитивни пораки во него дека треба да се живее животот позитивно да не се пропуштаат убавите работи кој животот ги носи :)
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Outlander

Последниот мој гледан филм е Outlander, филм за Викинзите и нивната меѓусебна борба се додека не се појави третиот непријател?! Филмот е нешто историски нешто научно фантастичен односно со еден збор кажано спој на Alien и The Lord Of The Rings и мислам дека ако го погледнете нема да се покаете. Намерно пишувам кратки рецензии за оној што ке го гледа филмот да му биде интересен а не да ја знае секоја сцена однапред...


 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.528
Поени од реакции
2.676
Twilight



Добар филм барем според мене ми се допадна.Се работи за девојка која ке се заљуби во вампир.Поопширна рецензија не би можел да дадам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom